You are on page 1of 18

Содржина

Вовед.........................................................................................................................3
1.Видови девизни ограничувања............................................................................4
2.Квантитативни ограничувања.............................................................................6
2.1Ограничувања на девизниот курс.....................................................................6
2.2Ограничувања на увозот..................................................................................10
2.3Ограничувања на извозот................................................................................11
2.4Ограничувања на движењето на капиталот...................................................14

Библиографија........................................................................................................19
Заклучок..................................................................................................................20
Вовед
Девизниот систем е збир на законски прописи со кои се регулира, ограничува или
забранува прометот на стоки и услуги со странство, стекнувањето и располагањето со
девизи, како и на сите плаќања и наплатувања со странство. Станува збор за прописи,
инструменти и мерки со чија помош државата ги регулира меѓународните плаќања, со
намера да избегне ситуации на несолвентност на земјата, а притоа да обезбеди рационално
вклучување на националното стопанство во меѓународната поделба на трудот, како основа
за остварување на задоволителен одржлив развој.
Меѓутоа, проблем е ако таквата цел се остварува само со ограничувања и забрани
на увозот на стоки и услуги, со ограничувања и забрани за задолжување од странство,
како и со ограничувања на определени плаќања спрема странство. На тој начин целта ќе се
оствари, меѓутоа, нема сомнение дека ќе се ограничат развојните потенцијали на
националното стопанство што зависат од увозот, од можноста за задолжување спрема
странство и од можноста за извршување на определени плаќања во странство.
Се подразбира дека ограничувањата и забраните би биле многу мали или би биле
елиминирани доколку стопанството е на такво ниво на развиеност (оспособеност) да
стекнува доволно странски средства за плаќање да може да ги задоволува различните
потреби од увоз. Додека стопанството не стаса на такво ниво постои објективна потреба
да се рационираат расположливите странски средства за плаќање, со цел да се одржува
рамнотежа во билансот на плаќањата (преку контрола на приливот и одливот на девизите).
Меѓутоа, треба да се има предвид дека рациоирањето не треба да трае долг период за да не
прерасне во систем на административна распределба на странските средства за плаќање
што ги стекнуваат стопанските субјекти во земјата, бидејќи таков систем не е во
согласност со пазарното регулирање на внатрешните и надворешните економски односи
на нацоналните економии.
Главна цел на девизниот систем во фазата на ограничувањата и забраните во
располагањето со девизните средства е да обезбеди најадекватно задоволување на
потребите од увоз, а притоа да не се загрози мотивот за стекнување девизни средства
(преку извоз).

2
1.Видови девизни ограничувања
Од досега реченото јасно произлегува дека со девизните ограничувања
економската и монетарната власт ги ставаат под контрола приливот и одливот на девизи
со намера да обезбедат најрационално задоволување на општествено-економските
потреби од увозни стоки и услуги. Затоа се вели дека со нив се рационира оскудното
средство-девизите. Тоа значи дека на девизите им се максимира цената, со пропишување
на официјален курс, кој по правило е преценет и затоа, всушност, се врши рационирање на
девизите. Затоа, во земјите кои одржуваат реални девизни курсеви на своите валути
(преку понудата и побарувачката на девизните пазари), нема могу прописи во врска со
рационирањето на девизните средства. Приливот и одливот се урамнотежуваат преку
курсот. Но, кога курсот е преценет, приливот на девизи е дестимулиран и затоа треба да се
воведе нивно рационирање со цел, со остварениот прилив, да се обезбедат приоритетните
потреби (лекови, суровини, опрема итн.). Во вакви ситуации, приливот на девизи се
концентрира на едно место и оттаму девизните средства се распределуваат според
определените критериуми за приоритет (есенцијални стоки и помалку потребни и
луксузни).

