You are on page 1of 26

konto@profit.mk | facebook.

com/kontoprofit
02 609 1551 | 070 22 11 65

МСС 7 и Одел 7 од МСФИ за


МСЕ: Извештај за парични
текови
Содржина
1. Извештај за парични текови ............................................................................................................... 1
1.1. Закон за трговските друштва ...................................................................................................... 1
1.2. Суштина на ИПТ ........................................................................................................................... 2
1.3. МСС 7 и Оддел 7 од МСФИ за МСЕ ............................................................................................ 3
1.4. Пример ......................................................................................................................................... 9
1. Извештај за парични текови
Извештајот за парични текови (ИПТ) е дел од сетот на финансиски извештаи
(ФИ) кои сите средни и големи трговци се должни да ги изготвуваат, како
дополнување на стандардните извештаи од годишната сметка. Истиот е опфатен
во МСС 7 и Оддел 7 од МСФИ за МСЕ.

1.1. Закон за трговските друштва

Член 476, од ЗТД пропишува дека: „Секој трговец од членот 469 став (1) на
овој закон и подружница на странско друштво, по истекот на деловната година,
составува годишна сметка.“

Трговците од член 469 став (1) ги опфаќаат сите трговци кои се обврзани да
водат сметководствена евиденција и тоа:

1) големите и средни трговец, трговците определени со закон, како и


трговците кои вршат банкарски дејности, дејности на осигурување,
трговците кои котираат на берза, како и трговците чии финансиски
извештаи влегуваат во консолидирани финансиски извештаи на претходно
наведените трговци кои имаат обврска да водат сметководство во
согласност со усвоените меѓународните стандарди за финансиско
известување објавени во "Службен весник на Република Македонија" и
2) другите трговци (микро и малите трговци) кои пак имаат обврска да водат
сметководство во согласност со меѓународните стандарди за финансиско
известување за мали и средни субјекти.

Трговците од членот 469 став (1) точка 1, дополнително, по истекот на


деловната година составуваат и финансиски извештаи.

Годишната с-ка вклучува биланс на состојба и биланс на успех и


објаснувачки белешки.

Финансиските извештаи пак покрај биланс на состојба и биланс на успех,


вклучуваат и извештај за промените во главнината, извештај за паричните текови,

1
применетите сметководствени политики и други објаснувачки белешки подготвени
во согласност со МСФИ.

1.2. Суштина на ИПТ

Овој извештај дава приказ на приливите и одливите на пари и парични


еквиваленти во еден пресметковен период.

Најзначајното прашање кое може да се одговори со ИПТ е: „На кој начин и од


кои активности друштвото генерира пари и како ги троши?“

Целата приказна за работењето на еден правен субјект се добива само ако


се анализира ИПТ заедно со БС и БУ. При составување на БС и БУ
сметководителите во најтесна смисла на сметководствените операции се водат од
документи, додека ИПТ ги следи движењата на готовината, односно приливите и
одливите на пари.

ИПТ кога се користи заедно со останатите финансиски извештаи дава


информации кои им овозможуваат на корисниците да ги оценат промените во нето
средствата на ентитетот, неговата финансиска структура (вклучувајќи ја
ликвидноста и солвентноста) и неговата способност да влијае врз износите и
навременоста на паричните текови со цел да се адаптира на промените на условите
и можностите. Информациите за паричните текови се корисни при проценка на
можностите на ентитетот да генерира пари и парични еквиваленти и да им
овозможува на корисниците да изградуваат модели за проценка и споредба на
сегашната вредност на идните парични текови на различни ентитети. Со овој
извештај, исто така, се олеснува споредливоста во известувањето за оперативното
работење на различни ентитети бидејќи се елиминираат ефектите од користењето
на различни сметководствени постапки за исти сметководствени трансакции и
настани.

Историските информации за паричните текови често се користат како


показател за износот, навременоста и извесноста на идните парични текови. Тие,
исто така, се корисни при проверката на точноста на поранешните проценки на

2
идните парични текови и при испитувањето на врските помеѓу профитабилноста и
нето паричниот тек како и ефектите од промена на цените.

Меѓу ИПТ и БУ нема директна поврзаност, бидејќи сметководството на


пресметковна основа (accrual method) значи дека признавањето на приходите не
значи и прилив на пари, а признавањето на расходи не значи и одлив. Така, кога би
анализирале субјект кој остварува поголем дел од продажбите со одложена
наплата, заради временската неусогласеност може во БУ да биде прикажана
голема добивка, а во ИПТ да биде прикажан негативен паричен тек, или обратно.

1.3. МСС 7 и Оддел 7 од МСФИ за МСЕ

Во поглед на ИПТ, меѓу МСС 7 и Оддел 7 од МСФИ за МСЕ има сосем малку
и незначителни разлики.

