You are on page 1of 4

Банкарско работење 2 тема прашања и одговори

1. Како би ја дефинирале централната банка?


- Централната банка претставува институција која има големо влијание во една економија
поради улогите и функциите кои ги извршува. За таа цел, се наметнува потребата за
дефинирање на централната банка и разбирање на нејзините улоги и функции. Централната
банка може да се дефинира како независна институција која е одговорна за креирање и
спроведување на монетарната политика, регулирање на банкарскиот сектор и институција која
има влијание врз економскиот раст и развој.

2. Кои се општите цели кои треба да ги исполни централната банка?


- Монетарна стабилност;
• Финансиска стабилност;
• Ефикасно функционирање на платните системи.

3. Објаснете ги трите модели за управување со централната банка;


- • Моделот на компанија – Одборот на централната банка е составен од еден или повеќе
внатрешни директори и голем број надворешни директори кои не се постојано вработени.
Одговорноста за банката е преку Одборот;
• Моделот на супервизија – е модел каде што централната банка има два одбора, и тоа
Оперативен одбор и Одбор за одговорност (отчет). Оперативниот одбор е управуван од
гувернер кој е внатрешен вработен во централната банка. Одборот за одговорност е одбор кој
го следи работењето на централната банка;
• Моделот во куќа (in-house) – е модел според кој постои еден одбор каде што се назначени
(full-time) лица од човечките ресурси на централната банка. Назначените во Одборот имаат
одговорност за управување со различни сектори на институцијата.

4. Дали централната банка реализира активности со пошироката јавност?


- Не.

5. Објаснете ги функциите на централната банка;


- Печатење на пари – Централната банка има ексклузивно право, односно монопол, да печати
книжни и ковани пари. Одлуката за пуштање во оптек и повлекување од оптек на книжните и
кованите пари се носи од страна на централна банка;
- Реализира активности за потребите на државата – Централната банка има функција да
реализира активности за државата исто како што комерцијалните банки реализираат
активности за пошироката јавност.
- Чувар на резерви на банкарскиот сектор – Секоја банка има обврска да чува дел од својот
капитал во форма на резерви во централната банка. Па, така, централната банка извршува и
функција на чувар на резерви на комерцијалните банки;
- Одржување на нивото на девизни резерви – Со девизните резерви на една економија,
централната банка има можност да ја регулира нерамнотежата која може да настане во
платниот биланс. Исто така, со девизните резерви централната банка може да влијае на
стабилноста на домашната валута и да влијае на нерамнотежа која може да постои на
девизниот пазар. Девизните резерви имаат за цел да обезбедат и ликвидност на глобалните
пазари;
- Порамнување на меѓубанкарските трансакции – Во платниот систем на една економија
централната банка ја извршува функцијата за порамнување на трансакциите помеѓу банките;
-Контрола на финансиските пазари и понудата на пари во економијата – Преку промена на
висината на пари во економијата (зависно од насоката на монетарната политика), централната
банка може да влијае на висината на каматните стапки во економијата;
- Супервизија и надзор над работењето на банките – За да се обезбеди стабилност во
финансискиот систем, како и да се осигура адекватното работење на банките, централната
банка врши супервизија на работењето на банките.
- Одржување на стабилен девизен курс – За да се постигне економска стабилност и
стабилност на финансискиот систем потребно е да постои стабилен девизен курс. Во таа
насока, централната банка има за задача да ја одржува вредноста на домашната валута на
стабилно ниво;
- Кредитор во крајна инстанца – Можноста на банките да позајмуваат средства од
централната банка се јавува поради улогата на централната банка како кредитор во крајна
инстанца. Банките кои се соочуваат со недостатокот на финансиски средства може да позајмат
средства од други комерцијални банки.

6. Зошто централната банка е кредитор во крајна инстанца?


- Поради својата улога на кредитор во крајна инстанца, централната банка е уште еден извор
за финансирање кој го имаат на располагање банките. Имено, кога банката се соочува со
краткорочни ликвидносни проблеми, може да позајми средства од централната банка.

7. Објаснете ги формите во кои централната банка може да се јави како кредитор во


крајна инстанца;
- Во улога на кредитор во крајна инстанца, централната банка може да се појави во три форми,
а тие се: кредитирање за ликвидност на поединечни банки, кредитирање на ликвидност во
пазарот и внесување на капитал во банки кои се соочуваат со проблеми.
Во формата на кредитор за ликвидност на поединечни банки, централната банка може да
дава краткорочни кредити кои се гарантирани со државни хартии од вредност.
Во рамките на втората форма како кредитор во крајна инстанца, централната банка може да
врши кредитирање за ликвидност на пазарот, со што би се намалил недостатокот на средства
во финансискиот систем во услови на некој економски шок.
Третата форма на кредитор во крајна инстанца се однесува на ситуации кога некоја банка нема
да биде во можност да продолжи со непречено извршување на своите активности и откако ќе
ги покрие краткорочните обврски (банката се соочува со влошена солвентност). Ова би
значело дека банката се соочува со проблеми во своето работење и поради тоа може да се
појави потреба централната банка да внесе свеж капитал во банката. Со внесување на
капиталот, централната банка го презема управувањето на банката која е соочена со
проблеми во своето работење.

8. Објаснете ги насоките на монетарната политика;


- Експанзивна монетарна политика;
- Рестриктивна монетарна политика;
- Неутрална монетарна политика.