Постојат квантитативни, квалитативни и девизни ограничувања со мешовит


карактер. Со квантитативните ограничувања (преку давање одобренија) се определува
кои плаќања можат да се вршат, во која валута и кои се субјектите кои можат да се
занимаваат со девизни трансакции. Овие ограничувања се директни. Со квалитативните
ограничувања се дејствува посредно, главно преку трошоците на кои се подложуваат
трансакциите. Станува збор за нивото на девизниот курс според кој централната банка ги
купува и продава девизите. Вакви ограничувања се применуваат во девизните системи со
многукратни курсеви. Курсевите се разликуваат според тоа дали се однесуваат на извоз
или на увоз. Покрај многукратните курсеви, во оваа група спаѓа и воведувањето на
девизна такса, извозна премија (стимулација) и увозна такса. Со овие ограничувања се
врши камуфлирано манипулирање со курсевите.
Ограничувањата со мешан карактер се бројни и повеќето се комбинираат со
можноста девизни средства да се набават на девизниот пазар, по правило, по повисока
цена. На пример, увозот на автомобил е врзан со одобрение, ама девизите мораат да се

3
набават на слободниот пазар. Значи, дозволата за увоз не ја опфаќа дозволата за плаќање.
Во оваа група ограничувања спаѓа и регулирањето на движењето на капиталот за да се
спречи негово бегство во било која форма (инвестиции, промет со хартии од вредност или
преку било какво камуфлирање преку други трансакции (фактурирање на извозот под, а на
увозот над договорените цени, при што разликата се инвестира во странство).

2.Квантитативни ограничувања
Квантитативните девизни ограничувања најчесто се делат на:
- Квантитативни ограничувања на девизниот курс
- Квантитативни ограничувања на увозот
- Квантитативни ограничувања на извозот
- Квантитативни ограничувања на движењето на капиталот

2.1Ограничувања на девизниот курс


Девизните ограничувања најчесто се заведуваат затоа што домашната валута
покажува знаци на слабости, во таа смисла што постои голема побарувачка за странски
валути во однос на понудата, поради што се заканува опасност од голем пораст на
курсевите, односно паѓање на вредноста на домашната валута. Со оглед на значењето на
девизните средства за увоз на потребни производи и услуги од животно значење за
населението и стопанството, нарушената рамнотежа меѓу понудата и побарувачката на
девизни средства може да се воспостави така што ќе се зголеми цената на странските
валути (курсот) за да се намали побарувачката. Во тој случај, тие што ќе можат да ја
платат повисоката цена на странските валути ќе можат да ги задоволуваат своите потреби
од увоз, но, тие што не ќе можат ќе имаат недостиг од артикли од животно значење
(лекови, храна). Во исто време, националното стопанство како целина, по порастот на
курсевите на странските валути, ќе увезе помалку стоки и услуги. Така, ќе се плати
повеќе, а ќе се добие помалку, што е неприфатливо од аспект на пошироката заедница. Таа
не може да допушти артикли од животно значење да не им бидат подеднакво достапни на
сите. Затоа државата ја максимира цената на странските валути, со цел потрошувачката да
не зависи од можноста за плаќање на повисока цена. Меѓутоа, како што вели проф.

4
Мајхснер, бидејќи со максимирањето на цената не се зголемува понудата, а уште помалку
се смалува побарувачката во истовреме е потребно да се спроведе и рационирање на
странските валути, т.е. нивна распределба не според платежната способност на
потрошувачот, туку според оправданоста на неговите потреби. Државата тоа го
постигнува со девизни прописи. Со нив ја максимира цената на еден за националното
стопанство важен артикл (странски валути) што е оскуден и врши негово рационирање,
т.е. дистрибуција според оправданоста на потребите. Максимирањето го прави со
утврдувањето на официјален курс на девизите, а рационирањето на девизите со
донесувањето на други девизни прописи.
Покрај девизните ограничувања во меѓународната размена на стоки и услуги
постојат и други, протекционистички, кои се заведуваат заради заштита на домашната
индустрија, заради спречување на зарази, ограничувања заведени од политички причини и
други. Во однос на слободниот промет на стоки и услуги и слободните плаќања, и
девизните ограничувања се протекционистички, меѓутоа, специфични се по тоа што во
вид го имаат развојот на билансот на плаќањата на земјата како непосреден фактор кој
влијае на интервалутната вредност на домашните пари. Затоа може да се каже дека
непосредна цел на девизните прописи е урамнотежувањето на билансот на плаќањата, при
што целта не се постигнува со зголемување на девизните курсеви, туку со регулирање и
контрола на приливот и одливот на девизи.
Смислата на регулирањето се сведува на остварување на што поголем девизен
прилив и негово ставање под контрола на монетарната власт и нивно трошење за
задоволување на најнужните потреби. Збирот на девизните прописи со кои се уредува
стопанисувањето со девизите, чија понуда не може да ја задоволи побарувачката, го
сочинуваат девизниоит режим во една земја. А со оглед на тоа што во сржта на
стопанисувањето е одржувањето на преценетост на домашната валута преку утврдување
на ниски официјални курсеви на јаките валути, во земјите со девизни ограничувања, се
појавува и неофицијален пазар на девизи, на кој се тргува по курсеви кои се повисоки од
официјалните. Таквите пазари по правило се забранети и се нарекуваат црна берза, но
можат да бидат и толерирани, под определени околности, и тогаш се нарекуваат сива
берза.

