You are on page 1of 155

ПЛАТЕН БИЛАНС

 Платниот биланс претставува статистички извештај


за определен временски период, кој систематски ги
сумира сите економски трансакции на Р.Македонија
со остатокот од светот.
 Платнибилансната статистика на Р.Македонија се
подгтвува во согласност со методологијата на
ММФ.Податоците се објавуваат на месечна основа,
во милиони евра и САД долари.Трансакциите
деноминирани во други валути се конвертираат во
евра и САД долари еквивалентно на девизниот курс
на денот на трансакцијата.
 Основни извори на податоци за извршувањето на платниот биланс
се:

 Единствениот царински документ за надворешно-трговска размена за


известување на Р.Македонија
 Системот за известување за платниот промет на банките со странство
(ППС)
 Систем за известување за надворешниот долг (КЗ)
 Месечните извештаи за промените и состојбите на сметките во
странство на резидентите кои не се овластени банки и состојбата на
прометот на евидентните сметки
 Банкарските извештаи за состојбата на средствата и обврските.
 Дополнителни извештаи на НБРМ за менувачкото работење и за
состојбата на официјалните девизни резерви на Р.Македонија
 Податоци од годишниот прашалник за СДИ.
 Тековна сметка
 Стоки
 Извор на податоци за надворешно-трговската размена на
Р.Македонија е ЕЦД која се прибира од Царинската управа на
Р.македонија а се обработува и објавува од страна на
Државниот завод за статистика.
 Услуги
 Транспорт:податоците кои се однесуваат на транспортот се
од платниот промет на банките и месечните извештаи.
 Туризам:извор се податоците од платниот промет на банките
со странство и месечните извештаи
 Останати услуги:основен извор се податоците од платниот
промет на банките со странство за извршените наплати од и
плаќања кон нерезиденти по видови на услуги
 Доход
 Доходот како компонента на платниот биланс
произлегува од :
1.Надомест за вработени(резиденти вработени кај
нерезиденти и обратно)
2.Доход од инвестиции (капитална добивка од
директни инвестиции, портфолио инвестиции и
останати инвестиции-дивиденди, камати на заеми и
кредити и сл.)
Доходот од директни инвестиции:во податоците се
опфатени платените дивиденди и распределената
добивка , како и реинвестираната и нераспределена
добивка.
 Доход од портфолио инвестиции:во податоците на
страната на приливот се опфатени наплатените
камати од странски должнички хартии од вредност и
пресметаните камати од странски должнички хартии
од вредност во рамки на девизните резерви.На
страната на одливот се опфатени платените
дивиденди по сопственички хартии од вредност и
платените камати по основ на домашни сопственички
и должнички хартии од вредност.
 Доход од останати инвестиции:опфатени се камати
на депозити, краткорочни, среднорочни и долгорочни
заеми и кредити.Наплатените камати ги сочинуваат
приливите на камати од девизните депозити на
сметки во странство.
 Тековни трансфери
1.Официјални трансфери во најголем дел се
однесуваат на парична и стоковна помош добиена од
влади на странски држави и меѓународни
организации. Извор на податоци за паричните
трансфери е платниот промет на банките со
странство, а за стоковите трансфери царинската
евиденција.
2.Приватни трансфери ги сочинуваат:дознаките во и
од странство на домашните физички лица,
откупената ефектива на менувачкиот пазар и
останатите трансфери од кој најголем дел се
рентите,пензиите,инвалиднините и сл.Основен извор
е платниот промет на банките со странство.
 Капитална сметка
 Опфатени се капиталните трансфери за кои извор на
податоци е платниот промет на банките со странство
ФИНАНСИСКА СМЕТКА
1.Директни инвестиции ги опфаќаат акционерскиот капитал,
реинвестираната добивка и другиот капитал. Тргосвките
кредити, долгорочните и краткорочните заеми помеѓу
поврзани субјекти се евидентираат во ставката друг
капитал.
2.Портфолио инвестиции:извор на податоци е платниот
промет на банките со странство.
3.Други инвестиции:
3.1. Трговски кредити (одобрени во странство и примени од
странство)претставуваат разлика помеѓу физичката
размена на стоките и наплатите односно плаќањата на
истите.Податоците за трговските кредити како проценка
се изведени од податоците за стоковна размена од
царинските документи и извршните наплати и плаќања од
платниот промет по основ на извоз и увоз на стоки.
 Доколку вредноста на физичкиот извоз е поголема од
вредноста на наплатениот извоз, разликата се
евидентира како одобрен трговски кредит (со
негативен предзнак).
 Ако вредноста на увезената стока е поголема од
плаќањето по основ на увоз на стоки , разликата се
евидентира како примен трговски кредит (со
позитивен предзнак).

 Заеми:овдека се прикажуваат користењата и


обврските за отплата на главнина, по среднорочни и
долгорочни заеми и кредити.Довтасани а неплатени
обврски за главнина и камата се евидентираат во
категоријата други инвестиции.
 Валути и депозити:податоците се однесуваат на
промените на девизните средства и девизните
обврски на банките. Промените на девизните
средства на населението ја опфаќаат нето положената
ефектива на девизните сметки на граѓаните во
банкарскиот систем намалена за увозот на стоки од
физички лица.
 Бруто официјални резерви:податоците се
однесуваат на промените на состојбата на
официјалните девизни резерви. Извор на податоците
се извештаите на НБРМ за состојбата на девизните
резерви пресметани по курс на денот на
извештајниот период.
СМЕТКОВОДСТВО НА НАЦИОНАЛЕН
ДОХОД И ПЛАТЕН БИЛАНС
 Како може економската политика да гарантира дека
факторите на производство се целосно искористени?
Што одредува како капацитетот на економијата да
произведува промени на добра и услуги со текот на
времето?

 Макроекономија – општи нивоа на вработеност,


производство и раст на економиите. Го анализира
однесувањето на една економија како целина.
 Макроекономската анализа нагласува четири аспекти на
економскиот живот:
 Невработеност
 Штедење
 Трговски дебаланси(вредноста на увозот на една земја е
еднаква на вредноста на нејзиниот извоз, кога
потрошувачката е еднаква на доходот.Сепак оваа состојба
на урамнотежена трговија ретко се постигнува во
актуелните економии.Трговските дебалански играат
голема улога бидејќи тие редистрибуираат богатство меѓу
земјите и се главен канал преку кој макроекономските
политики на една земја влијаат врз нејзините трговски
партнери.Трговските дебаланси можат бргу да станат
извор на меѓународен раздор.
 Пари и ценовно ниво
-Бидејќи парите го менуваат сопственикот практично о
секоја трансакција која се случува во една модерна
економија, флуктуациите во понудата на пари или
нивната побарувачка, можат да имаат влијание врз
аутпутот и врз враотеноста.
Стабилноста на паричните ценовни нивоа е важна цел
за меѓународната макроекономска политика.
 Со цел да се добие целосна претстава на
макроекономските релации меѓу економиите кои се
вклучени во меѓународната трговија, треба да се
владее релацијата меѓу две поврзани и основни
средства.
 Прво од овие средства е сметководство на
национален доход, ги регистрира сите трошоци кои
придонесуваат за доходот и аутпутот на една земја.
 Второто средство, сметководство на платниот
биланс, кој помага да се следат промените и во
задолженоста на една земја кон странци и во
богатствата на нејзините извозно и увозно-
конкурентни дејности.Сметките на платен биланс,
исто така ја покажуваат врската меѓу странските
транскации и националните понуди на пари.
СМЕТКИ НА НАЦИОНАЛЕН ДОХОД
 БНП или Бруто национален производ ја опфаќа вредноста на сите
финални добра и услуги, произведени од нејзините фактори на
производство и продавани на пазарот во даден временски период.
 БНП е основна мерка за националниот аутпут, што се пресметува со
додавање на пазарната вредност на сите трошоци на финалниот аутпут.
 БНП се дели на 4 можни употреби, со кои се остварува аутпутот на
една земја:
1. Потрошувачка (сумата потрошена од приватното домашно население)
2. Инвестиција (сумата ставена на страна од приватните претпријатија за
да се изгради нова фабрика и опрема за идното производство)
3. Државна потрошувачка (сумата користена од државата)
4. Биланс на тековната сметка (сумата на нето-извоз на добра и услуги на
странци).
 1.БНП не ја зема во предвид економската загуба која
се должи на тенденцијата машините и структурите да
се трошат при употреба. Оваа загуба наречена
депрецијација, го намалува доходот на сопствениците
на капитал.За да се пресмета националниот доход за
даден временски интервал, мора од БНП да се одземе
депрецијацијата на капитал во дадениот период.На
овој начин се добива Нето Национален Производ
(ННП).
 Доходот на една земја може да вклучува подароци од
граѓани на странски земји наречени унилатерални
трансфери.
 Националниот доход зависи од цените што
производителите ги добиваат за своите добра, БНП
на цените што ги плаќаат потрошвачите.
 Националниот доход е еднаков на БНП минус
депрецијацијата плус нето-унилатералните
трансфери минус индиректните деловни даноци.
 БДП е дел од БНП односно,

БНП=БДП + нето примања на факторот доход

Нето примања се доходот што го заработува


домашното население од богатството што го чува во
други земји минус исплатите што ги прави
домашното население на стртанските сопственици на
богатство лоцирано дома.
СМЕТКОВОДСТВО НА НАЦИОНАЛЕН
ДОХОД ЗА ОТВОРЕНА ЕКОНОМИЈА
 Потрошувачка=делот од БНП купен од приватниот
сектор поради исполнување на тековни потреби
 Инвестиција=делот од аутпутот користен од
приватните претпријатија за да го произведат идниот
аутпут.
 Државна потрошувачка=сите добра и услуги
набавени од федерални, владини и локални
власти.Тука се вклучени федералните воени
трошоци,државна поддршка за малигни
заболувања,државни фондови за поправка на
патишта и за образованието.
Идентитет на национален доход за отворена
економија
БНП идентитетот за отворена економија покажува како
националниот доход што една земја го заработува,
продавајќи ги своите добра и услуги, е поделен на
продажба на домашни граѓани и продажба на
странски граѓани.
Затоа националниот доход на една отворена економија
е збир од домашната и од странската потрошувачка
на добра и услуги, произведени од домашни фактори
на производство. Или:

Y=C+I+G+(EX-IM)
ТЕКОВНА СМЕТКА И СТРАНСКА
ЗАДОЛЖЕНОСТ
 Биланс на тековна сметка (CA current account)) е
разликата меѓу извозот на добра и услуги и увозот на
добра и услуги.
CA=EX-IM
Koга увозот на една земја го надминува нејзиниот
извоз, велиме дека таа земја има дефицит на
тековната сметка.
Една земја има суфицит на тековна сметка кога
нејзиниот извоз го надминува нејзиниот увоз.

