You are on page 1of 27

Поим и видови на девизите

• Парите на една економија се јавуваат во


странство во два вида:
• Во вид на ефективни странски пари или
валути (foreign currency)
• Во вид на краткорочни побарувања во
странски пари или девизи (foreign exchange)
• Поимот девиза произлегува од шпанскиот
збор devisa, што значи странска меница,
меница што гласи на странска валута и
којашто треба да се плати во странство.
• Девизите коишто некои економисти ги
нарекуваат влезници за странските пазари,
претставуваат упатница на куповната сила
во странство.
• Тоа значи дека, странскиот девизен
резидент како корисник на побарувањата
во странство добива девизи коишто
претставуваат побарувања во странска
валута.
• Девизите како побарувања во странска
валута претставуваат специфична стока што
се купува и продава на девизниот пазар.
• За имателот на девизите (домашниот резидент)
тие не претставуват пари, бидејќи имателот ќе
добие домашни пари откако ќе ги продаде
девизите на девизниот пазар или ќе ги
презентира кај некоја банка за наплата.
• Поимот девизи првобитно бил врзан за мениците
што гласале на странска валута и се плаќале во
странство и за нив во земјата била оставана
адекватна противвредност во домашни пари.
• Главната цел на тие меници била да го олеснат
платниот промет помеѓу оддалечените места со
различни валути и да обезбедат сигурност во
платниот промет меѓу тие места.
• Сега девизите, од макроекономски аспект би можеле
да се дефинират како побарувања што ги има едно
национално стопанство во валути на другите
национални стопанства (на другите земји).
• Побарувања кои би имале третман на девизи, би
биле:
• Побарувања на банките по тековните сметки кај
странските банки
• Чекови и меници што гласат на странски валути и
влечени од странски банки
• Примени акредитивни налози
• Кредитни писма
• Телеграфски налози и други хартии од вредност што
гласат на странски валути.
• Според потесното стојалиште за девизи се
сметаат сите краткорочни побарувања во
странство по било кој основ, во било која
валута и без оглед на начинот на
располагањето со девизите.
• Според ова, странските пари (странските
валути)што се наоѓаат во рацете на
домашните девизни резиденти не
претставуваат девизи.
• Спрема поширокото стојалиште, поимот
девизи ги опфаќа и странските пари
(странските валути) што се наоѓаат кај
домашните девизни резиденти.

