You are on page 1of 22

1.

ПОИМ И ВИДОВИ ТРГОВСКИ ДОГОВОРИ

Современиот живот не може да се замисли без договорот како инструмент


или правен институт. Електричната енергија доаѓа во објектот врз основа на
договор, поврзување во интернет мрежата е договорен однос, купувањето на
книги од книжара, нашето секојдневие го чинат безброј договори. Со еден збор,
во денешно време, тешко може да се замисли човек или друг субјект на правото,
да може да го помине денот, а да не влезе во еден или во повеќе договорни
односи.
Во современиот промет на стоки и услуги значењето на договорите е огром-
но и оттаму пресудно за сигурен и непречен промет, како во домашни така и во
меѓународни рамки. Договорите се основниот инструмент за пренесување на
правото на сопственост и користење на ствари како и вршењето разни услуги.

Во најшироката правна терминологија зборот договор се употребува во


најмалку три значења и тоа како:
1) правен факт (договорот се појавува како правен факт што се огледа во
согласноста на волјата за битните елементи на договорот).
2) правен однос (oд тој однос настанат со согласност на волјата на
страните, произлегуваат права и обврски чии нoсители се овие страни).
3) правен документ (договорот, е и правен документ или подлогата на
која е фиксирана согласноста на волјите).

Трговски договори, се договори што трговските друштва, трговците


поединци и другите правни или физички лица кои вршат трговска дејност, во вид
на занимање, ги склучуваат меѓу себе во вршењето на дејностите што го
сочинуваат предметот на нивното работење или се во врска со тие дејности.

Квалификувањето на еден договор како трговски, во нашето право не е


значајно за судската надлежност, затоа што во нашето право не е предвидено
постоење на специјализирани трговски судови, туку споровите настанати врз
основа на трговски договори и надомест на штета поради договорна одговорност
од трговски договори, се во надлежност на граѓанските одделенија на основните
судови, апелационите судови и Врховниот суд.
За трговските договори, особено битно е почитувањето на начелото на
совесност и чесност. Ништовни се одредбите на општите услови на договорот кои
спротивно на начелото на совесност и чесност, овозможуваат несразмер во
заемните давања на страните и како такви создаваат можност од настанување на
штета на содоговарачот или го загрозуваат постигнувањето на целите на
склучениот договор, дури и кога општите услови кои ги содржат се одобрени од
надлежен орган.

1
1.1. Видови договори
За полесно проучување и теоретска обработка договорите се групираат
според различни критериуми во различни видови на групи на договори. Во однос
на бројот на изјавените волји, односно бројот на страните што учествуваат во
создавањето на делото можат да бидат:
 Билатерални или двострано обврзувачки договорите во кои двете
договорни страни создаваат права и обврски и се најраспространети во
правниот промет. Двострано обврзувачки договори, (на пример, се: до-
говор за продажба, за градење и др). Со тие договори настануваат заемни
права и обврски. Секоја страна е во исто време и должник и
доверител.

 Еднострано обврзувачки договори се такви договори кои за едната


страна создаваат една или повеќе обврски и корелативно на тоа за другата
едно или повеќе права. Во тие договори едната страна е само
должник, а другата доверител. Така еднострано обврзувачките договор
е договор за дар со кој за даропримачот не се создава никаква обврска.

 Даровни (доброчини) се оние договори кога за чинидбата која се


извршува, другото лице не дава надомест а товарни (лукративни) се
оние договори кога за чинидбата која се извршува на другата страна, оваа
дава определен надомест, според правилата на начелото на еквивалентност
даровни договори се (дарот, послугата, заемот без камата и др). Товарни се
договорот за продажба, превоз, заем со камата и др.

 Повеќестрани договори настануваат со согласна изјава на волја на


повеќе страни. Пример:„Со договорот за ортаклак две или повеќе лица
ортаци заемно се обврзуваат да го здружат својот имот и труд или дел од
имотот и трудот, заради заедничко остварување имотна корист и поделба
на таа корист во вид на добивка”,.

 Консензуални се оние договори кои настануваат во моментот кога е


постигната согласноста за битните елементи на договорот. Такви се
повеќето трговски договори. Кај овие договори не треба да дојде до
предавање на стварата за да се смета дека договорот е склучен. Таков е
договорот за продажба што се смета за склучен кога помеѓу продавачот и
купувачот е постигната согласност за цената и предметот.

 Реални се оние договори кај кој за да се смета дека се склучени е


потребно и предавање на определена ствар. Така договорот за капар е
склучен кога ќе се даде капарот. Договорот за дар кога се подарува
подвижна ствар, а не е склучен во писмена форма се смета за реален

2
договор, бидејќи ќе биде склучен единствено кога стварта ќе биде
предадена на даропримачот.

