You are on page 1of 38

Универзитет ,,Гоце Делчев,, Штип

Економски факултет

СМЕТКОВОДСТВО НА ФИНАНСИСКИ
ИНСТИТУЦИИ
(2 час)

Проф. д-р Оливера Ѓоргиева-Tрајковска


Специфичност на финансиското известување
на банките
• Банки– финансиски институции
• Банките играат значајна улога во одржувањето на довербата во
монетарниот систем преку тесна врска со регулаторните тела на земјата

• Бројни се корисниците на финансиските извештаи на банките -


внатрешни и надворешни: менаџментот на банката, сопствениците,
Централната банка, телата за државна контрола, клиентите на банката,
вработените и др.
• За корисниците на финансиските извештаи на банките се важни
информациите за:
- ликвидноста на банката
- нејзината солвентност
- ризиците поврзани со средствата и обврските и вонбилансните
ставки
- приходите, расходите и успехот (финансискиот резултат) на
банката.
• Банките можат да ги извршуваат следните задачи:
- депозитни работи (примање и депонирање на депозити)
- кредитни работи (давање и земање на кредити)
- девизни и менувачки трансакции
- платен промет
- издавање платежни картички
- трансакции со хартии од вредност
- брокерско-дилерски работи
- издавање на гаранции, авали и други форми на гаранција
(гарантни работи)
- купување, продажба и наплата на побарувања (факторинг,
форфетинг)
- работи на осигурување и застапување, итн.
• Бидејќи банките се финансиски институции и нивната основна
дејност се разликува од дејноста на претпријатијата, структурата
и содржината на билансот на состојба и билансот на успех на
банките значително се разликуваат од финансиските извештаи на
останатите претпријатија.
Структура и содржина на билансот на состојба на банката

•Билансот на состојба на банката ги прикажува средствата, обврските и


капиталот на банката на одреден ден
•Редослед на позициите во билансот на состојба – според принципот на
опаѓање на ликвидноста на позициите на средствата - подразбира дека
во активата на билансот на состојба позициите се подредени тргнувајќи
од најликвидните до најмалку ликвидните средства.
•Ликвидност на средства - можност или брзина на конвертирање на
средствата во готовина
•Во преден план е ликвидноста - можноста за подмирување на
достасаните обврски
•Позициите на средствата не се класифицираат во постојани и тековни
средства - оваа поделба е од секундарно значење за банките (учеството
на постојаните средства во активата на банкарскиот сектор е многу
мало, помало од 5%)
• Принципот на опаѓање на рочноста на позициите во пасивата -
подразбира дека обврските во билансот на состојба на банките
се подредуваат почнувајќи од оние што доспеваат (бараат
плаќање) на долг рок, по што следуваат пократкорочните (кои
порано доспеваат)

• Во преден план се наоѓа капиталот на доверителите -


работењето на банката зависи многу од подготвеноста на
доверителите да го пласираат својот капитал (во структурата на
пасивата на банкарскиот сектор уделот на капиталот е околу 20%,
додека релативното учество на обврските е околу 80%)
• Генерална структура на Биланс на состојба на банките

АКТИВА
• 1. Пари и парични еквиваленти
• 2. Отповикливи депозити и кредити
• 3. Побарувања врз основа на камати, надоместоци, продажби, промени во
објективната вредност на деривати и други побарувања
• 4. Одобрени (дадени) кредити и депозити
•      4.1. правни субјекти
•      4.2. физички лица
•      4.3. банки и финансиски организации
• 5. Хартии од вредност (без сопствени акции)
• 6. Удели (учества)
• 7. Други пласмани
• 8. Нематеријални вложувања
• 9. Постојани средства и инвестиции во недвижности
10. Постојани средства што се чуваат за продажба
• 11. Одложени даночни средства
• 12. Други средства
• ВКУПНА АКТИВА (СРЕДСТВА)
• I ПАСИВА
• 1. Трансакциони и останати депозити
•    1.1. правни субјекти
•    1.2. физички лица
•    1.3. банки и финансиски организации
• 2. Примени кредити
• 3. Обврски врз основа на хартии од вредност
• 4. Обврски по основ на камата и надоместоци
• 5. Резервации
• 6. Даночни обврски
• 7. Обврски од добивката
• 8. Обврски врз основа на средствата кои се чуваат за продажба
• 9. Одложени даночни обврски
• 10. Други обврски
• 11. ВКУПНА ПАСИВА
•   КАПИТАЛ
• 12. Акционерски капитал и емисиона премија
• 13. Резерви од добивката
• 14. Ревалоризациони резерви
• 15. Нереализирани добивки / загуби од хартии од вредност
расположливи за продажба
• 16. Нераспределена (задржана) добивка
• 17. ВКУПНО КАПИТАЛ
• 18. ВКУПНО ОБВРСКИ

