You are on page 1of 4

ПРЕДДОГОВОР

ЗА КУПОПРОДАЖБА НА НЕДВИЖЕН ИМОТ

Склучен во Скопје на ден 29.08.2022 година, помеѓу:

1. МЕНСУР ОМЕРАГИЌ со место на живеење во Скопје-Карпош ул.БУЛ.ИЛИНДЕН

бр.105/2-21 со ЕМБГ2706974450132-МВР Скопје и број на лична карта
А1933772- МВР Скопје (во понатамошниот текст Продавачот), И

2. ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ со место на живеење во Тетово ул.Ј.Н.А бр.17 со

ЕМБГ1009944470035-МВР Тетово и број на лична карта А1621021 - МВР Тетово
(во понатамошниот текст Купувачот)

Со овој преддоговор , договорните страни ги регулираат меѓусебните права и

обврски , условите , начинот и роковите на исплата на цената за купопродажбата на
недвижен имот и се обврзуваат да склучат главен договор за пренос на правото на
сопственост.
Член 1
Продавачот е сопственик на недвижен имот кое право на сопственост е запишано во
Имотен лист број 1425 за КО ЦЕНТАР 1, издаден од страна на Агенцијата за катастар
на недвижности на Република Северна Македонија.
Предмет на овој договор е продажба на недвижниот имот на продавачот запишано
во Имотен лист број 1425 за КО ЦЕНТАР 1кој претставува:
ЛИСТ Б
-КП бр.9628 Викано место/улица, Илинденска 48А , катастарска култура гз,гиз
површина во м2 20м2 ,
-КП бр.9628 Викано место/улица, Илинденска 48А , катастарска култура гз,зпз1
површина во м2 124 м2 ,
ЛИСТ В
-КП бр.9628 дел 0,Адреса(улица и куќен број на зграда) Илинденска 48А , Бр.на
зграда друг објект 1 , намена на згр. преземена при конверзија на податоците од
стариот ел.систем А1-1 ,Влез/Кат/Број на посебен/заеднички дел од зграда Влез 1 ,
Кат МА бр.1 Намена на посебен/заеднички дел од зграда ПП Внатрешна површина
во м2 13м2,

Кат МА бр.1 Намена на посебен/заеднички дел од зграда СТ Внатрешна површина
во м2 16м2,
-КП бр.9628 дел 0,Адреса(улица и куќен број на зграда) Илинденска 48А , Бр.на
зграда друг објект 1 , намена на згр. преземена при конверзија на податоците од
стариот ел.систем А1-2 ,Влез/Кат/Број на посебен/заеднички дел од зграда Влез 1 ,
Кат МА бр.1 Намена на посебен/заеднички дел од зграда СТ Внатрешна површина
во м2 32м2,
-КП бр.9628 дел 0,Адреса(улица и куќен број на зграда) Илинденска 48А , Бр.на
зграда друг објект 1 , намена на згр. преземена при конверзија на податоците од
стариот ел.систем А1-1 ,Влез/Кат/Број на посебен/заеднички дел од зграда Влез 1 ,
Кат МА бр.1 Намена на посебен/заеднички дел од зграда ПП Внатрешна површина
во м2 12м2,
-КП бр.9628 дел 0,Адреса(улица и куќен број на зграда) Илинденска 48А , Бр.на
зграда друг објект 1 , намена на згр. преземена при конверзија на податоците од
стариот ел.систем А1-1 ,Влез/Кат/Број на посебен/заеднички дел од зграда Влез 1 ,
Кат ПР бр.1 Намена на посебен/заеднички дел од зграда Г Внатрешна површина во
м2 12м2,
-КП бр.9628 дел 0,Адреса(улица и куќен број на зграда) Илинденска 48А , Бр.на
зграда друг објект 1 , намена на згр. преземена при конверзија на податоците од
стариот ел.систем А1-1 ,Влез/Кат/Број на посебен/заеднички дел од зграда Влез 1 ,
Кат ПР бр.1 Намена на посебен/заеднички дел од зграда СТ Внатрешна површина во
м2 42

Г9.3
-КП бр.9628 дел 0, Бр.на зграда друг објект 1 , Влез/Кат/Број на посебен/заеднички
дел од зграда Влез 1 , Кат МА бр.1 Намена на посебен/заеднички дел од зграда ПП
Внатрешна површина во м2 12м2,
-КП бр.9628 дел 0, Бр.на зграда друг објект 1 , Влез/Кат/Број на посебен/заеднички
дел од зграда Влез 1 , Кат МА бр.1 Намена на посебен/заеднички дел од зграда ПП
Внатрешна површина во м2 13м2,
-КП бр.9628 дел 0, Бр.на зграда друг објект 1 ,Влез/Кат/Број на посебен/заеднички
дел од зграда Влез 1 , Кат МА бр.1 Намена на посебен/заеднички дел од зграда СТ
Внатрешна површина во м2 16м2,

-КП бр.9628 дел 0, Бр.на зграда друг објект 1 , Влез/Кат/Број на посебен/заеднички

