You are on page 1of 114

Факултет за бизнис економија

предмет

ОСНОВИ НА ФИНАСИИ
Д-р Крсте Шајноски

1
:
ЕЛЕМЕНТИ НА ФИНАНСИСКИОТ СИСТЕМ

a) Финансиски текови;

б) Финансиски механизми; и
Финансиски пазари

в) Финансиски институции; и

г) Финансиски инструменти.

2
Функции на парите

 Парите како платежно средство


 Парите како единица за пресметка
 Парите како средство за чување на вредноста
 Парите како мерка на вредноста
 Парите како средство на промет (посредник во
размената)
 Парите како благо
 Парите како средство на меѓународна размена
Монетарни агрегати
(структура)
 Се користат следните монетарни агрегати:
 1. Парична маса – М1,
 2. Ликвидни средства – М2
 3. Вкупни ликвидни средства – М3;
 4. Монетарен волумен – М4,
 5. Монетарен потенцијал - М5,

4
1. Парична маса – М1, пари
како ликвидни средства,

 - готовите пари во оптек;


 - депозитни пари;
 - средства на тековните и жиро-сметки;
 - средства за инвестиции;
 - средства за заедничка потрошувачка;
 - средства за станбена изградба;
 - останати парични средства.

5
2. Ликвидни средства – М2
 - парична маса (М1);- квази пари (штедни и други депозити);-
краткорочни ХВ;краткорочни депозити на домашни комитенти.
 M2- M1 + денарските квази пари
 Квази парите се :
• останатите депозити по видување во домашна валута,
• орочени депозити
• краткорочни ХВ на небанкарскиот сектор,
 квази парите можат да се претворат во готовина но тоа
подразбира посложена процедура и загуба на дел од
каматните приходи,
 порано M2 опфаќал и девизни депозити по видување и
краткорочни депозити, но заради замрзнатата стара девизна
заштеда тие сега се во M3

6
3. Вкупни ликвидни
средства – М3
 М3 поширок во однос на М2 и опфаќа:
 - М2;
 - средства на резервите;
 - средства за дознаки во странство;
 - средства за покритие на акредитиви;
 - останати ограничени депозити;
 - средства за купување на девизи;
 - здружени средства.

7
4. Монетарен волумен – М4
 Пошироко од М3, уште опфаќа
 М3
 долгорочни депозити, и средства
орочени преку година дена;

 Во паричната маса М4 не се вклучени


 замрзнатите девизни штедни влогови на
населението

8
5. Монетарен потенцијал - М5
 М4 +
 инструменти на пазарот на пари во посед
на приватниот сектор,
 сертификати за даночни депозити.
 Овој агрегат ги опфаќа вкупните парични
 средства.

9
ПРИМАРНИ ПАРИ- M0

 Примарните пари= монетарната база - вкупен износ на


ликвидни обврски на ЦБ спрема банките, населението и
останатите небанкарски сектори кои имаат депозити по
видување кај централната банка.
 Ги креира и емитува единствено централната банка;

 Општо се дефинира како сума на готови пари (G) во


оптек и вкупни резерви на деловните банки кај
централната банка (R):
M0 = G + R
Примарни пари М0
 Вкупната количина на примарни пари се наоѓа во
пасивата на банката, меѓутоа тековите на креирање
на примарни пари се наоѓа во активата.
Основни текови на креирање на примарни пари се:
 кредити на централната банка на деловните банки,

 кредити на централната банка на непосредните


комитенти и
 ефекти кои произлегуваат од девизниот биланс на
состојба на земјата

11
Фактори кои влијаат врз примарните
пари

Движењата во платниот биланс, т.е. девизните


трансакции со странство.
Дефицитиот во платниот биланс предизвикува намалување на девизните
средства на Централната банка, а тоа пак влијае на намалување на
примарните пари.
Суфицит во платниот биланс значи остварување на поголем прилив на
девизни средства од одлив, и тоа влијае на зголемување на нето-
девизната актива, што предизвикува зголемување на примарните пари.
Односите на државата со централната банка.
Во услови на буџетски дефицит (расходите на Државата се поголеми од
приходите) државата се задолжува кај Централната банка.
Кога државата позајмува од централната банка,- пораст на примарните
пари, а кога ги враќа позајмените пари- намалување на примарните пари.
Односите на централната банка со депозитните банки.
Одлуки за регулирање на ликвидноста на банките и стопанството
воопшто.
Монетарен мултипликатор

 M=m×RM
 m= M/RM

 Монетарниот мултипликатор претставува сооднос меѓу


паричната маса и примарните пари и покажува колкав
дел од порастот на примарните пари се трансформира
во парична маса.
 Колку е поголем монетарниот мултипликатор, толку
поголем дел од примарните пари се трансформира во
парична маса и обратно.
Фактори кои влијаат на монетарниот
мултипликатор

1. Одлуката на субјектите од небанкарскиот сектор да држат


дел од својата актива во готови пари. (Колку субјектите држат
повеќе готови пари, толку монетарниот мултипликатор е помал, бидејќи се
намалува депозитната база преку која се создава монетарна
мултипликација).
2. Одлуката на централната банка за висината на задолжителна
резерва. (Доколку централната банка ја зголеми стапката на
задолжителната резерва, тогаш банките ќе имаат помала можност за давање
на кредити и толку монетарниот мултипликатор ќе биде помал.).
3. Одлуката на депозитните банки за висината на средства што
ќе ги држат на својата жиро сметка и во каса. (Кога банките
одлучуваат зголемениот прилив на депозити да го држат на своите жиро
сметки или во каса, доаѓа до намалување на депозитните пари, што влијае на
намалување на кредитите, односно на паричната маса
Кредитна мултипликација

Најважен канал во формирањето на паричната маса


претставуваат кредитите што банките ги доделуваат на
небанкарскиот сектор.

Кредитна мултипликација претставува процес на умножување


на една во повеќе единици на кредити.

Кредитната мултипликација може да се разгледува:


на ниво на една банка - микрокредитна мултипликација и
на ниво на целиот банкарски систем – макрокредитна
мултипликација
Фактори од кои зависи
кредитната мултипликација

1.Коефициентот на враќање на доделените


кредити во депозитниот систем на банката.
(Колку е поголем одливот на средства на банката, толку е
поголемо ограничувањето на мултипликациониот процес.)
2.Од стапката на задолжителна резерва.
(Колку е поголема задолжителната резерва, толку е помала
можноста за кредитна мултипликација)

16
Коефициент на обновување на
кредитниот потенцијал
 Z=(1-r) × h

 Z = коефициент на обновување на кредитниот потенцијал


 r = коефициент на задолжителна резерва
 h = коефициент на враќање на средствата во банката

 Во случај на микрокредитна мултипликација,


коефициентот на враќање на средствата во банката
најмногу се намалува преку одлив на средства во други
банки.
 Во случај на макрокредитна мултипликација, одливот на
средства од една во друга банка нема ефект врз
коефициентот на враќање на средствата
Детерминанти на побарувачката
на пари
1.Неизвесност во предвидувањата.
(во услови на неликвидност на стопанството- претпријатијата ги
продаваат своите производи, а не се сигурни дали и кога ќе добијат
парична противвредност. Во услови на несигурност од наплата -
расте побарувачката за пари што ќе служат како резерва за
непредвидени случаи.
2. Порастот на цените е во права пропорција со потребното
количество пари.
Стабилноста на цените влијае на намалување на потребното
количество на пари
3. Финансиска структура.
Доколку финансиската структура е посиромашна, -зголемување на
побарувачката на пари и обратно,
Детерминанти на
побарувачката на пари (1)

4.Кредитен систем.
Во услови кога постои голема неизвесност во поглед на добивањето
на кредит, претпријатијата и во случаи кога имаат поголемо
количество пари на сметките од потребното, не се волни да ги
исплатуваат долговите кон финансиските институции, бидејќи не се
сигурни дали утре кога ќе им затреба кредит ќе можат навремено да го
добијат.