Според тоа дали се битни личните својства на другата договорна страна


за склучување на определен вид на договори договорите се делат на
лични и нелични договори.
 Лични договори се оние договори кај кој се особено битни персоналните
стручни или други специфики на една од договорните страни и обврските
од овој договор не можат да се пренесуваат на друго лице. Така, ако сакаме
како страна на договорот да биде одредена градежна компанија, таа не
може да ги пренесе своите обврски на подизведувачи. Најчест пример за
ова е склучување на договори за продукција на клип за реклами на
определена продукциска куќа или ангажман на познат пеач или глумец за
рекламен спот. Наместо тој, не може друг да се појави во спотот.
 Нелични се договорите кои не се поврзани со одреден субјект и кои се
преносливи по својата природа

 Глaвeн (самостоен) договор е спогодба која независно од кој било друг


договор произведува правно дејство т.е. „постои сам за себе“. Додека
договорот кој на некој начин е во зависност од главниот договор е
спореден (акцесорен) договор. Споредниот договор е зависен од
главниот во настанувањето, траењето и престанувањето на договорот и сл.
Престанокот на главниот договор има за последица престанок на споредни-
от договор.

 Именувани се оние договори на кои законот им определил посебен назив.


Овие договори од најраното минато до денес се најчесто применуваните во
вршењето на правниот промет. Во редот на овие, без друго, челното место
му припаѓа на договорот за продажба.

 Неименувани се оние договори за кои законот не содржи посебни одред-


би, па според тоа во законот и не може да се најде одредба за нивно
именување. Со често повторување на неименуваните договори тоа станува
пракса и на крајот праксата ќе понуди некое име. Договорот за лизинг
порано беше неименуван, но со донесувањето на Законот за лизинг тој
стана именуван договор.

 Кај атхезиониот договор во поглед на клаузулите од договорот не е


дадена можност за спогодување. Ова, секако, се однесува на страната која
не учестувала во составување на договорот. Оттаму оваа страна нема право
на утврдување на содржината на клаузулите од договорот. Се што таа
може да стори се исцрпува во тоа да ја прифати или да ја одбие понудата.
(пр. Т мобиле имаат готови договори).

3
 Формуларен договор е формулар кој не ги содржи битните елементи на
договорот кој склучува, а битните елементи (име, презиме, адреса, ЕМБГ) се
внесува во однапред предвидени празни места.

Според формата договорите се делат на формални и неформални.


 Сите договори настануваат во некоја форма. Кога за одредени договори
задолжителна форма определува самиот закон или задолжителната форма
ја определуваат самите страни, овие договори се формални договори.
 Кога договорите можат да се склучат во било која форма тие се нарекуваат
неформални.

ПРАШАЊА:

1. Што се трговски договори?


2. Како се вика начелото на кое треба да се засноваат договорите?
3. Каква способност треба да имаат страните на договорот?
4. Направи шематски приказ на видови договори!
5. Објасни ги видовите договори.

4
2. СКЛУЧУВАЊЕ И ИСПОЛНУВАЊЕ НА ТРГОВСКИТЕ
ДОГОВОРИ

За настанувањето на договорите, како вид на облигациони односи е пот-


ребно да бидат исполнети одредени (општи) услови. Тие услови се однесуваат
на:

1) деловната способност на договорните страни;

2) согласноста на волјите;

3) предметот на договорот;

4) каузата (основaтa) на договорот.

Некои автори ја предвидуваат и формата на договорите, како и


условот и рокот, како можни дополнителни посебни услови, кои ако бидат дого-
ворени или предвидени на друг начин доведуваат до одредени модификации на
догоговорот.
За настанувањето на договорот потребно e да постојат најмалку две
страни. Страни можат да бидат физичките и правните лица. Прв услов што се
бара за склучување на договорите е неговите страни да ја имаат потребната
деловна способност, односно физичкото или правното лице потребно е да има
способност да формира и да изјавува (изразува) правно-релевантна волја.

Најбитниот факт за настанување на договорот како што веќе беше споменато е


согласноста на волјата на договорените страни. Волјата се манифестира најчесто
преку:
 давање на понудата и
 во изјавата за прифаќањето на понудата..

Договорите често се склучуваат и преку преговори или склучување претходен


договор (пред договор) за склучување на главниот договор.

5
Преддоговор е таков договор со кој се презема обврска да се склучи подоцна
друг, односно главен договор. Ако главниот договор е формален, таков е и
преддоговорот.

