You are on page 1of 18

ГЛАВА 13

МОНЕТАРЕН СИСТЕМ, МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА И ПОЛИТИКА


НА ДЕВИЗЕН КУРС НА МАКЕДОНИЈА

 ШТО Е ТОА МОНЕТАРЕН СИСТЕМ?


Монетарниот систем – претставува потсистем на економскиот систем и е збир
на законски утврдени правила со кои една економија ги регулира општите
правила поврзани со паричната единица (валута), начинот на емисија на
пари, начинот на определување на вредноста на валутата во однос на други
валути и начинот на плаќањето во државата и странство.

Претставува многу значаен сегмент за функционирање на една економија бидејќи


покрај регулирањето на валутата се регулираат:

 сите трансакции
 интерна и екстерна стабилност на валутата
 макроекономската стабилност

Сето ова е важно за економскиот раст и развој. Во институционална смисла


определен е со посебна законска рамка и посебна институција централна или
народна банка, која има ингеренции во супервизија на банкарскиот сектор,
платниот промет во државата и странство, вршење на платежни технички работи на
владата.

13.1. Еволуција на монетарен систем на Македонија

 КАКО ЕВОЛУИРАЛ СЕГАШНИОТ МОНЕТАРЕН СИСТЕМ?


До 1991 во Македонија се применувал монетарниот систем на СФРЈ. Секоја
република имала своја народна банка, но централната народна банка била во
Белград – Народна Банка на Југославија ( која имала улога на главна централна
банка, емисија на пари, контрола на банкарски систем, определување на девизен
курс) и ја создавала монетарната политика во СФРЈ. Динарот бил стабилна валута,
која била водена на професионален начин и врзана за германската марка. Но

1
поради конфликтите во раните 90-ти, одделни републики направиле "упад" во
монетарниот систем и тоа овозможило хиперинфлација.

По осамостојувањето во РМ на почетокот биле воведени бонови чија вредност била


1:1 со динарот. Со тоа е решена динарската инфлација да се прелее во РМ. Една год
подоцна 1992г. воведена е парична валута денар, со вредност 1:100 бонови и
започнува изградба на монетарниот систем на РМ и НБРМ како централна
монетарна институција на Македонија. Тогаш се воведени и жиралните пари.

 КОИ ЗАКОНИ ЈА СОЧИНУВААТ ПРАВНАТА РАМКА НА


МОНЕТАРНИОТ СИСТЕМ?

13.2. Правна рамка на монетарниот систем

Основен закон е Закон за Народна банка на РМ. кој е усогласен со законите на ЕУ,
со Статутот на Европски систем на централни банки и Европска централна банка.

 КОЈА ИНСТИТУЦИЈА Е ЦЕНТРАЛНА МОНЕТАРНА


ИНСТИТУЦИЈА ВО РМ И КОИ СЕ НЕЈЗИНИТЕ ОСНОВНИ
КАРАКТЕРИСТИКИ ?

4. КАКОВ ВИД СУБЈЕКТ Е НБРМ ?

13.3 Институционална рамка на монетарниот систем

2
 ценовна стабилност – како основа на монетарниот систем и монетарната
политика
 стабилност на валутата
 монетарната политика
 плаќање во државата и странство

1. КОИ ФУНКЦИИ СПАЃААТ ВО РАМКИТЕ НА ОДГОВОРНОСТА НА


НБРМ?
 КОИ СЕ ОСНОВНИТЕ ФУНКЦИИ НА НБРМ ?

НБРМ ги има следниве функции:

3
4
5. КОЈ ГО СОЧИНУВА СОВЕТОТ НА НБРМ?

Според Законот за НРБМ, гувернерот одредува 1 од вицегувернерите како


негов заменик надлежен да ги извршува сите негови функции(со полни права и
должности) при негово отсуство.

2. ШТО ЗНАЧИ ПОИМОТ ИНСТИТУЦИОНАЛНА НЕЗАВИСНОСТ НА


НБРМ ?
6. КАКО СЕ ВРШИ КООРДИНАЦИЈАТА МЕЃУ ФИСКАЛНАТА И
МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА ОД ИНСТИТУЦИОНАЛЕН АСПЕКТ ?