5. Трошоци во држењето на парите.


За земји со развиена пазарна економија, каде трошоците за држење
пари се една од најзначајните детерминанти на побарувачката на
пари.
Сопствениците на пари се определуваат во која форма ќе го држат
својот имот. Парите не носат принос
Монетарна стабилност
(рамнотежа)
 Монетарна стабилност- состојба во стопанството кога домашната
валута (пари) несметано ја обавува својата функција при што
вредноста на парите е стабилна.
 Монетарната нестабилност –состојба во стопанството каде
домашните пари не можат во потполност да ја извршуваат својата
функција , т.е вредноста на парите опаѓа или расте
 Во зависност дали монетарната нестабилност се однесува на
домашниот или странскиот пазар разликуваме:
 1. Внатрешна монетарна стабилниост/нестабилност
 (стабилна куповна моќ на парите /инфлација&дефлација
 2.Надворешна монетрана стабилност/нестабилност
 (стабилен девизен курс / девалвација&ревалвација

20
Опаѓање на вредноста на парите-
инфлација

Инфлација- состојба кога глобалната парична


побарувачка е поголема од глобалната стоковна
понуда на пазарот и како резултат има општ пораст на
цените и намалување на куповната моќ на парите.
Зголемената понуда на пари предизвикува зголемена побарувачка на
стоки и услуги.
При неизменети други фактори, зголемената побарувачка на стоки и
услуги доведува до пораст на цените.
Зголеменото ниво на цени влијае на намалување на куповната сила
на парите, бидејќи со иста количина на пари, при покачени цени, ќе
купиме помала количина на стоки.
Видови инфлација
 1. Инфлација предизвикана од зголемената побарувачка и
инфлација предизвикана од зголемените расходи/трошоци

• Ниска инфлација (3-5%), Умерена (10%) Галопирачка 200 % и


hiринфлација-од неколку стотини до неколку илјади пати
Очекувана и неочекувана инфлација

Балансирана и небалансирана инфлација

22
Анти-инфлаторна политика
Два принципа за спроведување на антиинфлаторна политика.
1.Принцип базиран на Кејнсијанската теорија,
2. Принцип базиран на монетарната теорија.

Кенјнсијанската теорија -државата да ја стимулира вкупната


побарувачка, на тој начин што ќе го зголеми откупот од
стопанството , со што ќе се зголеми роизводството. Зголеменото
производство ќе предизвика зголемување на понудата на стоки и
услуги, а тоа пак ќе предизвика намалување на цените.
Антиинфлаторната политика на монетаристите-намалување на
паричната маса. Преку намалување на државните расходи,
ограничување на социјалните програми, зголемување на даноците,
замрзнување на платите, т.е. водење на рестриктивна монетарно-
кредитна политика.
Државите повеќе го применуваат монетаристичкиот принцип за
совладување на инфлацијата.
Пораст на вредноста на
парите-дефлација

 Дефлацијата -состојба во економијата, кога


стоковните фондови ги надминуваат паричните
фондови, поради што доаѓа до опаѓање на општото
ниво на цени и пораст на вредноста на парите.

 Намаленото ниво на цени влијае на зголемување на


куповната сила на парите, - со иста количина на пари, при
намалено ниво на цени, купуваме поголема количина стоки.
 Во периоди на дефлација доаѓа до опаѓање на агрегатната
побарувачка, што предизвикува пад на производството и
следствено стагнација или опаѓање на економската
активност и зголемување на невработеноста.

Видови дефлација
 Според интензитетот дефлацијата може да биде:
 умерена дефлација – состојба кога агрегатното ниво
на цени опаѓа благо, околу 1 %, во траење од неколку
квартали.
 умерена, но перзистентна дефлација – состојба
кога благата инфлација станува упорна, односно се
одржува неколку години.
 силна и перзистентна дефлација – проследена со
големо опаѓање на производството и со висока стапка
на невработеност (пример Големата Депресија од
1929-1933).
25
Монетарно кредитна политика
 Монетарната политика-дел од економската политика на
една земја.
 Главната цел на МП - одржување на ценовна
стабилност.
 Ценовната стабилност- годишен пораст на
Хармонизираниот Индекс на потрошувачките цени до 2%.

 За остварување на оваа цел централните банки користат


квантитативни и квалитативни (селективни)инструменти
на монетарната политика.
А. Квантитативни инструменти

 Со овие инструменти се влијае врз кредитниот потенцијал на


банките и преку тоа индиректно врз паричната маса.
 ЦБ со помош на овие инструменти дејствуваат врз обемот на
кредитниот потенцијал на комерцијалните банки, а со тоа и врз
кредитната мултипликација и врз масата пари во оптек.
 Главни квантитативни инструменти се:
 1.1. Операции на отворен Пазар
 1.2. Задолжителна резерва
 1.3 Каматна политика (есконтна стапка)
 1.4 Инструменти на интервенции во крајна инстанца

Политика на отворен пазар

 ЦБ учествува на финансиските пазари преку


 А)директно купување и продавање на хартии од вредност
 Б)аукции на кредити
 В)девизни своп транскации.
 Г)операции на фино регулирање (прилагодување)

 Кога ЦБ купува хартии од вредност таа врши емисија на пари, а кога


продава хартии од вредност таа повлекува пари од оптек.
 Затоа што е недоволно количеството на државни хартии од вредност, НБ
врши купопродажба на свои хартии од вредност > благајнички записи.
Дисконтна политика
Во услови на рецесија, се намалува дисконтната стапка, кредитот
станува поефтин и се зголемува интересот на комерцијалните
банки да позајмуваат од централната банка, што води и кон
зголемување на кредитите што банките им ги даваат на своите
коминтенти.
 Краен ефект е зголемување на паричната маса.

 Овој инструмент се користи во земјите кои се на понизок степен на


стопански развој и земјите со недоволно развиен финансиски
пазар.
 Во развиените индуструиски земји, кои по правило имаат високо
развиен и организиран финансиски пазар- примарна улога има
инструментот – политика на отворен пазар.
3. Политика на
задолжителна резерва

 За разлика од дисконтниот механизам и операциите на


отворен пазар, со кои првенствено се влијае врз монетарната
база, т.е. врз примарната емисија, со овој инструмент
првенствено се влијае врз монетарниот мултипликатор, а
преку неговите промени, врз паричната маса.

 Централната банка преку политиката на задолжителни


резерви пропишува стапка, односно процент од депозитите
на комерцијалните банки, кој овие се должни да го држат како
резерва во централната банка.
Б. Квалитативни(селективни)
инструменти

 Со квалитативните инструменти се настојува да се


насочат кредитите во одредени области, односно
гранки во стопанството.

 Селективната кредитна политика особено се


применува во земјите во развој кои имаат структурни
проблеми во стопанството, поголема побарувачка за
кредити од понуда, сиромашна финансиска структура.
Најчесто со селективната кредитна политика се
настојува да се поддржи земјоделството и извозот.
Монетарни стратегии

 За остварување на главната цел – ценовната


стабилност, централните банки употребуваат
неколку видови стратегии:
1. Стратегија на монетарно таргетирање;
2. Стратегија на таргетирање на девизниот курс;
3. Стратегија на таргетирање на инфлацијата и
4. Стратегија на валутен одбор
Стратегија на монетарно
таргетирање
 Оваа стратегија -монетаристичкиот пристап за местото, улогата и влијанието на
парите во стопанството.
 Остварувањето на стабилноста се реализира со прифаќање на паричната маса
за номинално сидро во економијата.
 При проекцијата на порастот на паричната маса се поаѓа од планираната
стапка на инфлација што се посакува да се оствари во наредниот период.
 Потоа се проценува побарувачката за пари при планираното ниво на
 инфлација.
 Утврдувањето на годишниот монетарен таргет -краткорочните остварувања на
стопанството во тековниот период:
 фазата на стопанскиот циклус во која се наоѓа стопанството; тековната стапка
на инфлација; девизниот курс; каматните стапки; состојбата во билансот на
плаќањата; динамиката на порастот на
 тековната понуда на пари и сл.

