You are on page 1of 18

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ’’- ШТИП

Факултет за туризам и бизнис логистика


Гевгелија

МЕЃУНАРОДНО ДВИЖЕЊЕ НА КАПИТАЛОТ

Ментор Изработил:
Асс.д-р Оливер Филипоски Душко Ѓорѓиевски
175751

2017
Апстракт

Мојата тема за истражување за оваа проектна задача е меѓународното


движење на капиталот,односно како тој капитал бил распределен помеѓу
различни земји(развиени,земји во развој и транзициони) во минатото и како е
распределен денес.
Во овој материјал ќе видиме и кои се основните форми на
меѓународно движење на капитал,низ бројки ќе видиме како Македонија
котира во тоа меѓународно движење,какви се условите кај нас за странските
инвеститори и кои мерки се превземаат за да се привлечат.
Потоа ќе видиме и што е технологија,како се врши пренос на
технологија од една во друга земја и кои се елементите на тој меѓународен
трансфер.

Клучни зборови:Зајмовен капитал,портфолио вложувања,СДИ(странски


директни инвестиции),трансфер на технологија,капитал.

1
Содржина

Вовед ................................................................................................................. 3
1.Форми на меѓународно движење на капиталот ............................................... 4
1.1Меѓународното движење на паричниот капитал ............................................ 4
1.1.1 Зајмовен капитал ....................................................................................... 4
1.1.2 Портфолио инвестиции ............................................................................. 5
1.1.2.1 Портфолио инвестиции-приливи.............................................................6
1.1.2.2 Портфолио инвестиции-одливи...............................................................7
1.1.3 Странски директни инвестиции .................................................................. 8
1.1.3.1 Историски преглед на меѓународно движење на СДИ .......................... 8
1.1.3.2 Експанзија на СДИ на светско ниво........................................................ 9
1.1.3.3 Улогата на капиталот на земјите во развој............................................12
1.1.3.4 Стратегиии на влез на СДИ ................................................................... 12
1.1.3.5 Greenfield инвестиции...........................................................................13
1.1.3.6 Предност на СДИ од аспект на увозникот на капитал............................13
1.1.3.7 Ангажираност и резултатите на Р.Македонија кон привлекување на
СДИ..................................................................................................................14
1.2 Трансфер на технологија и знаења(know-how) ........................................... 15
1.2.1 Меѓународен трансфер на технологија....................................................16
2.0 Заклучок ..................................................................................................... 16
Литература: ..................................................................................................... 17

2
Вовед

Под меѓународно движење на капиталот се подразбира трансфер на


реални и финансиски средства помеѓу субјекти од различни земји со одложен
контратрансфер за одреден временски период,со цел остварување на
одредени економски и политички интереси на учесниците во тој трансфер.
Ниту едно современо стопанство неможе да се изолира од потребата
да извезува и увезува капитал без оглед на тоа дали вкупно гледано,има нето
суфицит или нето дефицит во капиталот,така да движењето на капиталот
помеѓу земјите е двосмерно,при што во еден случај субјекти на одредена
земја се појавуаат како даватели,а во друг како корисници на капиталот.
Најголем дел од меѓународното движење на капиталот се одвива
меѓу развиените земји,кои се главни даватели и корисници на капиталот во
светски размери.

3
1.Форми на меѓународно движење на капиталот

Меѓународното движење на капитал може да се одвива во две форми


и тоа:
 Парична форма
 Како трансфер на технологија и знаења(know-how)

1.1Меѓународното движење на паричниот капитал

Меѓународно движење на паричниот капитал го има во три форми:


 Во вид на заеми
 Во вид на портфолио вложувања
 Во вид на странски директни инвестиции(СДИ).

