You are on page 1of 3

ПРЕДДОГОВОР

ЗА ПРОДАЖБА НА СТАН ВО ГРАДБА во станбената зграда во месноста т.н. ____________

Заклучен во ________ на ден __________ година помеѓу :

ДОГОВОРЕНИ СТРАНИ:

ПРОДАВАЧ: ________________, (во понатамошниот текст Продавач)

КУПУВАЧ: ________________, (во понатамошниот текст Купувач)

ПРЕДМЕТ НА ПРЕДДОГОВОРОТ

Член 1

(1.1) Продавачот е сопственик и владетел на недвижен имот Стан број ______________.

(1.2) Површина на станот наведен во ст. 1.1 од овој член според имотен лист
__________________ м2. Станот во повеќе наврати е даден на увид на купувачот и истиот
како таков е прифатен од Купувачот.

ЦЕНА НА ПРЕДДОГОВОРОТ

Член 2

(2.1) Во продажната цена на станот влезено е опремување на станот со плочки во кујната


и тоалетот. Опремување со ламинат на останатите подови. Тоалетот да биде опремен со туш
кабина, тоалетна шола, мијалник, батерија за мијалник и обичен бојлер. Ѕидовите и таванот
да бидат финално обработени со абриб. Во продажната цена не е влезено опремување со
кујна, батерија за кујна, светлечки тела-лустери, други електрични апарати и мебел. Што
значи продавачот ќе му го предаде на купувачот предметниот стан комплетно завршен,
легален и во исправна состојба.

(2.2) Вкупната вредност на станот во денари изнесува ден ___________ како крајна цена
на станот и подрумот. Со станот купувачот ќе добие идеален дел од земјиштето, односно
плацот на зградата и идеален дел од заедничките простории на зградата (скалишниот дел).
Вредноста на еврото во овој став е основна за конечниот договор, а неговата вредност ќе се
определува на денот на уплата на средствата на менувачкиот пазар по продажниот курс во
РС Македонија. Во овој договор земено е 1 € =61,6 ден.

(2.3) Продавачот му гарантира на купувачот дека врз предметниот стан не постојат права
на трети лица, кои што го исклучуваат, ограничуваат или пак намалуваат правото на
сопственост на купувачот (заштита од евикција).

Член 3

(3.1) Во овој преддоговор и во цените од член 2. став 2 не влегува данокот на промет на


недвижностите. Истиот е обврска на купувачот на станот.

НАЧИН НА ИСПЛАТА

Член 4

(4.1) Плаќањето ќе се изврши во денари во износ од ___________ пред потпишувањето на


овој преддоговор, како учество при купување на станот, а остатокот пред склучување на
купопродажниот договор на сметката на продавачот _______________________.

Член 5
(5.1) Продавачот му ја гарантира на купувачот цената на станот од Член 2 на овој
Договор.

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 6

(6.1) Продавачот се обврзува и му гарантира на купувачот дека станот ќе биде изграден и


завршен согласно инвестиционо - техничката документација, важечките прописи,
нормативите и стандардите за изградба на овој вид работи. Инвеститорот очекува зградата
да биде изградена заклучно до ________ год но во зависност од временските прилики и
други околности роковите можат да бидат пролонгирани најкасно до _______ год.

(6.2) Доколку купувачот изрази желба во текот на градбата да врши измени на некои
позиции во станот, тоа е можно само во случај кога предметната позиција не е извршена и
со изричита согласност од продавачот. Дополнителните работи ги плаќа купувачот според
реална цена.

(6.3) Менување на фасадата со преградувања, застаклувања не се дозволуваат.

Член 7

(7.1) Откако станот ќе биде готов за примопредавање, страните потпишуваат записник за


примопредавање на станот.

(7.2) Истовремено со потпишување на записникот за примопредавање, страните ќе


склучат и потпишат договор за купопродажба заверан на Нотар (солемизација) со што
купувачот се стекнува со сопственост врз станот. Потоа продавачот ќе му ги предаде на
купувачот клучевите од станот (ќе му го предаде станот во фактичко владение), а
истовремено ќе му ги предаде и евентуалните гаранции на вградените електо производи во
станот, кои се однесуваат на инвентарот и опремата во станот.

Член 8

(8.1) Купувачот е согласен со овој предоговор да ги користи услугите на управителот на


објектот и дека веднаш со добивањето на клучевите од станот ќе ги измирува обврските на
заедницата на сопственици за тековно и инвестиционо одржување на објектот

(8.2) Купувачот со потпишувањето на овој предоговор има обврска пред потишувањето на


договортот да потпише изјава за формирање на заедница на сопственици.

(8.3) Со овој предоговор купувачот ке има обврска сите превземени права и обврски да ги
пренесе на идните евентуални корисници на станот или на евентуални нови сопственици во
случаи на идни купопродажби на станот.

Член 9

(9.1) Договорните страни се согласни овој Преддоговор да се заверува кај Нотар.

(9.2) Трошоците за заверка (солемизација) на Договорот кај нотар и адвокатските трошоци


паѓаат на товар на купувачот.

Член 10

(10.1) Во случај на спор, или било какви променети околности, договорните страни
благовремено ќе се известуваат една со друга, при што сите евентуални спорови ќе се
решаваат на мирен начин. Во евентуален случај на спор надлежен е Основниот суд Битола.
Член 11

(11.1) Овај Договор заедно со прилозите е составен во 3 (три) еднакви примероци, од кои
еден примерок за нотарот, еден примерок за купувачот и еден примерок за продавачот.

За КУПУВАЧ, ПРОДАВАЧ,

--------------------------------- ---------------------------------------

_____ ______

You might also like