• II КОМИСИОНИ РАБОТИ И ВОНБИЛАНСНИ СТАВКИ


• Глобална структура на средствата на банката

• Средства во банките:
• 1) Пари и парични еквиваленти
• 2) Пласмани
• 3) Други средства

• 1) Пари и парични еквиваленти - парични средства со кои


располага банката (готовина во благајна, жиро-сметка, девизна
сметка, готовина во странска валута), парични еквиваленти во
странска валута – чекови испратени за наплата, издвоена
задолжителна резерва кај Народна банка, злато и други скапоцени
метали, купени хартии од вредност (на пр. обврзници, записи
доколку ги исполнуваат следниве услови: лесна конверзија во
готовина, кратко доспевање и незначителен ризик од намалување
на вредноста).
• Паричните еквиваленти носат принос во форма на камата. Тие се
примарна резерва на ликвидност

• Цел на држење на готовина и парични еквиваленти:


- тие се извор на средства што ги користи банката кога клиентот
се јавува со апликација за заем, можност на банката да ги
подмири долговите по достасаните обврски
- првото ниво на заштита од можно повлекување на депозитите
• 2) Пласмани

• Пласманите го претставуваат најголемиот дел од средствата на


банката:
а) пласмани во форма на одобрени (дадени) кредити - најзначаен
извор на приходи за банката (приходи од камата)
б) банкарски пласмани во хартии од вредност (со цел за
остварување на приходи од камати и дивиденди и / или
капитални добивки)
в) други пласмани: депозити кај други банки, удели (учества) во
капиталот на други компании, итн..
а) Пласмани во форма на дадени (одобрени) кредити
• Тие можат да се конвертираат во готовина по истекот на рокот на
доспевање
• Поради ниската ликвидност и високиот кредитен ризик (ризикот
дека главнината по долгот и поврзаната камата нема да бидат
вратени на датумот на достасување), пласманите во форма на
дадени кредити носат поголеми приноси од другите пласмани.
• Класификација на дадените кредити:
- според типот на клиентите – кредити за стопанството, кредити за
населението, кредити на други банки и други финансиски
институции, кредити одобрени на јавниот сектор
- според осигурувањето на кредитот - обезбедени (со хипотека на
недвижен имот на должникот, како и залог на движен имот),
необезбедени
- според рокот на достасување – краткорочни (до една година),
среднорочни (од 5 до 7 години) и долгорочни (над 10 години)
- според намената - инвестициони, стамбени, итн.
- според видот на каматата - фиксна, варијабилна