Тековната сметка е важна бидејќи ги мери големината и


насоката на меѓународните зајмувања.
 Кога една земја увезува повеќе отколку што извезува,
таа повеќе купува од странци отколку што им
продава и мора некако да го финансира овој дефицит
на тековната сметка.Како таа плаќа за
дополнителниот увоз на добра штом ја троши својата
заработка од извозот?
 Бидејќи земјата во целина може да увезува повеќе
отколку да извезува, само ако таа може да ја зајми
разликата ос странци, земјата со дефицит на својата
тековна сметка мора да ги зголемува своите нето-
странски долгови до износот на дефицитот.
 Земјата со суфицит на тековна сметка заработува
повеќе од својот извоз, отколку што троши на
увоз.Оваа земја го финансира дефицитот на
тековната сметка на своите трговски партнери,
давајќи им заеми.Странското богатство на земјата со
суфицит расте бидејќи странците плаќаат за секој
увоз, што не е покриен со нивниот извоз,
потпишувајќи договор за заем што ќе мораат еден
ден да го вратат.
 Билансот на тековната сметка на една земја е еднаков
на промената во нејзиното нето-странско богатство.
 Тековната сметка е еднаква на разликата меѓу
националниот доход и домашната потрошувачка на
населението

CA=Y-(C+I+G)

Само со заеми од странство една земја може да има


дефицит на тековната сметка и да користи поголем
аутпут отколку што во моментот произведува. Ако
таа користи помалку од својот аутпут, има суфицит
на тековната сметка и го зајмува суфицитот на
странци.
 Сметките на платниот биланс на една земја ги следат
нејзините плаќања и примање од странци. Секоја
транскација која резултира со исплата на странци
влегува во сметката на платен биланс како долг и
добива негативен знак (-). Секоја трансакција која
регулира со примање од странци влегува како кредит
и добива позитивен знак (+).
 Земја со дефицит на тековната сметка ја увезува
сегашната потрошувачка, а ја извезува идната
потрошувачка.
 Земја со суфицит на тековната сметка ја извезува
сегашната потрошувачка, а ја увезува идната
потрошувачка.
ШТЕДЕЊЕ И ТЕКОВНА СМЕТКА
 Во една затворена економија националното штедење е еднакво на
инвестициите.Ова ни кажува дека една економија во целост може да го
зголеми своето богатство само акумулирајќи нов капитал.
 Една отворена економија може да заштеди или надоградувајќи ги
своите капитални стокови или стекнувајќи странско богатство, но една
затворена економија може да заштеди само надоградувајќи го својот
капитален сток.
 Бидејќи штедењето на една земја може да биде зајмено од втора земја
за да се зголеми капиталниот сток на втората земја, суфицитот на
тековната сметка на земјата често се однесува на нејзината нето-
странска инвестиција.
 Кога една земја дава заем на друга земја за да финансира инвестиција,
дел од доходот создаден од онвестицијата во наредните години, мора
да се користи да му се исплати на заемодавачот.Домашната
инвестиција и странската инвестиција се два различна начина на кои
една земја може да го користи тековното штедење за да го зголеми
својот иден доход.
 Приватно штедење е дефинирано како дел од
расположливиот доход што е заштеден, а не потрошен.
Расположливиот доход е националниот доход минус нето-
даноците собрани од домаќонствата и претпријатијата од
страна на државата.
 Државно штедење е дефинирано слично како приватното.
Државниот “доход” е нето-доход од данок T, додека
неговата “потрошувачка”се државните издатоци G.
 S=T-G
 Дефицитот на државниот буџет го мери степенот до
којшто владата зема на заем за да ги финансира своите
трошоци.
 Приватното штедење на една земја може да има три
форми:
1.Инвестиција во домашен капитал
2.Набавка на богатство од странци
3.Набавки на новоиздаден домашен долг на државата.
СМЕТКИ НА ПЛАТЕН БИЛАНС
 Сметките на платниот биланс на една земја ги следат
нејзините плаќања и примање од странци. Секоја
транскација која резултира со исплата на странци
влегува во сметката на платен биланс како долг и
добива негативен знак (-). Секоја трансакција која
регулира со примање од странци влегува како кредит
и добива позитивен знак (+).
 Два вида на меѓународни трансакции се регистрираат во
платниот биланс:
 Трансакции кои вклучуваат извоз и увоз на добр и
услуги и затоа директно влегуваат во тековната сметка.
Кога францускиот потрошувач увезува американски џинс,
на пример, трансакцијата влегува во американските
сметки на платен билланс како кредит на тековна сметка.
 Трансакции кои вклучуваат набавка или продажба на
средства. Средство е кој било облик во кој може да се
чува богатството, како: пари, акции, фабрики, државни
долгови, земја или ретки поштенски марки. Капитална
сметка на платен биланс ги регистрита сите меѓународни
набавки или продажби на средства.
 Разликата меѓу извозот и увозот на средства во една
земја е наречена биланс на капитална сметка или,
накусо, капитална сметка.
 Едноставно правило на двојно книговодство. Секоја
меѓународна стансакција автоматски двапати
влегува во платниот биланс, еднаш како кредит и
еднаш како долг. Овој принцип на сметководство на
платниот биланс се смета за точен, бидејќи секоја
трансакција има све страни: ако купите нешто од
странец , морате на некој начин да му платите , а
странецот мора потоа некако да ја потроши ии сочува
вашата уплата.
 Сметките на платен биланс го делат извозот и увозот
на три категории:
 трговија, т.е извоз и увоз на добра.