5
Постојат повеќе прашања кои се регулираат со девизните прописи. Меѓутоа, на кој
начин се регулираат зависи од нивото на развиеноста на земјата, од степенот на
ориентираноста на земјата за рационално вклучување во меѓународната поделба на
трудот, од нејзините обврски спрема меѓународни спогодби и договори, од успешноста во
остварувањето на макроекономската политика итн. Меѓу прашањата посебно се значајни:
курсот на домашната валута, прометот со златото (до неговото елиминирање од
меѓународниот монетарен систем), прометот со девизите, прометот со валутите, прометот
во домашни пари меѓу земјата и странство, движењето на капиталот, стоковниот промет
со странство, прометот со услуги, клириншки и платни спогодби и друго. Сите решенија
во врска со споменатите прашања се насочени кон регулирањето на приливот и одливот
на девизи заради подобрување на билансот на плаќањата, а со тоа и на интервалутната
вредност на домашната валута.
Со оглед на тоа нашата земја, по декларирањето на надворешна конвертибилност
на денарот, има висок степен на либерализација на надворешно економските односи и
плаќања, нема потреба од подетална елаборација на практикуваните решенија по одделни
прашања. Суштествено е што тие треба да се привремени решенија до остварувањето на
поголем степен на либерализација на односите со странство, а нивното долго опстојување,
особено нивното зголемување во однос на стартните позиции на ограничувањата, е на
штета на рационалниот развој на земјата (ги намалува позитивните ефекти од соработката
со странство). Економска оправданост имаат само ограничувањата со кои се обезбедува
зајакнување на националното стопанство до ниво тие да се намалуваат, па и елиминираат.
Во спротивно, преку нив се врши само прераспределба на доходот во земјата, но не го
поттикнува на неговиот раст, односно ги демотивира извозно ориентираните да
остваруваат поголем прилив. Ако се случи тоа, проблемите наместо да се решаваат, само
би се зголемувале.
Во горниот контекст посебна специфична тежина имаат решенијата за
повеќекратните курсеви, за прометот со валутите и девизите, за движењето на капиталот,
за регулирање на стоковниот промет со странство и други.
Со намера за одбрана на билансот на плаќањата и на стабилноста на официјалниот
интервалутен курс, земјата со девизни ограничувања, паралелно со официјалниот,
применува и повеќекратни курсеви, како средство за поттикнување односно кочење на

6
одделни трансакции со странство. Тоа се прави според видот на трансакцијата. На пример,
на увозникот на луксузни артикли, централната банка поскапо му ги продава девизите за
плаќање на таков увоз, отколку на некој увозник на артикли кои се неопходно потребни за
секојдневната потрошувачка.
Во регулирањето на прометот со девизите и валутите можна е практика на строги и
благи режими. Во првите постои обврска за отстапување на остварените девизи на
монетарните власти, а во вторите се налага само обврска за пријавување на приливот, за
да се овозможи преглед над сите девизни средства со кои располага националното
стопанство. Ако се построги режимите, во услови на нереален, преценет курс, се
дестимулираат извозниците, а се стимулираат увозниците.
Од посебно значење се прописите со кои се регулираат стоковните односи со
странство. Тоа се прави со издавање на увозни и извозни дозволи, со утврдување на
различни курсеви по кои се пресметуваат девизите за плаќање на одделни видови узвоз,
односно по кои се пресметуваат девизите кои потекнуваат од одделни видови извоз, со
условување на увозот на еден вид производи со извоз на друг вид производи (на пример,
увоз на меѓуфазен производ или полуфабрикат, со извоз на финален производ).
Одбрана на платниот биланс се прави и со склучување на клириншки и платни
спогодби. Интересно е што овој начин на меѓусебно пресметување потекнал од земјите со
јака валута (но, не и од најразвиените, САД, тие никогаш не склучиле ни една клириншка
или платна спогодба, веројатно поради посебната позиција на доларот). Тие настојувале да
ја избегнат ситуацијата својот увоз од земјите со девизни ограничувања да го плаќаат во
своја конвертибилна валута, додека за својот извоз наплатувале во валути со кои не
можеле да располагаат слободно, туку можеле да ги употребат само за цели со кои би се
сложиле девизните власти на земјата во која имале побарување.
Станува збор за начин на избегнување на плаќањата во девизи, со компензирање на
извозот и увозот меѓу две земји. Техниката е едноставна, меѓутоа, доста ограничувачка за
развојот на извозно- увозните текови. Увозниците, наместо увезената стока да ја плаќаат
во девизи директно на странскиот извозник, полагале соодветен износ во сопствена валута
кај клириншкото место, а не во сопствената земја (на пример, централната банка), а таа, на
товар на тие уплати, ги исплатувала домашните извозници, исто така во домашна валута,
штом од клириншкото место на другата земја ќе примеле известување дека тамошните