• Проблеми со наплата на одобрените кредити - загубите кои


произлегуваат од нефункционалните кредити се признаваат во
билансот на успех во моментот на настанување, а во билансот на
состојба за вредноста на загубата се намалува вредноста на
пласманите (исправка на вредноста на кредитите).
• Директно отпишување на кредитите се врши во случај на нивна
дефинитивна ненаплатливост.
б) Пласмани (инвестиции) на банките во хартии од
вредност
Хартиите од вредност вклучуваат:
- Хартии од вредност по објективна (фер) вредност преку
билансот на успех (на пр. акции на банките, корпоративни
акции)
Белешка: во оваа категорија влегуваат хартиите од вредност со
кои се тргува (карактеристика - може брзо да се продадат и
претворат во готовина; претставуваат секундарна резерва на
ликвидност)
- Хартии од вредност расположиви за продажба (на пр. акции
на банките, корпоративни обврзници, банкарски обврзници,
државни обврзници и обврзници на локалната самоуправа)
- Хартии од вредност кои се чуваат до доспевање (на пр.
корпоративни обврзници)
 Мотив за инвестирање на банките во хартии од вредност -
остварување на приход во форма на камата или дивиденда
в) Останати пласмани
• Тие вклучуваат:
- депозити кои се држат кај други банки – отповикливи депозити
и други видови на депозити (на пр. банкарски депозити кај друга
банка како гаранција за кредит земен од таа банка)
- удели (учества) во капиталот или капитални интереси - капитални
интереси во подружници, капитални интереси во подружници на
банките во странство, капитални интереси во банки и други
финансиски организации, учество во капиталот на претпријатијата
• Забелешка: Учеството на кредитите и депозитите во вкупната
актива на ниво на банкарскиот сектор, вклучувајќи ги
отповикливите депозити и кредити (пласманите кои може да се
наплатат во секое време по барање на банката и претставуваат
расположиви високо ликвидни средства) е високо, обично над
70%.
3) Останати средства
• Хетерогена група на средства во која влегуваат:
- нематеријални средства (на пр. лиценци, софтвер)
- постојани средства, недвижности
- постојани средства што се чуваат за продажба
- материјали
- побарувања (за камати, надоместоци, од вработените, за дадени
аванси)
- АВР (доминантни се разграничените побарувања за пресметани
камати)
• Овие средства имаат второстепено значење во однос на
финансиските пласмани (на пр. за банкарскиот сектор како целина,
уделот на постојаните средства во активата е околу 3%)
• Глобална структура на пасивата на банките

• ПАСИВА:
• 1) примени депозити
• 2) примени (земени) кредити
• 3) емисија на должнички хартии од вредност
• 4) други обврски
• 5) сопствен капитал
• 1)Примени депозити

• Примените депозити претставуваат основен извор на финансирање


на банките (најзначајниот вид банкарски обврски) – физичките лица,
компаниите и финансиските институции им ги доверуваат своите
средства на банките
• Класификација на депозитите:
а) според рочноста:
- депозити по видување - депозити кои се враќаат на клиентите
(депонентите) на нивно барање во секое време. Најзначајните
видови на депозити по видување се трансакционите депозити кои се
користат за трансакции на плаќање, на пр. компаниите отвораат
тековни сметки кај банките и преку нив вршат плаќања и наплати (по
правило тие се некаматоносни или со многу ниска каматна стапка) и
штедни влогови на населението.
- орочени депозити - со или без право за повлекување пред
рокот на достасување, обично се со камата, може да бидат
краткорочни (со рок на ороченост до 12 месеци) и долгорочни
(ороченост над една година).

• б) според видот на комитентите: депозити на


претпријатијата, депозити на населението, депозити на јавниот
сектор, депозити на странски лица.
2) Примени (земени) кредити
• Банките можат да се задолжуваат, да земаат кредити од разни
заемодаватели (кредитори) - централната банка и другите банки.
• Рочност на кредитите – краткорочни, долгорочни
3) Издадени (емитирани) хартии од вредност
• Дополнителен извор на финансирање за банките - благајнички
записи, сертификати за депозити, обврзници, итн.
4) Други обврски
• Обврски за камати, надоместоци и провизии, резервирања, обврски
кон добавувачите, обврски врз основа на примени аванси, обврски
за даноци и придонеси, обврски за плати, обврски за дивиденда,
ПВР (на пр. разграничени обврски за пресметани камати), итн.
5) Сопствен капитал на банките
• Банките во РМ се основани во форма на акционерски друштва.
• Компоненти на капиталот:
•   акционерски капитал
+ капитални резерви
+ нераспределена добивка (од претходни години, тековна година)
+ резерви од добивката (нераспределената добивка)
+ ревалоризациони резерви
(+/-) нереализирани добивки / загуби (по хартии од вредност
расположливи за продажба)
(-) загуба (корективна позиција на сопствениот капитал).
• На ниво на банкарскиот сектор, мал е уделот на сопствениот капитал во
вкупните обврски - околу 20%
• Забелешка: Банките формираат резерви и за покривање на општите
банкарски ризици.
II Вонбилансни позиции

