You are on page 1of 7

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА

Насока: Бизнис логистика

ПРЕДМЕТ: Договор за меѓународен промет


ТЕМА: Договор за купопродажба и договор за пренос на стока

Ментор: Студент:
Проф Д-р Анета Стојановска-Стефанова Александар Арсов
Број на индекс: 177021

Штип, Април 2022


Содржина
Вовед......................................................................................................................... 3
1. Договор за купопродажба.................................................................................. 4
ПРИМЕР ЗА ДОГОВОР ЗА МЕЃУНАРОДНА КУПОПРОДАЖБА...........................6

2
Вовед

Трговските договори се пред се договори што трговските друштва, односно


трговците поединци и другите правни лица кои вршат трговска дејност, во вид на
професија, ги склучуваат меѓу себе во вршењето на дејностите што го сочинуваат
предметот на нивното работење или се во врска со тие дејности.

Договорите се како крвоток што го контролира нашето општество, со кое се следат


правата и регулациите на повеќе субјекти и спречува од настанување на хаос во
општеството. Но за различни видови потреби постојат различни видови договори
со кои се исполнуваат различните потреби.

Карактеристични трговски договори се: договор за купопродажба, договор за


превоз, договор за складирање, шпедиција, застапување, франшиза итн.

3
1. Договор за купопродажба

Меѓународниот договор за продажба/купување на стока е најважен договор во


меѓународниот стоков промет и со тоа претставува основен предмет на интерес на
Правото на договорите во меѓународниот промет.

Овие договори покрај волјата на субјектите, се регулира и со националното право и


меѓународните правила.

Во националното право на нашата земја договорите за купопродажба се


регулираат со Законот за овлигациони односи, Општите узанси за промет со стока,
Посебните узанси за промет со поедини производи, Трговските обичаи, Законот за
надворешно трговско работење и др.

Од меѓународните правила за регулирање на овој вид договори позначајни се:


Еднообразниот закон за склучување на договори за меѓународна продажба на
телесни движни ствари, Конвенцијата за правото кое треба да се применува на
меѓународна продажба на телесни движни ствари, Конвенција на закон кој се
применува на пренос на сопственост во меѓународна продажба на телесни
подвижни ствари, Општи услови за испорака на стока меѓу надворешно-трговските
организации, Правила донесени од приватни организации од меѓународен
карактер, Договори, клаузули и правила итн.

Клучно кај овие договори е елементот на страност, односно едниот од субјектите


треба да има потекло од друга држава, како лично така и потекло на фирмата од
друга странска земја.

Битни елементи кај овој договор се:

 Предмет на договорот: предметот на тргување, подвижни или неподвижни


ствари)

 Цена на договорот: мора да е точно определена цената на договорот.

Непостоењето на било кој од овие елементи го прави договорот ништовен.

4
Основни обврски на договорните страни се:

 Обврски за продавачот: да ја испорача стоката, да гарантира за правните и


физичките недостатоци, да ги предаде потребните документи и да ја пренесе
сопственоста на купувачот и сл.

 Обврски за купувачот: да ја прими испорачаната стока, да ја плати куповната


цена и сл.

Доколку местото на предавање на предметот не е утрврден со договорот, а е


потребен превоз на стоката, предавањето се смета за извршено со предавање на
предметот на превозникот или на шпедитерот. Предавањето на стоката е битен
елемент поради префрлање на ризикот од пропаѓање на стоката.

Времето на исполнување на договорот може да е суштествен елемент, но и не


мора. Доколку времето на предавање не е утврдено со договорот, предавањето
треба да се изврши во разумен рок по склучувањето на договорот.

Трошоците на предавањето на стоката по правило ги сноси продавачот, освен ако


не е поинаку одредено во договорот. Во меѓународната продажба трошоците за
испорака и прием се утврдуваат со транспортните клаузули INCOTERMS.