1.1.1 Зајмовен капитал


Паричниот капитал во вид на заеми се придвижува од економии во
кои постојат помали приноси од инвестициите во земји во кои постојат
поголеми инвестициони можности и поголеми приноси.Но, преголемото
потпирање на меѓународните заеми, наместо до поголем економски развој
доведува до презадолженост на помалку развиените земји.
Во услови кога постои меѓународна размена, земјата не мора да го
жртвува сегашното трошење за некои идно време.
Сепак земјата би морала да има во предвид дека зголеменото трошење во
сегашноста, надвор од границите на сопствените материјални можности, ќе
значи намалување на трошењето во иднина, бидејќи увезените материјални
средства ќе мора еднаш да се вратат.Според тоа, секоја земја е исправена
пред т.н. граница на интертемпоралните производни можности.
За развиените земји оваа граница е определена од сегашните
производни можности, што значи дека нивната акумулациска способност во
сегашноста е таква што трошењето денес е извесно и однапред определено, па
затоа е и поевтино од она што доаѓа во некое идно време.
Тие се заинтересирани да извезат дел од својата парична акумулација
во странство затоа што така таа во иднина ќе им се врати оплодена и ќе ја
обезбеди материјалната база на идната потрошувачка.
Од друга страна за помалку развиените земји, со оглед на нивниот
слаб производен потенцијал и слабата акумулативна моќ, интертемполарната
граница е поместена кон идните производни можности. Тоа значи дека
трошењето денес е поскапо од она што се очекува во иднина,но сепак тие се
заинтересирани да увезат дел од странската парична акумулација со цел да ја

4
зголемат сегашната потрошувачка, но однапред знаат дека во иднина ќе треба
да трошат помалку како би имале можност позајмените средства да ги вратат
заедно со соодветна камата.
Зајмовниот капитал може да се пласира на пазарот на пари во вид на
краткорочни кредити од банки наменети за стопански субјекти најчесто за
одржување на тековна ликвидност.
Со цел да дојдат до слободни парични средства, големите познати
компании и големите банки издаваат комерцијални записи со рок на доспевање
од еден до два месеца.
Обврзниците се инструменти коишто ги ползуваат тие што имаат
потреба од подолгорочни зајмувања и тие претставуваат хартии од вредност со
фиксен принос.Кај обврзниците должникот се обврзува да го врати на
кредиторот позајмениот износ зголемен за камата во определен рок.Преку нив
владата и бизнис секторот ги финансираат своите активности, па се особено
значајни за економијата во една земја.
Хипотекарните и комерцијалните кредити се исто така заеми
пласирани преку пазарот на капитал.
Поволности од финасирањето со зајмовен капитал се:
• Јасно и прецизно дефинирани обврски
• Плаќањата на камата се одбиени ставки од даночната основица
• Во услови на инфлација, задолжувањето е поволно
• До извесна мера ја намалува цената на капиталот

Наспроти ова постојат и негативности од зајмовен капитал како:


• Обврските за плаќање се неизбежни
• Претстојат рестриктивни клаузули
• Презадолженоста ја намалува вредноста на акционерскиот
капитал

Македонскиот бизнис сектор е сè уште повеќе свртен кон користење


кредити, отколку на мобилизирање средства преку хартии од вредност.Преку
деловните банки се пласираат средства за кредитирање на бизнисите од
различни кредитни линии обезбедени преку Македонската банка за поддршка и
развој.

1.1.2 Портфолио инвестиции


Пред да се даде значење на портфолио инвестициите или
вложувања треба да се објасни мотивот или потребата од инвестиција.
Инвестирањето е вложување во иднината, или жртвување на
сегашноста за иднината.Инвестирање значи дека инвеститорите се откажуваат

