You are on page 1of 65

ОБЛИГАЦИОНО ПРАВО

Час 1, 2007/2008
Одговори на неколку прашања
 Што (ќе учите и научите)?
◦ Како се регулираат некои односи кои
секојдневно се случуваат ... да кога
купивте кафе, сок, чај денска склучивте
договор, кога го земавте пенкалото на
колешката склучивте договор ...
 Зошто (да научите)?
◦ За да можете да имате основни познавања
кој е соодветениот начин за уредување на
односите помеѓу лицата по повод
размената на стоки и услуги
 Кога ( ќе учите)?
◦ Во петтиот семестар и доколку се определите
за правосудна насока во вториот циклус
 Од што ( ќе учите)?
◦ Авторизирани предвања по oблигационо
право
◦ Практикум по облигационо право
◦ Презентации
◦ Закони и друга литература
 Како (ќе учите)?
◦ Теоретски предавања
◦ Практични вежби
◦ Посета на соодветни институции и
организации
 Од кого (ќе учите) ?
◦ Проф. д-р Гале Галев
◦ Проф. д-р Јадранка Дабовиќ – Анастасовска
◦ Соработници
 Пом. асс. Неда Здравева
 Дем. Ненад Гавриловиќ
Што се очекува од вас?
 Редовно да ја посетувате наставата
 Активно да се вклучувате со прашања,
коментари, размисли
 Да се подготвувате за дискусии на
тема што ќе ви бидат најавени
 Да бидете подготвени за „блиц“
конторолни тестови
Теми за денешниот час
 ПОИМ И ИЗВОРИ НА ОБЛИГАЦИОНОТО ПРАВО
◦ Поим на облигационото право
 Поим и значење на терминот облигационо право
 Предмет и метод на облигационото право
 Местото на облигационото право во правниот систем
◦ Извори на облигационото право
 Устав
 Закон
 Настанок и развиток на Законот за облигационите односи
 Карактер на нормите на Законот за облигационите односи
 Карактеристики на Законот за облигационите односи
 Начелата на Законот за облигационите односи
 Правни стандарди
 Општи услови
 Обичај
 Морал
 Меѓународни извори
Поим на облигационо право
 Дефинирањата на поимот зависат од
значењата
◦ Облигационо право како објективно право
◦ Облигационо право како субјективно
право
◦ Облигационо право како наука
Објективно облигационо право
 Објективно облигационо право е збир на
правни норми, кои со примена на методот на
координација, ги регулираат облигационите
односи
 Кои се тие односи?
◦ Односи кои настануваат во врска со промет на
стоки и услуги, причинување штета, работводство
без налог, стекнување без основ, јавно ветување
награда
 Карактеристики на методот на координација
◦ Еднаквост и рамноправност на страните
◦ Автономија на волјите
◦ Прометливост на правата
◦ Имотна санкција
Субјективно облигационо право
 Правото што за страните прозилегува
од определен облигационен однос

Облигационо право како наука


 Наука која ги проучува нормите со кои се
уредуваат облигационите односи,
облигационите односи и
облигационото право како практика
Потекло на изразот
 Изразот облигационен однос или
облигација потекнува од латинискиот
израз obligare што значи врзува,
заврзува
Местото на облигационото
право во правниот систем
 Дел од приватното право
 Дел од граѓанското право
◦ Општ дел на граѓанско право
◦ Стварно право
◦ Наследно право
◦ Право на интелектулана сопствеснот
◦ Граѓанско процесно право
◦ ...
Извори на облигационото право
 Материјални извори и формални
извори
 Материјални извори на
облигационото право се општествено
– економските односи, односно
стоковно – паричните односи
израснати во рамките на стоковно –
паричното стопаство и тоа оној дел од
овие односи кој појавува како промет
на стоки и стоковни услуги
 Формалните извори се нормите и
правилата со кои се регулираат
облигационите односи. Нив ги
сочинуваат повеќе видови домашни
правни акти, донесени од надлежни
државни органи или од други домашни
правни субјекти, одредени видови
правила од неорганизирани или од
организирани помали или поголеми
општествени заедници, до ниво на
целото општеството како посебна
заедница, стандардите како посебен вид
на правила на општествената заедница
како држава, како и одредени акти од
меѓународен карактер.