7
увозници за нив ги уплатиле долгуваните износи. Со ова решение се обезбедува контрола
на тековните стоковни плаќања, но само на ниво на билатерални економски односи.
Наплатените износи за извоз можат да се употребат само за плаќање на увозот од истата
земја. Како последица на тоа се појавува тенденција на смалување на меѓународната
трговија на ниво кое е условено со извозот на земјата чиј извоз е помал.

2.2Ограничувања на увозот
Во услови на определено ниво на заштита надлежните институции имаат задача да
го штитат пазарот и производството. Во врска со заштитата на пазарот тие треба да
оневозможуваат монополски однесувања (преку вонредни либерализации на увозот) и да
ги сузбиваат влијанијата на нелојална странска конкуренција (со донесување на
антидампиншки мерки). Што се однесува до заштитата на производството арсеналот на
инструментите е побогат. На страната на увозот најзначајни се царините. Тие имаат
претежно заштитен карактер, иако не е за потценување и фискалниот. Како заштитен
инструмент се и вонцаринските давачки. Во заштитата на производството од
агроиндустрискиот комплекс се користат прелевмани, односно такси со кои се одзема
разликата во цените меѓу домашната и увезената стока.
Меѓу квантитативните ограничувања на увозот се наоѓаат: контингенти за увоз,
дозволи за увоз и забрани за увоз.
Контингенти (квоти) за увоз претставуваат количини на одредена количина или
вредност на поединечна стока, утврдена од страна на државата, што може да се увезе во
одреден временски период. Увозот во рамките на стоковиот контингент се врши согласно
пропишаниот царински режим. Доколку целосно се искористат стоковите контингенти
пред истекот на рокот за кој се пропишани, до тој рок во земјата не се врши увоз на таа
стока.
Дозволаза увоз е инструмент за директно регулирање на трговската размена Со
дозволата не се врши ограничување на количина или вредност на увозот, туку
остварувањето на увозот е условено од добивање дозвола од надлежен државен орган.
Дозволите се воведуваат заради контрола и ограничување на надворешно-трговската
размена на одредени видови стока (лекови, оружје, муниција, уметнички предмети,
племенити метали...)

8
Исто така увозот може да се ограничи и со стандарди и прописи за квалитетот на
увезените производи. Овие стандарди се донесуваат од страна на државата, која при
донесувањето внимава да не дојде до загрозување на развојот на меѓународната трговија.

2.3Ограничувања на извозот
Во принцип, на страната на извозот не би требало да се поставуваат било какви
ограничувања, особено не царини за извоз, заради обезбедување на приходи во буџетите.
Сепак, постои практика на преземање на мерки за ограничување на извозот заради
обезбедување на домашниот пазар со соодветни количини на стока (преку ограничување
на извозот на храна и воведување на даноци за извоз).
Во врска со заштитата треба да се има предвид дека високата заштита, сама по
себе, не е добра, бидејќи ги зголемува трошоците и го намалува стандардот. Во
определени ситуации, во каква што беше Македонија, неопходно е таа да се воведе, но
само со програма за нејзино постепено намалување. Без таква определба и
стриктнопридржување на роковите јасно е дека ќе изостане очекуваното приспособување
на домашните производители на странската конкуренција. Зголемувањето и/или
продолжувањето на заштитата е конрапродуктивно на целите за рационално вклучување
во меѓународната поделба на трудот.
Остварувањето на оваа задача требаше да се синхронизира со утврдувањето на
единствениот девизен курс на денарот, при што курсот треба да биде и реален. Тоа не
значи дека курсот треба да се определи на ниво со кое ќе се обезбеди планираниот прилив
на девизи, бидејќи во таа насока може да се влијае и со активна политика на поддршка на
извозно ориентирано производство преку: поврат на царини и царински давачки на
опрема и репродукциони материјали, доколку произведените стоки со нив се извезуваат,
поддршка на извозно ориентирано производство во фазата на инвестирање, враќање на
дел од платената возарина на странски релации, симулирање на странски лица да
вложуваат во производство во Македонија кое е наменето за извоз, итн.
Трговскиот протекционизам почна широко да се распространува кон средината на
1980-тите години на минатиот век и постепено премина во форма на доброволни извозни
ограничувања. По дефиниција, договорот за “доброволно”ограничување на извозот
подразбира ограничување на вредноста на извозот на едно или повеќе добра од страна на