5
од расположливите парични средства денес, за идни главни придобивки што ќе
ги донесе избраната инвестиција.
Тоа е многу важна одлука која што треба да ја донесат потенцијалните
инвеститори и треба да се заснова на релевантни и кредибилитетни
информации и анализи за да се минимизира ризикот од загуби, а да се зголеми
профитот, што е и крајна цел на секоја инвестиција.
Вложувањето во странски хартии од вредност, без да се зафати
контролниот пакет на акции, се нарекува портфолио‐вложување.Вака
странските инвеститори стекнуваат право на сопственост без да се мешаат во
управувањето на фирмата.Тие остваруваат заработувачка преку реализирање
на фиксниот приход што во однапред договорениот рок го носат државните
обврзници или преку остварување на правото на дивиденда засновано врз
поседувањето на одреден број акции од некоја фирма во странство .
Портфолио инвестициите ги опфаќаат вложувањата во должнички
хартии од вредност и во сопственички хартии од вредност, а овој вид
инвестирање се дефинира како вложување капитал во различни хартии од
вредност.
На меѓународниот пазар на капитал инвеститорите ги следат
можностите и имаат пристап до поголем асортиман на хартии од вредност.Ова
овозможува градење портфолио со различни хартии од вредност што
резултира со диверзификација на ризикот.Присутноста на меѓународниот пазар
на капитал на инвеститорите им овозможува услови за намалување на ризикот
преку поширок избор на можности за инвестирање.
Портфолио инвестициите во Р. Македонија зависат од бројот на
инвеститори коишто на овој начин ги врзуваат своите слободни парични
средства, но и од емисијата на корпорациски обврзници и акции. Две емисии
на корпоративни обврзници во Македонија завршија со директно земање заем
без појава на берза.Во 2008 година беше реализирана трета емисија на
корпоративни обврзници во Р.Македонија.Слабата раздвиженост во овој
пазарен сегмент е последица на недоволниот интерес на компаниите за
издавање корпоративни обврзници и на недостатокот на доволното ниво на
банкарска експертиза.Ова најдобро се покажува во испитувањето на УСАИД за
начинот на финансирање на привтниот сектор во Македонија.Иако 97 % од
македонските компании имаат потреба од дополнителен капитал, сепак речиси
ниту една компанија не издала корпоративни обврзниц.Ова се должи на
неинформираноста (42%) и неподготвеноста (44%) на сегашните менаџери за
прифаќање ваков вид финансирање на бизнисот.

1.1.2.1 Портфолио инвестиции-приливи


Сѐ до доцните ′80. години обемот на приватните портфолио текови
во економиите во развој бил незначителен.Оттогаш па наваму хартиите од
вредност станауваат уште еден извор за меѓународно финансирање .

6
Портфолио инвестициите на должничките хартии од вредност
започнуваат да растат во текот на ′90.години од 20.век пред сѐ мотивирани од
страна на тековите на долгот во Латинска Америка.
Во последниве неколку години се бележи раст на портфолио
приливите од долгот и тоа делумно рефлектирајќи го негувањето на локалната
валута во многу земји за да се зајакне отпорот на екстерните или
надворешните шокови. Државната емисија на хартии од вредност во одделна
валута постепено преминува во локалната валута за домашните пазари, и тоа
за да се заштити домашната економија од надворешните финансиски ризици.
Што се однесува до развиените економии, портфолио приливите од
должничките хартии од вредност се во постојан раст од ′80 години, па сѐ до
финансиската криза од 2007 до 2008 година. Од овој период до денес
портфолио приливите од долгот значително варираат.
Покрај портфолио инвестициите од должничките хартии од вредност,
постојат и портфолио инвестиции во сопственички хартии од вредност –
акции.Портфолио приливите од акции, исто така, се во постојан раст во сите
региони, а особено во Азија.До 2007 година повеќе од половината од 23 големи
земји во развој имале берзи со вкупна пазарна капитализација што го
надминува нивниот годишен БДП, при што било утврдено дека обемот на
пазарот на акции е поголем од обемот на пазарот на обврзници. Според
податоците од ММФ, вкупните портфолио инвестиции (држени од поголемите
индустриски земји) се зголемија од 574 милијарди долари во 2001 година на 2
билиони долара во 2006 год.
Во определен момент во 2008год. се јавува негатива, додека по
кризата се забележува благ раст на овие портфолио приливи.

1.1.2.2 Портфолио инвестиции-одливи


И покрај силните бруто портфолио приливи, врз основа на акции,
повеќето економии во развој (во просек) имаа нето портфолио одливи во
странство.Главна детерминанта на овие одливи е аквизицијата на странските
должнички хартии од вредност од локалните резиденти, особено во
Азија.Одливите, најчесто, се во должнички хартии од вредност заради нивниот
понизок ризик.
Што се однесува до развиените земји, пак, нивните одливи, во однос
на портфолио тековите се во најголем дел инвестиции во акции во земјите во
развој, и тоа поради повисокиот принос.

