You are on page 1of 12

Предавање бр.

06

КРАТКОРОЧНО ФИНАНСИРАЊЕ

Поврзаност на обратните средства и краткорочното финансирање


Уште кога зборувавме за капиталното буџетирање и инвестирањето во постојани
средства споменавме дека е најрационално вложувањата во постојани средства
да се финансираат преку долгорочни извори на финансирање.
На сличен анчин можеме да ја објасниме и поврзаноста на вложувањата во
обратни средства со краткорочните извори на финансирање.
Кога зборуваме за обратните средства, се сретнуваме и со поимот обратен
капитал. Со него го означуваме делот од обратните средства што постојано се
наоѓа во петпријатието и е неопходен за извршување на неговата дејност. Меѓутоа,
обратните средства не се ограничени на оваа големина. Во различни периоди од
годината, поради различни причини, се јавува потреба од дополнителни средства,
кои ќе треба да се обезбедат на некаков начин. На пример, претпријатијата што
произведуваат освежителни пијалоци имаат значително поголема побарувачка во
нивните производи во текот на летните месеци.

Износот на обратните средства што е постојано присутен во претпријатието го


нарекуваме уште и трајни или перманентни обратни средства, додека
средствата што се јавуваат повремено, сезонски, ги нарекуваме повремени
обратни средства.
За да го објасниме ова, ќе се послужиме со еден пример. Во долната табела се
дадени износите на постојните и обратните средства што ги користи едно
хипотетичко претпријатие по месеци. Се работи за претпријатие чијашто главна
сезона е летото, кога и потребата од обратни срдства е најголема.
Гледаме дека големината на обратните средства варира од месец во месец. Тие
се најмали во март - 2 200 денари, така што овој износ го земаме како трајни
обратни средства или обратен капитал, бидејќи тоа е очигледно, износот кој се
јавува во форма на обратни средства дури и кога обемот на активност на
претпријатието е најнизок. Разликата меѓу износот на обратните средства секој
месец и овој износ не ги дава повремените обратни средства. 

Стратегии на финансирање

Имено, уште во делот посветен на планирањето на капиталните вложувања


видовме дека при планирањето на финансиската конструкција на овие
инвестиции, од изворите на капиталот кои при тоа обезбедуваат, а кои се
претежно трајни и долгорочни, се покриваат не само вложувањата во постијани
средства, туку и иницијалните вложувања во обратен капитал. Ваквиот генерален
сооднос се задржува во текот на целиот животен век на компанијата. Според тоа,
големината на долгорочните и на трајните извори на капиталот ја надминува
големината на постојните средства, покривајќи и дел од обратните средства.
Во рамките на горенаведените опишани принципи, сепак, постои и простор за
слободно делување од страна на менаџерите. Генерално, се издвојуваат две
стратегии во поглед на финансирањето на компаниите: конзервативна и
агресивна.
Според конзервативната стратегија, компанијата сите свои потреби од
финансирање ги задоволува со користење долгорочни извори. Тоа се однесува
како на постојаните, така и на перманентните и повремените обратни средства.
Компанијата што применува конзервативна стратегија користи краткорочни извори
само во исклучителни ситуации, кога се јавуваат повремени непредвидени
потреби од дополнителни обратни средства.
Примената на агресивната стратегија, пак, подразбира користење на
долгорочни извори само при финансирањето на постојаните и перманентните
обратни средства. За финансирање на привремените обратни средства, како и за
сите дополнителни потреби, се користат краткорочните извори.

Кои се ефектите од примената на секоја од овие стратегии?