9. Објаснете ги квантитативните инструменти на монетарната политика;


- Квантитативните инструменти се нарекуваат и општи алатки на монетарната политика.
Квантитативните инструменти се поврзани со количината или волуменот на парите. Овие
инструменти имаат за цел да го регулираат количеството на 37 банкарски кредити во
економијата. Преку овие инструменти централната банка влијае на кредитниот потенцијал на
банките. Некои од поважните квантитативни инструменти на монетарната политика се:
основна каматна стапка, операции на отворен пазар, стапка на задолжителна резерва, итн.
10.Објаснете го инструментот на монетарната политика – основна каматна стапка;
- Каматна стапка на централна банка претставува стапка која централната банка ја наплаќа кога
позајмува средства на комерцијалните банките. Банките може да позајмуваат средства од
централната банка за да се справат со ликвидност на краток рок или во ситуации кога имаат
тешкотии да позајмат средства од финансиските пазари. Преку зголемување или намалување
на каматната стапка, централната банка дава информација за насоката на монетарната
политика која би се спроведувала. Промената во висината на основната каматна стапка може
да се користи како инструмент за спроведување на монетарната политика бидејќи: 39 •
Промената во висината на каматната стапка влијае врз обемот на позајмување во економијата,
со што се менува понудата на пари од страна на централната банка; • Промени во каматната
стапка дава сигнали на приватниот сектор за насоката на монетарната политика; • Преку
контрола на каматната стапка, централната банка има висок степен на влијание врз каматните
стапки во економијата.

11.Објаснете го инструментот на монетарната политика – стапка на задолжителна


резерва;
- Инструментот стапка на задолжителна резерва ја покажува висината на резерва која што
банките треба да ја чуваат кај централната банка за депозитите кои што ги имаат. Бидејќи
банките вршат кредитирање со средствата од депозитната база, овој инструмент на
централната банка ѝ дава можност да влијае на кредитниот потенцијал на банките. Стапката
на задолжителна резерва е изразена како процент од висината на депозитите кои што ги има
банката. Стапка на задолжителна резерва е еден од поважните инструменти за спроведување
на монетарната политика на централната банка. Преку овој инструмент централната банка
може да влијае врз понудата на парични средства во економијата. Па, така, во услови на
експанзивна монетарна политика, централната банка ја намалува 40 стапката на задолжителна
резерва со што се зголемува кредитниот потенцијал на банките. Доколку централата банка
води рестриктивна монетарна политика, стапката на задолжителни резерви се зголемува и со
тоа се намалуваат средствата кои банките ги имаат на располагање за кредитирање.

12.Објаснете го инструментот на монетарната политика – операции на отворен


пазар;
- Политиката на отворен пазар како инструмент на централната банка ги зема предвид
активностите за купопродажба на хартии од вредност. Во рамките на овој инструмент
централната банка купува или продава државни хартии од вредност. Трансакциите за
купување и продавање на државните хартии од вредност се прават со банките или со
нефинансискиот сектор. Преку купување и продавање на хартии од вредност централната
банка има можност да влијае на понудата на парични средства во економијата. Доколку
централната банка купува хартии од вредност, тогаш го зголемува количеството на пари во
оптек преку зголемување на средствата кои ги имаат банките на располагање. Во случај кога
централната банка купува хартии од вредност, тогаш се вели дека се води експанзивна
монетарна политика. Од друга страна, при рестриктивна монетарна политика, централната
банка продава хартии од вредност
Користењето на инструментот политика на отворен пазар, наметнува потреба за постоење на
развиен финансиски пазар и исполнување на одредени услови. Некои од поважните услови
кои треба да бидат задоволени за да може да се користи инструментот се:
Добро развиени финансиски пазари каде што најголемиот дел од кредитирањето и
позајмувањето се реализира преку организирани финансиски пазари;
Постоење на голем број хартии од вредност кои што би биле соодветни за централната банка,
односно хартии од вредност кои што би ги купувалацентралната банка. Најчесто прифатливи
хартии од вредност за централната банка се државните хартии од вредност;
Финансискиот систем и финансиските пазари на економијата треба да имаат одреден степен
на независност од финансиските системи и пазари на други земји.

13. Кои се облиците во кои што може да постои независност на централна банка?
- Независност во целите
- Независност на инструментите.

14.Наведете аргументи кои ја поддржуваат независноста на централната банка;


- Одговорноста за управувањето со монетарната политика е дадена на централната банка
поради можноста истата да има висок степен на независност од политичкото влијание. Како
резултат на независноста, централната банка би 44 управувала со инфлацијата и во ситуации
кога постојат политички притисоци поради зголемувањето на висината на каматните стапки

15.Наведете аргументи кои се против независноста на централната банка .


- Најважниот аргумент против независноста на централната банка е дека најдобри ефекти за
економијата би се постигнале кога управувањето на фискалната политика и монетарната
политика е координирано. Доколку контролата на инфлацијата е цел на независна централна
банка, тогаш владата може да превзема активности кои би имале негативно влијание на
инфлацијата. Имено, владата би имплементирала експанзивна фискална политика која би
можела да влијае на инфлацијата, без стравување дека фискалната политика би била обвинета
за предизвикување на порастот на стапката на инфлација

You might also like