33
Стратегија на монетарно
таргетирање
 Стратегијата на монетарно таргетирање нема цел
стабилизирање на девизниот курс или на каматните стапки
 Предуслов за примена на оваа стратегија е да постои
стабилна побарувачка на пари. Но, побарувачката на пари во
земјите во развој и во економиите во транзиција е
нестабилна катеорија. Нестабилната побарувачка на пари ја
ослабнува врската меѓу монетарниот агрегат кој се
контролира и инфлацијата.
Во Р.М. оваа стратегија се применуваше од монетарното
осамостојување до 1995 година.
2. Стратегија на таргетирање на
девизниот курс

Оваа стратегија се заснова на одржување на фиксна вредност


на домашната валута, во однос на една или повеќе странски
валути.
 Ова стратегија е многу ефикасна за брзо намалување на
инфлацијата во земји кои се соочуваат со високи стапки на
инфлација. Со врзување на својата валута за некоја стабилна
валута, за многу брзо време инфлацијата се сведува на ниво
на земјата за чија валута е врзана домашната валута.
 Оваа стратегија е најпогодна за малите и отворени економии,
каде што девизниот курс претставува најважна економска
варијабла, преку која монетарната политика може да ја
реалзира основната цел.
3. Стратегија на
таргетирање на инфлација

ЦБ - примарна долгорочна цел да е ниската инфлација.


 Предуслови за примена на оваа стратегија се следниве:

• ЦБ да има кредибилитет во јавноста-јавноста да и верува


• ЦБ да биде независна и самостојно да ја одредува крајната
цел.
 Главна предност -се дозволува на ЦБ поголем простор за
водење на поавтономна монетарна политика. -овозможува
насоченост на монетарната политика кон домашните цели и
соодветна реакција на шоковите во домашната економија.
 Главниот недостаток настанува доколку цените растат
предизвикани од неекономски фактори, каде што централната
банка тешко може да го спречи тој пораст и да и го објасни на
јавноста.
Факултет за бизнис економија

ФИНАНСИСКИ
ИНСТРУМЕНТИ

37
Меница-поим и суштина
 Меницата претставува ХВ во форма на безусловна
наредба на трасантот упатена на трасатот да се
исплати одреден паричен износ на ремитентот, кој е
наведен на меницата или на самиот трасант
 Субјекти :
 Трасант – лице која ја издава меницата и налогот
 Трасат –лице на кого му се упатува налогот да ја
исплати сумета наведена во меницата
 Ремитент- лице на кого му се исплаќа износот наведен
во меницата –имател на меницата

38
Функции(улоги) на меницата
 Mеницата е средство за плаќање
 Меницата е средство за обезбедување на
плаќање
 Mеницата е средство за есконтирање&
кредитирање

39
Сличности и разлики со
меницата
 Сличности: ХВ наменети за стоково-парична циркулација во
која е постои обврска за исплата на одредена сума пари
 Разлики:
 Ч - инструмент за плаќање// М за обезбедување /кредитирање
 Циркулацијата на Ч-кратка// на М до 1 година
 Ч- ХВ на доносител// М -ХВ првенствено по наредба
 Ч-во време на издавање на Ч-мора да има покритие//М-не
мора
 Ч-тужба за издавање чек без покритие/М-нема таква тужба
 Ч-нема акцептирање, акцептант/ниту протест за
неакцептирање

40
Дополнителни форми на
пресметковни плаќања

 Покрај главните форми преку кои се реализира


платниот промет-жиралниот и клириншкиот
промет-постојат и дополнителни форми:

 - Компензација
 - Цесија
 - Асигнација

41
Компензација

 Компензацијата претставува начин на


измирување на обврските што ги имаат
меѓусебно две лица.
 Кога две лица во исто време се јавуваат едно
спрема друго и во улога на доверител и во
улога на должник, тие наместо секое да ја
изврши својата обврска за износот кој го должи,
пристапуваат кон порамнување на обврските без
да се изврши ефективно плаќање.
 Кога во компензацијата учествуваат 2 лица се
нарекува билатерална, а ако учествуваат повеќе-
мултилатерална.

42
Цесија
 Цесијата претставува отстапување на побарување. Со цесијата
се пренесува правото на побарување од страна на доверителот
на друго лице. Таа се прави врз основа на договор во кој
учествуваат 3 страни:
 Цедент-лицето кое го отстапува своето побарување
 Цесионер-лице на кое се пренесува побарувањето
 Цесус-лицето кое се јавува како должник.
 Со економски речник кажано, доверителот своето побарување
од должникот го пренесува на друго лице а на тој начин тој
измирува свој долг спрема тоа лице.

43
Асигнација
 Асигнацијата претставува форма на пресметковно
плаќање со која едно лице (асигнант) овластвува
друго лице (асигнат), за негова сметка да измири
некоја обврска спрема трето лице (асигнатор).
 Потребна е согласност меѓу сите лица.Асигнацијата
се реализира кога асигнатот ќе даде налог до
банката за пренос на средства во корист на
асигнаторот. Кога тоа ќе се реализира, асигнантот во
исто време и ја задолжува и ја одобрува својата
сметка.

44
Должнички ХВ (обврзници)
 Обврзницата е должничка хартија од вредност, со
чие издавање емитентот настојува да прибере
дополнителен зајмовен капитал, со обврска дека
прибраните средства ќе ги врати во определен
временски период, заедно со камата.

 Елементи на обврзницата:
 Номинална вредност
 Датум (период) на достасување
 Купонска каматна стапка

45
Сопственички ХВ (Акции)
 Обичната акција претставува сертификат за
делумна сопственост во едно акционерско
друштво, што на имателот му обезбедува:
 1) право на глас во собранието на
друштвото;
 2) право на учество во распределбата на
нето-добивката (право на дивиденда);
 3) право на учество во распределбата на
средствата што ја сочинуваат стечајната маса.

46
Краткорочни Хартии од вредност
(Инструменти на пазарот на пари)