Видови формални извори
 Пишани извори
◦ Акти на домашните надлежни државни
органи
 Устав
 Закони
 Подзаконски акти
◦ Стандарди како бланкетни правни норми
◦ Општи услови како автономни правила на
поведение
 Непишани извори
◦ Обичај
◦ Морал
Уставот како извор на
облигационото право
 На начелно ниво уредува одредени
прашања кои директно или индиректно
се однесуваат и на облигационото право
 Членот 8 - темелните вредности на
уставниот поредок на Република
Македонија
 Членовите 30 до 54 - што се однесуваат
на економските, социјалните и
културните права на човекот и
граѓанинот
 Членовите 55 - 59, со кои се уредени
основите на економските односи
Законите како извор на
облигационото право
 Законот за облигационите односи од 2001
година
 Други закони:
◦ Закон за сопствеснот и други стварни права
◦ Закон за градежно земјиште
◦ Закон за земјоделско земјиште
◦ Закон за домување
◦ Закон за индустриска сопствеснот
◦ Закон за авторско право и сродни права
◦ Закон за трговски друштва
◦ Закон за банките
◦ Закон за концесии
◦ ......
Закон за облигационите односи
Белези на ЗОО
 Основен или системски закон
◦ член 16, ЗОО „ Врз облигационите односи
што се уредуваат со други закони се
применуваат одредбите од овој закон во
прашањата што не се уредени со тие закони“
 Единство во уредувањето на сите видови
прометни односи
◦ член 17, ст.1 , ЗОО „.... што се однесуваат на
договорите се применуваат врз сите видови
договори, освен ако за трговските договори
не е изречно определено поинаку “
Белези на ЗОО

 Диспозитивен карактер на одредбите


на ЗОО
◦ Одредбите на ЗОО се применуваат –
стануваат извор, само ако страните не
предвиделе ништо друго
◦ Член 14, ЗОО: „Учесниците можат својот
облигационен однос да го уредат поинаку
отколку што е определено со овој закон,
ако од одделна одредба на овој закон или
друг закон или од нејзината смисла не
произлегува нешто друго“.
 Нормите креирани од учесниците, во
однос на дополнителните правни норми
предвидени во Законот за облигационите
односи се појавуваат како прави
диспозитивни норми.
 Диспозитивноста е „ограничена“ со
императивните норми
◦ Член 3, ЗОО „Учесниците во прометот
слободно ги уредуваат облигационите
односи во согласност со Устваот, законите и
добрите обичаи“
◦ Член 354, ЗОО
„ (1) Со правна работа не може да се определи подолго
или пократко време на застареноста од она време
што е определено со закон.
(2) Со правна работа не може да се определи дека
застареноста нема да тече некое време.“
Содржина на ЗОО
 Најобемен закон во РМ со 1141 член
 Поделен во три дела:
◦ Дел 1. Основи на облигационите односи
(општ дел)
◦ Дел 2. Договори
◦ Дел 3. Преодни и завршни одредби
ЗОО, Дел 1. Основи на
облигационите односи (општ дел)
 Глава I. Основни одредби - се уредени основните
начела на Законот.
 Глава II. Настанување на обврските - се однесува
на изворите на облигациите или поинаку речено на
облигационо – правните факти кои доведуваат до
настанување, промена или престанок на
облигационите односи.
 Глава III. Дејства на обврските - е посветена на
доверителовите права и должниковите обврски и на
доверителовите права во некои посебни случаи.
ЗОО, Дел 1. Основи на
облигационите односи (општ дел)
 Глава IV. Прсетанување на обврските - ги уредува
одделните начини на престанок на обврските и тоа:
исполувањето, пребивањето, отпуштањето на долгот
новацијата, невозможноста за исполнување на обврските,
истекот на време и отказот, смрта и застареноста
 Глава V. Разни видови на овврски - во себе ги вклучува:
паричните обврски, обврските со повеќе предмети и
обврските со повеќе должници или доверители.
 Глава VI. Промена на доверителот или должникот -
уредени се промените во страната на облигационите односи и
тоа: цесијата, преземањето на долгот, пристапувањето кон туѓ
долг и преземањето на исполнување на туѓ долг, земени
заедно или одделно како промени во страните на
облигационите односи.
ЗОО, Дел 2. Договори
 700 членови - 44 одделни глави, кои се
посветени на одделните договори или
правни институти блиски на нив.
