You are on page 1of 3

СОУ,,Јане Сандански’’-Штип

Проектна задача по предметот - Бизнис


Тема: Туѓи извори на финансирање

Изработилe: Професор:
Драгана Арсова Соња Златкова
Мартина Гичева
Деспина Јакимовска IV-7

2014/ 2015
Работата на претпријатието без оглед на дејноста што тоа ја извршува,треба да
биде поддржана со потребна колицина на финансиски сретства. Покрај големата
предност што ја има финансирањето сопствени извори практиката покажува дека
речиси неизбежно е користењето на средства од туѓи извори. Сопствените
извори на финансиски средства често пати не се доволни за почетно инвестирање
или за инвестирање во проширување на работата на претпријатието.

Најчеста форма на финансирање на работата на малите бизниси од туѓи извори


се: краткорочните и долгорочните кредити.

Краткорочните кредити (кредити со рок на враќање до една година) се


наменети за финансирање на тековни потреби на претпријатието, како што се:
набавка на суровини и материјали , набавка на гориво, одржување на машини и
опрема и др. Тие имаат цел да обезбедат континуитет во работењето на
претпријатието. Со краткорочните кредити всушност се финансираат
секојдневните трошоци на работењето. Тие се враќаат одеднаш во некој период
од тековната година. Извори на краткорочни кредити можат да бидат:

Трговски кредит - Настанува тогаш кога претпријатието набавува определени


производи од добавувачот, а долгот го плаќа подоцна. Неисплатените обврски
(пари) кон добавувачите претставуваат краткорочни кредити за претпријатието.
На пр: претпријатието за производство на леб, набавува брашно од мелница, а го
плаќа со договор по 3 или 6 месеци.

Кредит од финансиски институции - Настанува тогаш кога претпријатието зема


кредит со рок на враќање до една година од банки или од други финансиски
институции. Овој кредит е наменет за обезбедување на тековни (обртни) средства
(суровини,материјали или готови производи наменети за продажба).

Кредити од други претпријатија - Како извор на финансирање (кредитирање) на


претпријатието може да се јави и друго претпријатие-негов деловен
партнер.Деловниот партнер го кредитира претпријатието со цел да оствари некоја
економска корист за себе,како на пример: набавка на суровини и
материјали,продажба на готови производи и сл.Така,преработувачите на овошје и
зеленчук ги кредитираат земјоделските претпријатија,за тие да остварат поголемо
земјоделско производство,кое е потребно за преработка.
Долгорочни кредити (кредити со рок на враќање над пет години),ги
одобруваат банките за инвестиции кои имаат за цел да го прошират или усовршат
постониот капацитет на претпријатијата.Тие се наменети за набавка на
постојани(фиксни) средства: набавка на опрема,изградба на објекти,изградба на
конструкции,изградба на инсталации и сл.Враќањето на долгорочните кредити се
врши од остварениот профит или од средствата наменети за амортизација.Со
оглед на тоа дека долгорочниот кредит има инвестиционен карактер,за негово
одобрување банките бараат од претпријатијата бизнис план за начинот на
нивното користење.

Финансирањето на туѓи извори е економски оправдано доколку на претпријатето


му овозможи намалување на трошоците за производство по единица
производ.Кредитот не би имал економска оправданост за сопственикот на
претпријатието доколку тој не му овозможи зголемување на профитот.

Користењето на средствата од туѓи извори предизвикува одредени негативни


последици врз работата на претпријатието,оред се заради обврската да се вратат
во определен рок,со што се намалува стабилноста на
финансирањето.Понатаму,исплатата на каматата на позајмените средства го
намалува остварениот профит.Исто така,со користењето на туѓи извори на
средства се зголемува зависноста на претпријатието од кредиторот и се
ограничува слободата на донесување на одлуки.

You might also like