You are on page 1of 20

ГЛАВА 14

ФИНАНСИСКИ СИСТЕМ И ПАЗАР НА КАПИТАЛ ВО РМ.

ШТО ПРЕТСТАВУВА ФИНАНСИСКИОТ СИСТЕМ И ПАЗАРОТ НА


КАПИТАЛ ?

Финансискот сектор е економски сектор во кој се одвиваат тековите на парите. Тој


ги опфаќа:

• Монетарниот
• Банкарскиот
• Небанкарскиот
• Девизниот
• Фискалниот (јавни финансии)

14.1. Банкарство и банкарски сектор

КОИ ЗАКОНИ ЈА СОЧИНУВААТ ПРАВНАТА И ИНСТУЦИОНАЛНА


РАМКА НА БАНКАРСКИОТ СЕКТОР ВО МАКЕДОНИЈА ?

14.1.1. Правна рамка на банкарскиот сектор

Основен закон со кој се регулира работењето на банките е Закон за банките, тој и


други закони ги регулираат:

• условите потребни за основање на банка


• почетен капитал
• видови активности на банките кои зависат од висината на капиталот
• лимити во работењето
• управни и раководни органи
• основни принципи на банкарско работење
• основни принципи, елементи и стандарди на супервизија на банките
• позиција, ингеренции на НРБМ во однос на банките
• мерките кои може да ги превземе НБРМ кон банките за подобрување на
нивното работење
• постапка за ликвидација и стечај на банките

НРБМ донесува подзаконски регулативи.

1
2. КОИ ИНСТИТУЦИИ ПРЕТСТАВУВААТ ИНСТИТУЦИОНАЛНА РАМКА
НА БАНКАРСКИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ?

14.1.2. Институционална рамка на банкарскиот сектор

Во банкарскиот сектор постојат различни видови на институции. И тоа:

1. Министерство за финансии – државен орган кој е надлежен за креирање на


политиката, како и приготвување и уредување на законски прописи.
2. НБРМ – е институција надлежна за спроведување на Законот за банки, како
и донесување за подзаконска регулатива. Дава линценци и контролира
работа на банки.
3. Фонд за осигурување на депозитите – институција која е гарант на
банкарскиот сектор затоа што врши осигурување на депозитите на
штедачите.
4. Банките – приватни субјекти кои во потрага по профит нудат банкарски
услуги (го формираат банкарскиот сектор).
5. Штедилници- финансиски приватни субјекти кои имаат помал обем на
работа од банките.

КОИ СЕ ОСНОВНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА БАНКАРСКИОТ


СЕКТОР ВО МАКЕДОНИЈА ?

14.1.3 Карактеристики на банкарскиот сектор во Р.М

Банкарскиот сектор преживеал тешки моменти за време на транзицијата и има


поминато низ големо преструктуирање. Во периодот на 1994 до 1999 г. се одвивал
процес на финансиско санирање на банките кој опфаќал два вида на активности.

1. Превземање (чистење) на лошите ненаплатливите побарувања на тогашната


најголема банка во РМ Стопанска банка Скопје од страна на државата те
владата издала државни обврзниции таа станала должник за сметка на тие
побарувања
2. Банкротирање на банките тоа се однесува на втората по големина банка во
РМ Југобанка.

Среќна околност е тоа што РМ преку ова избегнала целосна банкарска криза. По
2000 година започнува втората етапа на преструктуирање, во која се врши обид за
оживување на банкарскиот сектор (техничко технолошки, раководни промени,
приватни странски инвестиции и усовршување на банкарското работење). Во 2001

2
г. банкарскиот сектор покажал загуба. Но оперативното преструктуирање на
банките довело до квалитативни проемни преку воведување на нови политики и
процедури на управување со ризиците, нови информациони технологии,
зголемување на ефикасноста на работењето, лансирање на нови банкарски
производи, приближување на банките кон клиентите, зголемена транспарентност
како и зголемување на конкуренцијата на пазарот. Со тоа по 2004 г. банкарскиот
сектор станува многу поатрактивен за странски и домашни инвеститори.
Банкарскиот систем има универзален карактер, кој е многу погоден за слободна
пазарна економија, во истиот има големо присуство на домашни и странски
инвеститори, а државата е присутна со 5% од вкупниот капитал на банките.

3. КОЈ МОЖЕ ДА ОСНОВА БАНКА ВО РМ ?