◦ Договорот за продажба,
◦ Договорот за размена,
◦ Договорот за заем,
◦ Договорот за дар,
◦ Договорот за закуп,
◦ Договрот за послуга,
◦ Договорот за дело,
◦ Договорот за градење,
ЗОО, Дел 2. Договори
◦ Договорот за ортаклак (договор за зедница),
◦ Договор за превоз,
◦ Договорот за лиценца,
◦ Договорот за депозит,
◦ Договорот за складирање,
◦ Договорот за налог,
◦ Договорот за комисион,
◦ Договорот за трговско застапување,
◦ Договорот за посредување,
◦ Договорот за експедирање ( шпедција),
ЗОО, Дел 2. Договори
◦ Договорот за контрола на стоќи услуги,
◦ Договорот за организирање на патување,
◦ Посреднички договор за патување,
◦ Договор за ангажирање на уостителски
капацитети (Договор за алотман),
◦ Договор за осигорување,
◦ Договор за отстапување на имотот за време
на жиотот,
◦ Договор за доживотна издршка,
◦ Договор за гаранција,
◦ Упатување ( Асигнација),
ЗОО, Дел 2. Договори
◦ Банкарски парични депозити,
◦ Депонирање харии од вредност,
◦ Банкарска тековна сметка,
◦ Договор за сеф,
◦ Договор за кредит,
◦ Договор за кредит врз основа на залог на
хартии од вредост,
◦ Акридитиви,
◦ Банкарска гаранција,
◦ Примена на одредбите за банкарското
работење и
◦ Порамнувањето.
ЗОО, Дел 3. Преодни и завршни
одредби
 Ги уредува следниве прашања:
◦ на кои облигациони односи ќе се применуваат
одредбите од овој Закон
◦ во кои случаи и под кои услови, при
уредувањето на облигационите односи, ќе се
применуваат општите и посебните узанси,
како и другите трговски и деловни обичаи,
◦ кои прописи престануват да важат со денот на
неговото влегување во сила
◦ од кој ден по објавувањето во Службен весник
на Република Македонија влегува во сила овој
Закон.
Развој на ЗОО
 Законот за облигационите односи на РМ
донесен е во 2001 година (Службен
весник бр.18/01)
 До тогаш важи ЗОО на СФРЈ од 1978,
согласно член 5 на Уставниот закон за
спроведување на Уставот на РМ
 ЗОО на РМ содржински и структурално е
близок до ЗОО на СФРЈ па кога се зборува
за развојот на облигационото право се
гледа во овој континуитет
Историски развој на ЗОО
 Почеток на рботатата во 1960
 До 1966, под раководство на проф. д-р
Михајло Константиновиќ, изработени се три
поврзани текста:
◦ Преднацрт на Законот за облигации
◦ Образложение на преднацртот на Законот за
облигации
◦ Содржина на посебниот дел на Законот за
облигации
 До 1969 се диференцираат два текста:
◦ Преднацрт на Законот за облигациите и
договорите – книга прва, Облигации
◦ Преднацрт на Законот за облигациите – книга
втора, Договори
 „Облигации и договори (Скица за Законот за
облигациите и договорите)“; проф. М.
Константиновиќ, издание на Правниот факулет во
Белград
 Зошто е значајна „Скицата“ ?
◦ Во неа е вградена потврдената и прифатената во
реалниот живот судска практика,
◦ Ги одразува современите правни теории од
облигационото право, како и правните решенија од
најзначајните современи граѓански кодификации на
одделни земји и посебно од познатите две Хашки
конвенции: Конвенцијата за еднообразниот закон за
склучување на договорот за продажба на подвижни
телесни ствари и Конвенцијата за еднообразниот
закон за продажба на подвижни ствари, двете од јуни
1964 година
◦ Послужила како основа за понатамошна работа врз
текстот на Законот за облигационите односи.
 Работата врз ЗОО, понатаму, се одвивала во повеќе
работни тела на Сојузното собрание и тоа:
◦ До 1971 год. во Комисијата за цивилен кодекс на Сојузното собрание
◦ Од 1971 год. во Заедничката комисија за здружен труд,
сопственичките и облигационите односи. Притоа, во рамките на
двете комисии работела посебна Подкомисија за законот за
облигациите и договорите. Последнава во текот на својата работа
подготвила два нацрти на Законот:
 работен материјал, кој бил ставен на јавна стручна дискусија (1974),
 службен материјал (1976)
 Во 1977, врз основа на службената верзија на Нацртот,
Поткомисијата подготвила предлог на Законот, кој со
неколку амандмани од помало значење, конечно, бил
усвоен од Сојузното собрание март, 1978 година.