Во стандардите се дадени дефиниции за одредени изрази со нивните


специфични значења и тоа:

• Пари опфаќаат пари во каса и депозити по видување;


• Парични еквиваленти се краткорочни високо ликвидни вложувања
кои брзо можат да се конвертираат во познати износи на пари и кои
подлежат на незначителен ризик од промена на вредноста.

Паричните еквиваленти се чуваат со цел да се излезе во пресрет на


краткорочните парични обврски, наместо за вложување или за други цели. За да
биде квалификувано како паричен еквивалент вложувањето мора да може брзо да
се конвертира во познат износ на пари и да биде подложено на незначителен ризик
од промена на неговата вредност. Според тоа, едно вложување обично се
квалификува како паричен еквивалент само кога има краткорочно доспевање од, на
пример, три или помалку месеци од датумот на стекнувањето.

Самата форма на ИПТ не е пропишана.

Со ИПТ се искажуваат готовинските текови во периодот, групирани според


тоа од кој тип на активности истите се генерирани:

3
1) Оперативни активности се главните активности кои му произведуваат
приходи на ентитетот и други активности кои не се вложувачки или
финансиски активности.
2) Вложувачки активности се стекнување и отуѓување на долгорочни
средства и други вложувања кои не се вклучени во паричните
еквиваленти.
3) Финансиски активности се активности кои резултираат во промени на
големината и содржината на сопственичкиот капитал и позајмувањата на
ентитетот.

Износот на паричните текови кои произлегуваат од оперативните активности


претставува клучен показател за степенот до кој активностите на ентитетот
генерирале доволно парични текови за отплата на заемите, одржување на
оперативната способност на ентитетот, исплатата на дивиденди и вршење на нови
вложувања без надворешни извори на финансирање. Историските информации во
врска со специфичните компоненти на оперативните парични текови се користат
заедно со другите информации за предвидување на идните оперативни парични
текови.

Паричните текови од оперативните активности примарно произлегуваат од


главните активности кои му носат приходи на ентитетот. Според тоа, истите
генерално произлегуваат од трансакции и други настани кои се вклучени во
генерирањето на добивката или загубата.

Вложувачките активности се активности во врска со долгорочните средства


на друштвото, односно нивното стекнување и отуѓување. Тие ја прикажуваат
висината на издатоците за ресурси кои треба да обезбедат идни добивки и парични
текови (долгорочните средства се набавуваат за вршење на дејноста на
друштвото).

Финансиските активности опфаќаат примања на пари од сопствениците како


и исплата во пари на сопствениците за вложениот капитал (дивиденди). Покрај тоа
финансиските активности го опфаќаат задолжувањето на друштвото (кредити,
емисија на обврзници) враќање на долгови и сл. Иако земените позајмувања
обично се сметаат за финансиска активност, сепак, во некои земји, банкарските

4
пречекорувања кои се наплатливи по видување, претставуваат составен дел на
управувањето со парите на ентитетот. Во вакви случаи, банкарските
пречекорувања се вклучуваат како компоненти на пари и парични еквиваленти.
Карактеристика на таквите банкарски аранжмани е дека банковните салда често се
менуваат од позитивни до пречекорени.

Ентитетот треба да известува за паричните текови од оперативни активности


со користење на:

• Директен метод, при што се обелоденуваат главните класи на бруто


паричните примања и бруто паричните плаќања.
• Индиректен метод, при што нето добивката или загубата се корегира
за ефектите на трансакциите од непарична природа, било какво
одложување или разграничување на минати или идни оперативни
парични примања или плаќања, и ставки на приход или расход во
врска со вложувачки или финансиски парични текови.

МСС 7 ја охрабрува и пооттикнува употребата на директниот метод, додека


Оддел 7 не дава никаква препорака за ентитетите.

При директниот метод информациите за главните класи на бруто паричните


примања и бруто паричните плаќања можат да се добијат:

5
1) од сметководствената евиденција на ентитетот или
2) по пат на корегирање на приходите од продажба, трошоците на продажба
(камати и слични приходи и расходи за камати и слични такси за некоја
финансиска институција) и останатите ставки во добивката или загубата
за:
• Промените на залихите и оперативните побарувања и обврски во
текот на периодот.
• Други непарични ставки.
• Други ставки за кои паричните ефекти се вложувачки или финансиски
парични текови.

Според индиректниот метод, нето паричните текови од оперативните


активности се определуваат по пат на корегирање на нето добивката или загубата
за ефектите од:

1) Промените во залихите и оперативните побарувања и обврски во текот на


периодот.
2) Непарични ставки како што се амортизација, резервирања, одложени
даноци, нереализирани курсни признаени добивки или признаени загуби,
нераспределени добивки на придружени ентитети.
3) Сите други ставки за кои паричните ефекти се вложувачки или финансиски
парични текови.