9
владата на земјата извозник како резултат на барање или притисок од страна на владата на
земјата увозник. Постојат два основни вида на овој договор и тоа:
 Договор за доброволно ограничување на извозот (voluntary export restraints
agreements VER), кој претставува договор меѓу две или повеќе држави со цел
намалување на извозот на одредена стока во одреден временски период од една
земја потписничка во друга (други) земја потписничка на договорот и
 Договор за распределба на пласманот на производите (orderly marketing
arrangements-OMA) кој договор може да го склучат и држави и претпријатија и со
кој се врши поделба на пазарот меѓу одредени држави во својство на надворешно
трговски партнери, а со самото тоа се врши и поделба на пазарот меѓу соодветните
надворешно трговски фирми кои имаат седиште на територијата на тие држави.

Ефектите од договорот за ограничување на извозот се ист и како и ефектите кои се


остваруваат со примена на квотите, а слични се и со ефектите кои се постигнуваат со
примена на царина.
Доброволните извозни ограничувања најдоа примена во праксата во широк спектар
на дејностии тоа од индустријата за челик, текстил и примарни производи до
автомобилската индустрија и индустријата за електрика и механика. Овие договори
најчесто се склучуваат меѓу развиените земји како што се, САД, Јапонија и земјите на
Европската унија и ја регулираат надворешната трговија во автомобилската индустрија и
индустриите за челик и текстил. САД со Јапонија склучиле договор за доброволно
ограничување на извозот на јапонски автомобили во САД уште во 1981 година, додека
таков договор меѓу Јапонија и Европската унија е склучен во 1992 година.

За да видиме на кој начин функционира договорот за доброволно ограничување на


извозот, ќе го земеме примерот за ограничување на извозот на автомобили меѓу Британија
и Јапонија.

Во случајот со Британија, е фектите од мултилатералната либерализација на


трговијата биле забрзани со нејзината интеграција во Европската економска заедница во
1973 година, која интеграција довела до значителен раст на увозот на автомобили од
европските производители и тоа од 21,6% во 1971 година на 34,1% во 1980 година. Покрај

10
зголемениот удел на европските производители на британскиот пазар на автомобили, бил
регистриран и евидентен раст на јапонски увоз, отсликувајќи глобален експанзивен
извозен тренд на јапонските производители на автомобили. На тој начин, во средината
на70-тите години на минатиот век, глобалната автомобилска индустрија се нашла под
голем притисок на јапонскиот извоз наспроти трендот на намалување на побарувачката на
автомобили како последица на нафтената криза во почетокот на 1973 година. Во обидот да
се убедат јапонските производители да го ограничат нивниот извоз на автомобили во
голем број на Европски земји вклучувајќи ја и Британија, се јавиле обвинувања за дампинг
и други слични обвинувања.