Во принцип, се работи за одлучување засновано на односот ризик - трошок на
финансирањето. Имено, користењето на краткорочните извори е поевтино,
бидејќи каматните стапки на краткорочните кредити обично се пониски од оние на
долгорочните. Од друга страна, потпирањето на краткорочните кредити е
поризично, бидејќи тоа подразбира кредити да се бараат кога за тоа ќе се укаже
потреба. Со тоа, претпријатието се наоѓа во опасност да пропушти периоди на
зголемена побарувачка поради недостиг на обратни средства.
Конзервативната стратегија се одликува со повисоки трошоци, бидејќи користи
исклучиво долгорочни извори на финансирање и истите ги користи постојано и
постојано плаќа камата на тие средства. Истовремено, таа обезбедува многу
поголема стабилност, затоа што компанијата располага со доволно обратни
средства во секое време и нема потреба да се бараат краткорочни кредити.
Агресивната стратегија се одликува со поголема ризичност, бидејќи во моментите
на зголемена потреба од обратни средства, се настојува истите да се обезбедат
преку краткорочни кредити. Затоа, пак, оваа стратегија е поевтина, со оглед на тоа
што камата се плаќа само додека средствата се користат.

Прикажаните ситуации се два екстрема, две крајности. Финансискиот менаџер ќе


треба да направи избор, кој во реалноста се наоѓа некаде помеѓу едната и другата
крајност. Можеме да зборуваме и за различни степени на агресивност. Изборот на
стратегијата на финансирање зависи од неколку фактори, меѓу кои, позначајни се:
однсот на менаџерот кон ризикот (аверзија или прифаќање), односот со банките и
расположливоста на средства, осцилациите во масата на потребниот капитал,
трошокот на капиталот и др.

Краткорочни извори на финансирање

На претпријатието му стојат на располагање мноштво разновидни извори на


краткорочно финансирање. Дел од овие извори настануваат спонтано, со самото
работење на претпријатието, а дел се резултат на посебни спогодби и договори.
Некои од изворите се засновани на доверба, додека за други е потребно одредено
осигурување. Денес се веќе развиени бројни модалитети на изворите за
фианнсирање на кус рок, поради што и ние ќе се обидеме соодветно да ги
систематизираме, поради поголема прегледност во изложувањето на материјата.
Почнуваме од поделбата на спонтани извори и извори што настануваат од посебна
спогодба.

Спонтани извори
За спонтаните извори на краткорочно финансирање е својствено тоа што тие
настануваат во текот на редовното работење на компаниите и претставуваат дел
од структурата на капиталот на речиси секоја компанија. Нивна општа
карактериситика е тоа што за нивното настанување не е потребно посебно
договарање, туку тие се резултат на еѓусебните деловни односи или се засновани
на законски и други одредби и решенија. Во оваа група спаѓаат растечките
обврски и трговскиот кредит.
Други карактеристики на спонтаните извори се и тоа што тие не предизивикуваат
трошоци на финансирањето (доколку се почитуваат роковите на плаќање), како и
фактот дека за нив не е потребно осигурување во форма на залог или некој друг
вид гаранции.

Растечки обврски

Растечките обврски претставуваат, всушност, средства кои компанијата ги должи


на различни субјекти во текот на одреден временски период, при што, тие се
кумулираат како обврски извесно време, за на крајот на периодот, со нивната
исплата, да дојде и до исчезнување на таквите обврски. Велиме дека се работи за
извори на средства од причина што додека ги должи средствата, компанјата, на
некој начин користи туѓ капитал. Ги нарекуваме растечки токму поради својството
на кумулирање со текот на времето.
Како примери за вакви извори ќе ги наведеме обврските за плати, обврските за
електрична енергија, вода и сл., обврските за даноци и др. Обврските за плати на
вработените, на пример, се создаваат во текот на месецот, а нивната исплата се
врши најчесто еднаш, на крајот на месецот. Во текот на месецот, претпријатието
фактички ја користи работната сила на вработените како свое средство, а за тоа
не плаќа ништо, се до истекот на периодот. Затоа велиме дека обврската се
кумилира од ден на ден, таа расте, се до моментот на испалатата.