1. Државни записи - (treasury bills) краткорочни , дисконтни ХВ , ги издава


МФ , преку НБРМ како агент, со рок 3, 6 до 12 месеци. Ги купуваат банки а
преку нив и правни и физички лица. .
2. Благајнички записи – краткорочни , дисконтни, ХВ , ги издава НБРМ
како инструмент на монетарната политика, со референтна каматна
стапка. Тендери со износи и тендери со каматни стапки. Неактивен
секундарен пазар.
3. Репо трансакции- трансакции на продажба на ХВ со обврска за нивно
купување за определен рок и за одреден надомест-камата
4. Потврди за депозити- (certificates of deposits CDs) потврди за
депонирање на средства за одредено време(1-6 Месеци) и одредена
камата. (каматоносни инструменти). Осигурени од Фондот за депозити
5. Комерцијални записи- дисконтни ХВ , ги издаваат банки и солидни
корпорации, преку директна продажба и преку дилери со рок на
доспевање
6. Банкарски акцепти- меници прифатени за испплата од страна на
солидни банки-дисконтни ХВ, со повисоки принпоси а низок ризик.
Долгорчни хартии од вредност
(Инструменти на пазарот на капитал)
 Цел на инвестирање, профит, дополнителна резерва за ликвидност ,
обезбедување при задолжување кај други банки/ ЦБ
 ИПК-поризични, помала ликвидност и изложеност на каматен ризик
 Државни обврзници- среднорочни&долгорочни купонски ХВ издадени од страна
на централната власт (МФ). Периодични аукции ги купуваат банките (Во МК -Структурни
обврзници-денационализација и девизно штедење)
 ХВ на државни агенции- ги издаваат институции во државна сопственост или
мешовита сопственост поддржана од државата. Нискоризични, има ликвиден
секундарен пазар и носат поголем принос од државните обврзници
 Општински обврзници- обврзници издадени од локалната власт за
финансирање на проекти од локална надлежност
 - општи облигации – извори на отплата се сите општински приходи
 - приходни обврзници- извор на отплата се приходите од проектот
 Корпоративни обврзници- долгорочни, должнички, купонски ХВ издадени од
приватни деловни субјекти со можност емитентите да го отплатат долгот пред рокот на
достасување (клаузула за отповикување)
Финансиски деривати
 Финансиски деривати – финансиски инструменти
чија вредност е изведена од вредноста на други
(основни/темелни) финансиски инструменти
 Основни/темелни (underlying ) инструменти – акции,
обврзници, државни записи, девизи, берзански
индекси
 Со ФД се пренесува каматниот ризик врз трети лица
 Финансиски деривати –
 Термински договори (forward contracts)
 Фјучерси (futures) , Свопови, (swaps) , Опции
(options)
49
Термински договори/фјучерси
разлики
Термински договори Фјучерси
 Специфични договори  Стандардизирани договори
(утврдени износи, индекси, ден на порамнување)
 Организирани пазари
 Ризик од неизвршување  Клириншка куќа која гарантира
извршувањето
 Порамнување на крајот на  Тековно (ден за ден) порамнување
договорот  Се затвораат пред рокот на
 Се реализира договорот доспевање
(испорака на инструментот и
плаќање)  Често користена и за
 Се користи исклучиво за шпекулативни цели –(остварување
заштита од каматниот ризик на добивка)
на конкретниот инструмент

50
Каматни свопови (Interest rate swaps)
поим и карактеристики
 Каматен своп – договор на две страни за замена на парични
(каматни ) приливи пресметани на однапред утврдени номинални
вредности на точно утвреден ден , во некој иден период
 Едната страна плаќа камата по постојана , а прима камата по
променлива каматна стапка а другата страна обратно-плаќа камата по
променлива а прима камата по постојана каматна стапка.
 Своповите-замена само на кам.стапки/ не на номиналните вредности
 Рочност на своповите- 6м.-30 години ( најчесто од 1-10 години)
 Каматните свопови се нестандардизирани инструменти- се
тргува на пазарот преку шалтер/ преку посредници & дилери
 Дилерите во улога на поддржувачи на пазарот/носители на спротивната
страна /носители на ризикот/ги објавуваат кам. стапки
 Постојаните каматни стапки/според рочност –на ниво на кам. стапки на
државните обврзници (продажни и куповни котации)
 Променливите каматни стапки /за сите трансакции–пазар на пари , ЛИБОР...
51
Опции
 Опција - Договор со кој на една страна ѝ се дава право да купи или продаде
некој финансиски инструмент, на некоја идна дата , по однапред утврдена
цена(извршна цена).
 Купувачот ( сопственикот) на опцијата може да се најде во улога на купувач
или продавач на основниот финансиски инструмент
 Купувачот на опцијата на денот на доспевањето има можност да купи или
да се откаже од купувањето не финансискиот инструмент, доколку
тековната пазарна цена е пониска од цената утврдена со опцијата
 Купувачот на опцијата на денот на доспевањето има можност да го
продаде или да се откаже од продажбата на финасискиот инструмент,
доколку тековната пазарна цена е повисока од цената утврдена со опцијата.
 За ваквата укажана можност, купувачот на опцијата плаќа премија
 Премијата = Цена на опцијата која се формира на берзата во зависност од
понудата и побварувачката за опции)
 Продавачот на опцијата нема можност за откажување од договорената
опција и во случај на реализирање на опцијата ја прима премијата како
компензација на загубата

52
Куповни и продажни опции
 Купувна опција – можност за купувачот на куповната опција да купи
одреден финансиски инструмент
 Продавачот на куповната опција- безусловна обврска да го продаде
инструментот
 3 можности за сопственикот на куповната опција:
 Да не ја изврши транскацијата (ја губи само премијата)
 Да ја изврши операцијата пред рок
 Да ја поништи трансакцијата /контра или препродажба на опцијата
 Продажна опција – за купувачот на продажната опција да продаде
одреден финасиски инсттрумент
 Продавачот на продажната опција –безусловна обврска да го купи инстр.
 3 можности за сопственикот на продажната опција:
 Да не ја изврши транскацијата (ја губи само премијата)
 Да ја изврши операцијата пред рок
 Да ја поништи трансакцијата /контра или препродажба на опцијата
53
Факултет за бизнис економија

ФИНАНСИСКИ
ИНСТИТУЦИИ

54
Банки
 Банки - доминантни финансиски институции
 ВИДОВИ БАНКИ
 Поделбата на банките според функцијата
 Емисиони, депозитни, хипотекарни банки и штедилници
 Во денешни услови, најголем дел од банките се УНИВЕРЗАЛНИ
затоа што современата економија бара комплетна услуга од
банките
 Според критериум на прибирање на парични средства,
банките се делат на:

1.Емисиони или централни 2.Депозитни или комерцијални


3.Специјализирани&грански 4.Универзални
5.Инвестициони 6.Деловни
7.Развојни 8.Регионални
9.Моно-банки 10.Мултинационални банки

55
Небанкарски финансиски
инститиции
1. Депозитни посредници (штедно депозитни
институции (штедилници,штедно кредитни асоцијации
кредитни унии)
1. Договорни посредници (осигурителни компании,
пензиски фондови
Инвестициони посредници ( Инвестициони фондови
I Финансиски компании)
1.

2. Други финансиски институции инвестициони


банки, брокери и дилери,

56
а.Инвестициони фондови
Инвестиционите фондови се финансиски посредници кои ги
собираат средствата од мали инвеститори, продавајќи им акции, а
приходите од акциите ги употребуваат за да купат хартии од
вредност.

 Видови инвестициони фондови


1. Отворени инвестициони фондови
2. Затворени инвестициони фондови
3. Инвестициони трустови
4. Инвестициони фондови на пазарот на пари

 Во Македонија инвестиционите фондови започнаа со работа во


2007 година
б.Финансиски компании
•Финансиски компании основаат големи производни и трговски
корпорации, банки, осигурителни друштва и други финансиски
институции
•Финансиските компании се приспособуваат на посебните
потреби на индивидуалните заемобаратели и испорачуваат
високо персонализирани кредитни услуги.
Финансиските компании - прибираат средства “на
големо” преку емисии на комерцијални ХВ и долгорочни
обврзници, со земање на кредити од банки и со емисија на
акции
Прибраните средства ги пласират “на мало” во облик на
кредити на населението и претпријатијата,
Видови финансиски компании

1. Потрошувачки финансиски компании. –сопственици се


производители, трговци но и банки- директно одобруваат мали
потрошувачки кредити за купување стока- каматните стапки се
нешто повисоки од банкарските

1. Продажни финансиски компании. Овие компании даваат


кредити и на населението и на фирмите, за да ја финансираат
продажбата на производи. –нудат извори за финансирање за
купувањата на потрошувачите.

2. Деловни финансиски компании. Тие се специјализирани за


кредитирање на мали и средни фирми и се особено погодни за
кроење на финансиски пакети, изработени според посебните
потреби на фирмите-клиенти.
Факултет за бизнис економија

предмет
БАНКАРСКО
РАБОТЕЊЕ

60
ПРИНЦИПИ НА БАНКАРСКО
РАБОТЕЊЕ
 Ликвидност

 Сигурност и ефикасност на вложувањата

 Рентабилност

 Транспарентност.