Банка во РМ може да основаат: домашни и странски физички и правни лица. За тоа


е потребен минимален износ за странски капитал и од тоа зависи каква дозвола ќе
се издаде (за банкарски дејности во РМ – големо овластување, мало овластување
само за РМ). Странските банки можат да отворат подружници, кои претставуваат
правни лица регистрирани во РМ во кое друго лице или група на лица работат
заедно и имаат 50% или повеќе акции со право на глас или значителен интерес. За
основање на подружница на странска банка не постојат ограничување за правата на
основање и давање на услуги. Подружницата може да биде и во целосна
сопственост на странска банкарска групација. Подружницата има карактеристики
на корпоратизиран деловен субјект во РМ и таа со нејзините поврзани субјекти
подлежи на супервизија на НБРМ. Супервизијата врз консолидирана основа на
странска групација ја врши супервизискиот орган од матичната држава. Капиталот
во РМ е распореден рамномерно во сите постоечки банки. Конкуренцијата
обезбедува намалување на каматните стапки и зголемување на транспарентноста на
нивното работење.

4. КАКО СЕ КАТЕГОРИЗИРААТ КЛИЕНТИТЕ ВО БАНКИТЕ ВО РМ ?

Сите деловни субјекти имаат ист пристап кон банкарските кредити, но нивниот
статус како атрактивни кредитобаратели зависи од нивната ликвидност.
Распределени се на 5 ризични категории: А – Б – В -, Г-, Д, во кои А се најликвидни
а Д неликвидни. Односно кредитните загуби би биле А 0% до 2%, Б 10%, В 25%, г
50%, Д 100%.

3
5. ОД ШТО ПРОИЗЛЕГУВАЛА РЕЛАТИВНАТА АНЕМИЧНОСТ НА
КРЕДИТНИОТ ПАЗАР НА РМ ДО КРАЈОТ НА 1990-ТИТЕ ?

Кредитниот пазар во РМ бил релативно ˶анемичен" во 2002г.заради ниското ниво


на штедење, процесот на преструктуирање, и приватизација на деловните субјекти
а консолидирањето на самите банки поради преструктуирање и модернизирање на
банките, високите кредитни каматни стапки, недоволна судска заштита, бавна
реализација на гаранциите, како и неколкуте неекономски шокови. Но постепено
исчезнувањето на овие фактори се подобрува ситуацијата и се регулира
банкарскиот систем на подобар начин и отпочнува со кредитирање на приватниот
сектор заради свртување на банките кон клиентите. Се формираат банки за
микрокредитирање, како и микрокредитни линии во стандардните производи на
големите банки со што се олеснува кредитирањето на МСП.

1. ВО ШТО РЕЗУЛТИРАЛ ПОРАСТОТ НА КОНКУРЕНЦИЈАТА НА


ПАЗАРОТ НА БАНКАРСКИТЕ УСЛУГИ ВО РМ ?

Конкуренцијата во банкарската индустрија нема доведено до голем бран на


окрупнување и меѓусебно превземање на банките.Кај група на големи банки, како и
банки каде што се влезени странски инвеститори, видлив е трендот на вложување
во нови банкарски технологии и пристап know-how од матичните банки за развој на
нови банкарски продукти. Пазарната дисциплина, транспарентноста и стриктните
супервизиски стандарди го спречува создавањето на монополски пазарни
структури. Тоа се доведува до ефикасно корпоративно управување со банките,
постојано јакнење на управувањето со ризиците, ја подобруваат репутацијата на
банките.

Со влез на странски инвеститори во банките, нов капитал и идеи се воведени во


нивното работење. Заради високиот интерес на голем број на субјекти во
вложување на банките системот е стабилен.

4
КОЈ ЈА ВРШИ И НА КОИ ПРИНЦИПИ ПОДЛЕЖАТ КОНТРОЛАТА И
СУПЕРВИЗИЈАТА НА БАНКАРСКИОТ СЕКТОР ВО РМ ?

7. КАКВИ СЕ ОВЛАСТУВАЊАТА НА НБРМ ВО ОДНОС НА


СУПЕРВИЗИЈАТА НАД БАНКАРСКИОТ СЕКТОР?

14.1.4. Контрола и супервизија на банкарскиот систем

НБРМ е регулаторно тело на банкарскиот систем и е надлежна за вршење на


супервизија на банките. Од 2006 г. применува нова метода која се нарекува
Супервизија ориентирана кон ризици која ги инкорпорирра таканаречените
Базелски принципи и практики за прудентно работење на банките како и основните
супервизорски стандарди. (А,Б,В,Г,Д). Со оваа нова метода се врши анализа на
ликвидноста на одредено физичко или правно лице врз основа на кое понатаму
банките одобруваат или не одобруваат кредит на кредитибарателите. Со тоа го
контролира нивото на ризик на банките во издавањето на кредитите. Доколку
некоја банка работи на своја рака надвор од пресметување на ризикот тогаш НБРМ
може да ја казни или да ја одземе лиценцата за работа. НБРМ има право да забрани
било какво зголемување на кредитна изложеност кај клиенти класифицирани со Б,
Г и Д, да забрани на банката да одобрува кредити на поврзани субјекти освен ако

5
тие се покриени со хартии од вредност. НБРМ постојано го унапредува
постојаниот кредитен регистер.