Иако, обвинувањата за дампинг никогаш не биле законски докажани,


останалнејaсен фактот дали успехот на јапонски извозници бил резултат на “квалитетот на
нивните автомобили и на ефективноста на нивниот меѓународен маркетинг” или пак на
очигледниот дампинг.
Владата на Британија била под притисок да ги заштити чувствителните сектори на
индустријата, при што главниот чувствителен сектор бил автомобилската индустрија за
моторни возила кој претставувал 25% од Британскиот увоз од Јапонија во тој временски
период. И покрај напорите на британската влада, бројот на ново регистрирани јапонски
автомобили во Британија се зголемувал од година во година, за да во 1976 година бил
зголемен за 31%. Поради тоа, бил потпишан договор меѓу британските производители
претставувани преку нивната заедница SMMT (The Society of Motor Manufacturers and
Traders) и асоцијацијата на јапонските производители на автомобили JAMA (Japanese Car
Manufacturers’Association), и со овој индустриски договор била ограничена
регистрацијата на нови јапонски автомобили во Британија на 9-11% од вкупниот број на
регистрации во Британија за временски период од 5 години. На крајот на 1982 година,
формата на билатерални договори се сменила, со тоа што Европската заедница ја презела
координативната улога во употребата на квантитативнибариери во случајот со Јапонија.
Во таа насока, Јапонците се согласуваат на умереност во текот на три последователни
години (1983-85 вклучително) во извозот на одредени производи, пред се на автомобили.
Ваквата состојба на статус кво продолжила се до потпишувањето на спогодбата меѓу
Европската заедница и Јапонија т.н. Основите на консензусот (EOC-Elements of consensus)

11
во јули 1991 година, која спогодба предвидувала примена на договор за “доброволно”
ограничување на јапонскиот извоз на автомобили, кој договор заврши во декември 1999
година.

Завршувањето на договорот за “доброволно”ограничување на јапонскиот извоз во


1999 година не доведува до значителна експанзија на пазарниот удел на јапонските
производители во Британија, а за тоа сведочи фактот што нивниот пазарен удел во 1999
година изнесувал 11.5%, додека во 2009 година изнесувал 14.3%.
Договорот за “доброволно ограничување”на извозот како пазарна стратегија беше
наметнат од страна на Британија на јапонските производители на автомобили. Резултатите
од анализата укажуваат на фактот дека доброволните извозни ограничувања не резултираа
со успех во поглед на висината на добивката остварена од страна на автомобилските
компании, која не беше доволна за компензирање на загубата на потрошувачите.
Завршувањето на договорот за “доброволно”ограничување на јапонскиот извоз во 1999
година не доведува до значителна експанзија на пазарниот удел на јапонските
производители во Британија, а за тоа сведочи фактот што нивниот пазарен удел во 1999
година изнесувал 11.5%, додека во 2009 година изнесувал 14.3%.Ефектот на доброволното
ограничување на извозот од страна на јапонските производители беше компензирање на
намалената продажба преку подобрување на квалитетот на производите и остварување
поголем профит.

2.4Ограничувања на движењето на капиталот


Земјите кои имаат девизни ограничувања посебно внимание посветуваат и на
движењето на капиталот, особено на „жешкиот” капитал. Ним им е потребен капитал за
развој и за подобрување на состојбата во платниот биланс, меѓутоа, споменатиот вид
капитал, поради неговата природа, е непожелен и не може редовно да се смета како
зголемување на монетарните резерви, поради тоа што секој момент може да се повлече во
странство.

12
Наспроти трендот на либерализација на меѓународните капитални трансакции,
голем број земји применуваат разни инструменти за контрола на капиталните текови.
Основата за контрола на капиталните трансакции ја сочинува Спогодбата
на ММФ (Articles of Agreement, Article VI, Section 3), која дава можност земјите да
поставуваат рестрикции на капиталните трансфери. Капиталните контроли се остваруваат
со помош на одредени економски мерки, со кои се дестимулираат приливот на странски
капитал во домашната економија и инвестирањето во странство. Исто така, капиталните
контроли може да се спроведуваат и со чисто административни мерки, каде што се
забрануваат сите или одредени капитални и финансиски трансакции со странство.
Интересот за капиталните контроли е обновен во поново време како последица на два
фактора:

 прво, големиот пораст на капиталните текови кон земјите во развој и;


 второ, фактот дека бројни валутни и/или финансиски кризи беа поврзани со слободата
на капиталните текови.

Од аспект на монетарната политика, главната предност на капиталните контроли се


состои во тоа што тие го решаваат проблемот на т.н. трилема или невозможно
тројство (trilemma, incompatible trinity), според кое, земјата не може во исто време да има
фиксeн девизен курс, слободно движење на капиталот и слобода во монетарната политика.
Оттука, капиталните контроли овозможуваат независна монетарна политика во смисла на
создавање разлика помеѓу домашните и странските каматни стапки, т.е. се спречува
домашните каматни стапки да се претворат во играчка на странскиот капитал.