Според ЗОО, продавачот не е должен да го предаде предметот на купувачот ако


тој истовремено не ја плати цената, а купувачот не е должен да да ја плати цената
пред да го прегледа предметот. Во современиот промет ова правило се исклучува,
бидејќи најчесто прво се испорачува стоката па се дава фактурата која купувачот
треба да ја плати во договорениот рок.

Времето и местото на плаќање на цената не се задолжителни елементи во


договорот, а доколку не е договорен начинот и местото, плаќањето се извршува во
време и место на предавање на стоката.

5
Одговорноста за материјални недостатоци на предметот по правило е на
продавачот, освен ако на купувачот му биле познати недостатоците и забелешките
при прием на стоката и за тоа не го соопштил продавачот.

Договорот може да содржи и многу други елемнти кои ги одредуваат правата и


обврските на договорените страни, но дали тие ќе се вклучат во договорот зависи
од волјата на договорните страни и од природата на договорот. Сите други
елементи се уредуваат со меѓународното право и националните закони.

ПРИМЕР ЗА ДОГОВОР ЗА МЕЃУНАРОДНА КУПОПРОДАЖБА

Склучен помеѓу: 1. Мондриан Доо Скопје, ул. Факултетско Стопанство бб


Трубарево, Скопје, Република Македонија, застапувано од Денис Тасески во
својство на купувач од една страна и

2. Şişecam Paşabahçe, İçmeler Mah. D-100 Karayolu Cad. No:44A 34947, Истанбул,
Турција, застапувано од Ахмед Кирман во својство на продавач, од друга страна,
во Скопје, Република Македонија на ден 27.12.2018 година склучија:

ДОГОВОР ЗА КУПОПРОДАЖБА

Член 1

Предмет на овој договор е купување на угостителска опрема, односно 500


стаклени чаши за виски Мароко 23 цл со димензии 8.1x8.1x8.8 цм., единечна
тежина од 600 грама и со цена од 2 евра од парче, 1 000 стаклени чаши за пиво –
кригли од 500 мл со димензии 20x16x10 цм., со единечна тежина од 680 грама и со
цена од 5 евра од парче, 1 500 високи стаклени повеќенаменски чаши од 30 цл со
димензии 12x6x6 цм., единечна тежина 530 грама и со цена од 1,50 евра од парче,
1 200 стаклени чаши за вино Аудиенс од 428 мл со димензии 14x6 и основа 5 цм.
со единечна тежина 250 грама и со цена од 8 евра од парче, 1 300 порцелански
филџани за кафе/чај од 20 цл со димензии 5x8 цм., со единечна тежина од 300
грама и со цена од 1,50 евра од парче, 700 порцелански плитки чинии со дијаметар

6
26 цм., со единечна тежина од 860 грама и со цена од 1 евро од парче, 500
тенџериња од нерѓосувачки челик со капацитет од 32 литри со димензии 43x40x35
цм., со единечна тежина од 3 кг. и по цена од 20 евра од парче, 2 500 ножеви од
нерѓосувачки челик со димензија 24x2 цм., со единечна тежина од 375 грама, со
цена од 3 евра од парче, 1 400 лажици од нерѓосувачки челик со димензии од
21x4,3 цм., со единечна тежина од 100 грама, со цена од 2.50 евра од парче, 1 800
вилушки од нерѓосувачки челик со димензии од 20x2,6 цм., со единечна тежина од
100 грама, со цена од 2 евра од парче и 5 миксери Плутон 7 со метална рамка,
капацитетот на садот е 2 кг., јачината на електричниот моторот е 280 W., со
димензии 470x320x500 мм., со единечна тежина од 21 кг., со цена од 400 евра.

Пакувањето на стоката е во сетови од комерцијална амбалажа, кои потоа се


пакуваат во кутии.

Вкупната тежина изнесува 5.66 тони.

Сите производи се порачани според каталог доставен од страна на продавачот, со


соодветна шифра.

You might also like