Алтернативно, нето паричните текови од оперативните активности можат да


се презентираат според индиректниот метод по пат на искажување на приходите и
расходите обелоденети во добивката или загубата и промените во залихите,
оперативните побарувања и обврски во текот на периодот.

Вложувачките и финансиските трансакции кои не бараат користење на пари


и парични еквиваленти треба да бидат исклучени од извештајот за парични текови.
Таквите трансакции треба да бидат обелоденети на друго место во финансиските
извештаи на начин кој ги обезбедува сите релевантни информации за овие
вложувачки и финансиски активности.

Многу вложувачки и финансиски активности немаат директно влијание врз


тековните парични текови иако тие влијаат врз структурата на капиталот и

6
средствата на ентитетот. Исклучувањето на непаричните трансакции од извештајот
за парични текови е конзистентно со целта на извештајот за парични текови бидејќи
овие ставки не вклучуваат парични текови во тековниот период. Примери на
непарични трансакции се:

• Стекнувањето на средства, било со прифаќање на директно


поврзаните обврски или со финансиски наем.
• Стекнувањето на ентитет со емисија на удели од главнината.
• Конверзијата на долг во главнина.

Сите парични текови од примени и платени камати и дивиденди треба да


бидат посебно обелоденети. Сите треба да бидат класифицирани на конзистентен
начин од период во период било како оперативни, вложувачки или финансиски
активности.

Платените камати и примените камати и дивиденди обично се


класифицираат како оперативни парични текови на финансиската институција.
Меѓутоа, не постои консензус за класификацијата на овие парични текови за други
ентитети. Платените камати и примените камати и дивиденди можат да бидат
класифицирани како оперативни парични текови бидејќи тие влегуваат во
определувањето на добивката или загубата. Алтернативно, платените камати и
примените камати и дивиденди можат да бидат класифицирани како финансиски
парични текови и вложувачки парични текови респективно бидејќи тие
претставуваат трошоци на добивање финансиски извори или поврат на
вложувањата.

Платените дивиденди можат да бидат класифицирани како финансиски


паричен тек бидејќи тие се трошок за добивање на финансиски извори.
Алтернативно, платените дивиденди можат да се класифицираат како компонента
на паричните текови од оперативни активности со цел да им се помогне на
корисниците во утврдувањето на способноста на ентитетот да плаќа дивиденди од
оперативните парични текови.

Паричните текови кои произлегуваат од даноци на добивка треба да се


обелоденуваат посебно и треба да се класифицираат како парични текови од

7
оперативни активности освен доколку можат специфично да се идентификуваат
како финансиски и вложувачки активности.

Даноците на добивка произлегуваат од трансакциите што генерираат


парични текови кои класифицирани како оперативни, вложувачки или финансиски
активности во извештајот за парични текови. Додека даночните расходи можат
лесно да се идентификуваат со вложувачките или финансиските активности,
поврзаните даночни парични текови често пати не е изводливо да се
идентификуваат и можат да произлезат во различен период од паричните текови
на основната трансакција. Поради тоа, платените даноци обично се класифицираат
како парични текови од оперативни активности.

8
1.4. Пример

Бидејќи ИПТ го претставува текот на готовината (нејзиното зголемување или


намалување на крајот на одреден период во однос на почетокот на истиот период),
почетна основа за креирање на овој извештај мора да ни бидат сметките кои
припаѓаат на билансот на успех (бидејќи и билансот на успех е извештај кој се
однесува на период).

Но, за да дојдеме до точен ИПТ, податоците од билансот на успех мора да


ги корегираме за разликата во салдата на сметките кои припаѓаат кон билансот на
состојба на крајот во однос на салдата на истите сметки на почетокот на периодот.
Овој процес најдобро ќе го илустрираме преку еден практичен пример.

Пред да преминеме кон примерот, би сакале да го потенцираме значењето


на неколку факти кои мораме да ги имаме на ум при составувањето на ИПТ:

• Како што претдходно нагласивме, при составување на ИПТ, кога ги


користиме ставките од билансот на состојба секогаш ја набљудуваме
разликата во салдото на сметките на крајот во однос на почетокот на
периодот. Ова оттаму што билансот на состојба е слика за