Земјите имаат на располагање повеќе форми за ограничување на странскиот


капитал. Така, централната банкаможе да воведе обврска за комерцијалните банки за
задолжително депонирање на дел од приливот на капитал на посебна некаматоносна
сметка која се води кај централната банка. Станува збор за инструмент, кој е многу сличен
на задолжителната резерва на банките, со таа разлика што, во овој случај, задолжителниот
депозит гласи на странска валута. Притоа, централната банка може да одреди различен
процент на задолжителниот депозит за кусорочниот и долгорочниот прилив на капитал.
Со примената на овој инструмент се намалува ефективниот прилив на капитал во земјата,
со што се намалува и потребата за стерилизација. Исто така, задолжителните депозити не

13
предизвикуваат никакви фискални трошоци, така што тие претставуваат и многу евтин
инструмент за стерилизација. Меѓутоа, со тоа што задолжителните депозити се јавуваат
како de facto оданочување на приливот на странски капитал, тие го зголемуваат трошокот
на позајмување во странство и, на тој начин, можат да предизвикаат пораст на домашните
каматни стапки.

Овој инструмент наоѓа широка примена во малите земји кои привремено се


соочуваат со обемен прилив на капитал. Така, во периодот 1991-1998, во Чиле бил воведен
задолжителен бескаматен депозит на приливот на капитал (encaje) во висина од 20%-30%.
Исто така, во февруари 1997, Словенија воведе вакви мерки со кои, при
издавањеобврзници во странство, издавачот е должен да депонира износ од 10% до 40%
од вредноста (за обврзниците со рок на достасување над и под седум години, соодветно)
на посебна, некаматоносна сметка кај централната банка.

Слично решение, применето во Словенија и Малта, претставува обврската на


домашните банки, на девизна сметка во некоја странска банка, да издвојат депозит
еднаков на приливот на странски капитал. На овој начин, самите банки вршат
стерилизација на приливот на капитал, така што нема потреба од интервенција на
централната банка.

Во продолжение, како индиректна мерка за контрола на капиталните текови се


јавуваат данокот за изедначување на каматните стапки (interest-equalization tax)
и данокот на прилив на капитал (capital-import tax). Со помош на овие инструменти, на
секој прилив на странски капитал се плаќа данок, со што директно се намалува приносот
кој го остваруваат странските инвеститори, т.е. се зголемува трошокот на позајмување на
домашните банки и фирми. На тој начин се тежнее кон отстранување на разликата помеѓу
домашните и странските каматни стапки и така се дестимулира приливот на странски
капитал.

Според тоа, предностите на даноците се состојат во тоа што се намалува потребата


од стерилизација, а исто така, овој инструмент не само што не предизвикува никакви
фискални трошоци, туку обезбедува дополнителни приходи за владата. Од друга страна,
како недостатоци на даноците на приливот на капитал се споменуваат следниве: нивната

14
примена предизвикува административни трошоци; со тек на време, инвеститорите наоѓаат
начини да ги заобиколат даноците; се зголемува трошокот на позајмените средства од
странство којшто може да биде префрлен врз домашните корисници на кредитите итн.
Инаку, оданочувањето на капиталот е многу распространета мерка за контрола на
капиталните трансакции. Така, данокот за изедначување на каматните стапки го
применувале уште САД во 1963-1974, Бразил во 1993, Австралија во 1987 итн., а данокот
на увозот на капитал го применувале Израел во1980-тите, Чешка во 1995 итн.

Од друга страна, слободното движење на капиталот во рамките на Европската


унија претставува една од четирите слободи предвидени со Римскиот договор за основање
на ЕЕЗ. Со овој Договор е забрането ограничувањето на движењето на капиталот помеѓу
земјите-членки. Исто така, со овој Договор се конкретизирани и детално утврдени низа
директиви, одлуки, уредби и други акти, меѓутоа истите не ги спречуваат земјите-членки
во водењето на својата автономна даночна политика, контрола и надзор на финансиските
институции, како и прибирањето на податоци за статистички цели.

За либерализацијата во оваа област било потребно повеќе време за разлика од


останатите три слободи. Причината за ова треба да ја бараме во тоа што во текот на
педесеттите и шеесеттите години на минатиот век постоеле многу поскромни текови на
капитал за разлика од сега, обидите на некои земји-членки да ги регулираат нафтените
шокови со помош на контролата на тековите на капитал, како и бавниот развој на
регулативата од оваа област во рамките на ЕЕЗ, иако првата директива со која се
либерализира најголемиот дел од долгорочните капитални текови е донесена уште во 1960
година, а другата со која се регулира трговијата со хартии од вредност во 1962 година.