Трговски кредит (обврски кон добавувачите) 

Тука станува збор за веројатно најчестиот извор на финансирање во деловниот


свет. При тоа, како што на страната на продавачот се појавуваат побарувања, така
на страната на купувачот се појавува сметката обврски кон добавувачите, која
згаснува со исплатата на обврската. Во периодот од пристигнувањето на
набавените стоки, до паричната исплата на настанатата обвврска, купувачот е
фактички кредитиран од страна на продавачот.
Трговскиот кредит се користи врз основа на условите специфицирани од
продавачот, а кои задолжително опфаќаат:
• период на плаќање,

• дисконтен период во кој може да се плати со одреден попуст, и

• стапка на дисконт.
Веќе зборувавме за клаузулите од типот „3/10 нето 30“ и други преку кои се
дефинираат условите за плаќање. Поради тоа, ќе му посветеме одредено
внимание на начинот на кој овие клаузули се анализираат и интерпретираат.

Да се потсетиме, оваа клаузула подразбира дека е одобрен период на плаќање од


30 дена, но продавачот ни одобрува попуст од 3% доколу платиме во рок од 10
дена. Ќе претпоставиме дека должениот износ изнесува 100 денари, така што,
доколку се плати во рок од 10 дена треба да се плати само 97 денари. Исто така,
при анализата ги земаме предвид само 10 -тиот и 30-тиот ден како денови во
кои би се извршила исплатата.
Навидум, разликата од 3% не е голема, така што и не е многу важно која опција ќе
ја избереме. Но дали тоа е така?
Гледаме дека износот што го должиме по 10 дена е еднаков на 97 денари. Истиот
износ го должиме и на крајот на кредитниот период од 20 дена, но должиме и
дополнителни 3 денари, што е всушност, камата на 97-те денари кредит, за период
од 20 дена. Поинаку кажано, од ова требаа да сфатиме дека нето - цената на
производот е фактички 97 денари, а не 100 како што е дадена во фактурата.
Многу често во трговијата ќе добиете можност да платите одреден износ на повеќе
рати, „без камата“, а доколку платтие веднаш, можете да платите со одреден
попуст. Тоа, е всушност, трик на трговците, при кој, цената со попуст е фактичката
цена на производот, а попустот е, всушност, камата што ја плаќате доколку го
купите производт на рати.

Како сега да донесеме одлука во врска со сикористувањето на попустот?


Најправо треба да утврдеме колкав е трошокот на неискористувањето на попустот.
Трошокот на оваа опција е каматата од 3 денари што ја плаќаме на кредитот од 97
денари што ни го одобрил продавачот. Бидејќи кредитите с доделуваат со каматни
стапки што се изразуваат на годишно ниво, за да ја извршиме споредбата ќе треба
и дисконтот од 3 денари да го сведеме на годишно ниво. За таа цел, се служиме
со равенката:
ГКС = % на попуст/(100% - % на попуст) х 360 дена/(период за плаќање -
дисконтен период)
ГКС е приближната годишна каматна стапка. Во нашиот пример би добиле: ГКС =
3 / (100 - 3) х 360 / (30 - 10) = 55.67%
Гледаме дека пропуштениот попуст, фактички е еквивалентен на плаќање камата
која на годишно ниво изнесува 55.67%. За да донесеме одлука, потребно е да ги
знаеме трошоците на останатите алтернативи. Постојат две можни ситуации.
Првата е ситуација кога имаме готови пари (97 денари), кои можеме да ги
употребиме и на друго место. Доколку опртунитетниот трошок (приносот што го
пропуштивме од некоја алтернативна употреба на парите) е повисок од ГКС,
подобро е да платиме на 30-тиот ден.
Во втората ситуација, доколку немаме сопствена готовина, можеме да земеме
кредит за таа цел. Трошокот на втората опција е каматата на кредитот од банката.
Доколку оваа стапка е пониска од добиената (55.67%), нам ни е поисплатливо да
земеме кредит на 10-тиот ден, да го платиме износот од 97 денари, а потоа, на 13-
тиот ден да го вратиме кредитот заедно со камата.

Извори што настануваат со посебна спогодба

Во оваа група извори на краткорочно финансирање спаѓаат сите оние карткорочни


извори на средства чиешо користење е поврзано со преговарање и склучување
посебен договор помеѓу корисникот на средствата и доверителот. Во оваа група се
среќаваме со особена разновидност на изворите, поради што ни е неопходно
истите да ги систематизираме на одреен начин. За таа цел, најпрво ќе направиме
разлика помеѓу неосигурените и осигурените извори.