61
Принцип на ликвидност

Принцип на ликвидност- способност на банката во рок да ги подмири


сите свои достасани обврски.
Процесот на конверзија на одредени позиции во активата во готовина,
главно зависи од два фактора:
1. Брзината (потребното време) одредена позиција во активата да се
претвори во готовина.
2. Можноста ( трошокот) на самата конверзија. (дали одредена
позиција во активата може да се продаде, односно да се наплати по
вредноста по која се евидентира позицијата во банката)

Категории ликвидна актива ( според степенот на ликвидност):


 Примарна резерва (суперликвидна актива), парични средства во благајна
и на сметката на банката над обврската за издвојување и користење на
задолжителна резерва. (не генерира приход).
 Секундарна резерва, актива која лесно може да се претвори во готовина
(депозити кај коресподентни банки и високо ликвидни ХВ (државни записи,
благајнички записи на НБРМ)
Принцип на ликвидност

Принцип на ликвидност- способност на банката во рок да ги подмири


сите свои достасани обврски.
Процесот на конверзија на одредени позиции во активата во готовина,
главно зависи од два фактора:
1. Брзината (потребното време) одредена позиција во активата да се
претвори во готовина.
2. Можноста ( трошокот) на самата конверзија. (дали одредена
позиција во активата може да се продаде, односно да се наплати по
вредноста по која се евидентира позицијата во банката)

Категории ликвидна актива ( според степенот на ликвидност):


 Примарна резерва (суперликвидна актива), парични средства во благајна
и на сметката на банката над обврската за издвојување и користење на
задолжителна резерва. (не генерира приход).
 Секундарна резерва, актива која лесно може да се претвори во готовина
(депозити кај коресподентни банки и високо ликвидни ХВ (државни записи,
благајнички записи на НБРМ)
ПОДЕЛБА НА БАНКАРСКИТЕ
РАБОТИ
 Од функционален аспект банкарски работи се делат на :

 Пасивни банкарски работи -работи за прибирање и


концентрирање на парични средства- мобилизаторски
банкарски работи- банката се јавува во улога на должник

 Активни банкарски работи - Кредитни банкарски работи


или работи на банкарски пласмани -банката е во улога на
доверител.

 Неутрални банкарски работи - Посреднички банкарски
работи - банката ги врши за трети лица и не се јавува ниту
како доверител ниту како должник.

64
Пасивни банкарски работи

 Пасивни банкарски работи- работи на


мобилизирање и концентрација на паричните
средства
 Краткорочни пасивни банкарски работи
 Долгорочни пасивни банкарски работи

65
КРАТКОРОЧНИ ПАСИВНИ
БАНКАРСКИ РАБОТИ

 Главни краткорочни пасивни банкарски работи:

 Емисија на пари
 Мобилизирање на парични депозити
 Емисија на благајнички записи
 Меѓубанкарски пасивни работи.

66
АКТИВНИ БАНКАРСКИ РАБОТИ
(кредитни банкарски работи)

 Активни банкарски работи – активности на пласирање на


мобилизираните средства во вид на кредити.
 Поимот кредит -латинскиот збор credere и означува доверба .
 Елементот на доверба е присутен за време на кредитниот однос.
 Кредитна банкарска работа - кога банката на својот клиент му
дава пари а тој се обврзува дека таа сума ќе ја врати во
договорениот рок и ќе плати за тоа одреден надомест- камата.
 За банката од голема важност е кредитите да се враќаат во
договорените рокови во спротивност ќе западне во ликвидносни
проблеми.
 Кредитот има многу важна улога во економскиот живот на една
земја.
 Се олеснува и зголемува прометот на стоки и услуги, освојуваат
нови пазари и надвор од границите на една држава.

67
Краткорочно кредитирање
(видови кредити)

 Есконтен кредит
 Конто-корентен кредит
 Ломбарден кредит
 Акцептен кредит
 Рамбурсен кредит
 Авален кредит
Есконтен кредит
 Есконтен кредит -купување ( есконтирање) на недоспеана меница
од страна на банката со одбивање на одредена камата до денот на
нејзиното достасување.
 Со есконтирање :
 -стопанските субјекти добиваат кредити за сметка на
недоспеаните меници до рокот на нивното доспевање,
 -банките ги пласираат своите слободни средства со меницата како
обезбедување
 Карактеристики на есконтниот кредит:
 Сигурност во наплатата
 Брзина на наплатата (меничните побарувања-кратка судска постапка)
 Платежна и кредитна финкција на меницата
 Брзо претварање на меничното побарување во пари
Конто-корентен кредит
 Конто-корентен кредит -кредит на тековна сметки-
кога сметката е пасивна
 Во време на отварање на тековната сметка се
склучува договор за рамковен износ со кој банката ќе
го кредитира комитентот во случај на недостиг на
средства на тековната сметка
 Средствата се ставаат на располагање по потреба –не
во целиот договорен рамковен износ.
 Камата се плаќа сама за искористениот износ
 Присутен како форма на кредитирање на тековните
сметки на граѓаните -дозволено минусно салдо
Ломбарден кредит

 Ломбарден кредит- кредит кој се одобрува врз база на


заложени реални подвижни средства.
 Ломарден кредит на компании (стока во складиште, на
пат) потврда-складишница, товарен лист, коносман
 Ломбарден кредит на граѓани ( злато, накит, слики, ХВ)
 Ломбарден кредит на банки ( најчесто ХВ)
 Ломбарден кредит се одобрува најчесто во висина на
75% од вредноста на заложеното средство (освен кога за
залог се дава злато-100%)
Акцептен кредит
 Акцептен кредит – банката не му одобрува на
комитентот парични средства , туку ја акцептира
неговата меница и со тоа станува главен
меничен должник
 Се подигнува кредитната способност на
комитентот (издавачот на меницата) во
склучувањето на комерцијални работи или
добивање на есконтен или друг вид кредит.
Рамбурсен кредит
 Рамбурсен кредит-во меѓународниот стоков промет-потреба од посредничка
банка со меѓународен углед-голем број на рамбурсни банки од Лондон
(Rambourser – да се исплати )
 5 главни субјекти : извозник, банка на извозникот, рамбурсна банка ,
увозник и банка на увозникот
 Извозникот ја извезува стоката а документите ги праќа на рамбурсната
банка.
 Рамбурсната банка ги прака документите до банката на увозникот а на
банката на извозникот прака акцептирана меница
 Увозникот преку својата банка ја плака стоката, а рамбурсната банка ги
прака документите на увозната банка со кои увозникот може да ја превземе
стоката
 Предности:
 Продавачот брзо ја наплаќа извезента стока, додека стоката е уште на пат,
 Купувачот е сигурен дека платената стока е веќе на пат и ќе му биде
испорачана
 Банките наплаќаат провизија
Авален кредит
 Авален кредит – авал- гаранција на авалистот
безусловно да гарнтира дека ќе ја испалти меничната
сума во случај да не ја исплати меничниот должник.
 Комитентот врз основа на авалираната меница од
страна на банката може полесно да добие стоков или
есконтен кредит
 Банката при одобрување на авален кредит не ангажира
сопствени средства
 Средтствата на банката се ангажираат само во случај
на неплаќање на меницата од страна на нејзиниот
коминтент.
ВИДОВИ НЕУТРАЛНИ РАБОТИ
 Позначајни банкарски неутрални (посреднички) работи се :
 - Посредување во платен промет
 - Дополнителни форми на плаќање
 - чување и управување со вредности или депо-работи
 - Купување или продавање на вредносни хартии, девизи,
 валути и скапоцени метали за туѓа сметка
 - Форфетинг
 - Факторинг
 - Лизинг
 - Акцептирање и авалирање
 - Давање гаранции
 - Отворање на акредитиви и издавање на кредитни писма.

75
Сопствени банкарски работи

 Сопствени банкарски работи банката ги врши во свое име и за своја


сметка, со единствена цел да оствари поголема заработка.
 Овде спаѓаат:
 - арбитражните работи
 - Берзански шпекулации.

 Во арбитражни работи влегуваат арбитражата на девизи и валути.