Меѓутоа кон крајот на осумдесеттите години оваа област добива поинаква


динамика во нејзиниот развој, со што помеѓу земјите-членки главно се укинуваат сите
бариери на слободното движење на капиталот. Либерализацијата на сите долгорочни
движења на капитал е спроведена во 1986 година, додека за краткорочните истото се
случило во 1988 година. Со оваа либерализација голем дел од земјите-членки покажале
страв од нагло одливање на капитал, но истото се покажало неоправдано бидејќи се
соочиле со поголем прилив на капитал.

15
Законодавството на ЕУ во оваа област е засновано на неколку општи принципи:

 успешно отстранување на тековите на капитал и меѓународните плаќања ги опфаќа


не само девизните ограничувања, туку и кој било вид на административни прописи
кои практично прават разлика во капиталот врз основа на неговиот извор и цел;
 правата на слободни трансакции им се доделуваат на резидентите;
 слободните текови ги исклучуваат општите забрани, како и сите постапки на
давање овластување;
 дозволените отстапки се однесуваат на националната безбедност и јавниот интерес.

16
Заклучок
Во развиените економии девизните системи се, во основа, либерални, а кон
девизни ограничувања прибегнуваат во определени ситуации (најчесто со воспоставување
на контрола на извозот на капитал) и по извесен период повторно се враќаат на
либералното одвивање на надворешно-трговските и финансиските трансакции.Недоволно
развиените економии, пак, во девизните системи гледаат не само инструмент за
рационирање на странските средства за плаќање, туку и средство за времена заштита на
развојот на определени гранки од странска конкуренција (додека се оспособат да се носат
со конкуренцијата).
Квантитативните девизни ограничувања во определен период се потребни, но ако
долго се применуваат генерираат неповолни состојби во националните економии. Сите
ограничувања на слободната игра на пазарните сили на понудата и побарувачката го
ограничуваат постигнувањето на максимална економичност како последица на поделбата
на трудот, па така и девизните ограничувања. Заштитени во стоковниот промет од
надворешна конкуренција, земјите повеќе не ги произведуваат оние артикли во чие
производство уживаат компаративна предност и производството, воопшто земено,
поскапува, а со тоа растат и цените.
Поради економската изолираност на одделни национали стопанства во нив се
формираат различни односи на цените, што е невозможно во еден единствен пазар каков
што е слободниот светски пазар, а тоа создава посебни тешкотии при укинувањето на
ограничувањата и укинувањето на националните стопанства во светско стопанство.
Конечно, бидејќи билатералниот стоковен промет меѓу две земји ретко кога се
израмнува, размената опаѓа на ниво на надворешно-трговскиот капацитет на послабата
земја, што значи дека опаѓа и вкупниот промет на светската трговија
Република Македонија, определувајќи го како клучен приоритет нејзиното
полноправно членство во Европската унија,несомнемо мора да ги следи трендовите на
европските трендови во поглед на девизните ограничувања и слободи со што би станала
рамноправен член на единствениот пазар.

17
Библиографија

Glisik Dr Vladimir: Savremena problematika megjunarodnih odnosa plakanja, Institut za


megjunarodnu politiku I privredu, Beograd, 1976;
Jeftik Bora: Odnosi ekonomske neravnopravnosti - Prilog teoriji
megjunarodne politike razvoja, Kultura, Beograd, 1969;
Косиќ, Богдан: Свјетско тржиште данас - социјализам, капитализам
и свјетско тржиште, Народне новине, Загреб,1979;
Turner Phillip and Jozef van't Dack. "Changing financial systems in open economies: An
overview." во: Changing financial systems in small open economies. Policy Papers No.1, BIS,
December 1996;
Јовановски,. д-р Тихомир, Девизна економија, Скопје
Узунов В.: Глобализација и економски развој-теорија и политика, Правен факултет,
Скопје 2002;
Шајноски, д-р Крсте, ,,Девизен систем и девизно работење‘‘, Универзитет ,,Гоце Делчев‘‘-
Штип, Штип, 2011 година;
www.limun.hr – Devizna Ogranicenja.

18

You might also like