7
1.1.3 Странски директни инвестиции
СДИ претставуваат еден од трите вида меѓународно движење на
приватниот капитал, покрај портфолио инвестициите и зајмовниот капитал.

Странски капитал со кои странскиот инвеститор стекнува не само


право на сопственост туку и право на управување со фирмата во којашто
вложува, се нарекува странски директни инвестиции.
Спред ММФ директна инвестиција е еден вид меѓународна
инвестиција што ја презема фирма резидент од една земја или директен
инвеститор, со цел воспоставување траен интерес во фирма резидент во земја
различна од земјата на инвеститорот.
Според Светската банка СДИ се инвестициони нето приливи направени
за да се постигне траен интерес и управување (10% или со поголем процент на
гласачко право) во фирма којашто соработува со земја различна од земјата на
инвеститорот. Инвестицискиот прилив во себе го опфаќа сопственичкиот
капитал, реинвестираната добивка, друг долгорочен капитал и краткорочен
капитал сите прикажани во платниот биланс.
Според UNCTAD СДИ се дефинираат како инвестиција којашто
вклучува долгорочен однос и воспоставува траен интерес и контрола од фирма
резидент на една земја (матична земја) во фирма која е резидент на друга
земја (земја домаќин).
Сите овие дефинции, иако различни помеѓу себе имаат одредени
заеднички карактеристики:
• Една инвестиција за да биде СДИ мора да биде направена во друга
земја различна од таа од која што потекнува инвеститорот.
• СДИ имаат долгорочен карактер и градат траен интерес помеѓу
фирмата инвеститор и фирмата примач на инвестицијата.
• Постои согласност за најмалку 10% или повеќе имовинска
сопственост со што, на инвеститорот му обезбедува право на
управување и контрола со фирмата.
Сите овие карактеристики нè водат до една дефиниција којашто ги
содржи сите наведени карактеристики.Имено, директни инвестиции во
странство претставуваат секој облик на вложување во одредна фирма со што
се стекнува сопственичка контрола над неа.

1.1.3.1 Историски преглед на меѓународно движење на СДИ


Меѓународните движења во облик на СДИ бележат динамичен развој
во втората половина од 19 век, но тие постојат многу поодамна, уште од 16
век. Инвеститорите во тоа време инвестирале во рудници или фабрики во
странски земји.

8
Во почетокот на 19 век СДИ почнале да се појавуваат во повеќе
сектори и во повеќе земји и добиле релативно траен карактер.Вложувањата
биле изразени во експлоатацијата на природните ресурси.Кон крајот на 19 век
СДИ се прошириле и во финансискиот сектор и транспортот, додека портфолио
инвестициите и инвестициите во производството биле сè уште скромни.
Во почетокот на 20 век, до Првата светска војна меѓународното
производство опфаќа голем број хемиски, фармацевтски производи,
електрични машини и моторни возила. Динамичниот развој на СДИ е прекинат
со почетокот на војната што доведува до застој во работата на фирмите и до
значајни промени во тековите на СДИ.
После 1950 година доаѓа до подобрување на стапката на раст на СДИ
во светот. СДИ на светско ниво до 1990 година и нивниот пораст бил изразен
во милијарди долари.
Последната деценија од 20 век е време на крупни политички
промени на светско ниво коишто имаа силна рефлексија врз светската
економија, а со тоа и врз меѓународните текови на капитал
Експанзијата којашто во 2000 година достигнува до 1 милијарда и 413
милиони долари, белeжи нагло опаѓање во следните неколку години. 2001 во
однос на 2000 има пад за 40%; 25% пад во наредната 2002 и 4% пад во 2003
во однос на претходната година. Овие намалени текови се предизвикани од
терористичкиот напад на САД во 2001 година, војната во Ирак и нетрпеливоста
помеѓу христијанството и муслиманскиот свет рефлектирано преку многубројни
терористички напади.
Благ пораст на СДИ се јавува во 2004 година и овој раст трае сè до
2007 година кога има 2.003.000.000 долари или 70% зголемување во однос на
2003 година. Следната 2008 година, бележи благ пад во светските текови на
СДИ предизвикано од светската криза којашто најмногу се изразува со рапиден
пад од 33% во 2009 год
Новата деценија започнува со раст на СДИ на светско ниво од
1.408.000.000 долари.

