You are on page 1of 4

ДОГОВОР ЗА ЗАКУП

Склучен на ден 14.10..2022 година во Скопје помеѓу :

1. Милена Папакоч со ЕМБГ 1508979415025 преку полномошник Аница Папакоч


со ЕМБГ 2310956415027

Натали Папакоч – Илиевска со ЕМБГ 1502984459210 лично

Димитри Папакоч со ЕМБГ 1212994450086 преку полномошник Аница Папакоч


со ЕМБГ 2310956415027

сите од Скопје со стан на ул. Фредерик Шопен број 10

во натамошниот текст закуподавачи ,од една страна

2. Демирхан Ибрахим со ЕМБГ 10738170142 и пасош број У26644189 од


Турција,во натамошниот текст Закупец .

Член 1

Закуподавачите даваат во закуп ,а закупецот прима во закуп стан со површина од 43 м2


кој се наоѓа во Скопје на ул. Фредерик Шопен број 10 во КО Кисела Вода 1 на КП број
78,опишан во Имотен лист број 28 ,како влез 001 ,кат ПР ,број 001, сосопственост на
закуподавачите.

Член 2

Договорот за закуп се склучва со време траење од 1 година почнувајки од 15 Октомври


2022 година до 14 Септември 2023 година.

Предавање на владението на закупецот ќе се изврши со склучување на записник за


примопредавање.
Договорните страни се согласни закупецот да депонира на закуподавачите износ од
1.000,- евра на име гаранциски депозит.

Гаранцискиот депозит се издава и служи како обезбедување за исполнување на


договорните обврски од страна на закупецот,редовно плаќање на закупнината од член
4, редовно плаќање на потрошената електрична енергија и вода а воедно и како
гаранција дека станот предмет на овој договор, нема да го оштети и истиот ќе го
предаде во состојба во која го има примено.

Договорните страни сесогласни депозитот предвиден во овој член да се врати на


закупецот на денот на истек на овој договор откако заеднички ќе биде утврдено дека
станот нема никакви оштетувања и дека се платени сметките за струја и вода.

Член 4

За користење на станот закупецот ќе плаќа месечна закупнина во износ од 340,- евра


во денарска противвредност според средниот курс на еврото во моментот на уплатата.

Освен закупнината која закупецот треба да ја плаќа најкасно до секој пети ден од
тековниот месец истиот се обврзува да плаќа за потрошена електрична енергија и вода
а персоналниот данок од доход ќе го плаќаат закуподавачите и истиот е вклучен во
закупнината.

Член 5

За време за кое е склучен овој договор,трошоците за потрошена електрична


енергија,вода ,персонален данок,тековно одржување и евентуално причинета штета од
закупецот паѓаат на товар на истиот .

Закупецот се обврзува за сите погоре наведени трошоци на закуподавачите да им


доставува фотокопии од месечните уплати.

По претходно барање од закуподавачите,закупецот се обврзува да им овозможи


пристап до станот максимум два пати во месецот со цел истите да вршат контрола на
начинот на кој се користи и дали истиот се одржува во состојба согласно одредбите од
овој договор.

Член 6
Закупецот се обврзува да го одржува и да се грижи за станот како добар домаќин и по
истекот на договорот да го врати на закуподавачите во исправна и уредна состојба во
која го има примено .

Доколку закупецот не се придржува кон своите обврски од договорот,односно не го


одржува како добар домаќин,закуподавачите имаат право еднострано да го раскинат
овој договор,

Закупецот изрично изјавува дека е согласен,закуподавачите да имаат право врз основа


на овој договор да бараат да се спроведе присилно извршување ,заради иселување и
одземање на владението врз предметниот стан,преку испразнување и предавање на
недвижноста на закуподавачите во случај на раскин на договорот предвиден во овој
член како и во случај кога закупецот нема да ја плати договорената месечна закупнина
или по истекот на рокот на важење на овој договор.

Член 7

Доколку во договорениот период закупецот има потреба да го раскине договорот тоа


може да го направи со писмено известување до закуподавачите во рок од два месеци
пред утврдените рокови за плаќање на месечната закупнина од член 4 на овој договор и
притоа нема право да бара поврат на платената закупнина и депозит .Во ваков случај
закупецот се обврзува да им овозможи на закуподавачите пристап во објектот со цел
истиот да може да биде разгледуван од нови закупци .

Во договорениот период на важење на договорот ,закуподавачите имаат право , без


отказен рок,еднострано да го раскинат овој договор во случај да утврдат дека
закупецот објектот не го одржува како добар домаќин ,при што благовремено ќе го
известат за нивната намера пред да покренат постапка за извршување.

Член 8

Во случај договорот да не биде продолжен ,закупецот е должен да го испразни


просторот од луѓе и предмети најдоцна до последниот ден од истекот на рокот
одреден во член 4 од овој договор и доколку тоа не го направи,закуподавачите имаат
право да ги иселат неговите ствари во јавно складиште и сето тоа на терет на
закупецот.

Член 9
Договорните страни се согласни веднаш после потпишување на овој договор и платен
депозит и една месечна закупнина ,закуподавачите на свој терет да постават машина за
перење алишта.

Закупецот ќе го користи станот исклучиво за живеење.

Закупецот не може без писмена согласност на закуподавачите да врши промени во


станот ( преградување,преправки и др.градежни работи) а исто така не може станот да
го дава под закуп на други.

Член 10

Договорните страни се согласни доставувањето на сите писмени известувања во врска


со овој Договор да се смета за полноважно ако е извршено по електронска пошта и
како официјални средства за комуникации ќе се користат следните контакти на :

- Закуподавачите – лице за контакт -Аница Папакоч, Email –


anicapapakoch@yahoo.com

- Закупец – лице за контакт –

Член 11

Сите измени и дополнувања на овој договор ќе бидат регулирани со Анекс кој ќе биде
потпишан од двете договорни страни.

Член 12

Овој договор се склучува двојазично ,на македонски и турски јазик, во 4 примерка ,од
кои два за службена употреба и по еден за секоја договорна страна.

За се што не е предвидено со овој договор ќе се применуваат одредбите од ЗОО.

ДОГОВОРНИ СТРАНИ

Закуподавачи : Закупец :

You might also like