6. КАКОВ ВИД НА ГАРАНЦИИ ДАВА ФОНДОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ СО


ДЕПОЗИТИ ?

14.1.5 Улогата на Фондот за осигурување на депозитите

Со цел да влее доверба кај штедачите формирано е државно тело чија што
функција е гарантирање на денарски и девизни депозити, различни видови на
сметки и заштеди. Фондот ги обештетува физичките лица во целост до 10 илјади
евра, од 10 – 20 илјади евра до 90%, а над таа сума не гарантира.

КАКО Е ОРГАНИЗИРАН ПАЗАРОТ НА ПАРИ И НА КРАТКОРОЧНИ


ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ ?

14.2. Пазар на пари во Македонија

Претставува дел од финансискиот систем и опфаќа тргување со депозити и


краткорочни хартии од вредност. Основен дел од пазарот на пари е меѓубанкарско
краткорочно тргување со депозити. Тргувањето со депозити се одвива во банките
преку:

• директно
• институционален пазар на пари

Најзастапени се трансакциите со рок на доспевање со еден ден и е во почетна фаза


во својот развој,

Тргување со краткорочни хартии од вредност, се дели на издавање на:

6
благајнички записи – краткорочни дематеријализирани и преносливи
хартии од вредност, чиј регистар на сопственост е воден од НБРМ,
продажбата им е аукциска а право на учество имаат сите банки.
Фрекфенцијата на аукциите е еднаш неделно и се со рочност од 7-28 дена.
Заради краткиот рок на тргување имаат релативно мал обем на секундарниот
пазар.
државни записи – се краткорочни дематеријализирани и преносливи хартии
од вредност регистрирани кај Централниот депозитар за хартии од вредност,
во денарска противредност и по дисконтиран износ, се издаваат од
Министерство за финансии, се емитуваат од 2004г. Се продаваат аукциски , а
право на директно учество имаат сите банки во РМ а другите небанкарски
правни и физички лица може да учествуваат преку банките. Најголем број
сопственици на државните записи се од редот на небанкарските правни и
физички лица, Помал е нивниот обем на тргување, затоа што има високи
трансакциски трошоци за нивно тргување.

КОИ ЗАКОНИ ЈА СОЧИНУВААТ ПРАВНАТА РАМКА, КАКВА Е


ИНСТИТУЦИОНАЛНАТА СТРУКТУРА НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ
(ДОЛГОРОЧНИ ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ) ВО РМ ?

14.3.1. Правна рамка на платен систем во РМ

Закон за платен промет уредува платен промет во РМ, а Закон за девизно


работење во странство.

14.3.2. Институционална рамка

Креатор на политиката, како и предложувач на закони и подзаконски акти е


Министерство за финансии, паралелно со НБРМ (за подзаконските акти), која врши
надзор над законитоста. НБРМ е сопственик и управувач на интербанкарски платен
систем МИПС во кој учествуваат :

• НБРМ
• Брокерски друштва
• Банки
• Централен депозитар за харти од вредност

7
• Клириншки систем
• Трезорски систем

МИПС се користи за плаќања и сигурна електронска комуникација на банките.

8. КОИ СЕ ОСНОВНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА МИПС ?

14.3.3. Карактеристики на платен систем

НБРМ е сопственик и управува со МИПС. Учесници во МИПС се: НБРМ,


банките, брокерските друштва, Централен депозитар за хартии од вредност,
клириншки системи и Трезорски систем. Во МИПС може да има и други
учесници кои не плаќаат туку го користат системот на сигурна електронска
комуникација. Учеството во МИПС е врз база на договор и прифаќање на
правилата на работа на МИПС а истите се пропишани од НБРМ.. МИПС почнал да
фунцкионира 2001г. Платниот промет во РМ се извршува преку банките а
порамнувањето во МИПС. Основни карактеристики на МИПС се:

• бруто основа во реално време


• порамнетите плаќања се неотповикли
• порамнување
• редови на чекање (плаќања кои не можат да се извршат поради недостаток на
покритие на плаќачот)
• секоја банка има можност за следење на својата состојба во МИПС
• се применуваат електронски документи и електронски потпис
• опција за водење на повеќе сметки за еден учесник и за работење со мрежи
• поврзани се со Централен депозитар за хартии од вредност
• се вршат кредитни и дебитни трансакции

Основни функции на МИПС:

• извршува меѓубанкарски плаќања


• извршува плаќања за НБРМ
• плаќања со странски валути,
• плаќања со банкарски записи и други работи поврзани со монетранта
политика

8
КИБС

Меѓубанкарските плаќања алтернативно може да се извршуваат и преку КИБС


(клириншки интербанкарски систем АД со слична функција).