1.1.3.2 Експанзија на СДИ на светско ниво


Велика Bританија е земја која со векови наназад предничи во
странското инвестирање. Оваа привилегија е резултат на фактот што
Британија е татковина на индустриското производство и пионер во директното
инвестирање.
И други западноевропски земји го следат примерот на Велика
Британија, благодарејќи на нејзините колонии кои биле директен извор на
природни богадства.После двете светски војни има значаен пад на

9
инвестициите од Германија и другите западноевропски земји за сметка на СДИ
од САД којашто во последните светски војни излегува како победник.
Иако развиените земји биле и ќе бидат клучен актер во
инвестиционите текови на СДИ, сепак во последните години се бележи промена
во нивната дистрибуција.Сè повеќе се намалува насочувањето на СДИ од
развиени кон развиени земји и се заменува со нова релација помеѓу развиени
земји и земји во развој не занемарувајќи ги и земјите во транзиција кои полека
го заслужуваат вниманието за апсорбирање на СДИ.Доминацијата на
развиените земји во приливите и одливите е незанемарлива, сепак според
UNCTAD во 2011 и 2012 година, СДИ во земјите во развој заедно со земјите во
транзиција ги надминуваат СДИ во развиените земји.
Во голема мера расте улогата на земјите во развој, а со тоа и нивниот удел во
вкупниот тек на СДИ постојано се зголемува.
Движењата на СДИ во новиот милениум ќе ги разгледаме според
учеството на развиените земји, земјите во развој и земјите во транзиција.
Во 2001 година во вкупниот тек на СДИ развиените земји учествуваат
со 72%, земјите во развој со 27% и 1% за земјите во транзиција чијшто удел ќе
остане непроменет цела деценија.После падот на СДИ на светско ниво, а со тоа
и по групи на земји, во 2005 година учеството во светските текови по група на
земји е 63% за развиените, 34% за земјите во развој или зголемено учество од
7% за земјите во развој во вкупните СДИ.
2007 година е година на рапиден раст на СДИ на светско ниво со
учество од 66% за развиените земји и 29% за земјите во развој или пад од 5%
во однос на 2005 година.
Во 2009 година учеството на земјите во развој е 44% или пораст од
15% од 2007 година, на земјите во развој во вкупните светски текови на СДИ.
Во 2012 година сликата се менува со најголемо учество на земјите во
развој од 53% и 6% за земјите во транзиција во вкупните текови на СДИ.
Причините за ваквите промени лежат во пренасочувањето на инвестициите.
Позитивен пример се азиските земји во развој каде што на вакви
пренасочувања на инвестициите отпаѓа околу 40%
Политичката несигурност во Северна Африка ги намалила
инвестициите во овој регион коишто се насочени не само на природните
ресурси, туку и на новите потрошувачки пазари.
Причините поради кои земјите во развој бележат експанзија во
последниве години се:
• Градење поволна бизнис клима со атрактивна инвестициона
политика којашто е од суштинско значење за промовирање на
економскиот раст.
• Зајакнување на бизнис врските помеѓу земји во развој
припаднички на еден регион и поттикнувње на интегративни врски
со што се зајакнува безбедноста за СДИ.

10
• Создавање сопствени и регионални инвестициски области коишто
имаат важна улога во процесот на привлекување на СДИ.
• Поттикнување на приватниот сектор за негово отворање кон
странските инвеститори.
• Поволни владини политики и променети политички приоритети
преку либерализација на пазарот и економска диверзификација.
• Вложувања во образовна и млада популација којашто работи за
пониска цена на трудот со што се држи нивото на конкурентност.