 Врз тексот на Законот работеле скоро сите познати и
признати цивилисти од сите поранешни југословенски
републики, меѓу кои се и д-р Димитар Поп Георгиев и д-р
Асен Групче од Правниот факулет во Скопје.
Работата на македонскиот ЗОО
 1996 година во Министерство за правда се формира
посебна Комисија
 Во рамки на УСАИД – Проект за трговско право се
анализира законот
 Во 1998 година се поднесува извештај за потребите за
изменување и дополновување, односно донесување
„нов“ македонски Закон
 Во 1999, по низа јавни расправи, Комисјата изготвува
предлог измените и дополнувањата да се
инкорпорираат во постојниот ЗОО и да се донесе нов
Закон
 Во 2000 год. Комисијата го финализра тектот и
Министерство за правда го предлага до Владата,
односно до Собранието
 На 20 февруари 2001 година, по експозе на Министерот,
и без расправа Законот е усвоен
Што се промени?
 Отстранети се рецидивите и анахронизмите како
остатоци на поранешниот систем
 Одредени решенија се прилагодени на новите
општествено – економски односи
 Поцелосно и појасно се уредени одредени облигациони
односи или институти
 Целосно се уредени одредени договорни односи кои
пред тоа правно не беа уредени со сојузниот Закон за
облигационите односи
 Инкорпорирани се одредени договори од други закони
 Пропишани се еднообразни правила за учесниците во
облигационите односи за одредени домени,
 Одредени поглавја од Законот се отстранети поради
нивно урдување со други закони или поради унитарниот
карактер на државата
Други закони што се извор на
облигационото право
 Законот за сопственост и други стварни
права
◦ стекнување на правото на сопственост врз
основа на правно дело,
◦ Законското право на првенствено купување
◦ договорот за управување со сосопственчките
односно заедничките делови од станбената
зграда,
◦ деловите и случаиите кои се однесуваат на
причинување на штета и одговорноста односно
надоместувањето на штетата, каков што е
случајот со имисиите на штетните материи и
сл.);
 Законот за домување
Други закони што се извор на
облигационото право
• Законот за земјоделско земјиште и Законот за
градежно земјиште
o закупните односи;
• Законот за концесија и сите други посебни
закони, кои го уредуваат прашањето на
концесијата
o договорниот дел на концесијата
• Законот за индустриска сопственост и Законот
за авторско право и сродни права
o договорната лиценца односно авторските
договори
Други закони што се извор на
облигационото право
 Законот за заштита на потрошувачите, во
најголмиот негов дел;
• Законот за задолжително осигурување во
сообраќајот
o различните видови договорно осигурување;
• Законите од доменот на друмскиот, водениот
и воздушниот сообраќај
o Делови кои се однесуваат на договорните односи
 Законите за договорен залог, во најголем дел од
нивните одредби;
Други закони што се извор на
облигационото право
 Законот за работните односи,
o одговорноста за причинета штета од правното лице на
работникот и обратно од работникот на правното лице;
 Законот за трговските друштва,
o застапувањето на трговските дрштва и одговорноста за
причинета штета;
 Законот за заштита на конкуренција и и Законот
против нелојалната конкуренција,
o во повеќе нивни делови кои се однесуваат на монополското
работење и нелојалната конкуренција;
 Законот за трансформација на претпријатијата со
општествен капитал и Законот за јавните претпријатија,
o во деловите кои се однесуваат на продажбата на
претпријатијата или нвни делови и сл.
Други закони што се извор на
облигационото право
 Законот за девизно работење,
 Законот за банките;
 Законот за хартии од вредност;
 Закон за премер, катастар и запишување
на правата на недвижностите,
 Законот за надворешно трговско работење;
 Законот за извршување;
 Законот за нотаријатот
Подзаконски акти
 Уредби
 Правилници
 Упатства
Правилата на општествената заедница
(стандарди) како извор на
облигационото право
 Правилата (стандарди) преставуваат
посебен вид на правни норми чиа што
содржина не е докрај определена од
законодавецот и оттука, тие сами по себе
не се применливи.