• Сепак од теоретски и од практичната


примена, во повеќето земји, е прифатено
првото, потесното стојалиште, со што се
прави разлика помеѓу поимот и суштина на
валутите и девизите
Видови девизи
• Од стопанско-политички аспект, девизите се делат
на две групи:
• Слободни
• Врзани девизи
• Слободни девизи се дефинираат како побарувања
во странство во такви видови странски средства за
плаќање со кои нивните сопственици би можеле да
располагаат слободно за плаќање на побарувањата
во земјата или пак за плаќање во некоја друга земја.
• Најчесто како синоними за слободни девизи се
:конвертибилните,здравите или цврстите девизи.
• Врзани девизи гласат на краткорочни
побарувања во странство, во странски
средства за плаќање, побарувања што би
можеле да се користат само за договорени
видови плаќања.
• Самото име произлегува од ограниченоста
што постоои кај сопственикот на сите девизни
побарувања при нивното користење.
• Како синоними на врзаните девизи најчесто
се споменуваат неконвертибилните, слабите,
меките или клириншки девизи.
• Од аспект на врзувањето на вредноста на
валутите, ги имаме следниве дефинирања:
• Слободни девизи се сметаат девизите што
гласат на валути (на ефективни странски
пари) чијашто вредност званично не е
врзана за вредноста на некој објективен
стандард (за вредноста на златото или
вредноста на некоја стабилна валута на
трета земја).
• Врзани девизи се нарекуваат краткорочните
побарувања во странски средства за
плаќања (во странски валути) чијашто
вредност е врзана, е утврдена во однос на
вредноста на некој објективен стандард.
• Објективниот стандард на чија вредност се
врзуват вредностите на валутите на
одделните земји, претставува еден вид
заеднички именител се формира и
интервалутната вредност на валутите на тие
земји.
• Постои и следнава поделба на девизи:
• Меки
• Цврсти
• Клириншки
• Конвертибилни
• Промптни
• Термински
• Стоковни
• Нестоковни
• Иселенички
• Туристички
• Ефективни
• Пресметковни и др.
• Меки девизи-краткорочни побарувања што
гласат на странски валути чијашто куповна сила
не е стабилна, не се конвертибилни во други
валути
• Цврсти девизи-краткорочни побарувања што
гласат на странски валути чијашто куповна сила
е постојана. Тие имаат стабилен валутен курс и
во значајна мера се конвертибилни за други
валути.
• Стабилноста на куповната сила на странските
валути произлегува од постоењето стабилност
на односите внатре во стопанството и на
урамнотеженоста на билансот на плаќања.
• Клириншки девизи – краткорочни
побарувања што гласат во странски валути.
Тоа се побарувања од странство што
резултираат од побарувањата од некоја
земја со која што размената и плаќањта се
вршат по пат на клиринг.
• Клириншките девизи се јавуваат како
резултат на постоењето на позитивно
клириншко салдо на една земја во однос на
друга земја со која е склучена клириншка
спогодба.
• Конвертибилни девизи- краткорочни побарувања
што гласат во странски валути се девизи што
можат слободно да се менуваат, да се
конвертираат за други девизи,за други
краткорочни побарувања во странски валути врз
основа на утврден паритет.
• Промптните девизи претставуваат такви
побарувања во странски валути што достасале,
побарувања со кои може веднаш да се располага и
тоа во зависност од карактерот на девзиите, во
зависност од тоа дали се валутите на кои гласат
конвертибилни или не се, и во зависност од
режимот на користењето на валутите.
• Терминските девизи претставуваат
побарувања во странски валути коишто не
можат веднаш да се користат, туку по
истекот на однапред договорениот рок.
• И промптните и терминските девизи се
среќаваат најчесто на валутно-девизните и
ефектни берзи.
• Најчесто терминските девизи се купуваат
заради обезбедување од курсниот ризик
или пак од чисти шпекулативни мотиви, со
цел да се заработи на разликите во курсот.
Девизен курс
• Кога се разгледуваат поимот и суштинатана
девизниот курс, речиси секогаш се има предвид
сооднодот помеѓу вредноста на домашната и
странските валути.
• Валутниот курс се дефинира како цена на
паричната единица на една (обично странска)
земја изразена во парични единици на друга
(обично домашна) земја. Бидејќи ги изразува
односите на вредностите помеѓу валутите, ги
изразува односите на интервалутните вредности
помеѓу валутите на оделните национални
економики, освен терминот валутен курс се
користи и терминот интервалутен курс.
• Во повеќето земји (и во Р.Македонија)
банките, согласно со девизните прописи,
продаваат странски валути по курс којшто е
нешто повисок од службениот и тој курс се
нарекува продажен курс, а купуваат странски
валути по нешто понизок курс од службениот
и тој курс се нарекува куповен курс.
• Разликата што се јавува помеѓу продажниот и
куповниот курс има карактер на приход на
банката и се користи за покривање на
манипулативните трошоци и за надоместок
за евентиално изгубениот интерес.
• Валутните курсеви ги објавуваат банките во
т.н. Курсни листи.
• Во тие листи обично се означува цената на
една или 100 единици на странска валута
во домашна како што е случај во повеќето
земји или, пак курсевите се искажуваат на
тој начин што се означува цената на
домашната валута во други странски валути
како што е случај со Велика Британија.
• Покрај службениот валуртен курс којшто го
определува државата, постојат и неслужбени
валутни курсеви што се формираат на разни
валутно-девизни пазари (на пример на валутните и
девизните берзи се формираат посебни валутни
курсеви наречени берзански курсеви, односно
котирања).
• Доколку постојат разлики во понудата и
побарувачката на една валута во повеќе девизни
берзи, а со тоа и различни валутни курсеви на таа
валута на берзите, разликите помеѓу нив се
израмнуваат по пат на диференцијална арбитража
помеѓу одделните берзи.
• Доколку пак, вкупната понуда на некоја валута на
девизниот пазар ќе дојде во таква неусогласеност
со вкупната побарувачка за таа валута (или
обратно) со што се создаваат услови за
формирање на валутен курс што отстапува од
службениот валутен курс над или под
допуштените отстапувања.
• Доколку постојат можности за формирање на
валутните курсеви на “сивите” и на
”црните”пазари,тогаш се формираат “сиви” или
”црни” валутни курсеви.
• Ако валутниот курс на земјата е определен
во иста висина за вршење на сите валутни
операции, станува збор единствен валутен
курс.
• Ако пак се пропишуваат(од страна на
државата) различни валутни курсеви за
различни валутни операции или за
меѓународни плаќања, по одделни основи,
се врши диференцијација на курсевите,
станува збор за диференцијални
(повеќекратни) валутни курсеви.
• Девизниот курс се дефинира како цена на
странската валута на која гласи девизата
изразена во домашна валута (или во некоја
друга валута), односно девизниот курс
претставува сооднос помеѓу вредноста на
валутата на која гласи девизата и вредноста на
домашната валута.
• Девизниот курс покажува колку домашни
парични единици се даваат за една или сто
парични единици што се добиваат за девизата
од побарувањата во странска валута.
• При поширокото дефинирање,девизниот
курс се дефинира како однос на вредноста
на домашните и странски валути или
цената на една национална валута
изразена во друга валута, односно цената
по која се пресметуваат, купуваат и
продаваат валутите и девизите.
• Девизниот курс се дефинира како цена на
странската валута во домашни пари.
• Куповната сила на валутата на една земја може да
дојде до зираз надвор од гранизите на таа земја
само на посреден начин, по пат на размена,
менување за друга валута, за валута на друга земја.
• Размената на домашната валута со валутите на
другите земји се врши со посредство на валутниот,
односно девизниот курс.
• Со посредство на девизниот курс се врши
пресметување и споредување помеѓу одделните
национални економии, поради што се вели дека
валутниот и девизниот курс претставуваат врска
помеѓу одделните национални стопанства.
Значење и функции на девизниот курс
• Девизниот курс во едно национално стопанство
може да врши значајни функции:
• Нивелирање на домашните и странските цени
• Рационална ориентација на националното
стопанство во производството и стоковната
размена со странство
• Урамнотежување на платниот биланс
• Автоматска распределба на стоките и капиталот
меѓу различните национални пазари
• Остварување на платниот промет со странство и сл.
• Доколку станува збор за реално формиран девизен курс,
тој курс може во голема мера да влијае на нивелирањето
на домашните и странски цени.
• Доколку девизниот курс претставува реална интервалутна
вредност на домашната валута, тој може да влијае на
приближувањето на домашните цени кон странските цени
со што домашното стопанство ќе може во исто време и да
се ориентира кон рационално производство во земјата,
односно производство за извоз.На тој начин девизниот
курс ќе се јави во функција на инструмент којшто ќе врши
автоматска распределба на стоките и капиталот меѓу
различните национални пазари, т.е. По пат на девзиниот
курс се изедначуват условите за размена на
надворешниот и на домашниот пазар.
Девизниот курс,стопанските движења и
стабилизациона политика

You might also like