 Понуда и прифаќање на понудата

Понудата е акт на понудувачот упатена до понудениот, со доброволна


изјава да создаде нов однос наречен договор.“ Посебно значајно за понудата е тоа
што таа претставува сериозна изјава на волја со која понудувачот го повикува ад-
ресатот (понудениот) на заклучување договор според одредени услови.
Понудата, гледана од правна природа, претставува еднострана изјава,
односно еднострано правно дело кое во себе ги содржи сите суштествени (битни)
елементи на договорот кој со нејзино изјавување (упатување) до другата страна
сака да се склучи. Како таква, таа истовремено е иницијатива но, и конкретен
предлог што едната страна (понудувачот) и го дава на другата (понудениот) со
цел под условите дефинирани во тој предлог да склучат договор со одредена со-
држина.
Услови потребни за изјавата (предлогот)да го добие својството на понуда
се:
 постоење на понудувач со сериозно изразена волја и
намера за склучување на договорот; (јасна и недвосмислена)

Клучен фактор во создавањето на правните дела претставува изјавата на волјата.


Меѓутоа секоја комуникација помеѓу луѓето во која тие нешто изјавуваат не претставува
правно дело бидејќи секоја изјава на волја не може да предизвика настанување, измена
или прeстанок на правен однoс. За да доведе до настанување правно дело волјата треба:

 да биде изјавена од лице способно да изјавува волја (да биде деловноспособно);


 да биде слободно и сериозно изразена;
 да биде насочена кон нешто што е можно да се стори или да се изврши и што е
дозволено со закон. (На пример, дрога не може да биде предмет на договор).

Постојат неколку начини на кои може да биде изјавена волјата. Тие се:

 Изречно изјавена волја - волјата е изречно изјавена тогаш кога лицето што ја
изјавува ја изјавило на јасен и недвосмислен начин со зборови, со пишување или
со соодветен знак (на пример, со кимнување глава или со ракување како знак на
потврда). Лицето што ја изјавува волјата го прави тоа на таков начин што лицето,
односно лицата на кои се однесува изјавената волја, лесно можат да ги разберат
смислата и значењето на она што е изјавено. Изречните изјави се манифестираат
со зборови или со знаци, а не со одделни дејства како што е можно кај
конклудентните дејства.
 Изјавена волја со конклудентни дејствија - волјата се смета за изјавена со
конклудентни дејствија кога се преземаат соодветни дејствија од кои може јасно

6
да се сфати суштината на волјата на лицето (пример гестикулација, климање со
глава како знак за одобрување или негирање и сл). Конклудентна е онаа изјава на
волја што не ги содржи битните елементи на делото. Но сепак, со одделни дејства
се дава можност посредно да се заклучи дека субјектот изјавил волја да стапи во
одреден однос, односно да заклучи одредено правно дело.

Пример:

Едно лице минува покрај трафика каде што се продаваат весници, зема весник, остава 15
денари и го продолжува патот. Од однесувањето на субјектот со сигурност може да се
заклучи дека тој посредно сакал да изјави волја.

Или:

Влегување во автобус значи прифаќање на линијата и на другите услови за превоз.

Или:

Изложување стока и означување на нејзината цена на место на кое таа обично се


продава.

Или:

Пуштање во поставениот автомат за продажба на безалкохолни пијалаци определена


парична единица и добивање соодветен пијалак.

 постоење на сите суштествени елементи на договорот кој


се предлага да се склучи;
 предлогот да е упатен до точно определено лице (пону-
дениот) со кое сака да се склучи договорот.

Кон овие услови, ќе ја додадеме и формата во која треба да биде дадена


понудата. Притоа, таа е еден од битните услови за полноважност на понудата, са-
мо тогаш кога за договорот кој се предлага да се склучи со закон е утврдена по-
себна форма, па во таа форма треба да биде дадена и самата понуда. Оваа
класификација се врши врз основа на тоа дали однапред има со закон утврдени
клаузули што мора да бидат опфатени и се обврзани со закон или е прашање на
договор меѓу двете страни.

7
 Прифаќање на понуда

Прифаќањето на понудата е еднострана изјава на волја на


понудениот со која тој се согласува (потврдува) дека ја прифатил понудата
упатена до него од страна на понудувачот. Врз основа на оваа согласност,
всушност, настанува и самиот договор. Кога ќе дојде до тоа, страните веќе не
можат еднострано да ги отповикаат правните дејства на своите изјави (на
понудата, од една страна, и на нејзиното прифаќање, од друга).

Понудата, исто така, се смета за прифатена „и кога понудениот ќе го испрати


предметот или ќе ја плати цената, како и кога ќе стори некое друго дејствие кое,
врз основа на понудата, практиката утврдена меѓу заинтересираните страни или
обичајот, може да се смета како изјава за прифаќање“

Основно правило е дека молчењето на понудениот не доведува до прифаќање


на понудата или како што вели законот „не значи прифаќање на понудата“.
Единствениот исклучок од ова правило е предвиден за случаите кога понудениот
се наоѓа во постојана деловна врска со понудувачот во поглед на определени
стоки и се смета дека понудениот ја прифатил понудата што се однесува на
таквите стоки, ако не ја одбил веднаш или во определениот рок.