9
моменталната состојба со сметките на ентитетот во даден момент.
Тој не претставува тек, а нам во ИПТ не интересира токму движењето
на парите. Обратно, билансот на успех не претставува моментален
приказ, туку извештај за постигнатиот успех во еден пресметковен
период. Така, при изготвување на ИПТ ставките од билансот на успех
не мора да се коригираат со ставки од билансот на успех од
претходниот период. Но бидејќи сметководствените извештаи се
изготвуваат врз пресметковна а не врз готовинска основа, ставките
од билансот на успех секогаш мора да се споредуваат со соодветните
„сродни“ ставки од билансот на состојба и по потреба да се
коригираат. „Сродноста“ на сметките се гледа преку анализа на
дневникот на книжења на ентитетот.
• Секое зголемување на вредноста на основните средства на крајот во
однос на нивната вредност на почетокот на анализираниот период
значи намалување на готовинскиот тек (бидејќи зголемувањето на
вредноста на основните средства логично го поврзуваме со купување
на нови вакви средства). Во обратна ситуација пак, намалувањето на
вредноста на овие средства го поврзуваме со нивното продавање,
што би требало да ја зголеми расположивата готовина.
• Истата логика ја следиме и кај залихите и кај побарувањата од
купувачите – секое зголемување во вредноста на овие сметки значи
помалку расположиви пари а секое нивно намалување значи повеќе
расположиви пари. Поинаку кажано, зголемените залихи или
побарувања значат повеќе готовина која е врзана во други облици на
средства. Не заборавајте, залихите и побарувањата се само
стадиуми низ кои средствата поминуваат, пред да се
трансформираат во крајниот посакуван облик – готовина. И
обратното е точно – намалените вредности на салдата на сметките
на залихите и побарувањата значат дека „се ослободила“ повеќе
готовина.
• Кај обврските и кај капиталот ја следиме обратната логика. Нивното
зголемување значи прилив на пари а нивното намалување значи
готовински одлив Особено интересно е тоа што секое зголемување

10
на обврските значи дека кај нас има повеќе пари. Имајте на ум дека
ИПТ се занимава само со готовината, така што логиката која ја
следиме е следната: „штом должиме повеќе, тоа значи дека кај нас
има повеќе готовина“.
• Амортизацијата претставува трошок во билансот на успех, односно
исправка на вредноста на средствата во билансот на состојба, но таа
не претставува готовински одлив. Затоа, кога го креираме ИПТ
амортизацијата не ја земаме предвид како готовински тек.
• Многу е важно да сме запознаени со технологијата при книжењето на
секојдневните настани кај анализираниот субјект за да би можеле да
ја разбереме поврзаноста на поединечните ставки во билансот на
успех и билансот на состојба. Така на пример, доколку во билансот
на успех сретнеме ставка „трошоци за бруто плата на вработените“,
а во билансот на состојба забележиме ставка „обврски за бруто плата
кон вработените“, тогаш јасно станува збор за поврзани ставки.
Оттаму, логично би било, при изготвување на ИПТ, износот
евидентиран на сметката „трошок за бруто плата на вработените“ да
биде корегиран за износот на разликата во вредноста на салдото на
сметката „обврски за бруто плата кон вработените“ на крајот во однос
на почетокот на периодот. Така ако обврските се зголемиле, тогаш во
ИПТ трошокот ќе биде намален за таа разлика, затоа што дел од тој
трошок кој сметководствено е настанат ние сеуште го немаме
исплатено (односно го должиме). Оттаму, оној дел од трошокот кој го
должиме сеуште не претставува готовински одлив. Логиката е
обратна ако обврските се намалиле – тоа пак би значело дека се
исплатени и некои обврски од минати периоди, па така трошокот ќе
треба да биде зголемен за таа разлика за да би дошле до реалната
висина на готовинскиот одлив. Оваа поврзаност треба да ја следиме
кај сите сметки. На пример: „трошоци за ќирија“ и „обврски за ќирија“,
„трошоци за камати“ и „обврски за камати“ итн. Најпрецизни податоци
за овие поврзаности може да најдеме во самите налози во кои се
книжи односно од дневникот на книжења. За жал истите не ни се
секогаш на располагање кога го креираме ИПТ.

11
Како што погоре споменавме, ИПТ најдобро ќе го илустрираме преку еден
практичен пример. Во овој пример, заради подобро долувувањее на суштината на
дискусијата ќе направиме и неколку минимални симплификации на реалноста.

Бидејќи во примерот станува збор за прва година од функционирање на


ентитетот, за целите на ИПТ сите сметки во билансот на состојба од претходната
година ќе ги земеме со вредност еднаква на нула (што е и точно бидејќи во
претходната година ентитетот не постоел). Името на ентитетот е „МакСтар ДОО“.
Да претпоставиме дека во текот на годината се случиле следните настани:

20.1.2014 - Основање на фирмата преку запишување на основачкиот влог во износ од


450.000 денари. Фирмата доброволно се регистрира за целите на ДДВ.
+ - Износ
100 450.000 ден.
900 450.000 ден.
1.2.2014 - Набавени залихи на трговски стоки во износ од 250.000 денари + 18% ДДВ.
+ - Износ
660 250.000 ден.
130 45.000 ден.
220 295.000 ден.
20.2.2014 - Продадени дел од набавените залихи за 180.000 денари + 18% ДДВ. Набавна
вредност на продадените залихи е 120.000 денари.
+ - Износ
120 212.400 ден.
740 180.000 ден.
230 32.400 ден.
701 120.000 ден.
660 120.000 ден.
20.3.2014 - Влезна ф-ра за потрошена електр. енергија во износ од 25.000 денари + 18% ДДВ.
+ - Износ
403 25.000 ден.
130 4.500 ден.
220 29.500 ден.
1.5.2014 - Купено основно средство, товарно возило во износ од 350.000 денари + 18% ДДВ.
+ - Износ

