You are on page 1of 3

ДО Г О В О Р

за дар на недвижен имот

Склучен на ден__________година во Скопје помеѓу:

1.П.П ул. "_________"бр________, со л.к.бр._________; ЕМБГ___________издадена


од__________,oд една страна како Дарувач и

2..С.С. ул." _________ "бр________, со л.к.бр. _________; ЕМБГ___________издадена


од__________, од друга страна како Даропримач.

Договорните страни се во крвно сродство, односно дарувачот е татко на даропримачот па


денеска при чиста свест и здрав разум, неприсилувани од никого се договорија за следното;

член 1

Дарувачот е сопственик на недвижен имот кој се наоѓа во Скопје, ул."


___________"број_____, со вкупна површина од 132 м2 од кои зграда 1, влез 01, кат-02, стан
број 05, во површина од 77 м2; зграда 1, влез 01, кат-02, балкон за стан број 05, во површина
од 9 м2; зграда 1, влез 01, кат-02, помошна просторија за стан број 05, во површина од 29 м2,
кој имот лежи на КП.бр.001 и зграда 11, влез 001, кат-приземје, Гаража, во површина од 17
м2, ул." ___________"број___________, кој имот лежи на КП.бр.001, КО Карпош, врз основа
на Имотен лист број 0004 издаден од ДЗГР-Сектор за премер и катастар Скопје.

член 2

Co овој договор дарувачот недвижниот имот, опишан во член 2(два) од овој договор го
подарува во сопственост и владение на даропримачот, без надомест.

член 3

Даропримачот со овој договор изразува особена благодарност спрема дарувачот за чинот кој
го чини со овој договор, го прима дарот предмет на овој договор во сопственост и владение и
ветува дека во иднина кон својот татко- дарувачот ќе се однесува со особено внимание и
почитување.

член 4

Даропримачот врз основа на овој договор е овластен и без присуство на дарувачот , да го


упише правото на сопственост на недвижниот имот, предмет на овој договор на свое име во
јавната книга при Катастарот на недвижности /Clausula intabulandi/.

член 5

Свесни за значењето на овој договор и од никого неприсилувани договарните страни


изјавуваат дека се откажуваат од правото да бараат раскинување на истиот по било кој основ,
освен на изразување на крајна неблагодарност од страна на даропримачот спрема дарувачот.

член 6

Дарувачот му гарантира на даропримачот за правните својства врз недвижниот имот предмет


на овој договор и се обврзува во случај на потреба да му пружи на даропримачот заштита од
евентуална евикција од страна на трето лице.

член 7

Во случај на спор по одредбите на овој договор надлежен ќе биде Основниот суд во Скопје 1
Скопје.

член 8

Овој договор е составен во 6 (шест) еднообразни примероци од кои еден за дарувачот, два за
даропримачот, еден за заверка кај Нотар, a останатите за пред належните органи.

Договорни страни
ДАРУВАЧ ДАРОПРИМАЧ

_____________ ____________________

You might also like