 Инвеститорски доход, е составена од меѓународни


камати и дивидендни плаѓања и заработка на
претпријатијата во домашна сопственост кои работат
во странство.
 други услуги, вклучува термини како: уплата за
правен совет, туристички трошоци и транспортни
трошоци.
 Бруто- националниот производ БНП се однесува на
добра и услуги кои ги произведуваат факторите на
производство на една земја, но тоа не нагласува дека
тие фактори мора да функционираат во границите на
земјата која ги посетува.
 Врската меѓу БНП и националниот доход, ги
дефинираме унилатералните трансфери меѓу земјите
како меѓународни подароци т.е уплати кои не
кореспондираат со набавка на никакви добра , услуги
или средства. Нето-унилатералните трансфери се
сметаат за дел од тековната сметка, како и за дел од
националниот доход, а идентитетот Y­
=C+I+G+CA е прецизен, ако Y се толкува како БНП
плус нето-трансферот.
 КАПИТАЛНА СММЕТКА
 Капиталната сметка ја мери разликата меѓу
продачжбата на средства на странци и купувањето на
средства лоцирани во странство. Кога САД земаат на
заем IS од страници, тие ним им продаваат средство-
ветување дека ќе врати IS , со камата во иднина.
Ваквата трансакција влегува во капиталната сметка
со позитивен знакбидејќи заемот е исплата на САД
или прилив на капитал. Кога САД дава заем во
странство, сепак, исплатат е извршена на страници и
се јавува долг на капитална сметка. Оваа трансакција
вклучува набавка на средства од страници и е
наречена одлив на капитал
 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗЕРВНИ ТРАНСАКЦИИ
 Овој вид на трансакции вклучува набавка или продажба
на средства на официјални резерви од страна на
цантралните банки.
 Централната банка на една економија е институција
одгоцорна за раководење со понудата на пари . Во САД,
централната банка е Системот на федерални резерви.
 Официјални меѓународни резерви се девизни средства
кои ги држат централните банки за заштита од
национална, еконосмка несреќа. Некогаш официјалните
резерви во голема мера се состоеа од злато, но денес
резервите на централните банки вклучуваат значителни
девизни финансиски средства, особено средства во
долари-како државни благајнички записи. Системот на
федерални резерви самиот држи само мал дел на
официјални резервни средства што не се злато: неговото
сопстевно држење на доларски средства не се значителни
меѓународни резерви.
 Централните банки често купуваат или продаваат
меѓународни реерви на пазарите на приватни
средства за да влијаат врз макроеконосмите услови
во своите економии. Официјалните трансакции од
ваков вид се нарекуваат официјални интервенции
на девизен пазар. Една од причините зошто
интервенцијата на девизен пазар може да ги измени
макроекономските усолови е дека тоа е начин за
централната банка да внесе пари во економијата или
да ги повлеце ид оптек.
 Кога централната банка купува или продава девизни
средства, оваа трансакција се појавува во
капиталната сметка на земјата.
 Книговодственото израмнување на билансот на
официјални резервни трансакции се нарекува биланс на
официјално израмнување или ( во понефомална употреба)
платен биланс. Овој биланс претставува збир од билансот
на тековна сметка, билансот на нерезервниот дел од
капитална сметка и статистичката разлика, и ги покажува
јазот на плаќањето, што официјалните резервни
трансакции треба да ги покријат.
 Платниот биланс одигра важна историска улога како
мерка на дебиланс во меѓународните плаќања, а за многу
земји тој се уште има ваква улога. Негативниот платен
биланс (дефицитот) моеже да биде сигнал за криза,
бидејќи значи дека земјата ги троши своите меѓународни
резервни средства или зема заем од странските монетарни
власти.
 Трансакциите кои вклучуваат добра и услуги се
појавуваат во тековната сметка на платен биланс,
додека меѓународната продажба или набавка на
средства се појавува во капиталната сметка. Секој
дефицит на тековната сметка мора да се совпадне со
еднаков суфицит на капиталната сметка, а секој
суфицит на тековната сметка со дефицитот на
капиталната сметка.
 Меѓународните трансакции на средства кои ги вршат
централните банки се вклучени во капиталната
сметка. Секоја трансакција на централната банка на
приватните пазари на странски девизни средства се
нарекува официјална интервенција на девизниот
пазар.
 Една причина зошто интервенцијата е вашна е дека
централните банки ја користат како начин за промени
на сумата на пари во оптек. Една земја има дефицит
на својот платежен биланс кога ги намалува своите
официјални меѓународни резерви или кога зејмува од
странски централни банки.
 ПРИСТАП НА СРЕДСТВА
 Цената на една валута во односна другата се
нарекува девизен курс. Девизниот курс се вбројува
меѓу најважните цени во една отворена економија.
 Основна карактеристика на средствата е тоа што тие
претставуваат една форма на богатство, нацин на
трансформирањена куповната моќ од сегашноста во
иднината. Цената што средството ја добива додка е
директно поврзана со куповната моќ на стоки и
услуги што купувачите очекуваат дека средството ќе
им ги донесе во иднина. Денешниот девизен курс на
долар/евро е тесно поврзан со очекување на луѓето во
врска со идното ниво на тој курс.
 ДЕВИЗНИ КУРСЕВИ И МЕЃУНАРОДНИ
ТРАНСАКЦИИ
 Девизните курсеви играат централна улога во
меѓународната трговија затоа што истите ни
дозволуваат да ги спроведуваме цените на стоките и
услугите произведени различни земји.
 Различните цени на валутата се објавуваат
секојдневно во финансискиот дел на дневните
весници.
 Забележете дека курсот може да се изрази на два
начина: како вредност на доларите во однос на
странската валута во однос на доларот, или како
вредност на доларот во однос на странска валута.
Првиот начин на иразување на курост(долар за
единица странска валута) е директен
(или“американски„) начин.
 Депрециација на фунтата наспроти доларот е опаѓање на
доларската цена на фунтата на пример, промена во
девизниот курс од 1.50$ за фунта на 1.25$ за фунта. Кога
се друго е еднакво, депрециацијата на валутата на една
земја ги прави нејзините стоки поевтини за странците.
Покачувањата на вредноста на фунтата во однос на
доларот-на пример од 1.50$ за фунта на 1.75$ на фунта
представува апрецијација на фунтата наспроти доларот.
Кога се друго е еднакво, апрециацијата на валутата на
една земја ги прави нејзините стоки поскапи за
странците.
 Кога валутата на една земја депрецира, странците
доаѓаат до заклучок дека извозот ид таа земја е
поевтин, а жителите на стата земја доаѓаат до
заклучок дека увозот од странство е поскап.
Апрециацијата има спротивни ефекти: странците
плаќаат повеќе за производите од таа земја, а
домашните потрошувачи плаќаат помалку за странски
производи.
 Кога се друго е еднакво, апрецијацијата на валутата
на една земја ги покачува релевантните цени на
нејзиниот извоз и ги показува релебантните цени на
нејзиниот увоз. Спротивно на тоа депрециацијата
ги покажува релевантните цени на извозот на таа
земја и ги показува релевантните цени на нејзиниот
увоз.
 ДЕВИЗЕН ПАЗАР
 Девизните курсеви се однесуваат преку интеракцијата на
домаќинствата, претпријатијата и финансиските
институции кои купуваат у продаваат девизи за да вршат
меѓународни плаќања. Пазарот на кој се однесува
трговијата со меѓународни валути се нарекува девизен
пазар.
 Комерцијални банки. Комерцијалните банки се во
центарот на девизниот пазар затоа што скоро секоја
поголема меѓународна трансакција вклучува
задолжувањеи кредитирање на сметките во
комерцијалните банки во различни финансиски центри.
Така најголем број на девизни трансакции вклучуваат
размена на банкарски депозити деноминирани во
рразлини валути
 Банките рутински тргуваат на девизниот пазар за да
ги задоволат потребите на своите клиенти- пред се
копрорации. Покрај тоа, една банка исто така, ќе им
ги објави девизните курсеви на други банки по кои
таа е подготвена да ги купи девизите од нив и исто да
им продаде девизи.
 Девизното тргување помеѓу банките е наречено
меѓународно тргување.
 Курсевите кои им се нудат на клиентите-корисници
наречени малопродажни курсеви, обично се
понеповолни од големопродажните меѓубанкарски
курсеви. Разликата меѓу малопродажните и
големопродажните курсеви е вкупниот надомест на
банката за извршената работа или услуга.
 Бидејќи меѓународните операции на големите
комерцијални банки се доста обемни, тие се во
можност да ги доведат купувачите и продавачите на
на девизи на едно место. Со услужување на повеќе
клиенти истовремено преку единечно големо
купување на криза, банката може да заштеди на
трошоците кои се појавуваат при наоѓање на
инфомрации.
 Корпорации Копрорациите кои работат во повеќе земји
честопати извршуваат или примаат плаќања во валути кои
не се домашни валути на земјата во која им е седиште
 Небанкарски информациски институции Со текот на
годините, дерегулацијата на финансиските пазари во САД.
 Централните банки централните банки понекогаш
вклучуваат на девизниот пазар. И покрај тоа што обемот
на трансакциите на централните банки типично не е
голем, влијанието на овие трансакции може да биде
огромно. Причината на ова влијание е дека учесниците на
девизните пазари внимателно ги следи чекорите на
централните банки заради формирање на ставови идни
макроекономскиполитики кои може да влијаат врз
девизните курсеви.
ПРОМПТНИ ДЕВИЗНИ КУРСЕВИ И
ТЕРМИНСКИ ДЕВИЗНИ КУРСЕВИ

 Девизните курсеви кои ги уредуваат ваквото “на лице


место„ тргувања се наречени промптни девизни
курсеви, а самата операција е наречена промтна
трансакција.
 Терминот промптно може да доведе до забуна затоа
што дури и промптните размени обично стапуваат во
сила дури два дена по извршената операција.
 Задоцнување се појавува затоа што во повеќето
случаи потребни се два дена за давање на
инструкции за плаќање (како што се чековите) за да
поминат низ целиот банкарски систем.
 Валутата на промтната трансакција-датумот на кој
странките всушност ги добиваат сретствата што ги
купиле – се случува два работни дена подоцна откако
е направена зделката.
 Девизните зделки понекогаш ја определуваат
валутата за многу подоцна од два дена -90 дена, 180
дена или понекогаш и неколку години. Девизниот
курс кои се користени при ваквите трансакции се
наречени термински девизни курсеви.

 Кога ќе се согласите да платите фунти за долар на


иден татум на термински курс кој е договорен денес,
вие “ однапред сте ги продале фунтите„ и “однапред
сте купиле долари„.
 ДЕВИЗНИ СВОПОВИ
 Девизниот своп е промптна продажба на валути
комбинирана со термински реоткуп на валутата. На
пример, една мултинационална компанија тукушто
добила 1 милион долари од продажба и знае дека ќе
треба овие пари да му ги плати на доставувачот од
Калифорнија за три месеци.
 Одделот на компанијата за раководење со средства би
посакал во меќувреме да ги инвестира тие 1 милион
долари во фвајцарски франци. Тримесечниот своп од
долари во швајцарски франци може да резултира со
пониски.
 ФЈУЧЕРСИ И ОПЦИИ
 Кога купувате термиснки договори, вие купувате ветување
дека определена сума на странска валута ќе ви биде
доставена на определен датум во иднина.
 Терминскиот договор помеќу вас и некоја друга сриватна
страна е алтернативен начин да ве осигури дека вие ќе ја
добиете истата сума на странска валута на датумот за кој
станува збор. Но, додека вие немате избор при
исполнувањето на вашиот дел од терминската зделка, вие
можете да ги предадете вашите термински договори на
организирана размена на фјичерси, знаејќи веднаш дали
ќе профитирате или загубите.
 Ваквата продажба можеби изгледа како поволна, на
пример, ако вашите ставови во срска со идните промптни
девизни курсеви се променливи.
 Девизните опции на сопственикот му дава право да
купи или продаде определена сума на странска
валута по определена цена во кое време се до
определениот датум на валидност.
 Од друга страна, во зделката, односно од продавачот
на опции, се бара да продава или купува странска
валута според дискрециското право на сопственост
на опциите, кој не е обврзан да го практикува ова
право.
 ПОБАРУВАЧКА НА ДЕВИЗНИ СРЕДСТВА
 Идната вредност на девизен депозит зависи од овие
фактори: каматната стапка која ја нуди, очекуваната
промена во девизниот курс наспроти другите валути.
 СРЕДСТВА И ПРИНОСИ ОД СРЕДСТВА

 Дефинирање на приносот од средства. бидејќи цел


на штедењето е да обезбедуваме за идна
потрошувачка, ние ја преценуваме атрактивноста на
средствата на основа на стапката на принос, што
значи, процентуално зголемување на вредносташто ја
нудат средствата во текот на одреден временски
период.
 Вашата одлука мора да се базира врз очекуваната
стапка на принос. За да пресметаме колкава ќе биде
очекуваната стапка на принос за определен
времеснки период или правите најдобри
предвидувања што може за вкупната вредност на
средстватаи крајот на тој период.