Институционална независност на НБРМ

Односот помеѓу законодавните, извршните органи и НБРМ е регулиран со


посебни законски одредби. НБРМ е наполно независна во креирањето на
монетарната политика и во извршувањето на други законски определени
ингеренции. Поради голема поврзаност на фискалната и монетарната политика е
во тесна соработка со Министерство за финансии. Овие односи се уредени со

5
Протокол. Институционална рамка на оваа соработка е Комитет на фискална
и монетарна политика, меѓутоа неформално работата се координира со
неформални средби меѓу гувернерот и министерот за финансии. Но НБРМ нема
обврска претходно екс-анте да ги известува останатите институции за својата
монетарна политика. Советот на НБРМ со 2/3 мнозинство ги одредува
инструментите на монетарната политика. Одлуките ги објавува 2 месеци по
нивното донесување.

Функционална независност на НБРМ

НБРМ има висок степен на фунционална независност и е гарантирана со


Закон за НБРМ и со Уставот. Финансиската и административната функција се
извршуваат самостојно, при тоа при обавувањето на овие функции НБРМ не бара и
не добива инструкции од органите на државната управа. Таа самостојно одлучува
за инструментите и мерките за остварување за своите функции.

3. КАКО СЕ ОБЕЗБЕДУВА ЛИЧНАТА НЕЗАВИСНОСТ НА НБРМ ?

Лична независност на НБРМ

Гувернерот го именува и разрешува Собранието, со предлог од


претстедателот со 7 годишен мандат со можност за реизбор. Во Народната банка се
именуваат 2 вицегувернери, кои се избираат на ист начин како гувернерот и
нивниот мандат трае исто толку долго. Нивниот подолг мандат (гувернер,
вицегувернери и надворешни членови) ги прават лично независни. Членовите на
Советот треба да се стручни во правото или економијата и да имаат 5 годишно
работно искуство во последните 10 години.

Финансиска независност на НБРМ

Не постои трета страна во нацрт план на годишните пресметки на НБ. За


зголемување на основен капитал (постои основен капитал и резерви) треба
согласност од Владата. Загубата на НБ се покрива од резервите на НБ а ако е
поголема од буџетот на НБ, во тој случај се пренесуваат средства од буџетот на
РМ.

Во 2006 год има измени на законот со кој е зајакната независноста на НБРМ,


преку издвојување на 70 % од добивката во општите резерви а помал дел 30 % во

6
Буџетот на РМ по достигнување на нивото на општите резерви. Со закон е
забрането давање на позајмици и кредити на државната власт и управата.

 КОИ ИНСТРУМЕНТИ И СТОЈАТ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА


МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА НА РМ ?

7. КОИ ИНСТРУМЕНТИ СЕ ВБРОЈУВААТ ВО ГРУПАТА


ИНДИРЕКТНИ ИНСТРУМЕНТИ ЗА КОНТРОЛА НА МАСАТА ПАРИ ВО
ОПТЕК ?

13.4. Инструменти на монетарна политика

Во Законот на НБРМ се утврдени инструментите на монетарната политика.


Со осамостојувањето на РМ, НБРМ успеа постепено да ги напушти директните
инструменти и да премине кон индиректни инструменти на монетарна политика.
Тие се:

8. ШТО ПРЕТСТАВУВА ИНСТРУМЕНТОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ


РЕЗЕРВИ ?

1. Задолжителни резерви – традиционален инструмент на монетарна политика.


Банките и штедилниците се обврзани да извојуваат дел од своите средства како
резерва на сметки кај НБРМ (7,5% од депозитите на банките и 2,5% од
депозитите на штедилниците). На тој начин се овозможува контрола на
понудата на пари и на нивот кредитната мултипликација. Основата на

7
задолжителна резерва се утврдува како просек од состојбата на депозитите за
секој ден од претходниот месец.

Задолжителна резерва на девизи – се издвојува со посебни девизни сметки на


НБРМ во странство и се исполнува во евра. Оваа стапка е на фиксно ниво.

10. КАКО ПРАКТИЧНО СЕ ИЗВРШУВА (УПОТРЕБУВА)


ИНСТРУМЕНТОТ ЗА КОНТРОЛА НА МАСАТА ПАРИ ВО ОПТЕК
НАРЕЧЕН ОПЕРАЦИИ НА ОТВОРЕН ПАЗАР ?

9. ЗА КОИ ЦЕЛИ ПРИДОНЕСУВААТ ДРЖАВНИТЕ ЗАПИСИ ?