12
013 350.000 ден.
130 63.000 ден.
220 413.000 ден.
10.5.2014 - Наплатени побарувањата од претходно продадените залихи.
+ - Износ
100 212.400 ден.
120 212.400 ден.
1.6.2014 - Дополнително набавена залиха во вредност од 100.000 денари + 18% ДДВ.
+ - Износ
660 100.000 ден.
130 18.000 ден.
220 118.000 ден.
1.8.2014 - Исплатени дел од обврските кон добавувачите на залихи.
+ - Износ
220 200.000 ден.
100 200.000 ден.
1.9.2014 - Продадени залихи за 235.000 ден. + 18% ДДВ, со набавна вредност од 150.000 ден.
+ - Износ
120 277.300 ден.
740 235.000 ден.
230 42.300 ден.
701 150.000 ден.
660 150.000 ден.
1.10.2014 - пресметана обврска за ќирија за цела година во износ од 50.000 денари +
5.000 денари персонален данок.
+ - Износ
414 55.000 ден.
235 5.000 ден.
253 50.000 ден.
10.10.2014 - исплатена дел од обврска за ќирија и персонален данок.
+ - Износ
235 2.500 ден.
253 25.000 ден.
100 27.500 ден.
31.12.2014 - пресметани обврски за плати кон вработените за цела година.

13
+ - Износ
421 225.000 ден.
240 225.000 ден.
31.12.2014 - подигнат кредит во износ од 180.000 денари.
+ - Износ
100 180.000 ден.
262 180.000 ден.
31.12.2014 - пресметана амортизација на основни средства во износ од 35.000 денари.
+ - Износ
432 35.000 ден.
019 35.000 ден.
31.12.2014 - поднесена и искнижена ДДВ пријава за периодот.
+ - Износ
130 130.500 ден.
230 74.700 ден.
130 55.800 ден.
31.12.2014 - пресметка на резултатот од работењето за тековниот период.
+ - Износ
403 25.000 ден.
414 55.000 ден.
421 225.000 ден.
432 35.000 ден.
490 340.000 ден.
701 270.000 ден.
740 415.000 ден.
790 145.000 ден.
490 340.000 ден.
790 145.000 ден.
800 195.000 ден.
800 195.000 ден.
961 195.000 ден.

14
Горенаведените настани довеле до следниот изглед на годишните
финансиски извештаи1:

Слика 4 и 5 – биланс на состојба и биланс на успех на „МакСтар ДОО“

Биланс на состојба:
С-ка Опис Износ
013 НПО 350.000 ден.
019 Акумулирана амортизација - 35.000 ден.
100 Готовина 614.900 ден.
120 Побар. од клиенти 277.300 ден.
130 Побар. од држава 55.800 ден.
660 Залихи 80.000 ден.
Вкупна актива: 1.343.000 ден.
220 Обврски кон добавувачи 655.500 ден.
230 Обврски кон државата - ден.
235 Обврски за ПДД 2.500 ден.
253 Обврски за наемнини 25.000 ден.
240 Обврски за плати 225.000 ден.
262 Обвр. за кредит 180.000 ден.
900 Основачки капитал 450.000 ден.
961 Загуба за тековната година - 195.000 ден.
Вкупна пасива: 1.343.000 ден.

1 Во македонската пракса, во билансот на состојба се евидентира само нето сметководствената


вредност на средствата, односно набавната вредност намалена за амортизацијата на соодвените средства.
Ваквиот податок не е погоден за изработката на ИПТ, бидејќи ни пречи при констатирањето на вредноста на
набавката на дополнителни, или продажбата на постоечките основни средства. За целите на изработката на
ИПТ, нам ни е потребен податок за набавната вредност на основните средства на почетокот и на крајот на
периодот за кој се прави анализа. Зголемувањето на оваа вредност ќе значи готовински одлив (негативен
готовински тек) и обратно.

Што се однесува до билансот на успех, истиот со неговата пропишана форма и содржина кај нас е биланс на
успех по видови на трошоци а не по функција. Затоа пропишаната форма на билансот на успех кај нас е доста
поразлична од онаа во која ние го презентираме овој извештај во нашиот пример.

15
Биланс на успех:
С-ка Опис Износ
740 Приходи 415.000 ден.
701 Расходи на продад. производи 270.000 ден.
Бруто добивка: 145.000 ден.
403 Потрошена електр. енергија 25.000 ден.
414 Наемнини 55.000 ден.
421 Плати 225.000 ден.
432 Амортизација за период 35.000 ден.
Нето загуба: - 195.000 ден.