9. КОИ ЗАКОНИ ЈА СОЧИНУВААТ ЗАКОНСКАТА РАМКА СО КОЈА Е


РЕГУЛИРАН ПАЗАРОТ НА ДОЛГОРОЧНИ ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
ВО РМ ?
КОИ ЗАКОНИ ЈА СОЧИНУВААТ ПРАВНАТА И
ИНСТИТУЦИОНАЛНАТА РАМКА НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ
(ДОЛГОРОЧНИ ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ) ВО РМ ?

Освен банките постојат и специјализирани институции за слевање на паричните


текови. Граѓаните можат да ги депонираат своите пари како штедни влогови, да
вложуваат во акции, обврзници, а деловните субјекти можат да позајмат пари за
некое инвестирање од банките но исто така можат да издадат акции или хартии од
вредност и на тој начин да соберат пари за инвестирање.

14.4. Пазар на капитал, долгорочни хартии од вредност во РМ

Освен депонирање на парите во банките може да се купат и хартии од вредност.


Наместо деловните субјекти да бараат кредити од банките тие можат да издадат
акции. Така да местата каде што се сретнува понудата и побарувачката на акции се
нарекува пазар за долгорочни хартии од вредност.

9
КОИ ЗАКОНИ ЈА СОЧИНУВААТ ПРАВНАТА И
ИНСТИТУЦИОНАЛНАТА РАМКА НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ
(ДОЛГОРОЧНИ ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ)

14.4.1. Правна рамка на пазарот на капитал

Регулиран е од 3 закони.:

• Закон за хартии од вредност


• Закон за инвестициони фондови
• Закон за девизно работење

Со овие закони се уредени следниве прашања:

- начин на организирање на пазарот

- правила за влез и излез од пазарот

- положба и ингеренции на регулаторното тело

- правила и процедури за учество на домашни и странски правни или физички лица


во тргување на тој пазар

- обврски на учесниците

10. КОИ ИНСТИТУЦИИ ПРИПАЃААТ ВО ИНСТИТУЦИОНАЛНАТА


РАМКА НА ДОЛГОРОЧНИ ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ ВО РМ ?

14.4.2. Институционална рамка на пазарот на капитал

http://mk.wikipedia.org/ пазар на капитал

Министерство за финансии – креира политика и подготвува предлози за закони

11. ШТО ОПФАЌА ОВЛАСТУВАЊЕТО НА КОМИСИЈАТА ЗА ХАРТИИ


ОД ВРЕДНОСТ ?
1. Комисија за хартии од вредност – ги спроведува: Закон за хартии од
вредност. Претставува регулаторно тело на пазарот на капитал. Одговорна е
за законитоста и за ефикасното функционирање на пазарот на капитал и за
заштита на правата на инвеститорите. Комисијата функционира сако
самостојно и независно регулаторно тело, со својство на правно лице и со

10
јавни овластувања а одговорна е за спроведување на законите од оваа област,
како и на подзаконските акти. Комисијата е составена од претседател и шест
членови. Разрешувањето го прави Собранието на РМ. Таа врши контрола:
- на сите учесници во работењето со хартии од вредност
– заштита на правата на инвеститорите
• Одговорни за спроведување на Закон за хартии од вредност, Закон за
инвестициони фондови и Закон за преземање на акционерски друштва.
Комисијата прави контроли : редовни и вонредни, целосни и делумни,
теренски и вонтеренски. Два пати годишно ги контролира сите улесници на
пазарот на долгорочни хартии од вредност (Берза, банки, Централен
депозитар). При неправилности може привремено или трајно да ја одземе
дозволата за работа.
2. Македонска берза за долгорочни хартии од вредност – се тргува со хартии
од вредност и тука се сретнува понудата и побарувачката на хартии од
вредност.. Основана е 1995 г.
Македонска берза за хартии од вредност АД Скопје — посредничка
финансиска институција воМакедонија. Таа е организирана
како акционерско друштво со седиште во Скопје и се занимава со
организација, извршување и регулирање на трговијата со хартии од
вредност. Таа е прва и единствена финансиска институција од ваков тип
во историјата на Македонија, а нејзиното работење се заснова врз Законот за
хартии од вредност.