Пример:
Ако меѓу лицата постои деловен однос и во исполнувањето на обврските од тој однос
едната страна испорача вообичаена стока на другата страна, а оваа ништо не приговори.
На пример, доставувачот на пиво му предава на својот партнер, бифето Х, три гајби
полни со шишиња пиво, а сопственикот на бифето ако не приговори дека не ги сака од
некакви причини, се смета дека тој се согласил и со таа испорака на пиво.

?ЗАДАЧА:
Разгледај ги долу наведените ситуации и реши дали во секоја од нив бил склучен договор
и притоа образложи го својот став.

Спроведувач на аукција прашува:„Што добивам за овој антички кауч”? Некој

8
од публиката одговара: 30.000 денари!!

Радица и вели на Надица: „Сакам да го продадам мојот велосипед за 10.000


денари”. Надица одговара: „Во ред еве ти ги парите. Јас ќе го купам”.

Стоејќи на едниот крај на долг мост, Ивана му вели на Петар: „Ако поминеш
преку мостов, ќе ти дадам 500 денари”. Петар не вели ништо, но почнува да го
поминува мостот.

 Исполнување на договорот

Исполнувањето (solutio) претставува извршување на обврските на должни-


кот и остварување на правата на доверителот што ја сочинуваат содржината на
облигациониот однос. Ако пак станува збор за двострано обврзувачки однос, ис-
полнувањето претставува истовремено извршување и остварување на обврските и
на правата од страните на таквиот однос (корелативен правен однос, права и
обврски на двете страни на односот, пример договор за купопродажба). При
исполнувањето на обврските од договорот важи правилото на истовремено
исполнување, кое подразбира дека во двостранообврзувачките договори ниедна
страна не е должна да ја исполни својата обврска ако другата страна не ја
исполни или ако не е готова истовремено да ја исполни својата обврска освен ако
нешто друго е договорено или со закон определено, или ако нешто друго
произлегува од природата на работата.

Кога станува збор за предметот на исполнувањето, всушност, се мисли на


дејствието што е предмет на обврската. Само исполнувањето на ваквото дејствие
се смета за правилно. Исполнувањето се обезбедува на тој начин што ниту
должникот може да ја исполни обврската со нешто друго (со друго дејствие), ниту
доверителот може да бара исполнување на нешто друго. На пример, место
учебникот по облигационо право предаден е учебник по кривично право. Поради
ова, доверителот има право да го врати она што му е предадено и наместо него,
да го бара предмет што му се должи.

Времето на исполнување, всушност, го претставува рокот во кој треба


да се изврши исполнувањето. По правило, ниту една од страните пред да
настапи рокот, односно да втаса обврската, не може да бара нејзино
исполнување. Ако рокот не е определен, а целта на работата, природата на
обврската и другите околности не бараат извесен рок за исполнување,
доверителот може да бара веднаш исполнување на обврската, а должникот од

9
своја страна може да бара од доверителот веднаш да го прими исполнувањето.
Кога рокот е договорен исклучиво во интерес на должникот, тој има право да ја
исполни обврската и пред договорениот рок, но е должен да го извести
доверителот за својата намера и да внимава тоа да не биде во невреме. Во
другите случаи кога должникот ќе понуди исполнување пред рокот, доверителот
може да го одбие исполнувањето, а може и да го задржи правото на надомест на
штетата, ако за тоа без одлагање го извести должникот.

Место на исполнувањето се смета одреденото географско место во кое


должникот треба да ја исполни својата обврска (на пример, некој град, село). Тие
можат да бидат местото на живеење, односно престојувалиштето (на физичкото
лице како доверител или како должник), седиштето на доверителот, односно
должникот, определен нивен деловен простор во тоа место или определен јавен
склад во него.
Местото на исполнување на обврската, по правило, должникот и доверителот
го определуваат спогодбено. Но, во одредени случаи тоа може да биде опреде-
лено и со закон. Ако не може точно да се определи местото на
исполнувањето на обврската, таа ќе се изврши во местото во кое
должникот во времето на настанувањето на обврската имал свое
седиште, односно живеалиште или престојувалиште ако се работи за
парична обврска местото каде што доверителот има седиште или
банкарска сметка.

Признаница од аспект на нејзината суштина, претставува писмена исправа


издадена од доверителот со која тој потврдува дека должникот му ја исполнил
својата обврска. Издавањето на признаницата е обврска на доверителот, а право
на должникот.