Пр. за Дистрибуција на СДИ меѓу развиените економии во 2012


година според големината на нивните директни инвестиции
1

1Извор: Word Investment Report 2013:Towards a New Generation of Invstment


Policies str.67.
11
1.1.3.3 Улогата на капиталот на земјите во развој
Капиталните приливи во земјите во развој се движат во нагорен тренд
од 2003 година, па наваму, пред сѐ како резултат на големиот потенцијал на
раст на овие земји, во споредба со развиените земји. Од 2009 година
капиталните приливи беа обновени по кризата од 2007 до 2008 година при што
станаа масовни во одделни економии во развој, коишто преземаа чекори за
нивно поефикасно регулирање. Капиталните приливи во земјите во развој, во
голема мера, се реверзибилни, т.е. обратни.
Нето капитални текови во земјите во развој се смета дека изнесувале
990 милијарди долари во 2010 година, што е за 350 милијарди долари повеќе
отколку во 2009 година.Приватните текови, пак, се смета дека биле 1.041
милијарди долари во 2011 година, додека во 2012 биле 1.056 милијарди
долари.Повеќе од 81 милијарда долари, според оваа проценка, се должи на
зголемените приливи во Кина и Бразил. На Кина отпаѓаат околу 30% од сите
приватни капитални текови во економиите во развој, а тоа е дел што речиси
двапати е поголем од оној на Бразил и трипати поголем од Индија.
Капиталните одливи во земјите во развој се предводени од
акумулираните резерви. Пазарите во развој, како целина, во последно време
стануваат нето кредитор, односно тие имаат позитивна меѓународна
инвестициска позиција, а пред сѐ Кина.
Структурата на инвестициите од пазарите во развој се разликува
значајно според видот и средствата што се примаат.Имено, одливите од
економиите во развој најчесто се во вид на официјални резерви. Повеќето од
овие резерви се државни обврзници од развиените земји, главно како
американски државни обврзници. На пример Кина поседува три билиона
долари официјални резерви. Генерално, инвестициите на земјите во развој во
развиените земји главно се со нископриносен долг.
Од друга страна приливите во економиите во развој првенствено се
од портфолио инвестиции акции, што се со значително поголем прилив и
ризик. И покрај тоа што акумулираните резерви делумно се еден вид мерки за
претпазливост, особено за да се помогне во спречувањето на кризите, во
билансот на плаќање денес сепак, примарно се користи за поддршка на
стратегиите за развој на извозот.Резервите во поголемите земји во развој
(Кина, Бразил, Русија) далеку ги надминуват овие нивоа на претпазливост и
наместо да се одржи девизниот режим на ниско ниво, тие го прават извозот
поконкурентен.

1.1.3.4 Стратегиии на влез на СДИ


Една фирма денес, не може да направи екстра профит и да ги намали
трошоците од работењето произведувајќи стандардизиран производ наменет за

12
мал пазар. Токму поради тоа, компаниите се свртени кон меѓународните пазари
каде што гледаат можност за диверзификација на ризикот, намалување на
трошоците, забрзан раст и избор на стратегија на влез.

Постојат четири видови стратегии:


 Интернационалната стратегија се темели на локални филијали во
различни држави каде што се води бизнисот според инструкциите од
централата. Примери за ваквото работење се McDonald’s и Microsoft.
 Мулти- домашната стратегија е во спротивност со интернационалнта
и се темели на независност, т.е. услугите и бизнисите ги задоволуваат
потребите на некои региони или држави. Успешен пример за примена
на оваа стратегија е компнијата Johnson & Johnson.
 Компании коишто произведуваат стандардизирани производи за
глобалниот пазар (пример кредитни картички) наметнува и стандарди
и правила за работење. Ваквата глобална стратегија се залага за
постојаност и стандардизација на светскиот пазар.
 Транснационалната стратегија се темели на размена на знаење и
движење на иновации двонасочно централа-филијала–централа. Таа
поттикнува глобално учење и генерирање и размена на идеи.
1.1.3.5 Greenfield инвестиции
Grenfield инвестиција е изградба на нова филијала надвор од
матичната земја во целосна сопственост на инвеститорот.
Во спротивно, доколку се преземе веќе постоечко претпријатие во
целосна сопственост со купување, или стекнување на сопственост со купување
акции е аквизација или мерџери (merger & acquisition).
Никогаш не е лесен изборот помеѓу greenfield инвестиција или М&А, и
изборот најчесто зависи од условите што ги нуди пазарот.
Голема предност на greenfield инвестицијата е градење фирма по
своја мерка. Многу полесно е да се изгради нова организациона структура и да
се воспостави темел на деловната култура, отколку да се променат
оперативните рутини и стекнатите навики но од друга страна greenfield се
повабни а со тоа поризични.
1.1.3.6 Предности на СДИ од аспект на увозникот на капитал
• Зголемување на продуктивноста на постојаните производства во
земјата
• Освојување на нови видови производи
• Обезбедување полесен пристап до нови пазари и зголемување на
извозот
• Остварување на поефикасна алокација на расположливите
ресурси во националната економија
Забрзување на техничките и другите преструктуирања во производството со
минимизирање на трошоците.