ИПТ за првата година од постоењето на деловниот субјект го презентираме


во продолжение.

• Паричен тек од финансиски активности – позитивен готовински тек од


630.000 денари.

Основачкиот капитал е зголемен од 0 на 450.000 денари, што секако


значи позитевен готовински тек од 450.000 денари во ИПТ.

Вредноста на обврските за кредити (сметка 262), се зголемила од 0


на крајот на претходната година, на 180.000 денари, што во ИПТ исто
така значи прилив од 180.000 денари.

Слика 6 – ИПТ од финансиски активности за „МакСтар ДОО“

ИПТ од финансиски акт.


180.000 ден. Кредит
450.000 ден. Паричен основачки влог
630.000 ден. Вкупен ГТ од финансиски активности

• Паричен тек од инвестициски активности – негативен готовински тек


од 350.000 денари.

Вредноста на основните средства се зголемила од 0 на 350.000, што


во ИПТ се преведува во одлив од 350.000 денари.

16
Слика 7 – ИПТ од инвестициски активности за „МакСтар ДОО“

ИПТ од инвестициски акт.


- 350.000 ден. Згол. на вредност на основни средства
- 350.000 ден. Вкупен ГТ од инвестициски активности

• Паричен тек од оперативни активности – позитивен готовински тек од


334.900 денари.

За изготвување на овој дел од ИПТ имаме на располагање две


методи: индиректен и директен.

o Индиректниот метод тргнува од финалниот резултат на


билансот на успех, односно од нето добивката или загубата. Во
нашиот случај имавме загуба во износ од 195.000, што во ИПТ
се прведеува во одлив во истиот износ. Понатаму, овој износ го
коригираме за промената на вредноста на залихите,
побарувањата и обврските, како и за пресметаната
амортизација.

Зошто ја следиме оваа постапка? Затоа што нето добивката


(или како во нашиот пример нето загубата) е краен резултат од
работењето во тековната година, но истата е добиена врз
пресметковна основа со примена на МСС и МСФИ. Поинаку
кажано, таа не е одраз на промената во готовинските текови кај
друштвото. За да дојдеме до готовинскиот тек од оперативни
активности според директниот метод, вредноста на нето
добивката треба да ја коригираме за промените во вредностите
на крајот во однос на вредностите на почетокот на периодот на
поединечните ставки кои влијаат врз нејзе.

Така, враќајќи се чекор назад од нето добивката ќе ја


забележиме амортизацијата евидентирана на сметката 432.
Бидејќи амортизацијата е приказ на постепеното губење на
вредноста на средствата, таа претставува трошок за периодот

17
кој влијае врз нето загубата (односно ја зголемува загубата, или
доколку стануваше збор за добивка, амортизацијата ќе
влијаеше во насока на намалување на добивката). Но, бидејќи
амортизацијата не претставува и готовински одлив, вредноста
на амортизацијата за периодот треба да ја „вратиме назад“ при
конструирање на ИПТ, така што во ИПТ нето ефектот од
амортизацијата ќе нула (бидејќи таа не претставува готовински
тек). Така вредноста од 35.000 денари пресметана амортизација
е трошок, но не и готовински одлив. Затоа нето загубата од
195.000 денари ја коригираме така што ја намалуваме за
„вратените“ 35.000 денари амортизација.

Следна ставка која ја анализираме е сметката 421, односно


трошокот за плати на вработените. И овој пат станува збор за
трошок, но гледајќи го билансот на успехот не може да сме
сигурни дали истовремено станува збор и за готовински одлив.
За да бидеме сигурни мораме да погледнеме во дневникот на
книжења, а потоа и во билансот на состојба. Од опсервацијата
на дневникот на книжења може да забележиме дека платите на
вработените истовремено се евидентираат како трошок (сметка
421) и обврска (сметка 240). Доколку навистина станува збор и
за готовински одлив, тогаш во билансот на состојба треба да
забележиме дека промената на сметката 240 на крајот во однос
на почеток на периодот е 0, односно со други зборови „нема
промена во салдото на сметка 240“, затоа што во овој случај ќе
може да констатираме дека целата обврска за плата која
настанала во периодот за кој известуваме е помдирена. Но
бидејќи гледајќи го билансот на состојба може да констатираме
дека ова не е случај, очигледно е дека целата вредност на
трошокот за плати не претставува и готовински одлив. За колку
да ја коригираме вредноста на овој трошок? Секако, за
разликата во вредноста на салдото на сметката 240 на крајот во
однос на почетокот на периодот. Бидејќи е очигледно дека
вредноста на оваа сметка е зголемена за 225.000 денари
станува јасно дека во нашиот пример трговското друштво го
должи целиот износ на пресметаниот трошок за плати (бидејќи

18
во билансот на успех трошокот за плати изнесува исто така
225.000 денари). Така, излегува дека од настанатиот трошок од
225.000 денари за плати, 0 денари се и готовински одлив. Затоа,
износот на 225.000 денари го „враќаме назад“ кон нето загубата,
и истата ќе ја намалиме за 225.000 денари. Со други зборови,
заради неподмирената обврска за плата, оваа ставка ќе ја
набљудуваме како готовински прилив.

