You are on page 1of 26

Поим, видови и значење на

валутната конвертибилност
• Валутната конвертибилност во системот на
златната валута претставуваше можност да
се претвори националната валута во злато
и тоа по пропишана ковничка норма.
• Ова постоело само во време на постоење
на систем на златна валута кога во оптек се
наоѓаа златници.
• Од аспект на самиот поим, постојат два
основни облика на конвертибилност:
• Класична
• Современа
• Класичната конвертибилност пред се е
внатрешна, а современата е надворешна
конвертибилност.
• Внатрешна конвертибилност се дефинира
како право на поединците секое
побарување што го имаат во домашна
валута да можат за секој вид плаќања
неограничено да го претворуваат во
побарување во која и да е странска валута.
• Надворешната конвертибилност
претставува право на странските лица
своите побарувања во валута на некоја
земја да можат слободно да ги
претворуваат во која и да е трета валута.
• Од практичен аспект, разликуваме:
1.Варијанта на полна конвертибилност
2.Варијанта на ограничена конвертибилност.

1. Полната или неограничената


конвертибилност е состојба кога секој имател
на девизи или домашни средства за плаќање
(се однесува и на домашни и на странски
лица) има право да ги претвори (да ги
конвертира) во домашни или странски
средства за плаќање во неограничени износи
по паритетен курс без оглед на потеклото и
целта на употребувањето.
• Ограничената конвертибилност ја
среќаваме како:
• Конвертибилност за странци или
надворешна конвертибилност.
Ограничувањето се состои во тоа што само
странските правни и физички лица имаат
право на конверзија, односно имаат право
слободно да ги заменуваат своите
расположливи парични средства и
побарувања во валути од една земја (од
својата земја) во која и да е друга валута и
обратно.
• Конвертибилност за домашни лица или
внатрешна конвертибилност.

Конвертибилност која овозможува и


домашните физички лица да вршат не само
купување и продажба на странски средства
за плаќање туку и да купуваат странски
хартии од вредност. Во овој вид на
конвертибилност такви права имаат и
странските лица.
• Комерцијална конвертибилност

Овде право на слободна конверзија имаат


домашните и странските лица само кога
станува збор за тековни трансакции,
односно за промет на стоки и услуги.
• Финансиска конвертибилност

Постои потполна слобода за вршење на


меѓународни плаќања, но со истовремено
регулирање на стоковната размена со
странство.
• За секој степен и варијанта на валутната
конвертибилност мора да постојат посебни
економски услови:

• Да постои општа рамнотежа, од која при


релативно полна вработеност на факторите
на производство и одредена стапка на
стопански растеж е неопходно да се
постигне стабилност на цените во земјата
(да се запре инфлацијата);
• Да постојат стабилни односи во
стопанството коишто се карактеризираат со
усогласеност на односите на
производството и потрошувачката при
одреден степен на стабилност на цените