 Процентуалната разлика помеќу очекуваната идна


вредност и цената пто сте ја платиле за средставата
денес е еднаква на очекуваната стапка правата на тие
средства во текот на тој временски период.
 Реална стапка на принос очекуваната стапка на принос
што штедачите ја земаат предвит при одлучувањето за тоа
кои средства да ги поседуваат е очекуваната реална стапка
на принос, односно стапката на принос пресметана со
мерење на вредноста на средствата во однос на некоја
широка репрезентативна палета од производи кои
штедачите редовно ги купуваат.

 Важно е очекуваната реална стапка на принос затоа што


последна цел на штедењето е идна потрошувачка и само
реалната стапка ги мери стоките и услугите што
штедачот може да ги купи во иднина за возврат на тоа што
се откажува од одредена потрошувачка (т.е штедење)
денес.
 Разликата меќу реалните стапки на принос и доларските
стапки на принос индустрира еден важен концепт при
ангажирање на тоа како штедачите ги оценуваат
различните средства: приносите од два вида на средства
не моќе да се определат доколку тие не се измерени во
исти единици.
 На пример, нема никаква смисла да се споредува директно
реалниот принос на шише вино (15 % во нашиот пример)
со доларски принос на обврзници (20%) или да се
споредува доларскиот принос на стари слики со
европринос на злато. Само откако добивките ќе се изразат
во заеднички единици на мерење, на пример, сите во
долари- дури тогаш можеме да кажеме кои средства нудат
пониски очекувани стапки на принос.
 РИЗИК И ЛИКВИДНОСТ
 Кога се друго е еднакво, .. претпочитаат да ги
поседуваат оние средства, кои нудат пониски
очекувани реални стапки на принос.

 На штедачите им се важни две големи


карактеристики на средствата освен нивните стапки
на принос нивниот ризик, варијабилноста што го
зголемува богатството на штедачите, нивната
девидентност леснотијата со која средството може да
се продаде или размени за стоки.
 КАМАТНИ СТАПКИ

 За да се изврши споредба на приносите од различни


депозити на учесниците на пазарот им се потребни
две информации.

 Како прво, тие треба да знаат како ќе се промени


паричната вредност на депозитите.

 Како второ, тие треба да знаат како дивизните


курсеви ќе се менуваат за да можат тие да ги
префрлат стапките на приносни мерки во различни
валути во поредливи услови.
 Првата инфомрација која е потребна за пресметување на
стапката на принос во депозит во определена валута е
каматната стапка на валутата, сумата на валутата што
поединец може да ја заработи со позејмување на
определена сума од таа валута за една година.
 Каматните стапки играат значајна улога на девизниот
пазар, затоа што големите депозити со кои се тргува,
плаќаат камата, секој по стапка која ја рефлектира
валутата на деноминација. Депозитите плаќаат камата
зато што тие навистина се заеми од депозиторотна
банката.
 Кога една корпорација или финансиска институција става
одредена валута како депозит во банка, тие претпријатија
повеќе би се рекло дека $ ја позајмува таа валута на
банката, отколку што би ја користи за некакви тековни
трошоци.
КАКО ПРОМЕНИТЕ ВО ТЕКОВНИОТ ДЕВИЗЕН КУРС
ВЛИЈАЕ ВРЗ ОЧЕКУВАНИОТ ПРИНОС

 Како прв чекор за да разбереме како девизниот пазар ја


пронаоѓа својата рамнотежа, ние проверуваме како промените
во денешниот девизен курс влијаат врз очекуваниот принос од
странски девизни депозити, како каматните стапки и
очекувањата во врска со идните девизни курсеви не се
менуваат.
 Нашата анализа ќе покаже дека кога другите работи се еднакви,
депрециацијата на валутата на една земја денес го намалува
очекуваниот принос во домашната валута од странски девизни
депозити.
 Спротивно на тоа, апрецијацијата на домашната валута денес,
кога се друго е еднакво го зголемува приносот во домашната
валута очекуван од странски девизни депозити.
 Покачувањата на денешниот курс долар/евро
(депрецијацијата на доларот во однос на еврото)
ссекогаш го намалува очекуваниот доларски принос
од евродепозитите, додека, пак, опаѓањето на
денешниот курс долар/евро (апрецијација на доларот
во однос на еврото) секогаш го зголемува овој
принос.
 Депрецијацијата на доларот во однос на еворто ги
прави евродепозитите релативно помалку атрактивни
од доларските депозити (со намалување на
очекуваниот доларски принос од евродепозитите)
додека, пак, апрецијацијата на доларот ги прави
евродепозитите попривлечни.
 Депрецијацијата на валутата на една земја во однос
на странските валути (зголемување на цените во
домашната валута во однос на странските) го прави
нејзиниот извоз поевтин, а нејзиниот увоз поскап.
 Комерцијалните банки играат централна улога на
пазарот, затоа што тие ги олеснујваат размените на
каматнониските банкарски депозити кои ги
почитуваат најголемиот дел од девизното тргување.
 Важна категорија на девизното тргување е
терминското тргување, во кои страните се договараат
да разменат валути на некој иден датум по претходно
договорен девизен курс. Спретивно на тоа
промптното тргување се врши веднаш (заради
практични цели).
 Основниот принцип на утврдувањето на цената на
средствата е дека тековната вредност на средството
зависи од неговата очекувана идна куповна моќ.
 При проценување на средството, штедачите ја земаат
предит ичекуваната стапка на принос што ја нуди тоа
средство, односно стапката според која вредноста на
инвестицијата во тоа средство се очекува да порасне
со текот на времето.
 Очекуваната стапка на принос на тоа средство можно
е да се измери на различен начин, секој во зависност
од единиците со кои се мери средството.
 Приносите од депозити тргувани на девизитниот
пазар зависта од каматните стапки и очекуваните
промени во депозитниот курс.
 За да се споредат очекуваните средства на принос
кои ги нудат доларските и евродпозитните, на
пример, приносот со евродпозитите мора да биде
изразен во долари со додавање на еврокаматната
стапка, стапката на депрецијација на доларот во
однос на еврото во текот на целиот период на
посредување на депозитот.
 Рамнотежата на девизниот пазар бара паритет на
каматните стапки т.е депозитите од сите валути мора
да нудат иста очекувана стапка на принос кога
приносите се мерат со определни услови.
 ЗАКОН НА ЕДНА ЦЕНА

 Законот на една цена кажува дека на конкурентните


пазари без транспортните трошоци и официјалните
трговски ограничувања (како царини), идентичните
стоки кои се продадени во различни земји, мора да се
продаваат по иста цена, кога нивните цени ќе се
изразат во иста валута.
 Зошто законот на една цена мора да важи кога
трговијата е слободна и не постојат никакви
транспортни трошоци или други трговски
ограничувања?
 Законот на една цена претставува преформулирање,
во однос на валутите, на еден принцип кој беше
многу важен во оној дел од оваа книга, каде се
зборува за трговската теорија: кога трговијата е
отворена и без трошоци, идентичните производи
мора да се продаваат по иста релативна цена, без
оглед на тоа каде се продаваат, бидејќи обезбедува
врска помеѓу домашните цени на стоките и
девизните курсеви.
 
