You are on page 1of 17

Наставна единица :

Биланс на плаќање:
Поим за билансот на меѓународни плаќања
Економија ( изборен) за четврта
година економско- правна и трговска
струка

Изработил:
Александра Митева
Да повториме ...
Што претставува надворешната трговија ?

Што претставува увозот на стоки од


странство , а што извозот на стоки во
странство?

Со какви средства се врши плаќањето на


купени/ продадени стоки во странство?
Што ќе научиме денес ?
• Што претставува билансот на меѓународни плаќања ?

• Која е структурата на платниот биланс ?

• Што се претставува во тековната сметка во платниот


биланс?

• Што се претставува во капиталната и финансиска сметка


на платниот биланс?

• Што претставува ставката грешки и пропусти во платниот


биланс?
Што претставува билансот на меѓународни
плаќања ?

Билансот на меѓународни плаќања претставува систематски опис на


сите трансакции за резидентите на една земја со странство во текот на една
година .

Co билансот на плаќање се забележуваат сите трансакции меѓу земјата и


странство во текот на една година , без разлика дали плаќањата се
извршиле или ќе се извршат подоцна .

Билансот на плаќање има две страни :


 долговна ( дебит ) страна  ‘’ –’’
кредитна ( побарува) страна  ‘’ +’’
Што се евидентира на долговната страна
( дебит)?
• На дебитната страна се евидентираат
трансакции што предизвикуваат одлив на
девизи од земјата .

• Дебитното салдо се прикажува на десната


страна во платниот биланс .

• На пример : увозот, домашните трансфери


кон странство , заеми дадени на странски
лица итн.
Што се евидентира на страната побарува
( кредит) ?

• се бележат сите трансакции кои, по правило


предизвикувале некои примања од странство .

• Кредитното салдо го прикажуваме на левата


страна во платниот биланс .

• на пример: извоз, услуги направени во странство


или за странство, продажба на хартии од вредност
во странство, продажба на злато и валути , заеми
од странство ,
Структура на билансот на плаќање

1. Тековна сметка

2. Капитална и финансиска сметка

3. Грешки и пропусти
1. Тековна сметка ( биланс на тековни
трансакции)
 Тековната сметка вклучува :
1. Трговски биланс – увоз и извоз на стоки
2. ‘’ Невидливиот увоз и извоз’’ – увозот и извозот на услуги и доходи
3. Трансферни плаќања кон и од странство во корист на домашните
субјекти.

 Салдото на тековниот биланс се добива како разлика меѓу


позитивната и негативната страна на билансот .

 Дефицит на тековниот биланс – збирот увозот и трансферните


плаќања кон странство се поголеми од збирот на извозот и трансфери од
странство ( задолжување)
 Суфицит на тековниот биланс - збирот на извозот и трансфери од
странство се поголеми од збирот увозот и трансферните плаќања кон
странство ( вишок)
• Пример , доколку еден Французин увезе
американски фармерки во својата земја ,
трансакцијата влегува во сметките за
платниот биланс на САД како кредит на
тековнaта сметка.

- Што би се случило во спротивната


ситуација , САД увезува фармерки од
Франција , што би се случило со сметките на
платниот биланс во САД ?
2. Капитална сметка и финансиска сметка
 Во капиталната сметка се прикажани тековите на финансиските средства меѓу земјата и
странство што се нарекуваат капитални трансакции и го прикажуваат одливот на
капиталот од земјата кон странство и приливот на странскиот капитал во земјата .

2.1. КАПИТАЛНА СМЕТКА


- капитални трансфери
- стекнување/располагање со непроизводни средства
- простување на долг,
- пренос на стоки и финансиски средства на мигранти кои заминуваат или влегуваат во
земја
- пренесување на сопственост на основни средства

2.2. ФИНАНСИСКА СМЕТКА


- директни и портфолио инвестиции
- останати инвестиции
- официјални резерви
- Трговски кредити
- Заеми
- Валути и депозити
3. Грешки или пропусти во платниот
биланс
• Делот од транксакциите кои никаде не се
евидентирани или пријавени , или пак ,
различната статистичка методологија и пристап
до податоци , води до грешки и несовпаѓање во
податоците помеѓу дебитната и кредитната
страна во платниот биланс.

• ,,Грешки и пропусти‘‘; оваа ставка е неопходна


за платниот биланс да изнесува нула на дното
од табелата.
Што научивме денес ?
• Што претставува билансот на меѓународни плаќања?

• Која е структурата на платниот биланс ?

• Што се претставува во тековната сметка во платниот


биланс?

• Што се претставува во капиталната и финансиска сметка


на платниот биланс?

• Што претставува ставката грешки и пропусти во платниот


биланс?
ЗАДАЧА ЗА СЕКОЈ УЧЕНИК
• Истражете :

1. Кои се стоките кои нашата држава ги увезува, а кои


стоки ги извезува?
2. Кои услуги се извезуваат , а кои услуги се увезуваат во
нашата држава.
3. Пребарајте какви капитални и финансиски трансакции
извезува и увезува РСМ .
4. Пребарајте податоци за последниот платен биланс на
РСМ .
** Веродостојни и точни податоци можете да најдете на
официјалната страница на НБРМ - https://
www.nbrm.mk/platen_bilans.nspx
Материјали за учење
• За совладување на наставната единица ,
прочитајте ја лекцијата на стр.237- 239.

• За полесно совладување на наставната


единица користете на презентацијата.
Ви благодарам за вниманието

You might also like