 За да дојде до применливост на овие
одредби надлежниот орган (најчесто
судот), во секој одделен случај на нивна
примена, ќе треба да ја утврди и нивната
конкретна содржина.
 Како се утврдува содржината?
◦ Преку утврдување на конкретните околности во кои
настанал даден облигационен однос,
◦ како субјектите од тој однос во овие околности се
однесувале, дали тие можеле и поинаку да се
однесуваат наоѓајќи се во нив и сл.
◦ сфаќањата за овие околности кои постојат во одредено
време и место
 Органот проценува дали тие можат да се подведат
под дадено правило на општествената заедница, и
ако оценката за нив е позитивна тие стануваат дел
од содржината на тоа правило, ондосно стануваат
применливи врз конкретните облигационите
односи или врз одделни сегменти од тие односи.
 Стандардите, од случај до случај, имат различна
содржина и поради тоа во правната теорија се
познати и како каучук (еластични) норми или
бланкетни норми.
 член 5, ЗОО: „Во облигационите односи и остваувањето на
правата и обврските во тие односи учесниците се должни да
се придржуваат кон начелото на совесност и чесност.“
 член 11, ЗОО со која се уредува прашањето за потребното
внимание што учесниците во облигационите односи треба да
го имаат при извршувањето на своите обврски и
остварувањето на правата
◦ внимание на добар домакин
◦ внимание на добар стопанственик
◦ внимание на добар стручнак.
 член 141, од ЗОО со кој се уредува прашањето за вината
сфатена како посебен услов за субјективната одговорноност
за причинета штета.
◦ Намера
◦ Крајно невнимание
◦ Обично невнимание
 Овие норми се полезни затоа што со нив се овозможува
уредување на сите оние правни односи и ситуации за кои
објективното право, со оглед на нивната природа, неможе
однапред да пропише задоволителни правни решенија.
Општи услови како извор на
облигационото право
 Општите услови, сфатени како однапред
формулирани договорни клаузули, кои
договорните страни ги користаат при
склучувањето на одреден вид договори, строго
формално – правно гледано не се извор на
облигационото право.
 Да дојде до примена потребно е тие услови да и
биле познати или да морале да и бидат познати
во моментот на склучување на договорот, а тоа
практично значи таа да се согласила со нив
односно да ги прифатила.
 Основна каректеристика на овие
услови е доброволноста во однос на
нивната примена - страните слободно
одлучуваат дали ќе ги прифатат и во
која мера ќе го сторат тоа.
 Општите услови, подготвени од
национален субјект, својот основ на
настанување го имаат во начелото на
автономија на волјите
 Општие услови во одредена мрера наликуваат и на
формален извор на правото
◦ преставуваат апстрактни клаузули - не се
однесуваат на конкретен договорен
◦ еднообразни се и неменливи во конкретните
договорни односи
◦ по правило се од трајна природа
◦ се донесуваат од страна на надлежните органи на
доносителот, без било какво учество на
субјектите во однос на кои ќе се применуваат.
◦ Одреден број на општи услови се донесуваат по
основ на делегирана надлежност
◦ Правната природа на општите услови во
правната теорија постојат три различни
гледишта
 Нормативна или антидоговорна теорија
 Договорна
 Мешовита теорија
Обичајот како извор на
облигационото право
 Обичајот е вид на општествено правило или пошироко
правила на однесување на членовите на одредена помала или
поголема општествена заедница настанати спонтано по пат на
нивно истоветно повеќекратно повторување во исти
околности и врз тие основи израсната општа свест за нивна
примена и почитување
 Елементи на обичајот
◦ Спонтаноста се изразува во тоа што членовте на општествената
заедница на неорганизиран начин и без однапред поставено
барање од некого создаваат одредена навика на исто однесување
во одредено место, исти околности или ситуации.
◦ Повеќекратно истоветно повторување од мнозинството
членови на општествената заедница.
◦ Создадената општа свест кај членовие на општествената
заедница за залолжителноста на сосдадените од неа правила на
однесување.
◦ Санкцијата која следи во случај на нивна повреда од учесниците
во облигационите односи.
 Само санкционираните обичајни правила
се извор на облигационото право
 Санкционирањето врши на три начина:
1. Се преземаат како готови и проверени
правила и се вградуваат во постојниот
правен систем и тие како такви
престануваат да постојат (јуридизација на
обичајот);
2. Преку одделна законска одредба, изречно
се упатува на примена на дадено обичајно
правило на поведение;
3. Судот молкум се повикува на опрделено
обичајно правило кога во решавање на
одредено правно прашање наидува на
правна празнина во прописите (законите)
 Обичајното право како извор на
облигационото право, по правило, доаѓа зад
императивните и диспозитивните норми.