 Девизниот курс долар/евро е однос меѓу
американската и европската цена на производот i.
 ПАРИТЕТ НА КУПОВНИ СИЛИ

 Теоријата на паритет на куповни сили тврди дека


девизниот курс помеѓу валутите на две земји е еднаков на
односот на нивото на цени во тие две земји.
 ПКС теоријата предвидува дека падот на домашната
куповна сила на валутата ќе биде проследен со
пропорционална депрецијација на вредноста на валутата
на девизниот пазар.
 Теоријата на ПКС предвидува дека зголемувањето на
домашната куповна сила на валутата ќе биде проследено
со пропорционална апрецијација на вредноста на
валутата.
 ПКС потврдува дека нивото на цени е исто во сите
земји, доколку се пресметува во една иста валута.
 ВРСКАТА МЕЃУ ПКС И ЗАКОНОТ НА ЕДНА ЦЕНА

 Законот на една цена се однесува на индивидуални


производи (како произовд и), додека, пак, ПКС се
однесува на општото ниво на цени, што го сочинуваат
цените на сите производи кои влегуваат во референтната
кошница.
 Приврзаниците на ПКС теоријата, сепак, тврдат дека
нејзината валидност (особено нејзината валидност како
теорија на долг рок) не бара законот на една цена да биде
прецизно валиден.
 Кога стоките и услугите во една земја привремено
стануваат поскапи во споредба со други земји,
побарувачката за нејзината валута и производи опаѓа,
турајќи го девизниот курс и домашните цени назад во
линија со ПКС.
 АПСОЛУТЕН ПКС И РЕЛАТИВЕН ПКС

 Тврдењето дека девизните курсеви се еднакви со


релативните нивоа на цени понекогаш се нарекува
апсолутен ПКС.
 Апсолутен ПКС имплицира претпоставка позната
како релативен ПКС, која тврди дека процентуалната
промена на девизниот курс помеѓу две валути за кој
било временски период е еднаква на разликата
помеѓу процентуалните промени на националните
нивоа на цени.
 Оттука, релативниот ПКС го трансформира
апсолутниот ПКС од теоријата на нивоа на цени и
девизни кусеви, во теоријата за промени на цени и
девизни курсеви.
 Тој покажува дека цените и девизните курсеви се
менуваат на начин, што го чува соодносот меѓу
домашната и странската куповна сила на секоја
валута.
 За разлика од апсолутниот ПКС, релативниот ПКС
може да биде дефиниран само според временскиот
интервал, за чие време траење цените и девизниот
курс се менуваат.
 Во праксата, националните влади не се трудат да ги
пресметаат индексите на нивоата на цени што тие ги
објаснуваат, употребувајќи меѓународно
стандардизирана кошница на производи.
 Сепак апсолутниот ПКС нема никаква смисла,
доколку двете кошници чии цени се споредуваат не
се исти.
 Идејата за релативниот ПКС оттаму станува
употреблива во случај кога мораме да се потпреме
врз владината статистика за нивото на цените за да го
оцениме ПКС.
 Би било логично да ги споредиме процентуалните
промени на девизниот курс со разликите во
инфлацијата, дури и во случаи кога државите ги
базираат своите проценки за нивото на цени врз
референтните кошници, кои се разликуваат една од
друга според обемот и составот.
 Монетарниот пристап доведува до една општа
претпоставка дека девизниот курс, кој ја
претставува релативната цена на американските и
на европските пари, е целосно определен на долг рок
од релативната понуда на тие валути и
релативната побарувачка за нив.

 Промената на каматните стапки и нивоата на


аутпутот влијаат врз девизниот курс единствено
преку нивното вилјание врз побарувачката на пари.
 Монетарниот пристап поставува неколку
специфични претопоставки во врска со
долгорочните ефекти врз девиниот курс на
промените на паричните понуди, каматните стпки и
нивоата на аутпут.
 РИЗИК И ЛИКВИДНОСТ
 Кога се друго е еднакво, .. претпочитаат да ги поседуваат оние средства, кои нудат пониски очекувани реални
стапки на принос.

 На штедачите им се важни две големи карактеристики на средствата освен нивните стапки на принос нивниот ризик,
варијабилноста што го зголемува богатството на штедачите, нивната девидентност леснотијата со која средството
може да се продаде или размени за стоки.

 КАМАТНИ СТАПКИ

 За да се изврши споредба на приносите од различни депозити на учесниците на пазарот им се потребни две


информации.

 Како прво, тие треба да знаат како ќе се промени паричната вредност на депозитите.

 Како второ, тие треба да знаат како дивизните курсеви ќе се менуваат за да можат тие да ги префрлат стапките на
приносни мерки во различни валути во поредливи услови.

 Првата инфомрација која е потребна за пресметување на стапката на принос во депозит во определена валута е
каматната стапка на валутата, сумата на валутата што поединец може да ја заработи со позејмување на определена
сума од таа валута за една година.
 Каматните стапки играат значајна улога на девизниот пазар, затоа што големите депозити со кои се тргува, плаќаат
камата, секој по стапка која ја рефлектира валутата на деноминација. Депозитите плаќаат камата зато што тие
навистина се заеми од депозиторотна банката.
 Кога една корпорација или финансиска институција става одредена валута како депозит во банка, тие претпријатија
повеќе би се рекло дека $ ја позајмува таа валута на банката, отколку што би ја користи за некакви тековни трошоци.
 Парични понуди - постојаниот пораст на понудата на
пари во САД предизвикува пропорционален пораст
на долгорочното ниво на цени во САД. Порастот на
понудата на пари во САД предизвикува долгорочна
депрецијација на доларот во однос на еврото.
Перманентното зголемување на европската понуда на
пари, предизвикува пропорционален пораст на
европското долгорочно ниво на цени. Според ПКС,
овој пораст на нивото на цени имплицира
пропорционална долгорочна апрецијација на доларот
во однос на еврото( исто како и пропорционалната
депрецијација на еврото во однос на доларот).
 Каматна стапка - зголемувањето на каматната
стапка за доларски деноминираните средства ја
намалува реалната американска побарувачка на пари.
Порастот на каматната стапка за
евроденоминираните средства има спротивен
долгорочен ефект врз девизниот курс. Заради
опаѓањето на реалната европска побарувачка на пари
европското ниво на цени се покачува. Според ПКС,
доларот мора да апрецира спрема еврото,
пропорционално со порастот на нивото на цени во
Европа.
 Нивоа на аутпут - зголемувањето на американскиот
аутпут ја зголемува реалната американска
побарувачка на пари, што доведува до долгорочно
опаѓање на нивото на цени во САД. Според ПКС,
доларот апрецира според еврото. Порастот на
европскиот аутпут го зголемува Л ( Pi Se) и
предизвикува опаѓање на европското дологорочно
ценовно ниво. ПКС предвидува дека ваквиот развој
на настаните ќе доведе до депрецијација на доларот
спрема еврото.
 КОНТИНУИРАНА ИНФЛАЦИЈА, КАМАТЕН
ПАРИТЕТ И ПКС

 Континуираниот пораст на пари ќе бара конинуирано


зголемување во нивото на цени – што претставува
ситуација на континуирана инфлација.
 Кога претпријатијата и работниците ќе се соочат со
фактот дека понудата на пари континуирано расте, на
пример со 10% годишна каматна стапка, тие ќе се
приспособат, зголемувајќи ги цените, и наемнините
за истите 10 % годишно, така одржувајќи ги своите
реални доходи константни.
 Производството што овозможува полна вработеност
зависи од понудата на продуктивни фактори, но може
со сигурност да се претпостави дека понудите на
фактори, а оттаму и аутпутот, не се под долгорочно
влијание на различните избори на константна
каматна стапка на раст за понудата на пари.
 При непроменетост на другите фактори, порастот
на понудата на пари по константна стапка
резултира во константна ценовна инфлација по
истата, но промените во оваа долгорочна
инфлациска стапка не влијаат врз нивото на
аутпут, при полна вработеност или врз
долгорочните релативни цени на стоки и услуги.
 Најлесниот начин за да видиме како перманентното
зголемување во инфлацијата влијае врз долгорочната
каматна стапка е преку комбинација на ПКС, со
условот на паритет на каматна стапка.
 Според релативниот ПКС, процентуалната промена
во девизниот курс долар/евро во текот на наредната
година, да речеме дека ќе биде еднаква на разликата
меѓу стапките на инфлација во САД и Европа во таа
година.

 Доколку релативниот ПКС се смета за веродостоен,


разликата помеѓу каматните стапки понудени од
доларски и евродепозити ќе ја изедначи разликата
меѓу очекуваните стапки на инфлација во одреден
период во САД и Европа.
 Доколку релевантниот ПКС важи, секако, учесниците
на пазарот би очекувале да важи, тоа би значело дека
можеме да ја замениме актуелната депрецијација и
стапките на инфлација во равенката со вредностите
што пазарот очекува да се материјализираат.
 Равенката ни вели дека ако сите останати фактори
се непроменети, зголемувањето на предвидената
инфлациска стапка во една земја евентуално ќе
предизвика еднакво зголемување на каматната
стапка што ја нудат депозитите во нејзината
валута.

 Слично, пад во предвидената инфлациска стапка


евенутално ќе доведе до пад на каматната стапка.
Оваа долгорочна врска помеѓу инфлациската стапк и
каматната стапка е наречена Фишеров ефект.
 Фишеровиот ефект имплицира, на пример, ако
инфлацијата во САД постојано би се покачувала од
едно константно ниво од 5 % годишно на друго
константно ниво од 10 % годишно, доларските
каматни стапки евентуално ќе ја следат повисоката
инфлација, растејќи за 5 % годишно од нивното
почетно ниво.

 Фишеровиот ефект е уште еден пример за општата


идеја дека долгорочно, чисто монетарниот развој не
би требало да влијае врз релевантните цени на една
економија.
 ПРОБЛЕМИ ШТО ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПКС

 Постојат неколку проблеми што веднаш се јавуваат


како резултат од ПКС теоријата за девизни курсеви,
која се темели врз основа на законот на една цена:
 Спротивно од предвидувањата на законот на една
цена, постојат транспортни трошоци и други
трговски ограничувања.
 Монополистичката или олигополистичката пазарна
политика заедно со постоечките транспортни
трошоци и други трговски ограничувања,
дополнително би ја ослабеле врската меѓу цените на
слични производи продавани на пазарите во
различни држави.