• Работи во име и за сметка на трети страни, во кои спаѓаат:


- средства за извршување на работи во име и за сметка на трети
лица (на пр. средства за комисиони кредити на државата за
финансирање на станбени кредити на населението, добиени средства
од странски донатори за микро кредити).
- непредвидени (потенцијални) обврски – примени гаранции за
обврски, дадени гаранции, непредвидени обврски кои произлегуваат
од спорови кои се водат против банката, итн.
• Забелешка:

• Гаранција - договор со кој гарантот (банката) се обврзува кон


доверителот да ја исполни важечката и доспеана обврска на
должникот.

• Банкарски гаранции - средство за обезбедување на плаќањето.


Претставува неотповиклива изјава на банката дека ќе му плати на
гарантот (доверителот) одредена сума пари во случај на
неизвршување или погрешно извршување на договорната
обврска од страна на налогодавачот (должникот).
• Структура и содржина на Билансот на успех на банката

• Во билансот на успех на банките се прикажуваат приходите,


расходите и резултатот од работењето во текот на одреден
временски период.
• Групирање на приходите и расходите се врши според нивната
природа
• За главните типови приходи и расходи се користи бруто-
принципот
• Генерална структура на Биланс на успех на банките

• Приходи од камати
• Расходи за камати
• Добивка / загуба од камати
• Приходи од надоместоци и провизии
• Расходи за надоместоци и провизии
• Добивка / загуба од надоместоци и провизии
• Нето добивка / загуба од продажба на хартии од вредност по
објективна вредност преку билансот на успех
• Нето добивка / загуба од продажбата на хартии од вредност
расположиви за продажба
• Нето добивка / загуба од продадени хартии од вредност кои се
чуваат до доспевање
• Нето добивка / загуба од продажба на удели (учества)
• Нето добивка / загуба од продажба на други пласмани
• Нето приходи / расходи од курсни разлики
• Приходи од дивиденди и учества
• Останати оперативни приходи
• Нето приходи / расходи од индиректни отписи (оштетување) на
пласмани и резервации
• Трошоци за плати, надоместоци на плата и други лични трошоци
• Трошоци за амортизација
• Оперативни и други деловни трошоци
• Приходи од промена на вредноста на средствата и обврските
• Расходи од промена на вредноста на средствата и обврските
• Добивка / загуба од редовно работење
• Нето добивки / загуби од прекинато работење
• Финансиски резултат за периодот - Добивка / загуба пред
данок
• Данок на добивка
• Добивка од зголемени одложени даночни средства и намалени
одложени даночни обврски
• Загуба од намалување на одложените даночни средства и
зголемување на одложените даночни обврски
• Нето добивка / Загуба
• Заработувачка по акција
• Основна заработувачка по акција
• Намалена заработувачка по акција
• Објаснување за ставките од билансот на успех:

• Приходи од камати
• Може да бидат остварени во домашна и странска валута
• Приходите од камати се најважниот приход од работењето на банките.
• Каматата ја претставува „цената“ што ја наплаќаат банките за пласираните
средства.
• Приходите од камати настануваат по следните основи:
а) одобрени кредити (на финансиски и осигурителни организации, на
јавни претпријатија, компании, претприемачи, население и др.)
б) депозити во други банки (банките го депонираат вишокот на пари кај
други банки)
в) вложувања во хартии од вредност (финансиски и осигурителен сектор,
компании, јавен сектор).
• Висината на приходите од камата зависи од износот на пласираните
средства, како и од договорената каматна стапка.
• Расходи за камати
• Можат да настанат во домашна и странска валута
• Ја претставуваат „цената“ што една банка ја плаќа за позајмените
средства
• Основи за настанување на расходи за камати:
а) земени кредити (од секторот за финансии и осигурување)
б) примени депозити (од секторот финансии и осигурување, јавни
претпријатија, компании, население, претприемачи...)
в) други обврски
• Разликата од приходите и расходите за камати - каматна маргина
(маржа)
• Каматната маржа ќе биде поголема доколку банката поефикасно ги
позајмува своите средства, а поевтино се финансира
• Известување по бруто принцип - посебно искажување на приходите од
камата и расходите камата, без нивно пребивање.
• Приходи од надоместоци (такси) и провизии
• Во домашна и странска валута
• Банката наплаќа надоместоци и провизии за давање услуги на
своите клиенти (на пр. за водење на тековни сметки, одржување на
кредитни картички, за трансакции на уплати во платниот промет,
одобрување кредити на клиентите, проверка на обезбедувањето
(колатералот), предвремена отплата на кредити, издавање на
гаранции и др.)
• Приходите од надоместоци (такси) и провизии доаѓаат од:
- сектор за финансии и осигурување
- компании
- претприемачи
- јавен сектор
- население
- странски лица
• Износот на приходите од такси и провизии ја покажува
активноста на банката, бројот на клиентите на банката, колку
услуги нуди и сл.
• Расходите за надоместоци и провизии се однесуваат на плаќања
кон:
- сектор за финансии и осигурување
- други компании

• Известување по бруто принцип – приходите и расходите по основ


на надоместоци и провизии се прикажуваат одделно, врз основа
на што се прикажува резултатот (добивка / загуба) по овој основ.
• Искажување на Добивка / загуба од продажба на хартии од
вредност – примена на нето принцип (нето добивка / загуба од
продажба на хартии од вредност)
• Искажување на приходи и расходи по основ на курсни разлики
– со примена на нето принцип (нето приходи/ расходи од курсни
разлики).
• Позитивните и негативните курсни разлики ги претставуваат
добивките / загубите од деловните трансакции извршени во
странска валута и добивките / загубите при претворање на
позициите од билансот на состојба искажани во странска валута
со примена на официјалните девизни курсеви.
• Приходи од дивиденда и учества (на пример, примена
дивиденда од подружница на банката)
• Останати приходи од работењето:
- приходи од наплата на отпишани побарувања
- добивки од продажба на постојани средства и нематеријални
вложувања
- приходи од намалување на обврските
- вишоци
- приходи од давање под закуп на недвижен имот (изнајмување) и
др.
• Нето приходи / расходи од индиректни отписи на пласмани и
резервации:
1) Приходи
а) приход од анулирање на индиректни отписи на пласмани
(заеми, депозити и други пласмани на клиенти, итн.)
б) приходи од анулирање на неискористени резерви за парнични
обврски, бенефиции на вработените, вонбилансни ставки итн.
2) Трошоци
а) трошоци за индиректни отписи (исправка на вредноста) на пласмани
(заеми, депозити и други пласмани на клиенти), хартии од вредност кои
се чуваат до доспевање, капитални инвестиции и други хартии од
вредност расположливи за продажба, итн.
б) трошоци поврзани со резервации за вонбилансни ставки, обврски за
судски парници, исплата на отпремнини за вработените и трошоци и сл.

• Трошоци за плати, надоместоци од плати и други лични трошоци:


- трошоци за плата
- трошоци за придонеси на плата
- трошоци за даноци на плати и придонеси на плати
- трошоци за надомест за привремени и повремени работи
• - други лични трошоци
• Оперативни и останати трошоци:
- трошоци за материјали
- трошоци за производни услуги
- нематеријални трошоци (без даноци и придонеси)
- трошоци за даноци
- трошоци за придонеси
- загуби од продажба на постојани средства и нематеријални
средства
- загуби кои произлегуваат од расходување и отпишување на
постојани средства и нематеријални средства
- кусоци и штети
- други трошоци
• Приходи од промена на вредноста на средствата и обврските
• Приходи од промена на вредноста на:
- пласмани и побарувања
- хартии од вредност
- обврски
- постојани средства и вложувања во недвижности
- нематеријални средства
• Расходи од промена на вредноста на средствата и обврските
• Расходи од промена на вредноста на:
- пласмани и побарувања
- хартии од вредност
- обврски
- постојани средства и вложувања во недвижности
- нематеријални средства.

You might also like