Неосигурени извори

Како што самото име кажува, неосигурените краткорочни извори се такви извори
за кои доверителот не бара посебно осигурување со средствата на должникот. Се
работи за позејмување на средства на кус рок засновано на довербата и добрите
деловни односи меѓу должникот и доверителот. Тоа позајмување може да добие
форма на класично банкарско кредитирање или на финансирање преку емисија
на хартии од вредност.
Во групата на банкарските кредити спаѓаат:

• кредитот со еднократна отплата,

• кредитната линија, и

• револвинг кредитиниот аранжман.


Хартија од вредност која компаниите ја емитиуваат со цел да приберат ликвидни
средства на кус рок е комерцијалниот запис.

Банкарски кредити 

Банките одобруваат краткорочни кредити на своите клиенти со цел надминување


на нивните караткотрајни проблеми со ликвидноста. Краткорочните кредити имаат
рок на враќање до една година. Тука спаѓаат: 

Кредит со еднократна отплата

Краткорочните кредити најчесто се земаат со цел да покријат привремен недостиг


на обратни средства, најчесто со сезонски карактер. Откако ќе помине периодот
на поголема потреба од готови пари, следува периодот на наплата на
побарувањата кои се создале во сезоната на голема побарувачка, со што се
креира доволен паричен прилив за отплатата на кредитот. Поради тоа, велиме
дека овие кредити имаат карактеристика на самоликвидација. Краткорочни
кредити се користат кај реализацијата на капитални инвестиции, како на пример,
при набавка на машина, при што краткорочниот кредит треба да ни овозможи да го
премостиме периодот додека успееме да добиеме долгорочен кредит. Ваквите
кредити и го добиле името кредити за премостување.
Овие кредити ги нарекуваме кредити со еднократна отплата бидејчи, за разлика од
долгорочните кредити, кај нив не постојат ануитети и отплатата се врши одеднаш,
кога ќе се соберат потребните средства.

Кредитина линија 

Кредитината линија е аранжман, договр помеѓу банката и претпријатието, со кој


банката одобрува одреден паричен износ кој претпријатието ќе може да го повлече
во вид на кредит, секогаш кога за тоа ќе има потреба. При тоа, претпријатието
врши повлекување и враќање на одобрените средства, во различни износи кои
единствено не смеат да го надминат максималниот износ од договорот.
Единствено ограничување при тоа е ликвидносната состојба на банката. Имено,
кај кредитната линија, банката се обврзува да му префрли средства на
претпријатието само доколку и таа располага со доволно ликвидни средства.
Доколку банката има недостиг од расположливи готови пари, таа не е обврзана да
го одобри износот што претпријатието го бара во мементот.
Износот на одобрениот кредит во вид на кредитна линија зависи од потребата на
корисникот и довербата што банката ја има во него. Добар водич при
утврдувањето на годишната потреба за корисникот претставува буџетот на
готовина. Од него може да се согледа колку изнесува најголемата потреба од
позајмување во планскиот период, што претставува основа за кредитното барање.

Кредитната линија е резултат на претходни добри релации помеѓу претпријатието


и банката, така што, врз основа на стекнатата доверба многу се олеснува
користењето на средства за претпријатието. Доколку банката утврди влошување
на бонитетот на корисникот, во текот на периодот на користење на кредитната
линија може да дојде до промени во нејзините услови или таа да биде укината.
За кредитната линија е карактеристично т.н. „годишно прочистување на сметката“.
Имено, претпријатието што користи кредитина линија е обврзано да ги ликвидира
своите обврски кон банката и да ја одржи состојбата на својот долг кон неа на
состојба „нула“ извесно време, на пример, 15 дена во континуитет, најмалку еднаш
во годината. Со тоа, банката се осигурува дека средствата што се одобрени како
краткорочни нема да бидат злоупотребени и користени за долгорочни потреби.