 Заради тоа што податоците за инфлација на различни


држави се базираатврз основа на различни
референтни кошници, не постои никаква причина
промените во девизниот курс да ги пребиваат
официјалните мерки на разликите во инфлацијата,
дури и во случај кога не постојат трговски
ограничувања и се врши размена на сите производи.
 ПКС НА ДОЛГ И НА КУС РОК

 Наглата депрецијација на доларот во однос на


странските валути, на пример е причина
земјоделската опрема во САД да биде поевтина од
истата опрема произведна во странство.
 Поради зголемената побарувачка на американски
трактори и комбајни, ценат на земјоделската опрема
произведна во Америка бележи пораст заради
депрецијација на доларот, и постоење на законот на
една цена.
 Потребно е време за овој процес на пораст на цените
да се заокружи, но сепак американската и странската
земјоделска опрема може значително да се
разликуваат се додека пазарот не се прилагоди на
новиот девизен курс.
 Прекршувањето на релативниот ПКС би било
поочигледно, при постоење на флуктуирачки девизен
курс.
 РЕАЛЕН ДЕВИЗЕН КУРС

 Реалниот девизен курс меѓу националните валути на


две земји е мерка за меѓусобниот однос на цените на
производи и услуги на тие земји. Основните
предвидување на ПКС се дека реалниот девизен курс
никогаш не се менува, барем не перманентно.
 За дефинирање на реалниот девизен курс сепак се
користат термините номинален девизен курс и нивоа
на цени. ПУС како и до сега ќе го претставува
нивото на цени во САД а , ПЕ нивото на цени во
Европа. Затоа што нема да го претставуваме
апсолутниот ПКС, нема да го пресметуваме нивото
на цени со помош на иста референтна кошница со
САД и Европа.
 ПУС би ја претставувал цената во долари на
непроменлива рефернтна кошница која ги содржи
вообичаените неделн набавки на едно просечно
америкаснко домажинство и претпријатие.

 Додека ПЕ ги претставува истите неделни набавки на


едно просечно европско домаќинство и претпријатие.
Реалниот девизен курс може да биде преставен со
помош на одност меѓу европското ниво на цени
изразено во долари и американското ниво на цени:
 ФОРМУЛА
 Реалната депрецијација значи дека куповната сила на доларот за
набавка на европски производи и услуги забележила пад од 10
% во однос на неговата куповни сили н набавка на американски
производи и услуги.
 Иако многу од стоките кои имаат свое влијание врз
националното ниво на цени се стоки и услуги непогодни за
трговска размена би било корисно доколку под реален девизен
курс ????? се подразбира релативната цена на сите европски
производи во однос на американските производи т.е цена
според која хипотетички замислената трговска размена на
американска за европска референтна кошница доколку пости
размена на според домашно ниво на цени.
 Доларот деприцира во однос на еврото кога ???? бележи пораст
заради хипотетичкиот пад на куповната сила на сите
американски производи во однос на оние од Европа. Тогаш
американските производи и услуги стануваат поевтини од
европските.
 Реалната апрецијација на доларот во однос на еврото
претставува падот на ???, овој пад укажува на опаѓање
релативната цена на производи купени во Европа или пак
пораст на европските куповни сили изразена во долари во
споредба со онаа во САД.
 Порастот на Е $/€ значи депрецијација на доларот, а падот
на Е $/€ значи апрецијација на доларот. При непроменети
цени на производство, номиналната депрецијација
(апрецијација) подразбира реална депрецијација
(апрецијација).
 Кога цената на домашните производи е константна,
номиналната депрецијација на доларот е причина
амаериканските производи да се поевтини од странските,
додека пак номиналната апрецијација на доларот е
причина тие да се поскапи.
 Промени во релативната светска побарувачка на
американски производи.
 За повторно постигнување на рамнотежата,
релативната цена на американското производство ќе
мора да се зголеми во однос на европското:
релативната цена на американските стоки непогодни
за размена ќе забележи пораст, а цените на стоките
погодни за размена произведени во САД каде што е и
нивната најголема потрошувачка, ќе забележи
релативен пораст во однос на цените на стоките
погодни за трговија од Европа. Сите овие промени
влијаат на намалување на ?????, релативната цена на
европската референтна кошница во однос на истата
на САД.
 Можеме да заклучиме дека зголемувањето на
релативната светска побарувачка на американски
производи предизвикува долгорочна апрецијација на
доларот во однос на еврото.
 Според тоа намалувањето на релативната светска
побарувачка на американски производи предизвикува
долгорочна депрецијација на доларот во однос на
еврото.
 Промени на релативната производветна понуда

 Намалувањето на релативната цена на американски


производи – како оние погодни така и оние
непогодни за размена, ја поместува побарувачката
кон нив и ја елиминира нивната прекумерена понуда.
 Оваа промена на цените претставува депрецијација
на доларот во однос на еврото.
 Релативното зголемување на американското
производство предизвикува долгорочна реална
депрецијација на доларот во однос на еврото.
 Релативното зголемување на европското
производство предизвикува долгорочна реална
апрецијација на доларот во однос на еврото.
 Долгорочните промени во реалниот девизен курс,
сепак влијаат на номиналниот девизен курс.

 Затоа важен дел од монетарниот пристап е вклучен


во долгорочната теорија за одредување на девизниот
курс, до која дојдовме со помош на равенката, но
истовремено таа прави измени на монетарниот
пристап со тоа што дозволува постоење на
немонетарни фактори, што можат да предизвикаат
девијации од ПКС.
 Најважни фактори за долгорочните промени на
номиналниот девизен курс се:

 1) Промена на нивото на релативната понуда на пари –


да го земеме во предвид порастот на нивото на понуда
пари во САД. Како што веќе спонавме, перманентниот
едонократен пораст на националната понуда на пари не
влијае врз долгорочното ниво на производство, на
каматната стапка или на релативните цени. Реалниот
девизен курс не се менува, промената на номиналниот
девизен курс е во склад со релативниот ПКС,
единствениот долгорочен ефект на порастот на понуда на
пари во САД, е порастот на цената на доларот,
вклучувајќи го тука и вредноста на доларот во однос на
едно евро, во пропорција со порастот на понуда на пари.
 Промена на стапката на пораст на релативната
понуда на пари - Перманентниот пораст на стапката
на раст на понудата на пари во САД влијае врз
порастот на стапката на инфлација на долг рок, а
поради Фишеровиот ефект, влијае врз порастот на
каматната стапка на доларот во однос на онаа на
еврото. При тоа, исклучиво монетарните промени
предизвикуваат долгорочни промени на номиналниот
девизен курс во согласност со реалниот ПКС, токму
како што го предвидува монетарниот пристап.
 Промена на релативната производствена
побарувачка – Порастот на побарувачка на
американски пороизводи предизвикува долгорочна
апрецијација на доларот во однос на еврото ( опаѓање
на ???? ), ова единствено претставува пораст на
релативната цена на производите од американско
потекло. Доколку националото ниво на цени на долг
рок останува непроменето, мора да дојде до
долгорочната номинална апрецијација на доларот во
однос на еврото.(опаѓање)
 Промена на релативното производствена поуда –
порастот на релативната понуда на производи од
американско потекло, предизвикува депрецијација на
доларот во однос на еврото, при што доаѓа до
намалување на релативните цени на америкаснкото
производство. Ова згоолемување на ???? сепак не
претставува единствена промена што се случува под
влијание на релативниот пораст на американското
производство.
 Поради поастот на американското производство се јавува
зголемена потреба на транскации заради реланиот монетарен
баланс во САД, при што доаѓа до зголемување на агрегатната
реална побарувачка на пари во САД, а според тоа е причина за
долгорочно намалување на нивото на цени во оваа земја.

 Бидејќи ??? бележи пораст, а ПУС поаѓа, промените во понудата


на производство предизвикуваат спротивни ефекти врз пазарот
на производство и монетарниот пазар, така што нето ефектите
на Е $/€ се двосмислени.

 Нашата анализа на промените на во понудата на производство


покажува дека дури кога и овие поремтувања потекнуваат од
еден едиствен пазар( како што е пазарот на производство)
нивното влијание врз девизниот курс може да зависи од
последиците што ќе ги почувствуваат другите пазари.
 Постои важнна разлика меѓу номиналниот девизен
курс, што преставува стапка на принос мерена
според монетарните параметри и реален девизен
курс што преставува стапка на принос мерена според
реални параметри, т.е според производството во една
земја.

