You are on page 1of 4

ДОГОВОР

ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИТЕ ОДНОСИ


(ДЕЛОВНА СОРАБОТКА)

Склучен на ден_______________.2023 година, меѓу:

1. ___________________ ДООЕЛ – Скопје со седиште на ул.


____________________________ Скопје, застапувано од _________________ (во
натамошниот текст: _________________ - прва договорна страна), и

2. ________________________________ со седиште на ул.


___________________________, __________________, Скопје застапувано од
__________________ (во натамошниот текст: ____________ - втора договорна страна)

Предмет на Договорот
Член 1
Предмет на овој договор е набавка на земјоделски продукти (природни и вештачки
ѓубрива) согласно техничка спецификација издадена од втората договорна страна и
согласно важечките прописи за овој вид на деловна соработка.

Вредност на договорот
Член 2
Вкупната вредност на предметот на набавката без пресметан данок на додадена
вредност изнесува ------------------- денари,односно ------------------------- денари со вклучен
ДДВ.

Времетраење на договорот
Член 3
Договорот се склучува за период од ----------------------- сметано од денот на
потпишувањето на договорот од двете договорни страни, до целосна реализација на
вредноста на договорот или до целосна реализација на количините предвидени во
техничките спецификации.

Динамика,рок и начин на испорака

Член 4
Втората договорна страна е должна да го испорача предметот на договорот на првата
договорна страна во рок од ---------------------сметано од денот на барањето за нарачка
(писмено или по мејл на официјалната електронска адреса).
Член 5
Втората договорна страна е должна да го испорача предметот на договорот во
просториите на првата договорна страна во----------------------------со адреса на
---------------------------------.

Член 6
Втората договорна страна се обврзува дека испораката на предметот на договорот ќе ја
врши редовно,навремено и квалитетно согласно пропишаните стандарди.
Втората договорна страна се обврзува да ги испорача земјоделските продукти согласно
утврдениот квалитет на декларираните производи и согласно техничката спецификација.
Доколку втората договорна страна испорача земјоделски продукти со понизок квалитет
или друг вид,првата договорна страна нема да ги прими и истите ќе бидат вратени на
товар на втората договорна страна.

Член 7
Секоја поединечна испорака се смета за извршена со квалитативен и квантитативен
прием на предметот на денот на потпишувањето на испратницата од двете договорни
страни.

Член 8
Количината на земјоделските продукти ќе се дефинира со секоја порачка индивидуално
зависно од потребите.
Динамиката на испорака ќе зависи од потребите на првата договорна страна.Првата
договорна страна не се обврзува да ги нарача сите количини предвидени во техничката
спецификација.

Договорна казна за задоцнување или неисполнување на договорот

Член 9
Во случај на доцнење на испораката при исполнување на предметот на договорот од
втората договорна страна,првата договорна страна има право на надомест на штета и
договорна казна.
Договорната казна се определува во висина од 0,5% од вредноста на продуктите за секој
ден доцнење,сметано од првиот ден на доцнењето. Вкупниот износ на казнените пенали
не може да премине 10% од вкупната вредност на договорот.

Член 10
Доколку во текот на приемот на предметот на договорот се утврди дека предметот на
договорот не одговара на утврдениот вид,карактеристики и количина,првата договорна
страна има право да бара соодветна замена на предметот на договорот, втората
договорна страна се обврзува замената да ја изврши во рок од 5 (пет) работни дена.Во
спротивно,првата договорна страна има право на раскинување на договорот.
Изготвување и доставување на фактура

Член 11
При изготвувањето на фактурата,втората договорна страна е должна да ги наведе
следните елементи:
-назив ,место ,седиште и даночен број
-број и датум на договорот
-количини со опис на стоката
-единечни договорни цени на секој од елементите
-вкупни цени по елементи
-вкупна цена на фактурата
-пресметка за ДДВ
-вкупна цена за исплата по фактура
-валута на плаќање

Начин,услови и рокови на плаќање

Член 12
Плаќањето на предметот на договорот ќе се изврши вирмански во рок од 30 дена по
испораката на предметот на договорот.
Втората договорна страна е должна кон фактурата да приложи уредно потпишана
испратница од двете договорни страни за извршената испорака.

Член 13
Во случај првата договорна страна да не ја плати фактурата во договорениот период се
засметува законска казнена камата во висина определен согласно позитивните законски
прописи.

Услови за прекинување или раскинување на договорот

Член 14
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска,другата договорна
страна може да бара исполнување на обврските или да го раскине договорот,а во секој
случај има право на надомест на штета.
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска во определениот
рок,нема да ја исполни обврската ниту во дополнителниот рок,другата договорна страна
може да го раскине договорот.

Член 15
Првата договорна страна може да го раскине договорот и без да и остави дополнителен
рок за исполнување,доколку од однесување на втората договорна страна се покаже дека
тој нема да ја исполни својата обврска ниту во дополнителниот рок.
Завршни и општи одредби

Член 16
Договорните страни можат да ги дополнат или изменат одредбите од овој договор само
спогодбено со анекс кон основниот договор.
Договорната страна која бара измена или дополнување е должна своето барање кон
другата страна да го достави во писмена форма.
Дополнувањата и измените на овој договор се важечки ако се направени во писмена
форма и ако се потпишани од двете договорни страни.

Член 17
Договорна страна нема право своите обврски да ги пренесе на трета страна,без взаемна
писмена согласност.

Член 18
Овој договор влегува во сила со потпишувањето од двете договорни страни,односно од
денот на доставување на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот.

Член 19
Страните се согласни сите спорови,кои произлегуваат од овој договор да ги решаваат
спогодбено во спротивно надлежен ќе биде Основниот граѓански суд во Скопје.

Член 20
Овој договор е склучен во 2(два)еднообразни примероци, од кои по еден за секоја од
договорните страни.

ПРВА ДОГОВОРНА СТРАНА


Управител, ВТОРА ДОГОВОРНА
СТРАНА
Управител,

You might also like