Револвинг кредитен аранжман


 
Револвинг кредитниот аранжман е многу сличен на кредитната линија со една
клучна разлика: тој претставвуа формален обврзувачки аранжман за банката, со
кој таа ветува и се обврзува дека на корисникот ќе му исплати средства во
рамките на договорениот износ, независно од нејзината моментална состојба во
поглед на ликвидноста. Друга разлика меѓу овј арнжман и кредитината линија е
тоа што револвинг аранжманот често се склучува и како среднорочен договор, т.е.
тој надминува период од една година.
Револвинг аранжманот е поскап од кредитната линија од причина што кај него се
плаќа одреден надомест и за неискористениот дел од средствата. Имено, кај
кредитната линија доколку во текот на годината не се повлечат средства од
одобрениот износ, должникот не плаќа никаков надомесет. Кај револвинг
аранжманот, со оглед на тоа што банката резервира одреден износ за корисникот,
тој е должен да плати провизија за тој износ, независно од тоа дали ќе го користи
или не. Така, на пример, доколку одобрениот кредит е во износ од 10 000 000
денари, а корисникот повлече 7 000 000 денари во одреден период, за тој период
ќе треба да плати камата на износот од 7 000 000 денари и провизија на сумата од
3 000 000 денари.

Комерцијален запис
Комерцијалните записи се краткорочни должнички хартии од вредност што ги
издаваат компаниите кога имаат потреба од парични средства на кус рок,
обврзувајќи се дека по истекот на рокот на достасување, на купувачите на
записите ќе им ги вратат вложените средства заедно со камата. Комерцијалните
записи обично се емитуваат со рок на достасување до 270 дена.
Комерцијалните записи се издаваат до големи номинални вредности, како на
пример, во САД од по 100 000 долари. Како емитенти на комерцијалните записи се
јавуваат најчесто големи компании, компании со голем пазарен углед. Овие
компании обично самите ја вршат емисијата, без посредници, избегнувајќи ги така
провизиите што би им ги платиле на посредниците. Комерцијалните записи ретко
се тргуваат на секундарниот пазар.
Со цел да ги направат комерцијалните записи поатрактивни, емитентите
применуваат неколку мерки, како на пример, обезбедуваат банкарска гаранција за
отплата на позејмените средства, одобруваат плаќање на своите производи со
помош на комерцијалните записи и при ота одобруваат попуст, плаќаат повисока
камата.

При првата продажба, комерцијалните записи се продаваат по дисконтирана


вредност, а на денот на достасување издавачот на имателите на записите им ја
исплаќа номиналната вредност. Разликата меѓу дисконтираната и номиналната
вредност ја претставува каматата на комерцијалниот запис. Доколку, на пример,
номиналната вредност на записот е 100 000 денари, а при првата продажба тој се
продава по 97 000 денари, каматата изнесува 3 000 денари. Доколку
гореспоменатиот комерцијален запис има рок на достасување од 180 дена,
годишната каматна стапка ќе биде:
ГКС = 3 000 / 97 000 х 360 / 180 = 6.18%.
Комерцијалните записи за реномираните компании се и поевтин извор на
финансирање во однос на банкарското кредитирање. Поради својот висок
кредитиен рејтинг, овие компании успеваат на пазарот на пари, преку
комерцијалните записи, да се задолжат и по пониска стапка од примарната стапка
што ја одобруваат банките. Поради тоа, банките чувстувајќи ја конкуренцијата од
оваа страна, биле принудени да ги намалат примарните стапки за овие компании,
така што т.н. примарна стапка веќе го загубила своето некогашно значење.