 Непостоечки договор
Непостоечки е оној договор кој не исполнува некој (или повеќе)
услов(и) за неговото настанување. Токму на ова поле, најјасно се согледува
разликата помеѓу условите за настанувањето на договорот и неговата
полноважност. Кај ништовните договори барем имаме некој надворешен изглед на
правно дело. Кај непостоечките го нема ни тоа.

 Ништовни договори
Ништовни се оние договори кои се спротивни на законските и на мо-
ралните норми. Договорот кој не е во согласност со Уставот, законите и добрите
обичаи е ништовен. Ништовниот договор не произведува правни последици.

10
Ништовноста не мора да се однесува на целиот договор. Постои делумна
ништовност. - ништовноста на некоја одредба од договорот

 Рушливост на договорот

Рушливите договори, за разлика од ништовните, настануваат,


постојат и предизвикуваат правно дејство како и секој друг полноважен
договор.
Како основни причини кои ја допуштат рушливоста на договорите се: постоење
на мани во волјата, барем, на едната од страните на договорот (заблуда, измама и
закана); или постоење на ограничена деловна способност кај барем едната од
овие страни и постоење на прекумерно оштетување на една од страните во
поглед на другата страна од дадениот договор.

ПРАШАЊА?
1. Наброј ги условите за исполнување на договорите?
2. Објасни ги условите за настанување на договорите како
облигационен однос.
3. Каков треба да биде предметот на договорот?
4. Кога се смета дека понудата е прифатена и договорот е склучен?
5. Објасни за исполнување на договорите.
6. Кога исполнувањето е правилно и кога може да доведе до
престанување на договорите?
7. Кога договорот е непостоечки, ништовен и рушлив.

11
3. НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ

До раскинување на договорите може да дојде спогодбено, еднострано и


по сила на законот.
Спогодбено раскинување

Спогодбеното раскинување на договорите доаѓа со заемна согласност на


неговите страни. Притоа, за даден договор да може да биде раскинат потребно е тој
да не бил извршен или да бил само делумно извршен. Кога договорот е целосно и
правилно исполнет, тој престанал и оттука, неговото раскинување станува невозмож-
но.

Еднострано раскинување на договорите поради неисполнување

И, покрај општо прифатената, определба договорот да се исполни онака ка-


ко што гласел, секогаш треба да се смета и на можноста да не се исполни од една-
та или двете страни или неправилно да се исполни. Една од можностите кои ѝ
стојат на располагање на страната, која трпи одредени последици од
неисполнувањето или неправилно исполнување на договорот, е можноста таа
еднострано да го раскине договорот.

За договорот да биде раскинат поради неисполнување, потребно е да се ис-


полнат условите: а) едната страна да била верна на договорот и б) другата
страна да не ја исполнила својата обврска.

За да може да се бара раскинување на договорот услов е да не е исполнета


обврската на другата страна. Со други зборови, потребно е другата страна да пад-
нала во задоцнување (mora). Онаа страна која не ја исполнила својата обврска ќе
го трпи раскинувањето на договорот, а доколку за неисполнувањето е виновна ќе
одговара и за причинетата штета. Се разбира, мора да се работи за ситуации кога
исполнувањето е возможно. Кога исполнувањето станало невозможно,
последиците се различни во зависност од тоа дали за оваа невозможност е винов-
на некоја од страните или неможноста настанала поради виша сила или дејство на
трето лице.

12
Целосно неисполнување на обврската

Целосно неисполнување на обврската, претставува случај кога должникот


воопшто не започнал со нејзиното исполнување или поинаку кажано тој ништо не
исполнил од неа.

Делумното неисполнување

Делумното неисполнување, е таков вид неисполнување кое се однесува


само на дел од предметот на обврската. Притоа, критериумот што се зема за
процена во утврдувањето дали неисполнувањето во конкретниот случај е
значително или не е значително е: оствареноста на целта на договорот.
Во поглед на определувањето на исполнетоста на целта се користат два
критериуми: еден субјективен и еден објективен. Според субјективниот
критериум, доверителот има право да го раскине договорот кога според негова
сопствена оценка, целта заради која го склучил договорот не е исполнета.
Според објективниот критериум, пак, раскинувањето е возможно
секогаш кога доверителот, поради делумното неисполнување на должниковата
обврска, не ја остварува онаа корист од договорот која во таквата ситуација но-
рмално се остварува. Ако избираме кој од овие два критериуми е поприфалив, би
се приклониле кон објективниот.

