You are on page 1of 4

Договор за деловна соработка

Склучен на _____________год. помеѓу:

1. АЛМА-М ДООЕЛ Скопје, ул. Качанички пат бр. 65А Визбегово Бутел Скопје, со ЕДБ 4030998347506,
ЕМБС 5236550, жиро с-ка: 300000002303689, Комерцијална банка АД Скопје, застапувано од Управителот
Ивица Петровиќ (во понатамошниот текст – Продавач) и

2._______________________________________________________________________________________,
ул._________________________________________________________________ бр_______________, с-
ка:_________________________________________ ЕДБ _______________________________________,
застапувано од Управителот (име и презиме) ___________________________________________________
од град _____________________________ со стан на ул._________________________________________
бр._________________, со ЕМБГ____________________________(во понатамошниот текст – Купувач –
Гарант платец)

ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Предмет на овој Дoговор е регулирање на права и обврски помеѓу Купувачот и Продавачот во врска со
купопродажба на производите – предмет на дистрибуција на Продавачот, поточно за исполнување на
полноважна обврска на Купувачот за плаќање на цена за испорачана роба - по рокот на испорака.
Договорните страни се согласни доколку има потреба одредбите околу нарачката и испораката на
производите и нивно позиционирање, одржувањето и позиционирањето на рекламниот материјал,
начинот и условите на плаќање и другите карактеристики и специфичности на прозводите, да се
регулираат со посебни анекси на овој Договор, за секој производител посебно.

ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ


Член 2
При потпишување на овој Договор, Купувачот е должен да ја приложи следнава документација:
• Фотокопија од тековната состојба од Централниот регистар на РМ
• Лична карта од управителот (гарант платец)
Контролор/обработувач на личните податоци е АЛМА-М ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, преку
назначениот Официр за заштита на личните податоци. Личните податоци ги обработуваме во согласност
со одредбите од Законот за заштита на лични податоци и подзаконските акти. Обработката е неопходна
за извршување на договоров во кој Вие сте договорна страна.

Член 3
Продажбата на производите ќе се одвива според ценовникот на Продавачот.
Продавачот се обврзува сите продажни објекти на Купувачот да ги снабдува редовно со производите кои
ги дистрибуира.

1
Продавачот се обврзува во сите продажни објекти на Купувачот да врши достава со оптимален асортиман
на стока и адекватни количини кој соодветствува на типот на самото продажно место.
- Nestle (Nescafe, Maggi, Thomy, Kit Kat, Lion, After Eight, чоколадна програма, CPW цереалии, Детска
храна, храна за домашни миленичиња) производи и други производи од портфолиото на Nestle
- Mars (Wrigley: Orbit, Eirveis мастики, Mars: Mars, Snickers, Bounty, Twix, M&M, чоколадна програма,
храна за домашни миленичиња) и други производи од портфолиото на Mars
- Zott производи
- Moggy производи
- Сладоледи
- Nestle Horeca производи
- Млечни производи: Livada кашкавал, Kinder, Monte
- Други производи од прехрана и непрехрана кои ги дистрибуира Продавачот
При доставување на производите Купувачот е должен во присуство на Продавачот внимателно да ги
изброи производите, да го погледа рокот на употреба и квалитетот на истите. Доколку обострано се дојде
до констатација дека производот е неисправен, оштетен, со поминат рок, помалку испорачано, се прави
повратница за истиот производ. Секој приговор даден по приемот на производите, ќе се смета за
неблаговремен и неточен и не го обврзува Продавачот.
Продавачот ќе ја доставува робата исклучиво на овластено лице од Купувачот за прием на роба. Лицето
овластено за прием на роба ќе се потпишува на фактурата со цело име и презиме, со краток потпис и
број на лична карта. Доколку ова лице одбие да се потпише на фактурата робата ќе биде вратена.

Член 4
Договорените страни се согласни Купувачот да обезбеди доволен простор за изложување на производите
кои ги дистрибуира Продавачот според стандардите и критериумите кои ги бараат производителите на
тие производи, како и место за соодветен ладилник за сладолед, кој ке биде активиран во период од 01-
30.Март. Горенаведенот ке биде регулирано со посебен Анекс на основниот договор

Член 5
Договорните страни се согласни рекламниот и промотивниот материjал што Продавачот му го дава на
користење на Купувачот за продажба на производите, предмет на овој Договор, да му се отстапи на
користење на Купувачот за целото времетраење на договорот, а доколку е потребно може поставувањето
на рекламниот и промотивниот материјал да се регулира со анекси на овој Договор.
Купувачот се обврзува рекламниот и промотивниот материјал за продажба на производите да го користи
согласно намената и целта во склоп со стандардите на брендот.