 Тоа е од супсидиерен карактер: се применува
само ако односот или дел од него остане
неуреден имеративни или диспозитивни
норми
 Обичајното право, по правило, е непишан вид
на право и истовремено е од автономна
природа.
 Во одредени случаи обичајните правила се
јавуваат и во пишана форма и хиерархиски
можат да дојдат пред диспозитивните правни
норми. Ова е присутно кај узансите.
 Тоа е случај со Узансите како кодифицирани
обичаи
 Узансите се кодифицирами обичаии
собрани во посебен зборник.
 Во меѓународно трговско право
◦ Узансите на Циришката берза
◦ Хамбуршките узанси
◦ Правила на Меѓународната трговска
комора во Париз – Incoterms 1936, 1953,
1990, 2000 и др.
◦ Еднообразните правила и обичаии по
документарниот акредитив
 Општите узанси во нашиот правен систем
◦ Главната државна арбитража (подоцна Врховен
стопански суд на Југославија) во 1954 година и
одиграа значајна улога до стапувањето во сила на
ЗОО (1978)
◦ Останаа да постојат, а со тоа и да се применуваат во
праксата
◦ член 15, ст. 2 од ЗОО. „Врз облигационите односи се
применуваат узансите ако учесниците во
облигационите односи ја договориле нивната
примена или ако од околностите произлегува дека
ја сакале нивната примена.“
◦ член 1139 став 1 од ЗОО„ Општите узани за промет
со стоки нема да се применуваат по влегувањето
во сила на овој закон во прашањата што се
регулирани со него.“
 Посебните узанси се однесуваат на
одделни видови трговски односи. Нив
ги донесуваат стопанските комори и
исто како и Општите узанси се
објавуваат во службените гласила.
◦ Посебни узанси за промет на стоки на мало
( „Службен лист на СФРЈ“ број 12/78);
Посебни узанси за градење („Службен лист
на СФРЈ“ број 18/77;
◦ Посебни узанси за угостителство
(„Службен лист на СФРЈ“ број 69/83);
Моралот како извор на
облигационото право
 Моралот сфатен „како облик на
општествена свест што опфаќа еден
поврзан систем на ставови, мислења и
верувања за она што е добро или лошо за
општеството и човекот“
 Настанува, како и обичајот,
вонинституционално
 Кај него е изразен елементот свест
 Просечниот морал, всушност преставува
вистинска мерка за моралните вредности
на средината.
 Три вида санкции
◦ Автосанкција
◦ Надворешна/општествена санкција
◦ Правна санкција
 Член 3, ЗОО „Учесниците во прометот слободно ги
уредуваат облигациоите односи во согласност со
Уставот, законите и добрите обичаии“
 Во уредувањето на предметот, основот и условот
 Преку уредување на одредени правни принципи:
 еднаквоста и равноправноста на субјектите како учесници
во облигационите односи,
 совесноста и чесноста, и
 правичноста.
Меѓународното право како
извор на облигационото право
 Одделни правни акти од меѓународен
карактер кои под одредени услови
можат да бидат правни основи за
уредување на облигационите односи
во кои една од страните на тие односи
е странско правно или физичко лице, а
другата срана е домашно лице.
 Кои се тие акти и под кои услови
стануваат применливо право?
а) Правото на странски држави како
извор на облигационото право
 согласно одредбите на Законот за меѓународното
приватно право во определени односи, е определено
како меродавно право
 За склучување на некој договор , согласно Законот за
МПП на овој Закон „... е меродавно правото што го
избрале договорните страни“, освен ако за некој
договор, со овој или друг закон или меѓународен договор
не определено поинаку. Според ова странското право
избрано на овој начин го супституира домашното право.
 странското право е меродаво право за уредување на
договорните односи и по други критериуми, а не врз
основа на негов избор.