Невозможност за исполнување на договорот


Невозможноста за исполнување може да се дефинира како настанува-
ње на одреден вид околност (состојба) при чие постоење на обврската од облига-
циониот однос не може да биде извршена, па со самото тоа, ни правото не може
да биде реализирано (остварено).
Од вака определениот поим на невозможноста за исполнување може да се
заклучи дека само одреден вид околности доведуваат до таа невозможност. Тоа
се:
а) Истек на време и отказ - Кога времето на постоење на облигациониот
однос е определено, со неговиот истек, тој однос по правило престанува, а кога
тоа не е определено, до престанување на облигациониот однос доаѓа со давање
отказ, и тоа по правило, со истекот на отказниот рок определен со договор,
закон, обичај или во отсуство на овие со истекот на примерениот рок..
б) Смрт- Смртта на една од страните, по правило не доведува до
негово престанување, туку само до промена во страната на тој однос кај
која настапила смртта. Притоа, промената во страната на односот, за која овде
станува збор, всушност е одреден вид преземање долг, или пренос на договорот.

13
Кај договорите кои се од лична природа во случај на смрт на должникот или дове-
рителот, односно само на должникот, тој однос престанува да постои.
в) Застарување- Со застареност престанува правото да се бара
присилно исполнување на обврската и судот не може да ја земе предвид
застареноста ако должникот не се повикал на неа. Застареноста почнува да
тече првиот ден по денот кога доверителот имал право да бара исполнување на
обврската, а за должникот почнува да тече првиот ден од денот кога постапил
спротивно на обврската. Застареноста настапува кога ќе истече последниот ден од
времето определено со закон. Кога ќе застари главното побарување, тогаш се
застарени и споредните побарувања, како што се побарувањата на камати,
плодови, трошоци, договорна казна. Побарувањата застаруваат за пет
години, ако со закон не е определен некој друг рок на застареност
(посебен рок).

ПРАШАЊА?
1. Накој начини може да дојде до раскинување на догворот?
2. Направи разлика помеѓу целосно и делумно неисполнување на
договорот.
3. Во кои случаи постои невозможност за исполнување на
договорот?

14
4. ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДОГОВОР

Во прометот во кој владее начелото на правна сигурност, потребно е


правата и обврските да се исполнуваат онака како што гласат. На тој начин,
секоја од страните ги задоволува сопствените интереси и нема причина од
интервенција на државниот апарат во остварувањето на правата и исполнувањето
на обврските од една облигација. Сепак, совесното исполнување на обврските
(исплатата на долгот) од страна на должникот не секогаш е случај. Оттаму, постои
потреба од т.н. обезбедување на побарувањата. Целта на обезбедувањето на
побарувањата е извесно зацврстување на побарувањето на доверителот, со
што се зголемуваат шансите од негова наплата. Ова е, секако, последица од
сознанието дека секогаш постои ризик од ненаплатување на побарувањето, со
што се повредува начелото на еднаквост и рамноправност на страните.
Доверителите, затоа, имаат потреба од средствата за обезбедување на нивните
побарувања.

Во поглед на начините на кои се обезбедуваат побарувањата, се


разликуваат две групи:
а) личноправни (персонални, облигационоправни) средства за
обезбедување и
б) стварноправни (реални) средства за обезбедување.

а) Личноправни средства (договори) за обезбедување на побарувањата

Личноправните средства за обезбедување на побарувањата го зајакнуваат


постојното побарување со тоа што должниковото обврзување се засилува или
неговата обврска се проширува и на други лица. Тоа се:
 Гаранција (емство) - е личноправно средство за обезбедување на
побарувањата, кое се конституира преку склучување договор за гаранција,
каде гарантот се обврзува спрема доверителот дека ќе ја исполни
полноважната и стасаната обврска на должникот, ако тоа не го стори
должникот.
 Банкарска гаранција - со неа банката се обврзува спрема примачот на
гаранцијата (корисникот) дека во случај трето лице да не му ја исполни
обврската во рокот на втасаноста, ќе му ја намири обврската ако бидат
исполнети условите наведени во гаранцијата. Издавањето банкарски
гаранции спаѓа во дејноста на банката. Со издавањето на банкарската
гаранција, доверителот се појавува како корисник на гаранцијата, додека
должникот е налогодавач на банката, која се појавува како издавач на
банкарската гаранција. Банката, всушност, гарантира дека ќе ја исполни на