Следна ставка која ја набљудуваме е сметката 414, односно


трошоците за наемнина. И тука ја следиме истата логика како
кај сметката 421. Трошокот за наемнина изнесува 55.000
денари, но гледајќи ги дневникот на книжења и билансот на
состојба ги идентификуваме сметките 235 и 253 како релевантни
за пресметување на готовинскиот тек и констатираме
зголемување на вредноста на салдото на овие сметки на крајот
во однос на почетокот на периодот од 27.500 денари. За да
дојдеме до готовинскиот тек, 55.000 денари трошок за наемнина
го коригираме за 27.500 денари останата обврска за наемнина.
Со други зборови, готовинскиот одлив поврзан за овој трошок го
намалуваме за 27.500 денари. Доаѓаме до заклучок дека само
половина од обврската поврзана со трошокот за наемнина е
навистина подмирена, па така само половината од 55.000
денари треба да се земат предвид како готовински одлив во
ИПТ. Следствено, износот на нето загубата го намалуваме за
износот на трошокот кој сеуште не е исплатен (претставува
обврска), односно за 27.500 денари.

Враќајќи се уште еден чекор наназад стасуваме до сметката 403


– трошоци за електрична енергија. Оваа сметка во дневникот на
книжења е поврзана со сметката 220, но истата сметка (220) е
врзана уште и со сметката 660. Во пракса, сметката 220 може да
е поврзана со илјданици други сметки (бидејќи се однесува на
обврските кон сите добавувачи – без разлика дали предмет на
набавката е основно средство, залиха, потрошен материјал,
енергенс, суровина и сл.) што секако е мал проблем при
изготвување на ИПТ. Затоа, во овој случај ќе примениме една
мала симплификација и едноставно ќе претпоставиме дека

19
целиот износ евидентиран на сметката 403 како трошок
претставува и готовински одлив и во овој случај нема да ја
коригираме нето загубата. Со сметката 220 ќе се справиме
подолу.

Последните две ставки кои ни останаа за анализа во билансот


на успехот се приходите и расходите. Овие се поврзани со
побарувањата (120 и 130), залихите (660) и обврските кон
добавувачите (220). Вредноста на салдото на побарувањата е
зголемено за 277.300 + 55.800 и како што елабориравме неколку
пати до сега, ова зголемување претставува помалку средства
врзани во пари па затоа во ИПТ ќе го претставиме како одлив
кој ќе ја зголеми нето загубата. Вредноста на залихите е
зголемена за 60.000 денари па следејќи ја истата логика нето
добивката ќе ја зголемиме за уште 60.000 денари. 655.500
денари е разликата во вредноста на салдото на сметката 220 на
крајот во однос на почетокот на периодот. Бидејќи станува збор
за пари кои субјектот ги должи, односно за пресметани обврски
а сеуште ненастанат готовински одлив, нето загубата ќе ја
намалиме за овој износ.

Сума сумарум, според индиректниот метод за добивање на ИПТ


од оперативни активности доаѓаме до следните резултати:

Слика 8 – ИПТ од оперативни активности (индиректен метод) за „МакСтар ДОО“

ИПТ од оперативни акт. - индиректен метод


- 195.000 ден. Нето загуба
Амортизација (претх. е одземена за да се дојде до нето загубата, сега
35.000 ден. ја „враќаме назад“ (ја додаваме), така што нето ефектот ќе биде нула.
225.000 ден. Неподмирен трошок за плати
27.500 ден. Неподмирен дел од трошок за ќирија
- 277.300 ден. Згол. на вредност на побарувања од клиенти
- 55.800 ден. Згол. на вредност на побарувања од државата
- 80.000 ден. Згол. на вредност на залихите
655.500 ден. Згол. на вредност на обврс. кон добавувачите
334.900 ден. Вкупен ГТ од оперативни активности

20
o Директен метод – секако и според овој метод мора да стасаме
до истиот резултат, односно прозитивен тек од 334.900 денари.
Но, патот по кој ќе се движиме користејќи го овој метод е нешто
поразличен во однос на индиректниот метод.

Имено, овој метод не почнува од нето добивката или нето


загубата, туку почнува од почетокот на билансот на успех,
конкретно од приходите од продажба. Бидејќи сите приходи и не
мора да се наплатени износот на позитивниот готовински тек од
приходите не мора да соодвествува со износот на самите
приходи. Затоа, приходите се коригираат за износот на
разликата меѓу крајното и почетното салдо на побарувањата од
купувачите во билансот на состојба: зголемено салдо значи
намалување на позитивниот готовински тек, додека намалено
салдо значи дека се наплатени не само побарувањата од
продажбите на кредит од тековната година, туку и дел од
претходно ненаплатените побарувања генерирани од продажби
во минати години.