2. Операции на отворен пазар - се најефикасен инструмент на НБРМ со која се


контролираат количините на пари во оптек и делува врз ликвидноста на
банките. При вишок на пари има и инфлација тогаш најефикасно е да емитуваат
(продаваат) благајнички записи за да се повлечат парите.
 Емисија на благајнички записи – се врши преку аукции кои се
одржуваат 2 пати неделно. Се продаваат по дисконтиран износ (намален)
износ а на денот на доспевање се исплаќа нивната номинална вредност.
Аукциите се спроведуваат со:

a) Тендер со каматни стапки: во проспектот што се упатува до


банките, НБРМ го објавува износот на благајнички записи што го
нуди за продажба, а банките аукцираат со износи и каматни
стапки;. Всушност тие се продаваат на банките но се врши аукција
на износот на нивната вредност и на каматните стапки на враќање.

b) Тендер со износи: во проспектот што се упатува до банките,


НБРМ објавува фиксна каматна стапка по која ќе се реализира
продажбата на благајничките записи, а банките аукцираат само со
износи. Каматните стапки се фиксни а износот на вредност се
аукцира.

 Кредитни операции – основен иснтрумент на НБРМ до 1999 г. но по


косовската криза кога се влеале повеќе девизи дошло до зголемена
ликвидност на банките и со тоа се намалила нивната зависност на НБРМ
преку барање на кредити од истата. Постепено се купувале и благајнички
записи. Кредитните операции се спроведуваат со аукцијa на износ на
8
кредитот или со аукција на каматните стапки на кредитот (банките се
нагодуваат за износот на кредитите и каматните стапки на враќање). Како
колатерал се прифаќаат благајничките и државните записи. Но овој
инструмент веќе не се применува.

 Девизни СВОП операции – ретко се применува. Се употребува за


ублажување на промените во ликвидноста предизвикана од емитирање и
повлекување на денарската ликвидност во банкарскиот систем. Аукциски
репо трансакции се управуваат но во покус рок. Аукциските репо
трансакции се спроведуваат во две насоки емитирање и повлекување на
ликвидност.

 Ломбарден кредит – краткорочен кредит кој се дава на банките со


недостиг на ликвидност на крајот од работниот ден. Како залог за
одобрување се благајничките записи на НБРМ и државните записи на РМ.
Заложените хартии се во вредност од 105% од износот на кредитот. Со
овој инструмент на контрола на количина на пари во оптек. ( На крајот од
работниот ден во банките може да се јави недостиг на средства заради
поголем одлив од прилив )

13.5. Монетарна политика

Според Законот за НБРМ основна цел е да се одржи ценовна стабилност а со


тоа се одржува финансиска стабилност без да се загрози основната цел за
економскиот развој. Од аспект на стратегиска поставеност од 1995г монетарната се
базира врз примена на стратегијата на таргетирање на номиналниот девизен курс
на денарот кој најпрво се врзувал за германската марка а сега со еврото. При тоа се
обидува да има стабилност на девизниот курс со што се доведува до ценовна
стабилност. Монетарната политика се спроведува на два начини:

 Директна интервенција на девизен пазар – делува во рамките на двизниот


курс
 Промена на каматна стапка на благајнички записи – со овој инструмент
се зголемува атрактивноста на домашната валута и со тоа се регулира
понудата и побарувачката на странската валута. Со менување на каматните
стапки на благајничките записи (пример со зголемување на каматата) има
влијание на понудата на кредити и таа се намалува. Тоа пак од своја страна
делува на побарувачката на кредити

9
Промената на каматните стапки како инструмент на монетарната политика е
овозможен по 2005 година кога биле надминати факторите кои го ограничувале
овој инструмент. Тие фактори се:

 недоволната развиеност на финансиските пазари – не е развиен пазарот


на хартии за вредност
 релативно крута (недоволно еластична) каматна политика на банките
 вишок на ликвидност на банкарскиот систем – банките имале мал
интерес за користење на кредити од НБРМ преку аукции на кредити. Во
такви услови централната банка не е извор на финансирање на потребите на
банките и немало простор за активно диктирање на каматните стапки од
страна на централната банка.
 релативно ниска еластичност на побарувачката на кредити од страна на
населението во однос на промената на каматните стапки
 негативен ефект на сивата економија, висок износ на пари (денари и
девизи) надвор од банките
 фактори од неекономска природа
 релативно висок степен на евроизираност на македонскиот банкарски
систем

Иако има ограничувачки фактори сепак од средина на 90-ти години до 2007


г. НБРМ успешно ја одржува ценовната стабилност. Во 2008г доаѓа до покачување
на цените на мало и трошоците за живот, т.е. доаѓа до инфлација на таргетирано
ниво. Таа инфлација е така наречена увезена затоа што се рефлектира од
покачените суровини (нафтата) на светските пазари, но и поради зголемена емисија
на пари, како резултат на домашната фискална политика ( т.е. политика на јавна
потрошувачка). На порастот на цените НБРМ реагира со пораст на каматна стапка
на благајничките записи.