Осигурени извори

Осигурените краткорочни извори на финансирање се карактеризираат со тоа што


позејмениот капитал се обезбедува со заложување одреден вид имот на
должникот, со што, доверителот се осигурува дека во случај на ненаплатливост на
своето побарување, ќе може од заложениот имот да ја изврши наплатата.
Осигурувањето на кредитите повеќе е карактеристично за долгорочните кредити,
кои се во поглеми износи и со подолги рокови на враќање, но се јавува во голема
мера и кај краткорочното позајмување. Кај долгорочното кредитирање се заложува
недвижен имот, бидејќи тој со својата трајност може да обезбеди заштита за
доверителите. Кај краткорочното кредитирање обично се задолжуваат
краткорочни, обратни средства. За да послужат како корисна заштита, обратните
средства што ќе се користат како залог за кредитирањето мораат да исполнуваат
неколку својства:
 пазарност, т.е. можност да се продадат без потценување на нивната
вредност,
 релативно стабилна пазарна вредност што може да се процени,
 соодветна трајност (нерасипливост).

Кредитите никогаш не се одобруваат во висина на 100% од вредноста на


заложениот имот. Кај хипотекарните кредити, при заложување недвижен имот,
обично се бара вредноста на имотот да биде околу 120% од износот на кредитот.
Кај кредитите со задолжување обратни средства овој процент е уште повисок.
Конечно, што може да послужи како средство за осигурување на краткорочните
кредити? Рековме дека за оваа цел најчесто се користат обратните средства иако
има случаи и да се заложуваатделови од опремата на доверителот. Од обратните
средства, нормално, само залихите и побарувањата доаѓаат предвид за
заложување. Како посебен осигурен извор на краткорочно финансирање ќе го
разгледаме факторингот на побарувањата.

Кредитирање врз основа на заложување побарувања

Сметките на побарувањата се мошне погодни за заложување при краткорочното


кредитирање поради нивната релативно голема ликвидност. Велиме „голема
ликвидност“ од причина што се работи за средства со кои располага
претпријатието и кои се на само еден чекор од нивното претворање во готови
пари. Доколку побарувањата се квалитетни и редовно се наплатуваат и
обновуваат, ваквиот вид кредитирање може да се користи како континуиран облик
на дополнително финансирање на претпријатијата.
Пред да одобри кредит врз основа на заложени побарувања, доверителот ја
анализира структурата на побарувањата што должникот ги поседува. Од примарен
интерес за него се рочноста и големината на одделните побарувања. Квалитетот
на сметките на побарувањата како залог се смета за понизок доколу
преовладуваат застарени и помали поединечни побарувања. Овие последните
предизивикуваат поголеми трошоци за наплата по единица. Врз основа на
анализата, доверителот определува во колкав процент од износот на
побарувањата ќе одобри кредит. Овој процент обично се движи меѓу 50% и 80%.

Заложувањето на побарувањата може да се врши на нотифицирана и на


ненотифицирана основа. Како што самото име кажува, кај заложувањето на
нотифицирана основа должниците по побарувањата (купувачите) се информирани
за извршеното заложување и тие своите плаќања ги вршат директно на
доверителот (банката), а тој, пак, задржува дел од тој износ (еднаков на процентот
во кој е одобрен кредитот од вкупните побарувања), а остатокот го префрла на
должникот по кредитот. Доколку заложувањето е на ненотифицирана основа,
должниците по побарувањата не се информирани за извршеното заложување и
своите плаќања ги вршат на должникот по кредитот, кој соодветен дел му префрла
на доверителот.
 
Кредитирање со заложување залихи
Доколку залихите на суровини и готови производи се состојат од средства што се
одликуваат со трајност, пазарност и стабилна вредност, тие можат да послужат
како мошне погодно средство за осигурување на краткорочните кредити. Доколку,
пак, се работи за специфични добра, доверителите нема да сакаат да одобрат
кредит врз таа основа, поради стравот дека во случај на потреба, не би можеле да
ги продадат средствата. Разликуваме неколку варијанити на кредитите што се
осигуруваат со заложување на залихи.