 Арбитражата значи донесување на одлука. Банките донесуваат одлука
за продавање или купување девизи или валути и на тој начин
заработуваат на разликата во курсевите што постои на различни берзи.

 Берзанските шпекулации се слични на претходните банкарски работи,


само што овде предмет на купопродажба се вредносни хартии. Банката
купува вредносни хартии кога нивната цена е пониска, а ги продава кога
нивната цена е повисока

76
Факултет за бизнис економија

предмет
ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ

77
Финансиски пазари
Финансискиот пазар е место на кое се среќаваат понудата и
побарувачката на финансиски средства.
Предмет на купопродажба на финансискиот пазар се парите или ХВ.
Функција на финансиските пазари:
 Ефикасно алоцирање на слободните парични средства

Аспекти на ефикасност на финансиските пазари:


 Алокативна ефикасност (allocative efficiency)

 Информациона (ценовна) ефикасност (pricing efficiency)

 Оперативна ефикасност (operative efficiency)


Пазар на пари

 Пазарот на пари е пазар на кој се тргува со финансиски


инструменти со рочност до една година. Овој пазар ги
доведува во врска големите економски единици, кои имаат
потреба за позајмување во куси временски периоди, со оние кои
имаат големи суми слободни средства.
 Економски единици на кои одливите им се поголеми од приливите
ги елиминираат тие гепови, задолжуввајќи се на овој пазар.
 За разлика од другите органзирани пазари, пазарот на пари нема
специфична локација, и во современи услови најчесто е
електронски /телефонски пазар.
Учесници на Пазарот на пари
1. Комерцијалните банки, на кои овој пазар им овозможува
ефикасна алокација на нивните средства и можност резервите да
ги држат на најниско можно ниво.
2. Централите банки, кои преку операциите на отворен пазар и
дисконтните операции, ги остваруваат целите и задачите на
монетарно-кредитната политика.
3. Државата, која најчесто преку Министерството за финансии
емитува краткорочни вредносни хартии, за да дојде до ликвидни
средства за финансирање на своите потреби.
Вид на пазар на пари
 Примарен пазар на пари.- вредносните хартии се појавуваат прв
пат. Кусорочните средства се добиваат брзо и лесно, по каматни
стапки кои варираат според кредитниот рејтинг на позајмувачот и
природата на финансискиот инструмет.
 Секундарен пазар на пари. На овој пазар се врши препродажба на
веќе емитувани хартии од вредност, додека каматните стапки се
резултат на понудата и на побарувачката за овие инструменти.
 Пазар на пари на повик, кој е изразито кусорочен пазар, каде што
парите се позајмуваат од една банка на друга и можат да се
повикаат во било кое време.
 Меѓубанкарски пазар, на кој банките меѓусебно си позајмуваат
пари за периоди од неколку недели до една година.
Инструменти на пазарот на пари

 Позначајни инструменти на пазарот на пари се:


 државни хартии од вредност, депозитни сертификати,
комерцијални ХВ, банкарски акцепти, евровалути

 Карактеристики на инструментите на пазарот на пари:

1. Тие се должнички обврски


2. Имаат рокови од еден ден до една година
3. Висок степен на сигурност т.е. низок кредитен ризик, поради
тоа што се издаваат од заемобаратели со висок кредитен
рејтинг и поради кусото времетраење на овие инструменти
4. Имаат висок степен на ликвидност
5. Се издаваат во големи износи
Пазар на капитал
 Организирано сретнување на понудата и
побарувачката на слободни долгорочни
финансиски средства;
 Предмет на купување и продавање се
долгорочните слободни парични средства и
долгорочните хартии од вредност (ефекти);
 Од аспект на предметот, во секоја национална
економија, пазарот на капитал може да се
разгледува :
 во потесна и во поширока смисла.
Приноси на пазарот на
капитал
 Приносите на пазарот на капитал можат да
бидат во неколку видови и тоа, како:
 дивиденда, што ја добиваат сопствениците на
акциите;
 камата, што ја добиваат сопствениците на
обврзниците и
 капитална добивка, којашто одговара на
разликата меѓу продажната и куповната цена на
капиталот, односно меѓу продажната и куповната
цена на хартиите од вредност.
Функции на пазарот на
капитал

 Мобилизација (прибирање) и алокација на


слободниот паричен капитал, кој натаму служи за
долгорочно финансирање на работењето на
претпријатието;
 врши и тековно вреднување на самото
претпријатие, што ги емитирало хартиите од
вредност.
 овозможува финансиско, сопственичко и
управувачко преструктуирање на претпријатијата
и дејствува врз зголемувањето на вкупната
ефикасност на стопанисувањето на националната
економија во целост.
Учесници на пазарот на
капитал
 Продавачите на капитал (субјекти што имаат вишок
на капитал), кои всушност ја сочинуваат понудата на
капитал - сопственици на капитал-инвеститори;
 Купувачите на капитал (субјекти што имаат
потреба од капитал), кои всушност ја сочинуваат
побарувачката на капитал - корисници на капитал;
 Посредници на пазарот на капитал се тие, кои
суштински делуваат врз обемот и квалитетот на
трансакциите на пазарот на капитал;
 Државата како учесник на пазарот на капитал може
да се јави во една од следниве улоги: инвеститор,
корисник на капитал, регулатор и контролор.
Пазарот на долгорочни
хартии од вредност
 Пазарот на долгорочни хартии од вредност
 опфаќа емисија и промет на долгорочни
хартии од вредност.

 Тој се дели на:


 - примарен пазар на капитал
 - секундарен пазар на капитал
 - терцијарен пазар на капитал и
 - квартален пазар на капитал.
Примарен пазар
 Примарниот пазар на капитал ги опфаќа
институциите, инструментите и механизмите,
преку кои се вршат активностите околу
подготовката и реализацијата на емисиите на
долгорочни хартии од вредност (акции и
обврзници);
 Наовој пазар се врши мобилизација
(прибирање) на слободен паричен капитал,
со цел за долгорочно финансирање на
корпорациите, која се врши преку нова
емисија на акции и обврзници.
Секундарен пазар

 Секундарен пазар на капитал ги опфаќа


институциите и механизмите, преку кои се врши
прометот на еднаш веќе емитирани ХВ;
 Купувачите на ХВ немаат можност така
вложените пари да ги повратат од самото
претпријатие, туку единствена можност им е
нив да ги продадат на специјализираните
пазари - ефектни берзи (секундарен пазар на
капитал).
Типови на секундарен пазар

 Организиран (службен) пазар на хартии


од вредност- ефектни берзи и

 Неорганизиран (неслужбен) пазар на


хартии од вредност- „пазар преку
шалтер“, ( „over the counter market“)
Ефектната берза
 Станува збор за постојано место, на коешто во
одредено време се сретнуваат купувачите и
посредниците заради промет со долгорочни хартии
од вредност.
 Њујоршката берза-NYSE (New York Stock Exchange),
формирана уште во 1792 година, на која котираат
хартиите од вредност на преку 4.500 фирми;
 Трговијата на ефективните берзи de facto ја
извршуваат посредници- брокерите (брокерски куќи)
и дилерите.
Пазар преку шалтер

 Ваквата трговија преку шалтерите во банки денес е многу поретка;