Македонската берза е акционерско профитно друштво а како нејзини акционерите


се јавуваат 6 банки, 9 брокерски куќи, едно осигурително друштво и две физички
лица.[4] Со Македонската берза раководи главниот извршен директор, кому
непосредно му помагаат Советникот на управата (кој раководи со Дирекцијата за
општи и административни работи) и правните советници од Дирекцијата за правни
работи и членство. Едно ниво подолу во организациската хиерархија се наоѓа
извршниот директор, во чија надлежност е Дирекцијата за информатичка и
техничка поддршка, а исто така, нему му одговараат и директорот на Секторот за
деловни операции.[5]
Основачкиот капитал на Македонската берза изнесува 500 000 евра. Тргувањето со
хартиите од вредност кои котираат на берзата се врши преку официјалниот и
неофицијалниот пазар. Одредена хартија од вредност за да биде воведена на
официјалниот пазар и за да биде предмет на купопродажба треба да задоволи
одредени општи и посебни услови, кои се дефинирани со Правилникот за котација

11
на хартии од вредност на Македонската берза. Цел на Берзата, во рамките на своето
работење е да обезбедува:

• Законитост во тргувањето со хартии од вредност;


• Почитување на правилата на Берзата од страна на сите учесниците во
работењето
• Заштита на интересите на учесниците на Берзата и
• Информирање на јавноста за прашањата значајни за работата на Берзата.

ВИДИ Wikipedia Македонска берза за хартии од вредност

3. Централен депозитар за хартии од вредност – е централна база во која во


електронска форма се запишани податоците за издадените хартии од
вредност, за правата на имателите на тие хартии. Исто така врши
порамнување на сметките и водење на регистер за издадените хартии од
вредност. Централен депозитар на хартии од вредност претставува
претставува акционерско друштво со седиште во Скопје чија основна дејност
е да води евиденција за сопственоста на хартиите од
вредност во Македонија. На 20 февруари 2001 година, Владата на Република
Македонија му дала овластување на Заводот за платен промет да ги преземе
сите мерки и активности за воспоставување Централен депозитар на хартии
од вредност кој ќе води евиденција за сопственоста на
[1]
сите акции и обврзници во Македонија. Притоа, кон крајот на 2001 година
започнал процесот на претворање на постоечките акции (кои биле во
хартиена форма) во дематеријализирани акции. Основа за процесот на
дематеријализација на акциите биле акционерските книги кои се водат во
секое акционерско друштво. На тој начин, акциите престанале да постојат во
материјална, хартиена форма и биле регистрирани на сметките за хартии од
вредност кои ги имаат сопствениците на хартии од вредност. Оттогаш,
хартиите од вредност се водат во Регистарот на хартии од вредност кој се
наоѓа во Централниот депозитар на хартии од вредност и кој претставува
единствена важечка евиденција за издавање и за сопственост на хартиите од
вредност. Исто така, Централниот депозитар на хартии од вредност е
одговорен и за сигурно порамнување на трансакциите со акции и обврзници,
склучени на Македонската берза на хартии од вредност, кои се вршат според
принципот на "испорака наспроти плаќање".

12
14. КОЈ МОЖЕ ДА ФОРМИРА БРОКЕРСКО ДРУШТВО ВО РМ ?
4. Брокерски куќи – се субјекти кои тргуваат со долгорочни хартии од
вредност. Некои банки имаат свои брокерски куќи. За нивна работа потребна
е одобрение од Комисијата за хартии од вредност. На пазарот во РМ
функционираат повеќе специјализирани брокерски куќи, како и неколку
банки кои имаат посебни дирекции за работа со долгорочни хартии од
вредност. Учество на странски капитал во основната главнина на
брокерските куќи во РМ е релативно ниско.

15. ШТО ПРЕТСТАВУВА ОТВОРЕН А ШТО ЗАТВОРЕН


ИНВЕСТИЦИОНЕН ФОНД ?

5. Инвестициони фондови – се посебни ентитети. Тргнувајќи од неспорниот


факт за повеќекратните позитивни ефекти од дејствувањето на
институционалните наспроти индивидуалните инвеститори, иРепублика
Македонија се определи за прифаќање на овој вид финансиски институции
во својот систем. Тоа е сторено со Законот за инвестиционите фондови, на
чие донесување му претходeла неколкугодишна работа од страна на
експертска група, формирана во рамките на Комисијата за хартии од
вредност на Република Македонија.
Во Законот за инвестиционите фондови, инвестициониот фонд се дефинира како
здружување на парични средства наменети за вложувања во хартии од вредност,
парични депозити и други средства, кои средства се прибираат од вложувачите
преку јавен повик за продажба на документи за удел кај отворените, односно акции
кај затворените фондови, со кои за сметка на вложувачите управува друштвото за
управување со фондови (член 4 од Законот за инвестиционите фондови).[2] Значи,
се работи за модел на индиректно вложување, кога заинтересираните вложувачи не
вложуваат директно во хартии издадени од трговски друштва или други субјекти,
туку тоа го прават посредно, преку вложување во инвестиционен фонд кој
понатаму вложува во нивно име и за нивна сметка кај затворениот фонд или во
свое име, а за нивна сметка кај отворениот фонд.

