You are on page 1of 7

ПОДЕЛБА НА БАНКАРСКИТЕ РАБОТИ

• Од функционален аспект банкарски работи се делат на :

• Пасивни банкарски работи -работи за прибирање и концентрирање на парични


средства- мобилизаторски банкарски работи- банката се јавува во улога на должник

• Активни банкарски работи - Кредитни банкарски работи или работи на банкарски


пласмани -банката е во улога на доверител.

• Неутрални банкарски работи - Посреднички банкарски работи - банката ги врши за


трети лица и не се јавува ниту како доверител ниту како должник.

Пасивни банкарски работи

• Пасивни банкарски работи- работи на мобилизирање и концентрација на паричните


средства

• Краткорочни пасивни банкарски работи

• Долгорочни пасивни банкарски работи

КРАТКОРОЧНИ ПАСИВНИ БАНКАРСКИ РАБОТИ

• Главни краткорочни пасивни банкарски работи:

• Емисија на пари

• Мобилизирање на парични депозити

• Емисија на благајнички записи

• Меѓубанкарски пасивни работи.

Видови депозити

• Според начинот и рокот на депонирање на паричните средства во банката, се делат:

• - депозити по видување

• - орочени депозити на неодредено време со отказен рок

• - орочени депозити на одредено време

• - наменски депозити

- ненаменски депозити
Благајнички записи се краткорочни хартии од вредност со кои издавачот се обврзува дека во
рокот нма достасување , на имателот на записите ќе му ја исплати номиналната вредност +
каматата,

Како издавач на благајнички записи се јавува ЦБ.

Меѓубанкарски пасивни работи


• Карактеристични меѓубанкарски работи се:
• Реесконт
• Реломбард
• Револвинг (поштенски кредити)

Реесконт е пасивна банкарска работа според која една банка ги есконтира (продава)
мениците со кои располага , на некоја друга банка (ЦБ или комерцијална банка).

Реломбардот е многу слична банкарска работа на реесконтот само што овде не се


предмет на отстапување меници, туку други хартии од вредност.
Ако на некоја банка и требаат парични средства, а има хартии од вредност кои се кај
неа заложени (ломбардирани), таа повторно ќе ги заложи (ќе ги реломбардира) кај ЦБ
или друга банка и на тој начин ќе дојде до ликвидни средства.

ДОЛГОРОЧНИ ПАСИВНИ БАНКАРСКИ РАБОТИ

Најважни долгорочни банкарски работи се:


• Орочување на депозити
• Издавање на вредносни хартии
• Добивање на долгорочни кредити од странство
Орочување на депозити
Орочени депозити со рок подолг од 1 година. Се дава значително повисока
камата одошто онаа на депозитите по видување.

Издавање на вредносни хартии


• Тука спаѓаат издавање на обврзници и акции.

АКТИВНИ БАНКАРСКИ РАБОТИ (кредитни банкарски работи)


Активни банкарски работи – активности на пласирање на мобилизираните средства во
вид на кредити.

Активни банкарски работи- кредитирање


• Краткорочно кредитирање (видови кредити)
• Долгорочно кредитирање (видови кредити)
• Кредитирање на правни лица(краткорочно и долгорочно)
• Кредитирање на население(краткорочно и долгорочно)

Краткорочнокредитирање
(видови кредити)
• Есконтен кредит
• Конто-корентен кредит
• Ломбарден кредит
• Акцептен кредит
• Рамбурсен кредит
Авален кредит

Есконтен кредит -купување ( есконтирање) на недоспеана меница од страна на


банката со одбивање на одредена камата до денот на нејзиното достасување.
Конто-корентен кредит -кредит на тековна сметки-кога сметката е пасивна
Ломбарден кредит- кредит кој се одобрува врз база на заложени реални подвижни
средства
Акцептен кредит – банката не му одобрува на комитентот парични средства , туку ја
акцептира неговата меница и со тоа станува главен меничен должник
Авален кредит – авал- гаранција на авалистот безусловно да гарнтира дека ќе ја
испалти меничната сума во случај да не ја исплати меничниот должник

Долгорочнокредитирање
(видови кредити)