 Каматните стапки за кои веќе зборувавме, а кои се во


тесна врска со состојбата на паритет на каматна
стапка, како и со факторите кои влијаат врз
побарувачката на пари, претставуваат номинални
стапки, на пример приносот на долари врз долар
депозитите.
 Постоењето на нула инфлациона стапка би
претставувала состојба привлечна за инвестиции, но
тоа не би било случај доколку истата се движи 100 %
годишно.
 Состојбата на паритет на номиналната каматна
стапка е еднаква на разликите во номиналната
каматна стапка меѓу две валути заради очекуваните
промени на номиналниот девизен курс.
 Додека пак, состојбата на паритет на реална каматна
стапка е еднаква на очекуваните разлики во реалната
каматна стапка, заради очекуваните промени на
реалниот девизен курс.
ДЕТЕРМИНАНТИ НА АГРЕГАТНАТА
ПОБАРУВАЧКА ВО ЕДНА ОТВОРЕНА
ЕКОНОМИЈА
 Агрегатна побарувачка е количество на стоки и
услуги побарувани од страна на докаќинства и
претпријатија од целиот свет.
 Производството на една држава на краток рок зависи
од агрегатната побарувачка на нејзините производи.
 Производството на една економија претставува збир
на четири вида на потрошувачка кои генерираат
национален доход: лична, инвестициска и државна
потрошувачка, како и тековната сметка.
 Анaлогно на тоа, агрегатната побаувачка за
производство на една отворена економија
претставува збир на:
 побарувачката за лична потрошувачка( C),
побарувачка за инвестиции,
 побарувачка за државна потрошувачка ( G), и

 побарувачка за нето – извоз односно тековната


сметка( CA).
ДЕТЕРМИНАНТИ НА ПОБАРУВАЧКАТА ЗА
ЛИЧНА ПОТРОШУВАЧКА

 Во оваа глава го разгледуваме количеството што


резидент на една држава сака да го потроши во
зависност од расположливиот доход ????? (што
претставува националиот доход намален за даноците
Y – T. C, Y T се мерени во единици во домашен
прозивод, што оваа претпоставка посакуваното ниво
на лична потрошувачка на една држава може да го
изрази како функција од расположливиот доход:
 C= ?????
 Од причини што секој потрошувач нормално
побарува повеќе стоки и услуги како што расте
неговиот реален доход, исто така очекуваме личната
потрошувачка да се зголемува како што расте
расположливиот доход на агрегатниот извоз.
 Кога расположливиот доход се зголоемува,
побарувачката за лична потрошувачка расте помалку,
поради делот што се заштедува од зголемениот
доход.
ДЕТЕРМИНАНТИ НА ТЕКОВНАТА СМЕТКА

 Рамнотежата на тековната сметка разгледувана како


разлика на побарувачката на извоз од земјата и
споствената побарувачка на државата за увоз, е
детерминирана од два фактора: 1) реалниот девизен
курс на домашната валута, наспроти странските
валути; 2) домашниот расположлив доход.
Рамнотежата на тековната сметка на една држава
како функција на реланиот девизен курс на нејзината
валута ????? и на расположливиот домашен доход Y.
 ФОРМУЛА
 Каде Е ( номиналниот девизен курс) претставува
цената на странската валута во однос на домашната
валута. ??? е нивото на цените во странство, и R е
нивото на домашните цени. Реалниот девизен курс q,
дефиниран како цената на странската кошничка
изразена во домашна кошничка значи ?????.
 Расположливиот доход влијае на тековната сметка,
преку неговото влијание врз вкупната потрошувачка
на домашните потрошувачи. За да се разберат овие
влијанија на девизниот курс и расположливиот доход,
корисно е одделно да се разгледуваат побарувачката
за извоз од земјата EX, и побарувачката за увоз од
страна на домашните резиденти IM.

 CA = EX * IM
 КАКО ПРОМЕНИТЕ НА РЕЛАНИОТ ДЕВИЗЕН
КУРС ВЛИЈААТ ВРЗ ТЕКОВНАТА СМЕТКА
 Порастот на цените на странската кошничка во однос
на домашната кошничка ќе биде поврзан со порастот
на релативната цена на странскиот аутпут во однос
на домашниот.
 Доколку на пример, EP*/P се зголемува, странските
производи стануваат поскапи споредено со
домашните производи: секоја единица на домашен
производ сега ќе купи помалку единици на странски
производи.
 Странските потрошувачи ќе одговорат на оваа
промена на цените преку поголема побарувачка за
нашиот извоз. Оваа реакција на странците ќе го
зголеми Е X и ќе влијае врз подобрувањето на
тековната сметка на домашната земја.
 Ефектот врз I M од страна на истото зголемување на
реалниот девизен курс е покомплициран.
 Домашните потрошувачи одговараат на промените на
цените преку купување на помалку странски
производи, кои сега се поскапи. Ваквото нивно
однесување не значи дека I M мора да падне.
 I M ја означува вредноста на увозот мерена во однос
на домашниот производ, а не на големината на
увезните странски добра.
 Поради фактот дека порастот на EP*/P влијае да се
зголеми вредноста на секоја единица увоз, изразена
во единици домашен аутпут, увозот мерен преку
единици домашен аутпут може да порасне како
резултат на зголемувањето на EP*/P дури и во случај
увозот да опадне кога е мерен преку единици на
странскиот аупут.

 Значи доколку EP*/P порасне, I M може да се


зголеми или намали, па ефектите на промените на
реалниот девизен курс врз тековната сметка CA е
двосмислен.
 Дали тековната сметка ќе се подобри или ќе се
влоши, зависи од тоа која промена на реалниот
девизен курс е доминантна, ефектот на големина на
промената на трошењето од страна на потрошувачите
на извозните и узвозните количини, или пак,
ефектот на вредност кој ја менува вредноста на
домашниот аутпут за дадена големина на странски
увоз.
 Ефектот на големина на промената на реалниот
девизен курс секогаш го надминува ефектот на
вредност, така што доколку сите други работи се
непроменети, реалната депрецијација на валутата ја
подобрува тековната сметка, додека пак реалната
апрецијација на валутата ја влошува тековната
сметка.
 КАКО ПРОМЕНИТЕ НА РАСПОЛОЖЛИВИОТ
ДОХОД ВЛИЈААТ ВРЗ ТЕКОВНАТА СМЕТКА

 Вториот фактор што влијае на тековната сметка е


раположливиот доход. Од причини што порастот во
Y1 предизвикува домашните потрошувачи да ја
зголемат својата потрошувачка на сите добра,
вклучувајќи го и увозот од странство, порастот на
расположливиот доход ја влошува тековната сметка.
РАВЕНКА НА АГРЕГАТНА ПОБАРУВАЧКА
 Сега ќе ги комбинираме четирите компоненти на
агрегатната побарувачка, со цел да го добиеме
целосниот израз на вкупната агрегатна побарувачка
означена како D.
 D = ??????
 Каде расположливиот доход Y1 е аутпутот, Y
намален за даноците T. Агрегатната побарувачка на
домашното производство може да биде запишана
како функција од 1) реалниот девизен курс, 2)
расположливиот доход, 3) инвестициската
потрошувачка, 4) државната потрошувачка.
РЕАЛНИОТ ДЕВИЗЕН КУРС И АГРЕГАТНАТА
ПОБАРУВАЧКА

 Зголемувањето на EP*/ P ги прави домашните стоки


и услуги ги прави поевтини во однос на странските
стоки и услуги, и ги поместува и домашната и
сранската потрошувачка од странски добра кон
домашни добра.
 Реалната депрецијација на домашната валута ја
зголемува агрегатната побарувачка за домашното
производство, доколку се друго е непроменето,
додека пак реалната апрецијација ја намалува
агрегатната побарувачка за домашното
производство.
 РЕАЛНИОТ ДОХОД И АГРЕГАТНАТА
ПОБАРУВАЧКА
 Доколку даноците се фиксирани на одредено ниво,
порастот Y предизвикува еднакво зголемување на
расположливиот доход Y1. Додека овој порас на Y1, ја
зголемува потрошувачката , од друга страна пак, ја
влошува тековната сметка преку зголемување на
домашната потрошувачка на увозот од станство.
 Затоа порастот на домашниот реален доход ја
зголемува агрегатната побарувачка за домашното
производство, доколку се друго е непроменето, додека
пак намалувањето на домашниот реален доход ја
намалува агрегатната побарувачка за домашното
производство.
ФАКТОРИ КОИ ЈА ПОМЕСТУВААТ КРИВАТА
DD
 Факторите кои влијаат врз позицијата на кривата DD
се бројни: 1)нивото на државна побарувачка, 2)
даноците, 3)нивото на домашни и странски цени,
4)варијации во однесувањето на домашната
потрошувачка, 5)побарувачката од странство за
домашни производи.
 Промена на G – ефектите од зголемувањето на државната
потрошувачка од G1 на G2, врз кривата DD под услов да има
фиксен девизен курс.
 Порастот на G предизвикува правата на агрегатната
побарувачка во горниот дел на сликата да се поместат нагоре.
Доколку се друго останува непроменето, аутпутот се зголемува
од Y na Y . Точката 2 во долниот дел го покажува повисокото
ниво на аутпут Y , на кое агрегатната побарувачка и понуда се
еднакви меѓу себе , при даден непроменет девизен курс Е.
Точката 2 се наоѓа на нова крива DD.DD.
 За кој било девизен курс, нивото на аутпут кое ги изедначува
агрегатната побарувачка и понуда , е повисоко по
зголемувањето на G. Ова укажува дека зголемувањето на G
предизвикува DD да се помести налево.
 Промена на Т. Даноците Т влијаат на агрегатната
побарувачка преку промена на расположливиот
доход, а на тој начин и на потрошувачката, за кое
било ниво на Y.
 Порастот на даноците предизвикува функцијата на
агрегатната побарувачка да се помести надолу, при
дадено ниво на девизен курс Е. Порастот на Т мора
да предизвикува поместување на кривата DD налево.
 Намалување на Т ќе предизвика поместување на
кривата DD надесно.
 Промена на I. Намалувањето на инвестициската
побарувачка ја поместува кривата DD налево.
 Промена на P. Зголемувањето на P го поскапува
домашниот аутпут во однос на странскиот и ја
намалува нето-извозната побарувачка. Падот на P ги
прави цените на домашните стоки и услуги поевтини
и предизвикува поместување на кривата DD надесно.
 Промена на P*. Порастот на P* релативно ги
поскапува странските добра и услуги. Затоа
агрегатната побарувачка за домашниот аутпут се
зголемува и кривата DD се поместува надесно.
Слично, намалувањето на P* предизвикува
поместување на кривата DD налево.
 Промена на потрошувачката функција.
Резидентите од домашната економија одеднаш
одлучиле дека сакаат да трошат повеќе, а да штедат
помалку, на кое било ниво на расположлив доход.
 Доколку зголемувањето на потрошувачката целосно
не се однесува на увозот од странство, агрегатната
побарувачка за домашен производ се зголемува, а
кривата на агрегатната побарувачка се поместува
нагоре при кое било ниво на Е.
 Автономното опаѓање на потрошувачката ( доколку
не се јавува исклучително ) ја поместува кривата DD
налево.
 Поместување на побарувачката за странски и за
домашни добра. Странските и домашните резиденти
одеднаш одлучиле да одвојуваат повеќе од својата
потрошувачка за стоки и услуги произведени во
домашната земја.
 Доколку домашниот расположлив доход и реалниот
девизен курс останат исти, ова поместување на
побарувачката ја подобрува тековната сметка преку
зголемување на извозот и намалување на увозот.
 Поместувањето на светската побарувачка од
домашните кон странските производи предизвикува
DD да се помести налево.
 Секое нарушување кое ја зголемува агрегатната
побарувачка за домашни производи ја поместува
кривата DD надесно. Секое нарушување кое ја
намалува агрегатната побарувачка за домашни
производи ја поместува кривата DD налево.
ФАКТОРИ КОИ ЈА ПОМЕСТУВААТ КРИВАТА
АА