Се делат на:
• отворени инвестициони фондови – за инвестирање на парични средства
прибрани од инвеститори на јавни аукции, а со кои за сметка на
инвеститорите управува друштво на управување со фондови. Отворените
фондови немаат својство на правно лице, континуирано издаваат документи

13
за удел и документите за удел се откупливи, односно фондот е обврзан да ги
откупи документите за удел во секое време кога тоа ќе биде побарано од
страна на нивните иматели. Бидејќи односите меѓу фондот и вложувачите кај
отворените фондови најчесто се уредуваат со договор, овие фондови се
познати како договорни фондови. Сопствениците на документите за удел во
договорните фондови немаат никакви гласачки права во поглед на
прашањата сврзани со работењето на фондот.

затворени инвестициони фондови – АД деловни субјекти со цели исти како


отворените инвестициони фондови. Затворените фондови се основаат како правни
лица, односно како акционерски друштва, издаваат акции и слично како останатите
акционерски друштва, со закон им е забрането да вршат откуп на сопствените
акции и нивните акции котираат на берзи или на други регулирани пазари на
капитал, а на акционерите им се даваат одредени гласачки права. Бидејќи се
формираат како правни лица, тие се среќаваат како корпоративни фондови,
инвестициони компании и сл. Договорната форма на инвестиционите фондови е
карактеристична за Германија и Велика Британија, корпоративната форма се
среќава воСАД, додека во практиката на Франција познати се обете форми.
Покрај споменатите, се среќаваат и фондови со фиксно портфолио и фондови со
флексибилно портфолио. Се работи за тоа дали со статутот и проспектот за
оснавање на фондот ќе се дозволи инвестирање само во точно определени хартии
(акции, обврзници или други) или пак на друштвото за управување ќе му се остави
поголема слобода во изборот на хартиите во кои таа може да вложува. Во
развиените пазарни економии се сретнуваат и специјализирани фондови кои
вложуваат само во точно определени стопански гранки (авиокомпании,
фармацевтска индустрија, компјутерска индустрија и други)

6. Друштва за управување со фондови – АД деловни субјекти, кои
управуваат со инвестиционите фондови. Нивната работа е уредена со Закон
за инвестициони фондови.

14
КОИ СЕ ОСНОВНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПАЗАРОТ НА
КАПИТАЛ ВО РМ

14.4.3. Карактеристики на пазарот на капитал во РМ

17. НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ИНФОРМАЦИСКАТА АСИМЕТРИЈА КОЈА СЕ


ПОЈАВИЛА ШТО ПРИВАТИЗИРАНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА КОИ
ПОМИНУВАЛЕ НИЗ ПРОЦЕСОТ НА ПОСТПРИВАТИЗАЦИОНА
СПОСТВЕНИЧКА КОНСОЛИДАЦИЈА ВО РМ ?

Пазарот на долгорочни хартии од вредност постојано се развива. Моделот на


приватизација во РМ (не бил од типот ваучерски модел) и тоа довело до отсуство
на инвестициони фондови а тоа резултирало со неповолен за развој на пазарот за
хартии од вредност. Затоа долго време не постоеле активни домашни инвестициони
фондови. Во РМ имало инсајдерска приватизација и државата останала долго време
сопственик на многу претпријатија. Од тие причини акциите на берзата се појавиле
касно. Во постприватизационата фаза почнало да се врши окрупнување на бројот
на акции. Последиците кои се појавиле од моделот на приватизација биле:

берзата била раководена од финансиски мотиви и можност законски да се


превземе доминација во претпријатијата;
постоење на асиметрични информации за купувачите на акции кои ги
ширеле раководствата на претпријатијата од причина што не им било од
интерес податоците за нивното работење да бидат во јавност;
финансирањето на работата на приватизираните претпријатија се одвивало
исклучиво преку кредити, а не со емисии на хартии од вредност.

Раздвижувањето на пазарот за долгорочни хартии од вредност започнува од 2005 г.


и тоа заради:

1. присуство на странски инвеститори


2. пораст на цените на акциите
3. раздвижување на пазарот на капиталот

Во 2007 г. опаѓа интересот за купување на хартии од вредност, заради пад на


цената на акциите.