 Во овој термин се приклучува и меѓубанкарски пазар на хартии од
вредност;
 Денес најчесто под терминот шалтерски пазар се подразбира
тргување со хартии од вредност кое не се врши на берзата;
 Далеку најважен пример за шалтерски пазар е пазарот кој го
сочинуваат дилерите со хартии од вредност во САД, кој се нарекува
NASDAQ (National Association of Securities Dealers’ Automatic
Quotation) – систем на автоматска котација на националната
асоцијација на дилери на хартии од вредност. Овој пазар е
дилерски, за разлика од класичните, кои се брокерски (лондонската
берза е дилерска).
Девизен пазар
Специфичен облик на пазарот на пари е девизниот пазар.
На него се тргува со побарувања кои гласат на странски средства
на плаќање.
 Девизниот пазар е пазар на размена на валутата на една земја во
валута на друга земја.
 На овој финансиски пазар се утврдуваат девизните курсеви.
 Овој пазар нема локација. Тоa е глобална мрежа на банки,
брокери и девизни дилери, поврзани преку системи на
електронска комуникација.
 Девизниот пазар е средство што овозможува компаниите од
различни држави со различни валути меѓу себе да тргуваат.
 Водечка позиција на глобалниот девизен пазар има Лондон, а
доларот е водечка валута на овој пазар.
Тргување со девизи на
девизен пазар
 Карактеристики на меѓународниот девизен пазар:
 не е институционализиран
 мрежа на банки поврзани преку срества за комуницирање
 Најголемиот финансиски пазар- 4 трилиони $ дневно
 Единствен глобален пазар – работи 24 часа
 Девизен пазар на мало ( банките продаваат/купуваат девизи на
компаниите
 Девизен пазар на големо- банките тргуваат меѓу себе-девизен
меѓубанкарски пазар ( 10 банки учествуваат со 80% промет)

94
Промптен и термински пазар
(пазар со сегашна и идна испорака)
 Промптен и термински пазар -во зависност од времето на
извршување на обврските на купувачот и продавачот
 Промптен пазар (spot market)- трансакцијата склучува и се
врши веднаш ( со spot валута – 48 h).
 Купопродажбата се врши по одредени куповни и продажни курсеви
утврдени од банката –разликата meѓу нив–распон (gap)
 Термински пазар(forward market –трансакцијата се склучува
денес а се реализира во иднина. ( по тнр. термински курсеви )
 Термински курс < промтен курс = продажба на девизи со дисконт
 Термински курс > промтен курс = продажба на девизи со премија
 Активности на девизниот пазар за заштита од девизниот ризик
и за шпекулативни цели

95
Активности на девизниот
пазар
 Арбитража- купување валута на еден пазар и
истовремено нејзино продавање на друг пазар
 Активности за заштита од девизен ризик
(преку тремински договори, валутни фјучерси,
валутни опции и валутни свопови)
 Спекулативни активности (на промтниот или
терминскиот пазар)- купување на валути за кои
во иден период се очекува да им се зголеми
цената со цел остварување на добивка приа
нивна продажба и обратно
96
Факултет за бизнис економија

ЈАВНИ ФИНАСИИ

97
Јавни финансии
 Јавни финансии (финансиски односи и процеси што
настануваат од активноста на државата и на другите
јавно-правни тела, т.е. прибирање и трошење на
паричните средства за извршување на државните
функции и задачи)

 Јавните финансии- ги опфаќаат и кординираат


средствата и изворите на јавната потрошувачка

 Јавни расходи и јавни приходи


Јавни расходи
 Јавни расходи -издатоците на државата и на другите јавно-правни
тела, кои се прават за финансирање на јавната потрошувачка и за
остварување на други цели на економската и на социјалната
политика.
 ЈР- трошење на финансиските средства остварени преку
реализација на јавните приходи за одредени намени од јавен
интерес.
 Јавните расходи се тесно поврзани со јавните приходи

 Државата има обврска да “произведува” јавни добра (одбрана,
социјална заштита, образование, здравствена заштита, еколошка
заштита, култура и сл.) -таа треба да го финансира тоа

 Во минатото,-ЈР непродуктивно трошење на дел од НД од страна


на државата за извршување на нејзините класични функции.
Денес, -ЈР -рационално трошење на НД- важно за
функционирање и за општиот развој на стопанството.
99
Класификација на ЈР
 1.според времето кога расходите се јавуваат
• редовни расходи - се јавуваат редовно, во одредени временски
интервали, обично еднаш годишно,можат однапред да се предвидат, се
јавуваат во релативно стабилни износи и секоја година се јавуваат во
буџетите на државата. ( за одбрана, безбедност, судство,образование итн.)
• вонредни расходи, се јавуваат нередовно, најчесто под влијание на
некои вонредни состојби (воени состојби, природни незгоди и сл.) и не
можат однапред да се предвидат и планираат.
 2. според објектот на трошење
• лични расходи, наменети за плаќање на услугите на државните
институции од страна на службениците во државната администрација, т.е.
за плати и за други надоместоци на оваа категорија на вработени лица.
• материјални расходи, расходи на државните институции за набавка на
различни стоки и услуги, неопходни за извршување на јавните функции.
Класификација на ЈР(1)
 3. според значењето на рaсходите во националната економија
производни т.е. продуктивни расходи (со нивно трошење доаѓа до
зголемување на НД)
 - реални расходи - издатоци за набавка на продуктивни добра и услуги и
за плати на службениците на државната администрација. (традиционални
расходи за војска, образование, државна управа и сл.)
 - инвестициони расходи, или капитални расходи, -изградба на енергетска
инфраструктура, геолошки истражувања и сл.
трансферни расходи-не влијаат непосредно врз зголемување на
националниот доход, туку со нив се врши прераспределба/трансфер на
доходот,( пр.економски субвенции и социјални трансфери).
Со економските субвенции се помагаат производителите заради одржување
на пониски цени на нивните производи, и најчесто се во корист на
потрошувачите.
Социјалните расходи се расходи по основ на пензиско и инвалидско
осигурување, надоместоци за невработени, семејни додатоци, плаќања за
социјално загрозени и хендикипирани лица и сл.
Класификација на ЈР(2)
 4. според субјектите кои ги извршуваат
• расходи на централната власт. Вообичаено централната
власт ги извршува расходите, кои со оглед на функциите
што ги извршува имаат национално значење.
• расходи на локалните власти. Пониските нивоа на власта
извршуваат расходи за јавни добра од локален карактер
(улично осветлување, комунални услуги, одржување на
паркови, локален сообраќај и сл.).
Принципи на ЈР
 Принцип за остварување на јавниот интерес- расходите да се
извршуваат за задоволување на потребите од општ или јавен интерес, а не
за задоволување на личните или групните потреби и интереси.
 Умереност на расходите во однос на нивната големина . ЈР мора да
имаат покритие во јавните приходи. Во спротивно негативен одраз врз
економската стабилност и економскиот развој во иднина.
 Пропорционално задоволување на потребите за одредени јавни
добра, (рамномерна распределба на ЈР според потребите) за соодветно
задоволување на сите јавни потреби.
 Принцип на штедливост (економичност)- јавното финансирање
подразбира остварување на поставените цели преку соодветна понуда на
јавни добра со најмал потрошок на јавни средства, т.е. рационално
извршување на јавните расходи за најефикасно обезбедување на
потребната понуда на јавни добра.
Јавни приходи
Јавните приходи-финансиски средства, кои ги остваруваат државите
и другите јавно-правни тела, заради покривање на јавните
расходи.
Карактеристики на ЈП
 Јавните приходи-финансиски средства кои ги остваруваат и ги
користат државите и другите јавно-правни тела.
 Јавните приходи -се наменети за финансирање на јавните
расходи, односно функциите на државата за остварување на јавни
добра, како и за остварување на посебни цели на економската и
на социјалната политика во општеството.
 Јавните приходи-се остваруваат континуирано, низ процес на
систематска наплата на јавните давачки, но и преку задолжување
на државата.
Видови на ЈП
1. Редовни и вонредни
• Редовните приходи -се наплатуваат секоја година, континуирано, во
одредени временски интервали и од стабилни/редовни извори.
• Со нив се финансираат редовните расходи на државата.
• Доминантни во структурата на јавните приходи на државата
• ( редовни приходи : даноци, такси и придонеси).
• Вонредни приходи се воведуваат повремено и се наплатуваат само во
одреден период. Со овие средства по правило се покриваат вонредните,
непланирани расходи, кои настануваат во различни вонредни услови
(елементарни непогоди, војни и сл.)
2. Приходи на повисоките и на пониските степени на власт.
Поделба направена врз основа на тоа што вкупните приходи што се
остваруваат во една држава се распределуваат помеѓу централната власт и
субцентралните власти.
(национални , локални , регионални приходи)
Видови на ЈП
 3. Изворни и изведени
• изворните приходи-се остваруваат од економска или друга дејност на
државата и од искористување на државниот имот.
• Тие се резултат на ангажирањето на државата како стопански субјект
• Тие сочинуваат мал дел од вкупните јавни приходи.
• изведени приходи-се наплатуваат како јавни давачки од доходот на
физичките и на правните лица. Тие се воведуваат врз основа на
фискалниот суверенитет на државата и се задолжителни. (даноци
придонесите и другите слични давачки)-имаат доминантно учество во ЈП.
 4. Наменски и ненаменски
• наменски приходи - приходи кои служат за точно определена намена на
трошење. Тие се однапред наменети за финансирање на одредени расходи
(санирање на штета, обнова на некој регион зафатен од елементарна непогода и сл.)
• ненаменските приходи служат за финансирање на сите расходи, што
значи дека тие не се однапред врзани за некоја намена или цел.
Видови на ЈП
5. фискални и нефискални
• фискални приходи-приходи кои државата ги воведува како
задолжителни, присилни давачки на својата територија.
• Познати се како јавни давачки.
• Правото на јавната власт да воведува јавни давачки се нарекува фискален
суверенитет.
• Фискални облици на јавни приходи- даноците, таксите, придонесите и сл.
• Нефискални приходи. -не се јавува елемент на присила и
задолжителност, туку произлегуваат од економската активност на државата
(приходи од активноста на државните органи и установи, приходи од користење на
јавниот имот, јавни заеми, помошти и дотации)