12. ВРЗ ШТО СЕ БАЗИРА ОДРЖУВАЊЕТО НА СТАБИЛНОСТА НА


ДЕВИЗНИОТ КУРС ?

13.6. Политика на девизен курс во РМ

НБРМ е надлежна за спроведување на политика на девизниот курс. НБРМ


води фиксен девизен курс од 1995 па до денес. До 2002 го врзувала денарот со
германската марка, а потоа со еврото.

10
Македонската економија е мала и отворена, при што просечно учество на
надворешно трговска размена во БДП е над 80%. За РМ е карактеристично е висока
производствена концентрација на извозот и евроизација на економијата. Со тоа
еврото има доминантна позиција. Околу 70 % од вкупната надворешна трговија е
деноминирана во евра, и доминантен партнер е ЕУ.

11
12
Видови инструменти на монетарната политика
Ценовната стабилност претставува примарна цел на монетарна политика во
Македонија и за да може централната банка да ја одржува ценовна стабилност
користи повеќе инструменти. За да бидат успешни резултати од инструментите на
монетарната политика истите треба да се користат во вистинското време. Имајќи
предвид дека помеѓу инструментите и крајната цел на монетарната политика
постои сложена и индиректна поврзаност со временско задоцнување, НБРМ го
следи движењето на одредени економски варијабли - оперативни и посредни цели.
Оперативните цели полесно се контролираат, но се подалечни од крајната цел,
додека посредните цели потешко се контролираат, но се поблиски до крајната цел.
Инструменти со кои се служи НБРМ се следниве:

 Операциина отворен пазар


 Задолжителна резерва
 Расположливи депозити
 Расположлив кредит преку ноќ
 Интрадневен кредит

Од инструментите на монетарната политика најфлексибилен претставува операции


на отворен пазар и тие најчесто се спроведуваат преку емисија на хартии од
вредност на НБРМ - аукции на благајнички записи или преку купување или
продажба на хартии од вредност на привремена или дефинитивна основа. Со овој
инструмент, НБРМ директно влиаје врз понудата на пари и кредити. За
надминување на краткоричниот ликвидносен недостиг кај банките на крајот на
денот НБРМ одобрува расположлив кредит преку ноќ. А во обратна ситуација,
односно во услови на краткорочен вишок на ликвидност банките можат да
пласираат средства кај НБРМ во расположливите депозити преку ноќ и на седум
дена.

13
Операции на отворениот пазар
Операциите на отворениот пазар претставуваат група индиректни пазарни
инструменти на монетарната политика, преку кои НБРМ врши продажба и
купување на хартии од вредност. Со овие инструменти се влијае врз нивото на
краткорочните каматни стапки, односно нивото на расположливите ликвидни
средства на банките. Зголемувањето на каматната стапка кај овие операции упатува
на порестриктивна монетарна политика и обратно, намалувањето на каматната
стапка овозможува релаксирање на монетарните движења. Структурната позиција
на банкарскиот систем во однос на централната банка придонесе повлекувањето
ликвидни средства од банкарскиот систем коешто НБРМ го остварува преку
емисија на хартии од вредност (благајнички записи) да доминира подолго време.
Од друга страна, заради задоволување на краткорочниот ликвидносен недостиг во
банкарскиот систем, НБРМ спроведува репо-операции за обезбедување
ликвидност. Дефинитивните купопродажби на хартии од вредност на секундарниот
пазар се помалку застапени. Во услови на позначајни отстапувања кај проекциите
на ликвидноста коишто доведуваат до непланиран вишок или недостиг на
ликвидност во вкупниот банкарски систем, НБРМ може да применува (вонредни)
операции за фино регулирање преку коишто се избегнуваат значајни флуктуации
на нивото на ликвидноста на банкарскиот систем и каматните стапки на пазарите
на пари.[1]
Операциите на отворениот пазар ги опфаќаат следниве инструменти:
 Аукција на благајнички записи
 Аукција на репо-трансакции
 Дефинитивни трансакции
Под аукција на благајнички записи се подразбира управување со ликвидноста на
банкарскиот систем преку продажба на хартии од вредност од страна на НБРМ на
примарниот пазар.