На пазарот на долгорочни хартии од вредност покрај акции се тргува и со


обврзници. Емитирани се неколку емисии државни обврзници:

државни обврзници за замрзнати штедни влогови

15
државни обврзници за денационализација со рок на доспевање 10 години

Индивидуални инвеститори се главни учесници на овој пазар. Продажбата на


коорпоративните хартии од вредност се врши по пат на јавна понуда, со
непосредна спогодба со познат купувач. Започнато е запишување и уплата на
хартии од вредност на примарниот пазар се одвива во самите АД друштва но не и
преку берзата.

КОИ ЗАКОНИ ЈА СОЧИНУВААТ ПРАВНАТА РАМКА, КАКВА Е


ИНСТИТУЦИОНАЛНАТА СТРУКТУРА И КОИ СЕ ОСНОВНИТЕ
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОСИГУРУВАЊЕТО И ПЕНЗИСКОТО
ОСИГУРУВАЊЕ ВО РМ ?

14.5. Осигурување и пензиско осигурување во РМ

14.5.1. Правна рамка на осигурителниот пазар

Правната рамка на овој пазар кој го сочинуваат друштвата за осигурување и


осигурително брокерските друштва се следниве закони:

Законот за супевизија на осигурувањето усогласен со Меѓународна


асоцијација на осигурителни супервизори
Закон за задолжително осигурување во сообраќајот, кој е усогласен со
законите во ЕУ
Закон за облигациони односи и
Закон за трговски друштва

Пензискиот систем во РМ е уреден со

Законот за пензиско и инвалидско осигурување – ја утврдува структурата


на тристолбниот пензиски систем;
Закон за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување –
основање и работа на друштва за пензиско осигурување, нивно управување,
членување, известување, проценка на средства, како и формирање на
МАПАС (Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско
осигурување)
Подзаконски акти

16
20. КОЈ ДРЖАВЕН ОРГАНЕ ЗАДОЛЖЕН ЗА КРЕИРАЊЕ НА
ПОЛИТИКАТА И ЗА ПОДГОТОВКАТА НА ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИОД
ОБЛАСТА НА ОСИГУРУВАЊЕТО ВО РМ ?

14.5.2. Институционална рамка на осигурителниот пазар

Институции на осигурителниот пазар се:

1. Министерство за финансии – ја креира политиката, подготвува законски


прописи. Се уште не постои посебна институција регулатор на пазарот, но
постои подготовка за формирање на независно тело за супервизија со правна
сила и со инструменти супервизија, во меѓувреме таа функција ја има
Министерство за финансии.
2. Осигурителни друштва – основни субјекти на осигурителниот пазар, со
доминација на приватен капитал. Се делат на два вида:
Друштва за осигурување (едно врши осигурување на живот а другите
осигурување на неживотно осигурување)
Брокерски друштва – вршат осигурителни брокерски работи
3. Министерство за труд и социјална политика – креира подготовка на
закони и подзаконски акти во област на пензиско осигурување.
• МАПАС (Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско
осигурување) е регулаторно тело во областа на пензиското осигурување,
врши супервизија на работењето на друштва за управување со пензиските
фондови и заштита на членовите.
4. Фонд на пензиско и инвалидско осигурување – го спроведува пензиското
и инвалидско осигурување, како и наплата на придонеси на двата столба
како и распределба на средства меѓу двата столба. Двете друштва имаат
одобрение за управување со пензиски фонд и со по еден приватен фонд во
траење од 10 години. Основани се во 2005 г. Во првите 5 години чувар на
средствата од пензискиот фонд ја има НБРМ.

14.5.3. Карактеристики на осигурителниот пазар во РМ

18. КАКВИ ВИДОВИ ПЕНЗИСКИ ФОНДОВИ СЕ ФОРМИРАНИ СО


РЕФОРМИТЕ НА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ ВО РМ ?

19. ВРЗ КОЈ ПРИНЦИП СЕ БАЗИРА ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ ?

Овој пазар има мал број на субјекти (осигурителни друштва), но имаат добра
структура. Со Законот за супервизија на осигурувањето е овозможена

17
либерализација на осигурителниот пазар и постојат услови за привлекување на
странски капитал. Со овој закон се поставуваат стриктни правила за управување со
ризикот.

Друштво за осигурување може да се формира како АД со седиште во РМ од


странски и домашни физички и правни лица и за тоа е потребна дозвола на Мин. за
финансии.

Во 2000 г. во пензиското осигурување поставени се основите на ново пензиско


осигурување како тристолбен пензиски систем, кој е дел од социјалното
осигурување.