13
1.1.3.7Ангажираност и резултатите на Р.Македонија кон
привлекување СДИ
Заложбите на Р.Македонија за привлекување на СДИ во последните
неколку години се поизразени со зголемен интензитет на меѓународен
маркетинг низ разни светски дестинации.
Но сепак Македонија досега нема направено некој значаен напредок
во зголемување и забрзување на светските инвестициски текови, туку напротив
е секогаш слабо бирана дестинација во регионот.
Законите во Македонија нудат многу погодности за странските
инвеститори во доменот на даночни ослободувања во услови кога
произведените стоки и услуги во слободната зона се 51% извезени во првата
година од работењето, 62% во втората година, односно 70% во следните
години на работењето.Други олеснувања се ослободувањето на инвеститорите
од данок на имот за период од 10 години.Земјиштето во слободната зона може
да се даде под закуп на странски инвеститор за период од 50 години, со
можност за продолжување на тој рок за уште 25години.
Целта на овие закони е забрзување на економскиот развој преку
привлекување странски капитал, развој на нови технологии и нивна примена во
националната економија.Податоците покажуваат дека и покрај заложбите на
Владите на Р. Македонија, приливите на СДИ се секогаш под очекуваното ниво
и заземаат незначително учество во БДП.
Прв поголем пораст на СДИ е забележано во 1998 година од 150
милиони евра кое е проследено веднаш и со зголемено учество на СДИ во БДП
од 4.6%.Во наредните години под влијание на кризата во регионот и етничкиот
конфликт во Македонија, приливите на СДИ имаат осцилирачко движење.
Зголемиот прилив во 2000 и 2001 не се од greenfield инвестиции, туку
од продажба на некои јавни компании како ЕВН, Скопски саем и Жито Лукс во
2001 Фени,Бучим, Мермерниот комбинат–Прилел,Пиварница-Битола, Стопанска
Банка и други компании од јавниот сектор во 2000 година.Како резултат на
овие продажби во 2001 година СДИ имаат најголемо учество во БДП од
13%.Негативниот тренд на приливи трае сè до 2006 година, кога благодарение
на заложбите на Владата на Р.Македонија преку институционална поткрепа и
маркетиншка активност успеа да обезбеди скок на приливите на СДИ и нивно
учество од 6.5% во БДП. Овој позитивен тек продолжува и во наредните две
години кога се постигнува максимумот на СДИ во Р.Македонија во 2007 година
од 693 милиони долари и учество од 8.6% во БДП.Под притисок на светската
криза и намалената светска трговија во 2009 година има намалување на
приливот на СДИ и нивно учество во БДП од 2.1%. Благиот раст во годините
кои следуваат е далеку под нивото што е постигнато во 2007 година.Своето дно

14
СДИ го имаат во 2012 предизвикано од одлевање на капиталот кон матичните
земји.