дел од зграда Влез 1 , Кат МА бр.1 Намена на посебен/заеднички дел од зграда СТ
Внатрешна површина во м2 32м2,
-КП бр.9628 дел 0, Бр.на зграда друг објект 1 ,Влез/Кат/Број на посебен/заеднички
дел од зграда Влез 1 , Кат ПР бр.1 Намена на посебен/заеднички дел од зграда Г
Внатрешна површина во м2 12м2,
-КП бр.9628 дел 0, Бр.на зграда друг објект 1 , Влез/Кат/Број на посебен/заеднички
дел од зграда Влез 1 , Кат ПР бр.1 Намена на посебен/заеднички дел од зграда СТ
Внатрешна површина во м2 42м2,
Краток опис на прибележување: Објектот добива правен статус согласно законот за
постапување со бесправни изградени објекти.
Правен основ за запишување Решение за утврдување на правен статус на бесправен
објект бр.26-997/6 од 12.12.2011 година.
Член 2
Со овој преддоговор за купопродажба договорните страни се согласни, продавачот
да го продаде на купувачот својот недвижниот имот опишан во член 1 од овој
договор, а купувачот да го купи недвижниот имот од продавачот за вкупна
купопродажна цена во износ од 95.000.00 Евра(деведесетипетилјадиевра) во
денарска противвредност според средниот курс на НБ на РСМ на денот на исплатата.

Член 3
Начинот и роковите на исплатата на купородажната цена ќе се одвива на следниот
начин:
На денот на потпишување на овој преддоговор,купувачот Јане Јаневски
исплатил на продавачот Менсур Омерагиќ на негвата трансакциска сметка во банка
а продавачот признава дека ја примил сума во износ од
20.000ЕВРА(дваесетилјадиевра) во денарска противредност според средникот курс
на НБ на РСМ на денот на исплатата како прва рата од купопродажната цена на
имотот опишан во член 1 од овој преддоговор.
Останатиот дел од купопродажната цена во износ од
75.000ЕВРА(седумдесетипетилјадиевра) во денарска противвредност на денот на
исплатата според средниот курс на НБ на РСМ купувачот се обврзува да го плати на
продавачот во рок од 3(три) дена од завршување на постапката за плаќање на данок
и по плаќањето на договорната купопродажна цена во целост договорните страни се
обврзуваат веднаш истиот ден кога е уплатена во целост договорната купопродажна
цена а најдоцна во рок од 3(три) дена да пристапат кон склучување и заверка на
главниот договор за купопродажба пред надлежен нотар и негова солемнизација и
спроведување на истиот во АКН со пренос на сопственоста од име на продавачот на
име на купувачот , во спротивно купувачот има право на пренос на сопственоста и по
судски пат без било каков приговор од страна на продавачот или негови законски
наследници согласно законските прописи.
Член 4
Продавачот му гарантира на купувачот дека е единствен сопственик на недвижниот
имот –предмет на овој договор, дека нема никакви законски или други договорни
обврски во врска со имотот кон трети лица, дека сите негови претходни договарања
во врска со имотот се вон сила или неважечки, дека трети лица немаат право на
користење, право на сопственост, на сосопственост, службеност или долготраен
закуп, дека имотот не е оптоварен со хипотека, ниту пак постои забрана за негово
оттуѓување и се обврзува дека во случај на потреба ќе преземе законски мерки за
заштита на правото на сопственост или ќе се јави во заштита на купувачот во
остварувањето на неговите права утврдени со овој договор.
Член 5
Воедно продавачот му гарантира на купувачот дека ваков преддоговор или било
каков друг договор за горенаведениот предметен недвижен имот досега нема
склучено со било кое трето физичко или правно лице ниту таков договор во иднина
и ќе склучи , а воедно на купувачот му гарантира дека од преддоговорот нема да се
откаже во целост и ќе се придржува на одредбите на овој преддоговор .
Продавачот изрично изјавува дека нема да остапи од склучување на главниот
купопродажен договор по погоренаведената договорена купопродажна цена до
колку купувачот во целост се придржува на сите свои обврски.
Правата и обврските од овој преддоговор под сите погоренаведени услови во случај
на евентуална смрт на некоја договорна страна важат и за нивните евентуални идни
потомци.
Член 6
Договoрните страни на овој преддоговор се согласни сите трошоци околу овој
преддоговор за купопродажба, данокот на промет на недвижностите, адвокатските
трошоци како и нотарската заверка на Главниот договор, да ги плати купувачот.
Член 7
Договорните страни се согласни надлежниот Нотар овој преддоговор да го достави
до Агенцијата за катастар за прибележување.
Член 8
Договорните страни се откажуваат од правото на еднострано раскинување на овој
преддоговор освен во случај и под условите предвидени со закон.
Член 9
Договорните страни можат да вршат измени и дополнувања на овој
преддоговор единствено по пат на склучување на писмен Анекс кон истиот .
Член 10
За се што не е предвидено со овој преддоговор се применуваат одредбите на
Законот за облигациони односи и другите позитивни прописи.
Член 11
Во случај на спор надлежен е Основниот суд во Скопје.
Член 12
Овој преддоговор е склучен во 3(три) еднообразни примероци од кои по еден
за договорните страни а останатите за надлежниот Нотар службена употреба.
Член 13
Овој преддогоовр е прочитан на дооворните страни истите со согласуваат со истиот и
своерачно го потпишуваат .

Договорни страни

Продавач, Купувач,
МЕНСУР ОМЕРАГИЌ ______________ ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ_______________

You might also like