• Првиот столб е задолжителен – тоа е државниот Фонд на пензиско и


инвалидско осигурување, кој функционира врз принцип на тековно
финансирање. Во овој столб ќе се исплаќаат пензии.
• Вториот столб е задолжителен и се базира на принцип на капитално
финансирано пензиско осигурување. Во негови рамки функционираат две
друштва кои управуваат со по еден приватен фонд. Тие приватни фондови се
формирани 2005 г. и имаат одобрение за работа 10 г. Двете друштва се со
мешовит капитал (странски 51% и домашен). Во овој столб ќе се исплаќаат
придонеси како доживотни ануитети. Можно е и повлекување на членот.
• Третиот столб – ќе биде доброволен и ануитетите ќе се исплаќаат во договор
со секој осигуреник.

14.6. Други небанкарски финансиски пазари и инструменти во РМ

Структурата на финансиските пазари и инструменти во РМ се уште не се доволно


диверзифицирани. На пазарот постојат банки осигурителни друштва кои нудат
традиционални банкарски и осигурителни услуги. Иако им е дозволено тие не
вршат:финансиски лизинг и факторинг. Овие активности се регулирани со Законот
за облигациони односи и Закон за трговски друштва.

14.6.1. Финансиски лизинг

Во 2002г. е донесен Закон за лизинг со кој се регулираат основните принципи за


вршење на лизингот како и слобода на договарање на услугата. Лизинг може да
даваат друштва или подружница на странско друштво, а дозвола добиваат од
Министерство за финансии. Добивањето на дозволата е едноставна и брза и е
регулирана со Правилник за начинот на условите за добивање дозвола за вршење
финансиски лизинг. Со законот се обезбедува сигурност на давателите на услугите

18
за обезбедување на наплата на побарувањето со можност за раскинување на
договорот и за враќање на предметот од корисникот (ако го користи несоодветно
или отиде под стечај). Постои и сигурност на корисникот во случај на ненавремена
испорака или неиспорака, како и преку задолжителна регистрација на предметот на
лизинг од страна на давателот на услугата.

14.6.2. Факторинг

Во РМ нема посебна регулатива за факторинг, но не постојат пречки за обавување


на таква активност која би се обавувала според Законот за облигациони односи.
Согласно Законот за девизно работење резидентите можат да вршат факторинг со
нерезиденти. Овој инструмент е слабо развиен во РМ.

Факторинг (англиски: Factoring) претставува финансиска активност со која една


фирма ги продава своите побарувања од купувачите на финансиски посредник -
фактор (банка, финансиско друштво итн.) по намалена (дисконтирана) вредност, а
потоа факторот ги наплатува побарувањата од должниците.

Договорот за факторинг[1] се дефинира како договорен однос помеѓу една страна —


добавувач (клиент) и друга страна — финансиски посредник (фактор) според кој:

• клиентот со попуст (дисконт) му ги пренесува на факторот своите недостасани


парични побарувања, а кои произлегуваат врз основа на договори за продажба
на стока или услуги помеѓу него — клиентот и неговиот купувач (должник),
• а факторот се обврзува за соодветен надомест да прифати да ги наплати тие
побарувања, доколку смета дека платежната способност на должниците на
клиентот е добра, со известување на должниците за таквиот пренос, без оглед
дали клиентот или факторот го сносат ризикот за наплата на тие побарувања.

Битен услов за постоење на договорот за факторинг е известувањето на должникот


за преносот на побарувањата. Имено, продавачот на побарувањата (клиентот) треба
да го извести својот должник дека побарувањата му ги пренесол на факторот, иако
известувањето може да го изврши и самиот фактор. Инаку, договорот за факторинг
има потраен карактер, бидејќи тој може да се однесува не само постоечките
недостасани побарувања, туку и за пренос на идните побарувања. Сепак, најчесто
договорот за факторинг се склучува за одреден временски период и тој ги вклучува

19
сите парични побарувања што ги има клиентот, а не само одредени поединечни
побарувања или трансакции
Кај договорот за факторинг се среќаваат елементи на следните договори:

• Цесија
• Комисион
• Емство
• Застапување
• Договор за дело[8]
• Преддоговор врз основа на кој се склучуваат главни договори или рамковен договор врз
основа на кој се склучуваат идни поединечни договори за пренос на краткорочни
нестасани парични побарувања.
• Продажба на побарувања.

14.6.3. Брз трансфер на пари

Во 2003г. во РМ е донесен Закон за вршење на услуги брз трансфер на пари и ја


вршат трговски друштва регистрирано согласно Законот за трговски друштва.
НБРМ дава дозвола за работа. Таквите друштва мора да исполнуваат посебни
услови.

20

You might also like