1.2 Трансфер на технологија и знаења(know-how)


Под технологија вообичаено се подразбира систем на поврзани
постапки и процеси во производството на еден определен производ, потточно
знаење и вештина во примената на одредени постапки што треба да се
применат во обработката или преработката на предметот на трудот со помош
на одредени средства на трудот.
Технологијата може да ја разгледуваме во потесна и поширока смисла за
зборот:
Во потесната смисла зборот под технологијата се подразбира
определена технолошка постапка или збир на постапки со кои се овозможува
со определена комбинација на факторите на производство да се добие
производ со однапред определени својства
Технологијата во поширока смисла на зборот подразбира повеќе
различни активности што се однесуваат на организацијата на работењето,
унапредувањето на производниот процес, усовршувањето на стручен кадар,
управувањето со сложените системи, истражувањето на пазарот итн.
Трансфер технологијата ги вклучува следниве учесници:
 Институции и субјекти кој се креатори на нови
знаења(универзитети,факултети,институции,претприемачи,фирми)
 Институции и субјекти на кои им се потребни нови
знаења(претприемачи,фирми)

2 Извор: UNCTAD, World Investment Report 2013,UN, New York and Geneva 2013,
str. 63
15
1.2.1 Меѓународен трансфер на технологија
Под меѓународен трансфер на технологија се подразбира пренос на
севкупното знаење (техничко, економско, организациско и сл.) поврзано со
одредена производна постапка од една во друга национална
економија.Меѓународниот трансфер на технологија може да се врши по пат на
купопродажба, изнајмување, заеднички вложувања и СДИ.
 Патент-претставува оргинално решение на некој техничко технолошки
пробелем во дадениот производен процес. Тој претставува збир на
ексклузивни права одобрени на пронаоѓачот од страна на државата за
одреден временски период.
 Лиценца-претставува право на производство на производи и услуги што
се добиваат со употреба на одредена технолошка постапка
 Трговски знак или марка-го сочинуваат зборови логоа, слогани, звуци
или цели изрази што го прават изворот, потеклото или спонзорството на
одреден производ или услуга препознатлив.Тие претставуваат вид
гаранција за квалитетот на производот, т.е. услугата
 Франшиза-е форма на договор кога покрај трговската марка се
лиценцира и целокупната организација на процесот на производство.
 Трансфер на знаење- трансфер на одредена информација за некоја
трговска тајна, во комбинација со податоци, техники, кадровска или
интелектуална експертиза, што и помага на компанијата да се користи
одредена технологија.
 СДИ-интракомпаниско движење на технологијата, но на различни
национални економии.

2.0 Заклучок

Од изложената проектна работа доаѓаме во заклучок дека под


меѓународно движење на капиталот се подразбира трансфер на реални и
финансиски средства помеѓу субјекти од различни земји.Можеме да кажеме
дека ниту едно стопанство неможе да се изолира од меѓународен капитал.
Меѓународно движење на капиталот е еден од најатрактивните облици
на меѓународна соработка и остварување на стратешките цели.На овој начин се
извршува меѓународна диверзификација на деловните активности,што влијае
на зајакнување на конкурентски предности и создавање на глобален
конкурентски производ.Истовремено се влијае на стопански раст,платен
биланс,вработување и стопанска стабилност на земјите.

16
Во теоријата постојат три основни облици на меѓународно движење на
капиталот и тоа: зајмовен капитал,портфолио инвестиции и странски директни
инвестиции.
Доколку би правеле анализа до каде е една компанија во
меѓународното финансирање најдобра оценка би дале СДИ.
Пласирајќи го капиталот низ целиот свет тие добиваат мултинационален
карактер,што ги оправдува како најзначаен облик.
Трансфер на технологија преставува процес на примена на
технологија,знаења и информации од една област во друга со цел ефикасна
организација на произвоство.

Литература:

1. Бабиќ.М (2003) Меѓународна економија- „Мате“ Загреб


2. Балукоска Д. (2012) „Влијанието на странските дирекни инвестиции врз
економскиот раст со осврт на Македонија (магистерски труд); Универзитет
Американ Колеџ –Скопје.
3. Е учење-курс Меѓународна трговија.
4. Trade Development Report.
5. Боди.З, Кејн.А и Меркус.А (2010). Инвестиции: Оцена на перформансите на
портфолието „Тибернакул“ Скопје

17

You might also like