 Пет фактори предизвикуваат кривата АА да се


помести промена на домашната понуда на пари М.
Промени на нивото на домашните цени, P. Промени
во очекуваниот иден девизен курс, Е. Промена на
странската каматна стапка, R* и поместување на
кривата на агрегратната реална побарувачка за пари.
 1. Промена на М. При фиксно ниво на аутпут,
зголемувањето М предизвикува депрецијација на
домашната валута на девизен пазар, под услов се
друго непроменето (значи Е се зголемува ). Бидејќки
за секое ниво на аутпут девизниот курс повисок по
зголемувањето на М. Зголемувањето на М
предизвикува поместување на кривата АА нагоре.
 2.Промена на P. Зголемувањето на P ја намалува
реалната понуда на пари, ги зголемува каматните
стапки. Под услов се друго да е непроменето,
вклучуваќјки го овој пораст на каматните стапки
предизвикува намалување на Е. Ефектот на порастот
на P е поместување надолу на АА.
 3.Промени на Е. Зголемувањето на Е на тој начин
предизвикува депрецијација ја домашната валута
доколку се друго е непроменето. Бидејќки девизниот
курс кој предизвика рамнотежа на девизниот пазар е
повисок по порастот на Е, при даден аутпут кривата
се поместува нагоре кога се јавува зголемување на
очекуваниот иден девизен курс и се поместува
надолу доколку очекуваниот иден девизен курс
опаѓа.
 4.Промена на R*. Зголемувањето на R* го зголемува
очекуваниот принос од депозитите во странска
валута и затоа ја поместува кон десно надолу -
накосената крива. При даден аутпут, домашната
валута може да депрецира за да го обнови каматниот
паритет. Порастот на R* го има истиот ефект врз R,
како и порастот на Е : предизвикува поместување
нагоре.
 5.Промена на реалната побарувачка на пари.
Намалувањето на побарувачката за пари имплицира
поместување нагоре на функцијата на агрегатна
реална побарувачка I ( R Y ) за пари за кое било ниво
на Y и резултира со пониска каматна стапка и
зголемување на Е. Намалувањето на побарувачката за
пари има идентичен ефект како и зголемувањето на
понудата на пари, на тој начин се поместува АА
нагоре.
 Економијата ке ја достигне точката 1 на DD,
агрегатната побарувачка е еднаква на аутпутот а
производителите понатаму не се соочуваат со
трошење на своите резерви спротивно на својата
волја. Така, економијата се закотвува во точката 1,
која е единствена точка во која пазарот производи и
пазарот на средства се чистат.
ПРИВРЕМЕНИ ПРОМЕНИ НА ФИСКАЛНАТА
И МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА
 Монетарна политика, која дејствува преку
промените на понудата на пари и фискална политика,
која дејствува преку промени во државната
потрошувачка или даноците.
МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

 Зголемената понуда на пари ја поместува АА1 нагоре


кон АА2, но не влијае врз позицијата на DD.
Поместувањето нагоре на кривата, која ја прикажува
рамнотежата на пазарот на средства, ја придвижува
економијата од точка 1, со девизен курс Е1 и аутпут
Y1, на точка 2, со девизен курс Е2 и аутпут Y2.
 Порастот на понудата на пари предизвикува
депрецијација на домашната валута, зголемување на
аутпут, а на тој начин и зголемување на вработеноста.
 Зголемувањето на понудата на пари мора да ја
потисне надолу домашната каматна стапка, R.
 Претпоставуваме дека монетарната промена е
привремена и дека не влијае на очекуваниот иден
девизен курс, Е се со цел да се зачува каматниот
паритет наспроти опаѓањето на R, девизниот курс
мора веднаш да депрецира со цел да предизвика
очекување дека домашната валута во иднина ќе
апрецира со повисока стапка од онаа што беше
очекувана пред паѓањето на R.

 Моментната депрецијација на домашна валута ги


прави домашните производи поевтини од странските.
ФИСКАЛНА ПОЛИТИКА

 Експанзивната фискална политика може да има


форма на зголемување на државната потрошувачка,
намалување на даноци или некоја комбинација од
овие две, која би ја зголемила агрегатната
побарувачка. Привремената фискална експанзија
( која не влијае врз очекуваниот иден девизен курс )
ја поместува кривата DD надесно, но не ја поместува
АА.
СКЛОНОСТ КОН ИНФЛАЦИЈА И ДРУГИ
ПРОБЛЕМИ ПРИ ФОРМУЛИРАЊЕ НА
ПОЛИТИКАТА

 Одржувањето на целосната вработеност во нашиот


модел е само навидум едноставно и од нашите
дискусии за политиката не треба да донесувате
заклучоци дека е лесно макроекономијата да се
одржува на едно стабилно ниво. Следат само неколку
од многубројните проблеми кои можат да произлезат
во овој процес.
 1." Sticky " ( нефлексибилните ), односно бавно
приспособливите номинални цени им даваат моќ на
владите да го зголемуваат аутпутот кога тој е
невообичаено низок.
 Меѓутоа, можат и да ги стават во искушение да
креираат политички корисен економски раст, кој ќе
биде корисен од политички аспект, на пример. пред
почетокот на изборите.
 Ова искушение предизвикува проблеми кога
работниците и претпријатијата предходно го
антиципираат и во очекување на експанзивни
политики ќе ги зголемат наемнините и цените.
 При таква ситуација, владата ќе биде во позиција да
мора да преземе експанзивни мерки со цел само да ја
спречи појавата на рецесија, која инаку би била
предизвикана поради повисоките домашни цени !

 Како резулатат на тоа, макроекономската политика би


предизвикала склоност кон инфлација, односно
повисока инфлација во економијата, која нема да
биде придружена со зголемување на
производствотот.
 2. Во практиката понекогаш е тешко да се утврди
дали нарушувањето во економијата произлегува од
пазарот на производи или од пазарот на средства.
Сепак, ова треба да го знае секоја влада која е
загрижена за ефектот што избраната политика ќе го
има врз девизниот курс, пред да донесе одлука за
изборот меѓу монетарната или фискалната политика.
 3.Политичките одлуки се резултат на бирократските
потреби, а не на темелни разгледувања дали
шоковите во економијата се реални, односно дали
поттекнуват од пазарот на производи или се
монетарни.

 Промена на фискалната политика може да се изврши


окако ќе се спроведе долга и внимателна процедура
за менување на легислативата, за разлика од
монетарната политика, која ја реализира централната
банка.
 За да се избегнат процедуралните одложувања,
владите најчесто преферираат да одговорат на
нарушувањето преку менување на монетарната
политика, дури и во случаи кога промената на
фискалната политика би била поадекватна.
 4.Друг проблем кај фискалната политика претставува
нејзиното влијание врз државниот буџет.
 Намалувањето на даноците или зголемувањето на
потрошувачката може да доведе до дефицит во
државниот буџет, кој мора, кога тогаш, да се покрие
преку спротивна фискална мерка.
 За жал, не постои гаранција дека владата ќе има
политичка волја да ги синхронизира овие мерки со
состојбата на деловниот циклус. Изборниот циклус
може да биде побитен, како што веќе имаме видено.
 5.Политиките, кои во нашиот едноставен модел
изгледаат како да дејствуваат моментно, во реалноста
дејствуваат со задоцнувања и тоа со различна
должина.
 Во исто време, проблемот кој се јавува при
утврдување на големината и упорноста да дадениот
шок предизвикува уште поголеми потешкотии при
прецизното утврдување колкаво монетарно или
фискално лекарство е потребно да се пропише.
 Овие неизвесности ги принудуваат политичарите да
донесуваат одлуки врз основа на свои предвидувања
и интуиции, кои можат да испаднат целосно
погрешни.
 СТРУКТУРА

 Како финансиска институција на Европската унија,


ЕИБ ги крои своите активности за позајмувања и
заеми според економските полиси на Унијата.

You might also like