Член 6
Договорните страни се согласни начинот и условите на плаќање да се врши како што е наведено во
издадената фактура.
Купувачот има обврска да го почитува договорениот рок за плаќање на фактурите. За непочитување на
договорен рок за плаќање на фактурите
- ќе му се прати писмена опомена, со што ќе се блокира за соработка со сите дивизии. Ако и по
писмената опомена не изврши плаќање на фактурите, ќе биде тужен.
Продавачот не врши поврат на роба. Робата што ја има купено Купувачот, не може да се врати на
Продавачот.
Доколку се одобри по некој основ поврат на роба, повратот да се евидентира кај купувачот по документот
за поврат на роба од продавачот. Доколку купувачот евидентирал во својата сметководствена евиденција
поврат на роба согласно свои документи, истиот нема да се земе во вид, при сложување на картици.
Најмалку еднаш годишно задолжително ќе се потпишува конфирмација на долгови.

2
Член 7
Со склучувањето на овој Договор, физичкото лице (управителот) неотповикливо и безусловно гарантира
како гарант-платец дека ќе ги намири исто како Купувачот пристигнатите, а неплатени обврски по основ
на ф-ри кои ќе бидат издадени на Купувачот за сите испораки направени во текот на примена на овој
Договор.
Гарантот одговара за исполнувањето на целата обврска за која гарантирал.
Гарантот е должен да ги надомести потребните трошоци што ги направи Продавачот со цел да го наплати
долгот од главниот должник.
Гарантот одговара и за секое зголемување на обврската што би настанало со задоцнување на должникот
или по вина на должникот.
Гарантот е должен да ја исполни обврската откако главниот должник не ќе ја исполни во рокот определен
во писмениот повик.
Продавачот може да бара исполнување од гарантот,иако пред тоа не го повикал главниот должник да ја
исполни обврската,ако е очигледно дека од средствата на главниот должник не може да се оствари
нејзино исполнување или ако главниот должник паднал под стечај или ликвидација.
Гарантот му одговара на Продавачот како главен должник за целата обврска.
Продавачот може да бара нејзино исполнување било од главниот должник, било од гарантот или од
двајцата во исто време.
Гарантот со потпишување на овој договор е запознаен со неговара улога на гарант платец, ги знае
последиците и не може во иднина да се повикува на незнаење на оваа обврска – гарант платец. Во судска
постапка не може да се повикува на немање пасивна легитимација да биде тужена страна.

Член 8
Продавачот, Купувачот и Управителот како физичко лице (гарант-платец) се обврзуваат доколку извршат
промена на податоците-назив, седиште, сметка на фирмата или живеалиште, во рок на 3 (три) дена од
извршената промена со препорачано писмено или по електронски пат на да ја известат дугата договорна
страна и се одговорни за секоја штета настаната поради непочитување на оваа одредба. Известувањето
по електронски пат да се извршува на е-mail на Продавачот alma-m@alma-m.com.mk, и на e-mail на
купувачот_______________________________.

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ


Член 9
Овој договор се склучува на неопределено време, сметано од денот на неговото потпишување од двете
Договорни страни.

Член 10
Секоја договорна страна може еднострано да го откаже овој договор по претходно писмено известување
до другата договорна страна со отказен рок од 30 дена.
Купувачот и Продавачот имаат обврска за меѓусебно подмирување на обврските пристигнати до денот на
откажувањето на овој договор.
На денот на престанување на важење или откажување на овој Договор, Купувачот се обврзува
записнички да му го врати целиот рекламен материјал, како и сите податоци и документи кои се
доставени до него.
Купувачот се обврзува на барање на Продавачот да го врати во исправна и употреблива состојба целиот
рекламен материјал и пред истекот на овој Договор.

3
Член 11
Сите спорови кои ќе настанат при реализација на овој договор,договорните страни ќе се обидат да ги
решат на мирен начин,но во случај да решавањето на овие спорови на тој начин не е возможно надлежен
ќе биде Основен Суд Скопје 2 Скопје (спогодбена месна надлежност) .

Член 12
Договорот стапува на сила и ќе се применува веднаш по потпишувањето, а истиот е составен во 2 (два)
еднобразни примероци, по еден за секоја Договорна страна.

Договорни Страни

ПРОДАВАЧ КУПУВАЧ

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје


Управител ----------------------------------------

Ивица Петровиќ Управител - Гарант платец


(цело име и презиме, краток потпис и
печат од правното лице)
_______________________

You might also like