You are on page 1of 2

ДОГОВОР ЗА ПОСЛУГА НА НЕДВИЖЕН ИМОТ

Склучен на 27.12.2018 година помеѓу:

1. Бетински Ефтим од Скопје, ул Букурешка 2/19 со ЕМБГ 2904968450119 и л.к.


А0561487 издадена од МВР – Скопје и Бетинска Гордана, ул. Букурешка 2/19
со ЕМБГ 0606969455167 и л.к А0560760 издадена од МВР - Скопје, во
понатамошниот текст послугодавачи
и

2. Ален Марсол со пасош број 10CF66099 во понатамошниот текст


послугопримач

Договорните страни се согласни за следното:

Член 1.
Послугодавачите се сопственици на недвижен имот – стан што се наоѓа
во Скопје , на улица Букурешка бр2/19 .

Член 2.
Послугодавачите на недвижниот имот опишан во член 1 го дава во
послуга без надоместок на послугопримачот, за време од 1 (една) година
сметано од 01.12.2018 година до 01.12.2019 година.

Член 3.
Овој договор се склучува со цел да се регулира престојот на
послугопримачот во Република Македонија
Член 4.
Трошоците кои произлегуваат од користење на недвижниот имот-стан (
за вода , струја телефон и друго) ги сносат послугодавачите.
Член 5.
Овој договор престанува да важи со истекот на времето за кое е склучен,
доколку договорните страни со анекс кон овој договор истиот не го продолжат.

Член 6.
Штетата што евентуално би настанала на имотот опишан во член 1 од
овој договор по вина на послугопримачот, истата паѓа на товар на
послугопримачот и тој е должен во најкраток временски рок да ја отстрани.

Член 7.
Недвижниот имот опишан во член 1 од овој договор послугопримачот
нема право да го издава во подзакуп без претходна писмена согласност од
послугодавачите
Член 8.
Послугопримачот е должен по истекот на времето на кое е склучен овој
договор, недвижниот имот да го остави во исправна состојба.

Член 9.
Послугодавачите еднострано може да го раскинат овој договор со
отказ доколку послугопримачот го користи недвижниот имот спротивно на
неговата намена, со препорачано писмо и со отказен рок од 15 дена.

Член 10.
Евентуален спор во врска со примена на одредбите од овој
договор , договорните страни ќе се обидат да ги решат спогодбено, во
спротивно надлежен е Основен суд Скопје 1 во Скопје.

Член 11.
Овој договор е составен во 4 ( четири ) еднообразни примероци и
тоа по два за секоја договорна страна

ПОСЛУГОДАВАЧИ: ПОСЛУГОПРИМАЧ:

Бетински Ефтим Ален Марсол

Бетинска Гордана

You might also like