Инвестициони кредити- за купување опрема , проширување, реконструкција и


модернизација на капацитетите
( Потреба од анализа на кредитна способност и инвестиционен елаборат)
Хипотекрани кредити- кредити одоберни врз основа на заложување на недвижен имот
( хипотека)
• анализа на имотот не на кредитната спсобност на комитентот,
• потреба од осигурување на заложениот имот
Конзорциски кредити- финансирање на големи деловни потфати преку здружување на
повеќе банки во еден банкарски конзорциум, дисперзија на ризикот

КРЕДИТИРАЊЕ ВО РМ
Банките во РМ даваат кредити на:
• правни лица и на население.
Кредитите на правните лица можат да бидат:
• За потребите на тековно работење
• За инвестиции во основни и трајни обртни средства
Кредитите на население можат да бидат:
• - потрошувачки и
- станбени
Постапка при одобрување на кредити
Постапката за одобрување на кредити се одвива во 4 фази:
1.Поднесување на кредитно барање од кредитобарателот
2. Обработка на кредитното барање од страна на стручните служби на банката
3. Донесување на одлука од страна на кредитниот одбор на банката
4. Реализација на одлуката и склучување на договор за кредит.
• Оваа постапка е идентична независно за кој кредит станува збор, единствено е
различна содржината на кредитот во зависност од неговата намена.

Инвестиционо банкарство
• Посредување во издавање и продажба на хартии од вредност на пазарот на
капитал .
Корпорациите најчесто доаѓаат до капитал преку инвестиционите банки.
• Инвестиционите банки - први купувачи на вредносните хартии што
корпорациите ги емитуваат.
Функции на инвестиционo банкарство
• Основни функции на инвестиционото банкарство се:
1. советодавната,
2. административната, и
3. дистрибутивната функција.

Услуги на меѓународното банакарство


• Тргување со девизи за клиентите
• Инструменти за заштита на клиентите од девизниот ризик (фин. деривати)
• Платен промет со странство
• Кредитирање на надворешната трговија
• Посредување при издавање на ХВ на меѓународните пазари на капитал
(инвестиционо банкарство)
НЕУТРАЛНИ БАНКАРСКИ РАБОТИ
• Неутрални банкарски работи - Посреднички банкарски работи - банката ги
врши за трети лица и не се јавува ниту како доверител ниту како должник
• Затоа овие работи се нарекуваат уште и посреднички, односно комисиони
банкарски работи.
За извршените работи банката наплаќа провизија

ВИДОВИ НЕУТРАЛНИ РАБОТИ


Позначајни банкарски неутрални (посреднички) работи се :
• - Посредување во платен промет
• - Дополнителни форми на плаќање
• - чување и управување со вредности или депо-работи
• - Купување или продавање на вредносни хартии, девизи,
• валути и скапоцени метали за туѓа сметка
• - Форфетинг
• - Факторинг
• - Лизинг
• - Акцептирање и авалирање
• - Давање гаранции
• - Отворање на акредитиви и издавање на кредитни писма.

Банките се јавуваат во улога на носители на платен промет.


• Платниот промет се јавува во неколку форми:
• - Готовински платен промет кој се врши на благајните во банките
• - Безготовински платен промет кој се состои од пренос на средства од
една на друга сметка по налог на комитент

Факторинг
• Тој претставува пренос (цесија) на побарувањата што ги има извозникот на
компанијата која е спремна да ја кредитира, односно авансира таа извозна
зделка.
Лизинг
Лизингот е специфична форма на закуп, каде што давателот на лизинг му дава под
закуп одредена долготрајна материјална и нематеријална актива, да ја користи во
одреден временски период.
• Два вида на лизинг се најчести и тоа:
• - оперативен и
- финансиски

• И акцептот и авалот се еден вид на емство кое го дава банката, и таа се јавува
како гарант за издадените хартии од вредност од страна на нејзин комитент.
• Разликата меѓу акцептот и авалот се состои во тоа што кај акцептот банката е
должна на прв повик од страна на имателот на акцептираната хартија од
вредност да ја исплати, како да е тоа прв должник.

Видови на банкарски гаранции


• Вообичаени се неколку вида:
• - Обични
• - Солидарни
• - Безусловни
• - Условни
• - Платежни
• - Чинидбени
• - Контрагаранции
- Супергаранции.

You might also like