 Во структурата на приходите на современите држави доминираат


фискалните приходи, а пред се даноците, кои обезбедуваат повеќе од
70%, а во некои земји и до 90% од вкупните јавни приходи.
Даноци
Даноците -задолжителни и неповратни парични давања на физичките и на
правните лица, без директна противуслуга, кои ги воведува државата
заради задоволување на јавните добра, но и за постигнување на
социјални, економски и други цели во општеството.
 Карактеристики на даноците

1. Данокот е задолжително и присилно давање. Државата го воведува


данокот врз основа на нејзиниот суверенитет, како задолжителна финансиска
обврска за субјектите определени за даночни обврзници.
2. Данокот е давачка на даночните обврзници без директна противуслуга.
За возврат на паричното давање, државата нема обврска да обезбеди некаков
директен противнадомест во висина на данокот што е платен.
3.Данокот е неповратно давање. Со плаќањето на данокот се врши трансфер
на еден дел од доходот од приватниот сектор во јавниот сектор
4. Данокот е давање за финансирање на јавните расходи. Државата ги
воведува и ги наплатува даноците со цел да ги обезбеди потребните
финансиски средства за финансирање на јавни добра.
5. Данокот е парично давање. даночната обврска се реализира во пари.
Царини
 Царина-фискален приход кој ја товари потрошувачката на увезени
производи.
 Царините-индиректен данок кој се наплатува кога стоката ја минува
царинската линија.
 Царините-задолжителни парични давања на царинските обврзници и се
пропишани врз основа на фискалниот суверенитет на државата.
 За платената царина не се обезбедува никаков противнадомест.
 Царините се давачки кои ја оптоваруваат потрошувачката.
 Примарна функција на царините не е од фискален карактер, т.е. заради
обезбедување на приходи во буџетот.
 Царините имаат првенствено економска функција (заштитен и развојна).
 Царините претставуваат најзначаен инструмент за заштита на домашното
производство од странска конкуренција.
 Царините во денешни услови главно се поистоветуваат со увозните царини
Такси
 Таксите - фискален облик на јавни приходи, кои државата ги наплатува
како противнадомест од физичките и од правните лица, за конкретната
услуга која им ја обезбедуваат нејзините органи.

 Услугите за кои таксата се наплатува како нивна цена (противнадомест),


може да бидат од различен карактер (на пример: издавање на патна
исправа, донесување на судска одлука, обезбедување на лиценци, дозволи
или друго право или привилегија на вршење на некоја дејност).

 Карактерот на таксите како противнадомест за направените услуги на


јавните органи, ги издвојува нив од другите видови фискални приходи,
пред се од даноците.
Други извори на ЈП
 Кориснички давачки
Корисничките давачки претставуваат цена или надомест за користење на
одредени добра или услуги што ги обезбедува државата (автопати,
мостови, рекреативни објекти и сл.).
Предноста на овие давачки е тоа што нив ги плаќаат лицата кои директно
ги користат соодветните добра и услуги.
 Донации
 Донациите претставуваат доброволни придонеси за државата од
индивидуални лица или организации.
 Тие се повремени извор (се користат за финансирање на посебни програми).
 Во одредени случаи државата формира специјални фондови за помош на жртви од
природни катастрофии, за финансирање на потреби за хендикипирани лица
 Тие по својот карактер се неповратни и безусловни.
ЈП со задолжување на
државата
 Буџетскиот дефицит (несовпаѓање на приходите и расходите во буцетот)
може да се решава со задолжување на државата кај централната банка
во форми кои значат нова емисија на пари.
 На тој начин државата привремено го решава проблемот од недостиг на
финансиски средства, но со тоа предизвикува нови проблеми, кои се на
штета на граѓаните и на стопанството.
 Имено, новата емисија на пари ја зголемува понудата на пари, а ефектот
од ваквата политика е пораст на општото ниво на цени, односно појава на
инфлација.
 Финансирањето на овој начин е познато како инфлаторно финансирање.

 Затоа Државата денес се задолжува со пласирање на државни записи и


обврзници на домшниот пазар и врши прибирање на слоободните
парични средства од реалниот сектор и банките за финасирање на
јавните расходи-Јавен долг
Јавен долг
 Јавниот долг - сума на позајмени парични средства, кои државата им ги
должи на своите кредитори во даден временски период.
 Јавниот долг коресподира со буџетскиот дефицит- кумулатив на
дефицити остварени во претходниот период од страна на државата.
 Ако секоја година се остварува дефицит, тогаш се зголемува јавниот долг.
 Помеѓу буџетскиот дефицит и јавниот долг постои разлика - буџетскиот
дефицит е тек, а јавниот долг состојба.
 Вкупниот обем на јавниот долг во одреден временски период го
одразува задолжувањето на државата кај централната банка, приватните
инвеститори и различни финансиски институции.
 Делот од јавниот долг што претставува задолжување на државата кај
приватните инвеститори (значи освен задолжувањето на државата кај
централната банка) го претставува нето јавниот долг и тој претставува
кредит за државата во вистинска смисла на зборот.
 Делот од јавниот долг, пак, кој претставува задолжување на државата
кај централната банка е долг што државата, индиректно, си го должи
сама на себеси, а не на кредиторите.
Јавен долг
 Дел од јавниот долг што државата им го должи на домашните
фирми, граѓани, банки - претставува внатрешен долг.
 Оној дел од јавниот долг што настанал од задолжување на
државата во странство претставува надворешен долг.
 Кога се отплатува овој вид долг, финансиските ресурси се одлеваат од
земјата во странство и се намалуваат можностите за продуктивни
вложувања.
 Јавниот долг во современи услови овозможува на државата да ги
финансира јавните добра без да го редуцира реалниот доход на
индивидуалните лица, (како што е случај со даноците)
 Значајна карактеристика на јавниот долг претставува доброволната основа
на негово креирање. Граѓаните, претпријатијата и другите субјекти, ги
купуваат државните хартии од вредност не како резултат на присила, како
што е случајот со даноците, туку заради стекнување на доход во иднина.

You might also like