б) Општите услови на странски компании,
здруженија и меѓународни комисии
 „ автономно приватно право“ во вид
на Општи услови и Типски договори
◦ Женевски општи услови“, донесени од
Економската комисија на ОН за Европа
(ECE), а подржани од Комисијата на ОН за
меѓународно трговско право ( UNCITRAL)
◦ UNIDROIT - Начелата за меѓународните
трговски договори од 1994 и 2004 година
 Принципи (начела) на европското
договорното право – Ландо начела
◦ Создадени како дел од напорите за единствен
европски граѓански законик
◦ Подготвени од страна на Комисија за европско
договорно право, предводена од Оле Ландо,
која започнува со работа во 1982 година
 Дел 1 – 1995, дел 2 – 1999, Дел 3 – 2002 година
◦ Предвидена е примена како општи правила на
договорното право во Европската Унија, како
страбните договориле да ги вградат во
нивниот договор
 Принципи (начала) на европското
отшетно право
◦ Подготвени од страна на европската група
за отштетно право
◦ Претсатвуваат насоки за развој на
европското отштетно право
в) Меѓународните конвенции и договори,
односно спогодби како извор на
облигацоното право
 Меѓународни правни акти од мултилатерална или
билатерална природа, кои РМ ги ратификувала
прифатила од поранешната СФРЈ
◦ Конвенцијата за еднообразниот закон за склучување
на договорот за продажба на телесни подвижни
ствари и Конвенцијата за еднообразниот закон за
продажба за подвижни ствари, познати како Хашки
конвенции и двете донесени 1964 година,
◦ Виенската Конвенција на ОН за договорите за
меѓународна подажба на стоки од 1980 година,
ратификувана од СФРЈ 1984 година
◦ римската Конвенција за примеливо право за
договорни обврски од 1980 година
 Спогодбата за стабилизација и
асоцијација, склучена меѓу
Република Македонија и Европските
Заедници и нејзитите земји членки,
од 9 април 2001 година
◦ Усоглсување на законодавството
◦ Единствен пазар на стоки и услуги
Директиви со кои ќе се
усогласува ЗОО
 Директиви за одговорност од неисправен производ
(Директива 85/374/ЕЕЗ и Директивата 99/34/ЕЗ);
 Директива на Советот 93/13/ЕЕЗ од 5 април 1993 за
нечесни одредби во потрошувачките договори
(Директива 93/13/ЕЕЗ);
 Директивата за спречување на задоцентото плаќање
во комерцијалните транскации (Директива 2000/35/ЕЗ);
 Директива на Советот 93/37/ЕЕЗ од 14 јуни 1993 која се
однесува на координција на постапката за доделување
договори за јавни работи (Директива 93/37/ЕЕЗ);
 Директива на Советот 93/36/ЕЕЗ од 14 јуни 1993 за
координирање на постапките за доделување договори
за јвано обезбедување услуги (Директива 93/36/ЕЕЗ);
Директиви со кои ќе се
усогласува ЗОО
 Директива на советот 92/50/ЕЕЗ од 18 јуни 1992 која се
однесува на координација на постапките за
доделување договори за обезбедување јавни услуги
(Директива 92/50/ЕЕЗ);
 Директива на Советот 89/665/ЕЕЗ од 21 декември 1989
за координација на законите, регулативите и
административните одредби кои се однесуваат на
примена на одредбите за преиспитување на
постапките за доделување договори за обезбедување
јавни работи и јавни услуги (Директива 89/665/ЕЕЗ)
Директиви со кои ќе се
усогласува ЗОО
 Директива на Советот 93/38/ЕЕЗ од 14 јуни 1993 за
координирање на постапките за набавки на правни
лица кои делуваат во секторите на водостопансво,
енергија транспорт и телекомуникации (Директива
93/38/ЕЕЗ)
 Прва директива на советот од 9 март 1968 за
координација на заштитните механизми, кои за
заштита на интересите на членките и другите, се
побаруваат од Земјите-членки за компаниите кои
се предвидени со параграф 2 на член 58 на
Договорот, со цел правење на тие мерки
еквивалнетни низ заедницата (68/151/EЕЗ)
Директиви со кои ќе се
усогласува ЗОО
 Директива на Советот 92/13/ЕЕЗ од 25 февруари 1992
за координација на законите, регулативите и
административните одредби кои се однесуваат на
примена на правилата на Заеднцата постапките за
набавки на правни лица кои делуваат во секторите на
водостопансво, енергија транспорт и
телекомуникации (Директива 92/13/ЕЕЗ);
 Директивата за координација на законодавството на
земјите членики за самостојните трговски застапници
(86/653/ЕЕЗ)

You might also like