• Да постои усогласеност на односите во


билансот на плаќањата и постоењето на
стабилност на девизниот курс.
• За што служат резервите од злато, девизи,
специјални права?
• Претставуваат битна претпоставка за
премин кон конвертибилност односно,
нивното поседување во адекватни износи
овозможува земјата да поднесе одреден
напор кај оние плаќања што ги
преминуваат износите што таа ги примила
во одреден временски период.
• Можат да ги отстранат привремените
тешкотии во билансот на плаќања
• Висината на резервите во основа зависи од
осетливоста на позициите во билансот на
плаќањата на земјата и од можностите таа
да добие странски заеми со кои би ја
премостила привремената неликвидност
(во зависност од угледот што го поседува и
нејзината меѓународна кредитна
способност).
• Со тоа што монетарните власти ќе ги
користат девизните резерви со цел да ја
приспособат внатрешната вредност на
парите (нивната куповна сила) кон
надворешната вредност на парите (нивната
интервалутарна вредност), се стекнува
мислење дека надворешната вредност на
парите е онаа што ја детерминира нивната
внатрешна вредност.
• Всушност се јавува обратен случај,
надворешната вредност на парите
произлегува од нивната внатрешна
вредност.
Валутен паритет
• Паритет=лат.збор што значи еднаквост
• Изразот паритет се користи за да ја изрази
еднаквоста во односот на две валути,
односно да го изрази законски утврдениот
однос на валутите спрема златото или
спрема некоја друга валута или пак да го
изрази утврдениот вредносен однос на две
валути коишто својата вредност ја
изразуваат во злато.
• Валутниот паритет претставува со закон
определена количина на монетниот метал
како мерило на вредноста на една валутна
единица, односно односот на вредноста
на валутите на одделните земји којшто
одговара на односот на нивната содржина
на монетен метал.
• Како основа на валутниот паритет, спрема
тоа, служи количината на злато што ја
содржи или претставува секоја парична
единица.
• Односот на вредноста на двете валути
(валутниот паритет) претставува односот на
количината злато што го содржат или
претставуваат тие две валути или пак
односот на нивните норми на ковањето.
• Валутниот паритет на валутата ја чини
основата на нејзиниот валутен курс.
• Валутниот курс на една валута може да
отстапува од нејзиниот валутен паритет,
нагоре или надолу во рамките на
определени граници.
Валутни спогодби
• Валутна спогодба е спогодба помеѓу две или
повеќе држави со цел да се регулираат
определени прашања што се однесуваат на
утврдувањето висината на валутните курсеви
или на одржувањето стабилност на тие
курсеви.
• Со валутните спогодби се настојува по пат на
соработка да се одржува што е можно
поголема меѓународна ликвидност.
Валутен блок
• Валутниот блок (валутно подрачје или
валутна зона) претставува група на поголем
или помал број на земји чијашто цел е да се
реализира потесна соработка во областа на
меѓународните плаќања.
• Валутниот блок обично се создава кога
една поголема или економски и политички
појака земја ќе собере околу себе поголем
број помали, економски и политички
послаби земји или земји што се во
зависност од неа.
Валутен пул
• Валутниот пул се нарекува заедничката валутна
резерва на поголем број земји со цел да се
совладаат определени тешкотии во одржувањето
на меѓународната ликвидност по пат на
економисување на одделни дефицитни валути.
• Земјите-членки на определена валутна спогодба,
врз основа на одредбите на спогодбата внесуваат
во пулот еден дел или целиот остварен девизен
приход.
• Девизните средства собрани со внесувањата на
одделните членки се делат помеѓу земјите-членки
по однапред договорен клуч.
Валутен дампинг
• Валутниот дампинг се поврзува со
девалвацијата на домашната валута со
цел да се создадат услови за зголемување
на извозот.

• Валутниот дампинг претставува вештачко


намалување на интервалутната вредност
на домашната валута за да се намалат
цените на домашните производи на
светскиот пазар.
• Должината на траењето на валутниот дампинг
зависи пред се, од способноста на
националното стопанство вештачки да ги
одржува цените и трошоците за живот со
помош на девизниот режим.
• Под валутен дампинг се подразбира
определување на неоправдано низок курс на
својата валута од страна на одделни земји со
цел да се зголеми извозот и намали увозот на
стоки и услуги.
• Често пати, поради недостиг на девизи,
одделни земји го форсираат, по пат на вaлутен
дампинг, извозот на своите производи и
услуги за да обезбедат поголем девизен
прилив.
Валутен ризик
• Под валутен ризик се подразбира ризикот што се
јавува како резултат на менувањето на вредноста
на парите (куповна сила и интервалутна вредност)
без волјата на должниците и доверителите.
• За да се избегне ризикот од оштетување на
продавачот (ако договорната валута девалвира
или на кој да е начин изгуби од вредноста),
односно за да се избегне ризикот од оштетување
на купувачот (доколку договорната валута ќе
ревалвира или на друг начин ќе ја зголеми
вредноста), се применува валутна или златна
клаузула.
Валутна клаузула
• Валутната клаузула е таква клаузула што се
внесува во договорите со кои се регулира
плаќањето во странски валути со цел да се
неутрализира евентуалниот валутен ризик.

• Оваа клаузула се внесува во договорот, ако


се во прашање валути чија тенденцијаво
формирањето на нивната интервалутна
вредност е лабава.
• Вообичаено во договорот е да се определи
валутниот курс на валутата со која таа е
постабилна. Доколку ќе се промени
валутниот курс на валутата, со која ќе се
вршат плаќањата тогаш ќе биде меродавен
валутниот курс на третата валута (валутата
што има постабилен валутен курс).
• Примената на т.н. Златна клаузула се
обезбедува вредноста на сумата што треба
да се исплати поради евентуални промени
во вредноста на валутата.
• Како се врши обезбедувањето?
• На начин што се става клаузула во
договорот дека доколку се промени
интервалутната вредност на валутата со
која ќе се плаќа обврската, плаќањето на
таа обврска ќе се врши во злато.
• Што е клаузула?

• 1. Во правото - посебен член во договор и


во друг правен акт со кој се ограничува, се
обусловува неговото извршување.
• 2. Забелешка, напомена (во некој
документ, акт).

You might also like