14
Каматната стапка што ја носат благајничките записи претставува основна каматна
стапка за насоката на монетарната политика во РМ. Аукциите на благајничките
записи се одржуваат во редовни термини а купувачи на истите се банките. НБРМ
применува два основни типа тендери кај аукцијата на благајнички записи:

 Тендер со каматни стапки: во проспектот што се упатува до банките, НБРМ


го објавува износот на благајнички записи што го нуди за продажба, а
банките аукцираат со износи и каматни стапки;
 Тендер со износи: во проспектот што се упатува до банките, НБРМ објавува
фиксна каматна стапка по која ќе се реализира продажбата на благајничките
записи, а банките аукцираат само со износи.
Аукции на репо-трансакции
Во услови на краткорочни промени на ликвидноста, кои би можеле да доведат до
значителни флуктуации кај краткорочните каматни стапки, НБРМ применува
операции за фино регулирање на ликвидноста - аукции на репо-трансакции, помеѓу
две интервенции преку основните операции, на пократок рок. Аукциите
овозможуваат повлекување ликвидност преку моментна продажба на хартии од
вредност, со обврска за нивен реоткуп на некој иден датум по однапред утврдена
цена и обратно, обезбедување ликвидни средства преку моментно купување хартии
од вредност, со обврска за нивна повторна продажба на некој иден датум по
однапред утврдена цена. Исто како и кај аукции на благајничките записи и тука
постојат два начина на аукции:

 Тендер со каматни стапки: во проспектот што се упатува до банките, НБРМ


го објавува износот, а банките аукцираат со износи и каматни стапки;

15
 Тендер со износи: во проспектот што се упатува до банките, НБРМ објавува
фиксна каматна стапка по која ќе се реализираат репо-трансакциите, а
банките аукцираат само со износи.
Бидејќи станува збор за нередовни операции, нивните карактеристики (тип на
тендер, фреквенција, рок, каматна стапка) не се однапред утврдени. Аукциите може
да се спроведат во две насоки - за обезбедување и за повлекување ликвидни
средства. Така, врз основа на идентификувана потреба од дополнителна
ликвидност во банкарскиот систем, почнувајќи од 2011 година, во неколку наврати
беа организирани аукции на репо-трансакции со благајнички записи и државни
хартии од вредност во насока на обезбедување ликвидни средства во банкарскиот
систем. Од друга страна, во услови на одредени подолгорочни промени на
ликвидноста на банкарскиот систем, НБРМ може да применува операции за
структурно регулирање - дефинитивен откуп/продажба на хартии од вредност. Од
нивното воведување во 2006 година, овие операции досега не се применувани.[2]

Дефинитивни трансакции[уреди]
Основната функција на инструментот е структурно регулирање на ликвидноста во
банкарскиот систем, што би довело до долгорочна промена во нивото на
ликвидност. Дефинитивните трансакции можат да се спроведуваат во двете насоки,
за обезбедување или за повлекување ликвидност од банкарскиот систем, преку
дефинитивен откуп, односно продажба на хартии од вредност на секундарниот
пазар. Дефинитивните трансакции се спроведуваат со банките на билатерална
основа.[3]

Задолжителна резерва[уреди]
Под задолжителна резерва се подразбира обврски на банките и штедилниците
односно данок кој им го наметнува НБРМ за изделување на средства на сметка кај
централната банка. Целта на овој инструмент се стабилизирањето на краткорочните
каматни стапки на пазарите на пари, управување со понудата на пари и нивото на
16
кредитна мултипликација. Основата за задолжителната резерва на банките се
пресметува како просек од обврските за секој ден од календарскиот месец што му
претходи на периодот на исполнување. Задолжителната резерва на банките во
девизи се издвојува на посебни девизни сметки на НБРМ во странство и се
исполнува во евра на фиксно ниво. Штедилниците ја исполнуваат задолжителната
резерва на посебни сметки кај НБРМ на фиксно ниво. Стапката на задолжителна
резерва на штедилниците изнесува 2,5%. Задолжителната резерва на банките е
стандарден инструмент на монетарната политика на НБРМ, кој е во функција на
намалување на структурниот вишок на ликвидност во банкарскиот систем. Во
ноември 2012 година, НБРМ овозможила намалување на основата за задолжителна
резерва на банките за износот на новоодобрените кредити на нето- извозниците и
на домашните производители на електрична енергија, како и за вложувањата во
должнички хартии од вредност во домашна валута без валутна клаузула, издадени
од овие претпријатија. Основата на задолжителната резерва на банките се
пресметува како просек од обврските за секој ден од календарскиот месец што му
претходи на периодот на исполнување.

17
18

You might also like