Следната ставка која се анализира се расходите на продадени


производи. Според сметководствениот принцип на
спротивставување, расходите се признаваат кога ќе се признаат
и приходите поврзани со трансакцијата. Бидејќи станува збор за
друштво кое се занимава со трговија, приходите се поврзани со
продажбата на претходно набавена залиха. Поврзаноста на
овие ставки во технологијата на книжење е прикажана во
продолжение.

21
Слика 9 – технологија на книжење во оперативните процеси на „МакСтар ДОО“

+ -

660 220 Залихите се признаваат како средство...


„Влез“ на залиха
(набавка)

120 741 ... Се до моментот на препознавање на


економските користи поврзани со нив...
Продажба на
залиха

701 660 ... Во кој момент залихите се признаваат


„Излез“ на залиха како расход.

од магацин

Станува очигледно зошто вредноста на расходите на продадени


производи треба да се коригира со износот на разликата на
салдата на крајот во однос на почетокот на периодот на
сметките кои се однесуваат на влезот и излезот на залихата
(220 и 660) 2.

2 Тука станува збор и за едно мало поедноставување, кое нема значење врз крајниот резултат. Имено,

залихите се евидентираат по нивната набавна вредност. Конзистентно на ова, расходите на продадени


производи претставуваат пондериран просек на набавните вредности на залихите. Но, обврските кон
добавувачите не се „чисти“ набавни вредности, туку се фактурни вредности кои во себе содржат и ДДВ. Оваа
опсервација не би била важна доколку субјектот за кој се прави анализата не е ДДВ обврзник (бидејќи во ова
сценарио набавните вредности секако би содржеле и ДДВ), но во пракса ова е редок случај. За да бидеме
целосно доследни би требало да го одвоиме износот на ДДВ од обврските кон добавувачите, но за да не ја
искомпликуваме постапката до точка до која дополнителниот бенефит во форма на конзистентност би бил
помал од трошокот во форма на време и напор, ќе го занемариме овој факт и со ДДВ-то ќе се справиме во
посебна пресметка која ќе се однесува само на него. Слична е ситуацијата и кај побарувањата (фактурен износ
со вклучен ДДВ) и приходите (вредност без ДДВ).

22
Со директниот метод се движиме надолу низ билансот на успех,
ставка по ставка коригирајќи ги вредностите со соодветните
разлики во вредност на салдата од билансот на состојба.
Логиката која ја следиме при изготвување на ИПТ од оперативни
активности со директниот метод е иста како и кај индиректниот
метод.

Слика 10 – ИПТ од оперативни активности (директен метод) за „МакСтар ДОО“

ИПТ од оперативни акт. - директен метод


415.000 ден. Приходи од продажба
- 277.300 ден. Зголемена вредност на салдо на побарувања од клиенти
137.700 ден. Нето готовински тек од продажби
- 270.000 ден. Расходи на продадени производи
655.500 ден. Зголемена вредност на салдо на обврски кон добавувачи
- 80.000 ден. Зголемена вредност на салдо на залихи
305.500 ден. Нето готовински тек од набавки
- 55.800 ден. Корекција за зголемена вредност на побар. на основа на ДДВ
- 25.000 ден. Нето готовински тек за потрошена електрична енергија
- 55.000 ден. Трошоци за наемнина
27.500 ден. Зголемена вредност на салдо на обврски за наемнина
- 27.500 ден. Нето готовински тек од наемнини
- 225.000 ден. Трошоци за плати
225.000 ден. Зголемена обврска за плати
- ден. Нето готовински тек од плати
- ден. Амортизацијата не претставува готовински тек, па следствено
иако е трошок во билансот на успех ние нема да ја одземеме
334.900 ден. Вкупен ГТ од оперативни активности

Секако, вкупниот готовински тек мора да соодветствува со промената во


вредноста на салдото на сметката готовина во билансот на состојба на
крајот во однос на почетокот на периодот. Во нашиот пример, салдото на
оваа сметка е 0 во минатата година (субјектот е основан годинава), а
614.900 на крајот на периодот за кој се подготвуваат финансиските
извештаи, што значи разлика од 614.900 денари, колку што изнесува и
позитивниот готовински тек којшто го добивме во ИПТ.

23
Слика 11 – ИПТ за „МакСтар ДОО“

Извештај за парични текови


334.900 ден. Вкупен ГТ од оперативни активности
630.000 ден. Вкупен ГТ од финансиски активности
- 350.000 ден. Вкупен ГТ од инвестициски активности
614.900 ден. Вкупен готовински тек од сите активности

Благоја Грозданов

Скопје, февруари 2020

24

You might also like