You are on page 1of 5

Показатели на финансиска состојба

(на ликвидност)

Преку овие показатели се мери способноста на компанијата да ги подмири


тековните обврски.
Една компанија е ликвидна доколку има способност да ги подмири
секојдневните доспеани обврски а во спротивност доколку не располага со
парични средства за подмирување на обврските во предвидените рокови
тогаш е не ликвидна.
Основен извор на средства за исплата на тековните обврски на компаниите
се тековните средства, затоа при пресметка на показателите на ликвидноста
појдовна точка се тековните средства и обврски.

Коефициенти на ликвидност
и пресметка

Најчеста пресметка во форма на коефициенти кои го пресметуваат соодносот


помеѓу тековните средства и обврски
Следните видови коефициенти:
 Општа ликвидност (current ratio)
Сооднос меѓу тековни средства и обврски

Залихи, побарувања од купувачи, парични средства и еквиваленти на


парични средства кои компанијата очекува дека ќе се конвертираат во
готовина во период од 1 година)
Тековните обврски (краткорочни обврски спрема добавувачи, обврски во
основ на заеми и кредити, обврски за данок, спрема вработените и
останати обврски) се обврски кои пресметуваат одлив на парични
средства во период пократок од 1 година.
 Коефициент на забрзана ликвидност (quick ratio)
Коефициентот на забрзана ликвидност го покажува соодносот на тековни
средства минус износ на залихи (нај неликвидна форма)

 Коефициент на парична ликвидност (cash ratio)

Показател на ликвидност на компанијата мерејќи ја количината на пари и


еквиваленти

Разлика меѓу ликвидност


и солвентност

Не само што е важна краткорочната способност за сервисирање на


своите обврски мошне значајна улога игра солвентноста и таа ја
пресметува долгорочната платежна способност на компанијата.

Солвентноста е важен параметар за долгорочна финансиска стабилност


на компанијата и нејзината одржливост на пазарот
Показател на профитабилност

Целта на секој бизнис е да максимизира профит како разлика меѓу


приходи и расходи

Способноста на деловниот субјект да оствари профит е


профитабилност

Но дали висината на остварениот профит може да ни укаже и на


висината на профитабилност?
Секако дека не
За да се оцени работењето треба да се пресметаат и протолкуваат
показателите на профитабилност ROA и ROE.
ROA (return on assets) – стапка на повраток на средства

ROE (return on equity) – стапка на повраток на капитал

Вредностите се изразуваат во процент, нивната повисока вредност


укажува повисока профитабилност и обратно.

Влијание на ликвидност врз


профитабилност

Високата ликвидност укажува на стабилно финансиско работење на


компанијата, но премногу висока ликвидност негативно влијае врз
профитабилноста. Затоа треба постојано да се пресметуваат
билансните позиции кои ја детерминираат ликвидноста на
компанијата со цел да се одржува задоволително ниво на ликвидност
но не и непотребно високо поради кое се пропуштаат можностите за
зголемување на профитот

Показател на задолженост

Билансот на состојба има актива и пасива


Ако учеството на сопствени средства во вкупните извори е поголемо
тогаш велиме дека претпријатието е постабилно финансиски, односно
финансиски постабилно претпријатие кое има помал степен на
задолженост
Показателот на задолженост се пресметува како однос помеѓу вкупни
обврски и вкупни средства на претпријатието

Покажува колкав дел од средствата се финансираат со задолжување,


односно ја покажува целокупната позиција на задолжителност на
претпријатието и начинот на финансирање и негово работење (пониска
вредност на показател-постабилна финансиска структура и обратно)

Правила за финансирање

Од аспект на финансиската политика правилата за финансирање ја


тангираат структурата на претпријатието односно онаа на средства и
изворите
во 2 групи:
1. Вертикални (структурата на средствата, спрема нивно потекло)
 Правило 1:1 познато како златно правило на изедначување на
ризикот. Сопствените и туѓите средства треба да бидат изедначени. Ако
сопствените средства се 10000 можеме да позајмиме најмногу 10000
туѓи средства. Ова правило најмногу го користат кредиторите
 Правило 2:1 Според ова правило односот помеѓу сопствени и туѓи
средства треба да биде 2:1. Ако имаме 20000 сопствени средства може
да земиме кредит од најмногу од 10000. Со ова правило имаме
поголема сигурност дек ќе бидат вратени бидејќи сопствените средства
ни се два пати поголеми
 Правило 3:1 Ова правило поаѓа од барањето на кредиторите
доверители сигурност дека ќе му бидат вратени бидејќи нашите
сопствени средства се 3 пати поголеми
2. Хоризонтални (односот меѓу одделни видови средства)
 Златно (банкарско) правило
Суштината се сосоти во тоа добиените краткорочни средства да се
користат краткорочно, а долгорочните долгорочно
Златното правило најмногу се користи кај банките и затоа е наречено и
банкарско правило
 Златно билансно

You might also like