Кредит осигуран со флуктуирачки залихи. Големината на залихите варира,


поради што и ги нарекуваме флуктуирачки залихи. Со оглед на непостојаноста на
залихите и проблемите при контролата на осигурувањето, износот на кредитот што
го одобрува доверителот како процент од вредноста на заложените средства кај
оваа варијанта е најнизок.
Хипотека врз движен имот. Овој вид залог се применува кај производи што
можат да се идентификуваат со серисики број или на друг начин, на пример, со
машини. Производите што се во залихата на должникот се заложуваат, се
евидентираат нивните сериски броеви и должникот не смее да ги отуѓува без
дозвола на доверителот.
Кредит врз основа на потврда за заложен имот. Слично како и во претходниот
случај, се врши заложување на имот со поголема вредноср што може конкретно да
се идентификува. Со договорот за кредитирање се дефинираат и правата за
располагање со заложените добра. Обично доверителот му дава можност на
должникот да ги продава заложените производи, со тоа што приливите од
продажбата должникот треба веднаш да му ги префрли на доверителот. за да го
контролира тоа, доверителот има право да врши повремени проверки во
складиштата на должникот.

Кредит врз основа на потврда за заложен предмет во складиште. Кај овој вид
кредити, предметот што се заложува се складира во јавно складиште или во
сопственото складиште на должникот, но под контрола на компанија што се
занимава со складиштарски работи. Кај заложувањето во јавно скалдиште,
доверителот добива потврда од складиштето, а складиштарот презема обврска да
не дозволи изнесување на предметот од складиштето без дозвола на доверителот.
Заложувањето во сопственото складиште се врши кога тоа е попогодно или
поевтино, на пример, кога предметот што се заложува често му е потребен на
должникот за неговата работа. И едниот и другиот облик на кредитирање
предизивикуваат дополнителни трошоци за чување на заложените добра.

Факторинг
Факторингот го разгледуваме како посебен облик на краткорочно фианансирање
од причина што не се работи за класично кредитирање, иако по своите
карактеристики оваа операција има речиси исти ефекти како и кредитирањето со
заложување побарувања. Имено, според општата дефиниција, факторингот
претставува цесија на побарувањата што ги поседува компанијата, односно
нивно пренесување на специјализирана организација - фактор, која се занимава
со наплата на побарувањата, а на компанијата што и ги предала
побарувањата и го исплатива побаруваниот износ, намален за соодветен
надомест.
Во својата основна варијанта, факторингот не мора да вклучува кредитирање,
односно пренесувањето на побарувањата може да биде само за посредување при
нивната наплата, при што факторот не го презема врз себе ризикот од можната
ненаплатливост. Сепак, најчесто пренесувањето на побарувањата се врши без
можност за нивно враќање, т.е. факторот го презема врз себе ризикот за нивна
наплата. Факторот има специјализирани служби кои се занимаваат со
процедурите за наплата на побарувања. Во таква ситуација, трошокот за
компанијата што користи факторинг се состои од провизијата за посредувањето
при наплатата, а ползата за неа е во заштедата на време и ресурси за таа намена.

Како дополнителна можност, факторот може да изврши и предвремена исплата на


побарувањата, односно на компанијата - побарувач да и го исплати побаруваниот
износ предвреме, секако, со соодветен дисконт. Во оваа ситуација, трошокот,
покрај посредничката провизија ќе го опфати и дисконтот за предвремена наплата,
што е еквивалент на каматата кај класичното кредититрање. Конечно, постои и
трета варијанта, при која, компанијата што ги пренесува побарувањата не ги
презема веднаш парите што факторот успеал да ги наплати, така што за периодот
во кој тие средства остануваат на сметката на факторот компанијата има право на
камата.
Користа од факторингот се состои од неколку елементи: заштеда на време и
ресурси кои би биле знгажирани при наплатата на побарувањата, предвремен
прилив на ликвидни средства, избегнување на долгите процедури потребни кај
банкарското кредитирање и сл. Факторингот, од овие причини, се здобил со голема
популарност во развиените земји, а во последно време и во поранешните земји на
транзиција (Чешка, Словенија, Унгарија и др.). Со факторинг најчесто се
занимаваат специјализирани компании за таа дејност, а законодавствата најчесто
не дозволуваат банките самостојно да се занимаваат со факторинг, туку бараат од
нив тоа да го издвојат како посебна дејност, во посебен правен субјект.

You might also like