15
корисникот обврската која должникот (налогодавачот) ја има спрема него
во отсуство на исполнување од страна на должникот.
 Акредитив - Со акредитивот се обезбедува плаќањето од основниот
договор, каде корисникот на акредитивот е доверител (продавач), додека
налогодавачот е должник (купувач).
Акредитивот мора да биде составен во писмена форма.
Акредитивот е гаранција која се издава во надворешниот промет,
додека банкарска гаранција се издава во домашниот.
 Меница- Меницата претставува безусловна наредба која ја дава трасантот
(налогодавач или издавач на меница) на трасатот(е оној кој врши исплата
по меницата), да се исплати одреден паричен износ на ремитентот(физичко
или правно лице назначено во исправата), кој е наведен на меницата или
на самиот трасант.
 Договорна казна - Доверителот и должникот можат да се договорат дека
должникот ќе му плати на доверителот определен паричен износ или ќе му
прибави некоја друга материјална корист, ако не ја исполни својата обврска
или ако задоцни со нејзиното исполнување (договорна казна). Договорната
казна не може да се предвиди за парични обврски, затоа што доверителот
има право на исплата на затезна камата.
 Пишманлак - пишманлакот е споредна договорна одредба со која
било која од договорните страни се стекнува со право да го откаже
договорот со давањето пишманлак. Предмет на давањето најчесто се пари,
но може да биде било која материјална корист. Давањето пишманлак може
да биде договорено било како клаузула во основниот договор било како
посебен договор.
 Солидарност на страната на должникот - кога долгувањето е
солидарно, доверителот може да бира од кој од солидарните должници ќе
бара исполнување. Имено, секој должник на солидарна обврска му одговара
на доверителот за целата обврска и доверителот може да го бара нејзиното
исполнување од кого сака, се додека не ќе биде целосно исполнета, но кога
еден должник ќе ја исполни обврската таа престанува и сите должници се
ослободуваат. Доверителот може да го одбере најсолвентниот должник од
кој ќе бара исполнување на целата обврска.

б) Стварноправни реални средства (договори) за обезбедување на


побарувањата

Стварноправните средства за обезбедување на побарувањата се


карактеризираат со засновање стварно право врз определена ствар на
должникот или трето лице.
Додека личноправните средства се насочени кон целокупниот имот на
должникот, стварноправните се насочени кон определена единица (ствар) од
имотот на должникот. Со стварноправните средства за обезбедување на

16
побарувањата доверителот се стекнува со приоритет во однос на евентуалните
други реални доверители. Исто така, кога доверителот е носител на стварно
право, тој ќе може да се намири од оптоварената ствар без разлика на
евентуалната промена на правото на сопственост врз истата. Вакви реални
средства за обезбедување се залог на движни ствари , хипотека залог на
недвижни ствари, ретенцијата, фидуцијарната сопственост.

ПРАШАЊА:

1. Идентификувај ги средствата за обезбедување на договорите.

17
5. ЕЛЕМЕНТИ НА ДОГОВОРИТЕ

Претпоставка за настанување на договорите се:


постоење на договорни страни кои можат да изразат правно
релевантна волја, односно страни што имаат деловна способност.
предмет на договорот кој треба да биде возможен, дозволен и
определен или определив. и
дозволена кауза.

Некои договори се формални и треба да бидат склучени во точно


определена форма врз основа на закон или договорена форма , а некои договори
се неформални затоа што можат да бидат склучени во било која форма.
Содржината на договорите ја чинат правата и обврските на
договорните страни.
 Битните елементи на договорот ја определуваат неговата содржина.
Битните елементи на договорот се различни за различни видови на
договори. Кај договорот за продажба во трговското право битен елемент е
предметот на продажба, а под одредени услови тоа може да биде и цената
и количината. Така, непосреден предмет на повеќе различни договори може
да биде автомобил, но треба да се види за каков договор во конкретниот
случај се работи. Предавање на автомобилот може да биде кај договорот за
продажба условено со плаќање на цената од страна на купувачот и
стекнување право на сопственост; кај рента карот предавањето на
автомобилот е условено со негово користење на одреден период и плаќање
на закупнината.
 Небитните елементи се состојки на договорот кои во него не мораат да
се наоѓаат ниту по природа на работата, ниту го сочинуваат договорот
согласно клучните цели на страните. Небитни елементи на договорот можат
да бидат: рокови за исполнување; услов за настанување или не
настанување на обврските, налози и сл. Кај трговските договори тоа може
да бидат транспортни клаузули, одредби за амбалажа, одредбите за
квалитет и т.н.

Предмет на договорот
Предметот се состои во одредено човеково дејствие, кое во
зависност од видот на договорот кој се склучува, може да се состои
од одредено: давањe, сторување, несторување или трпење..
Не секое дејствие во вид на давање, сторување, несторување и трпење мо-
же да да биде предмет на договор. За тоа да се случи потребно е предметот да
биде: дозволен, возможен, определен или определив.

18
o Предметот е дозволен ако не постои законска забрана да биде ставен во
правен промет. Во секој случај овде спаѓаат предметите наменети за
широка потрошувачка.
За разлика од нив предметите кои претставуваат јавни добра или добра од
општа употреба (плоштади, мостови, реки, езера, национални паркови и
сл.) се надвор од правниот промет. Честопати во практиката тешко се прави
разлика помеѓу дозволен и возможен предмет, но можно е и нивно
разграничување. Секако, како недозволена би се сметала секоја „трговија
со луѓе“ или со делови (органи) од човечко тело, иако физички е возможна.
Недозволено е да се продаваат археолошки предмети (артефакти) кои се
дел од историското културно наследство и сл.
o Предметот на договорот е возможен кога дејствието може да биде из-
вршено. Ако дејствието не може да биде извршено, предметот е невоз-
можен. Фактичката невозможност се состои во тоа дека според природните
и физичките закони некои дејствија се невозможни (пример – невозможно е
да се продаде, размени или подари предмет од планетите, освен од земјата
(Марс, Сатурн и сл.).
o Предметот е определен кога се состои во предавање на точно определе-
на ствар или извршување на друго точно определено дејствие. Таков е, на
пример, случајот кога продавачот се обврзал на купувачот да му го продаде
и предаде својот стан, кој се наоѓа на точно определна улица, со точно
определен број, влез, катност и големина. Во друг случај тоа може да биде
точно определена марка на автомобил, со точно определени ознаки и
карактеристики и сл.

Форма на договорот
Формата е начинот на кој страните ја изразуваат согласноста на своите
волји за склучување на договорот. Формата е надворешниот манифес-
тационен облик на согласноста на волјите на страните, која како правен факт кој
доведува до настанување на договорот. Самата согласност на волји е еден од ос-
новните предуслови за настанување на договорот, покрај постоењето на деловно
способни страни, предмет и кауза на договорот таа мора да се манифестира во
определена форма: усна , писмена, конклудентна. Волјата за склучување на
договор може да се изјави со зборови, со вообичаените знаци или со друго
однесување од кое со сигурност може да се заклучи за нејзиното постоење. Како и
да е, секој договор мора да биде склучен во некоја форма.
Формалните договори се склучуваат во писмена форма која може да биде:
обична писмена форма, форма на јавно заверена исправа и јавна исправа. Обичната
писмена форма е таа која ја потпишуваат или разменуваат потпишана двете
договорни страни. Формата на јавно заверена исправа е таа кога кај нотар или во суд
се врши идентификација на договорните страни и се потврдува дека се тоа
потписите на договорните страни. Јавната исправа е најсилна и најстрога по својата
форма и тука овластеното лице нотарот или судија поединец има активна улога во

19
склучувањето на договорот внимава на елем ентите за полноважност на договорот и
ги опоменува страните за правните последици од договорот.

ПРАШАЊА?

1. Определи ги елементите на договорот.


2. Објасни ги елементите на договорите.

20
6.ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ

Правата и обврските на договорните страни ја чинат содржината на


договорниот однос. Правата и обврските на договорните страни се взаемно
условени и корелативни. Тоа што е право на едната страна е обврска на другата
договорна страна. Така ако купувачот има право да бара предавање на стварта,
продавачот има обврска да ја предаде стварта. Така ако продавачот има право да
му биде платена цената, купувачот има обврска да ја плати цената за предметот
на продажбата. Секое право е составено од барање, а секоја обврска е составена
од должност и одговорност. Доверителот како договорна страна има право на
барање обврската да му биде исполнета онака како што гласи како што е
договорена а должникот има должност во целост да ја исполни оваа обврска.
Кај еднострано обврзувачките договори како договорот за дар имаме само
еден доверител и еден должник. Кај двостранообврзувачките договори како што е
договорот за продажба купувачот е во двојна улога на доверител и на должник, а
исто така и продавачот. Претенцијата како дел од правото како и одговорноста
како дел од обврската покажуваат дека договорите се правен однос и тоа значи
дека доколку не бидат исполнети можно е да се бара исполнување по присилен
пат, уживаат заштита од државата иако се приватно правни односи и може да се
бара исполнување на договорот по судски пат или раскинување и барање на
надомест на штета. На барањето на доверителот корелативна е должноста на
должникот а на претенцијата како дел од правото на доверителот корелативна е
одговорноста на должникот. Правата и обврските на договорните страни кај
именуваните договори се определени со законот во кој се уредени конкретните
договори, а кај неименуваните договори тие се определени со долгогодишната
трговска практика. Секако дека диспозитивноста на правните норми дозволува
договорните страни поинаку да ги уредат своите права и обврски до граница со
која не се повредува јавниот поредок. Правата и обврските на договорните страни
покажуваат за кој договор станува збор. Содржината на договорот го определува
видот на договорот а не името насловот што ќе му го дадат договорните страни.
Така, ако договорот е насловен како договор за продажба а се плаќа симболична
цена станува збор за договор за дар бидејќи доминира желбата да се дарува а не
да се продава. На пример на мојата ќерка и го продавам мојот нов автомобил за
десет денари!

ПРАШАЊА?

1. Определи ги правата и обврските на субјектите во договорот.

21
22

You might also like