You are on page 1of 48

Универзитет “Св.

Кирил и Методиј”

Правен факултет “Јустинијан I ‘’ –Скопје

МАГИСТЕРСКИ ТРУД

ТЕМА: РЕФОРМИ НА СЕМЕЈНОТО ПРАВО ВО ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ

Ментор: Изработила:

Проф.д-р Ангел Ристов Сања Јорданоска 41560

1
СОДРЖИНА

Вовед.............................................................................................................................4
1.Брачниот договор во европските семејно-правни системи........................................6
1.1.Поим и карактеристики на брачниот договор........................................................6
1.1.1.Поимот брачен договор........................................................................................6
1.1.2. Карактеристики на брачниот договор...................................................................7
1.2. Брачниот договор во Европските земји....................................................................10
А). Србија...............................................................................................................10
Б). Хрватска...........................................................................................................12
В). Бугарија...........................................................................................................14
Г). Италија............................................................................................................15
Д). Германија.......................................................................................................15
Ѓ). Русија..............................................................................................................16
1.3.Брачниот режим на имотот на брачните партенри во Република
Македонија........................................................................................................................18
A. DE LEGE LATA................................................................................................18
1.3.1.Законски режим на имотот на брачните партенери..........................................18
1.3.2.Договорен режим на имотот на брачните другари...........................................20
Б. DE LEGE FERENDA........................................................................................21
2. Либерализација на бракот......................................................................................22
2.1. Поим на развод на брак.......................................................................................22
2.2 Развод на бракот во европските земји.................................................................23
А). Франција..........................................................................................................24
Б). Германија.........................................................................................................25
В). Италија.............................................................................................................25
Г). Бугарија............................................................................................................25
Д). Швајцарија.......................................................................................................26
Ѓ). Хрватска............................................................................................................26
Е). Србија................................................................................................................27
2.3 Развод на бракот во Македонското законодаство...............................................28
3.Вонбрачна и истополна заедница............................................................................30
3.1.Правно уредување на вонбрачната заедница во Европските земји....................30
А).Шведска..............................................................................................................30

2
Б).Словенија..............................................................................................................31
В).Франција.............................................................................................................31
Г).Хрватска.............................................................................................................31
Д).Црна Гора............................................................................................................32
Ѓ). Косово................................................................................................................32
3.1.2. Вонбрачна заедница на лица од ист пол...........................................................33
3.2. Правно уредување на вонбрачната и истополна заедница во Република
Македонија.................................................................................................................35
4. Статусот на семејниот дом.....................................................................................38
4.1. Поим и аргументи за посебна заштита на семејниот дом.....................................38
4.1.1 Поим...................................................................................................................38
4.1.2. Аргументи за посебна заштита на семејниот дом..............................................38
4.2. Статусот на семејниот дом во Македонското право............................................40
4.3. Статусот на семејниот дом во Европските земји................................................41
А).Статусот на семејниот дом во Шведското право...................................................41
Б). Статусот на семејниот дом во Француското право...............................................42
В). Статусот на семејниот дом во Италијанското право...........................................42
Г). Статусот на семејниот дом во Швајцарското право............................................43
Д). Статусот на семејниот дом во Германското право..............................................43
Заклучок....................................................................................................................45
Користена литература................................................................................................47

3
ВОВЕД

Основната цел на секое општество е развивање, усовршување, унапредување,преку


поттикнување на промени на постоечките уредувања во сите сегменти на неговото
функционирање. Одмерениот начин на пристап кон промените во правниот систем
на едно општество можат да доведат до постигнување на основната цел на правото-
остварување на највисокото ниво на заштита на граѓанинот.
Семејното право, како составен дел од граѓанското право го уредува семејството и
семејните односи давајќи им правна и општествена заштита имајќи предвид дека
семејството претставува основна клетка на општеството. Тоа исто така тежнее кон
пристап на промени, кои ќе бидат дел од променетите и општествено-економски
прилики.
Значајно е да се забележи дека, воведувањето на реформите во семејното право
постепено и парцијално доведуваат до отстранување на драстичните разлики во
семејно-правната регулатива, нивно меѓусебно приближување и усогласување со
променетите општествено-економски прилики.
Во Република Македонија започна најголемата реформа во граѓанското право со
донесувањето на одлуката на Владата на Република Македонија донесена во
Декември 2010 година со која беше формирана комисија за изработка на граѓански
законик на Република Македонија. Со неговата изработка се очекува целокупната
материја од сферата на граѓанското право да биде уредена во еден текст. Со
донесувањето на граѓанскиот законик на Република Македонија се јавува и
потребата на решавање на некои прашања во семејното право со оглед на
променетите општествено-економски прилики. Едно од најзначајните прашања што
треба да се постави со реформите на семејното право во Република Македонија е
воведувањето и правното уредување на брачниот договор. Со негово воведување
брачните партнери ќе можат самите да ги уредуваат имотните односи помеќу нив и
ќе имаат можност да ги решаваат надвор од судот, со што би се растеретиле
судовите од постапување во неспорни предмети а граѓаните т.е брачните партнери
ќе можат побрзо и поефикасно да ги остварат своите права доколку се воведе оваа
реформа и е во надлежност на нотарите како повереници на судот.
Од исклучително значење за вака променетите општествено-економски прилики
потребни се повеќе измени и дополнувања на нашето семејно законодавство со кое
се уредува разводот на бракот. Тоа може да се согледа и од самиот факт што две

4
децении Законот за семејство нема претрпено позначајни измени, меѓу другото и во
разводот на бракот. Во таа смисла по примерот на решенијата на споредбеното
право, сметаме дека е потребно при развод на бракот со заемна согласност да се
предвиди како услов постигнувањето на согласност за делба на заедничкиот имот,
исто така пожелно би било со цел да се растовари судот од неспорни предмети, да
се предвиди и можноста брачните партнери кои немаат заеднички деца со заемна
согласност да се разведат пред нотар.
Со трансформациите во семејството што се случуваат во последните децении и
тенденцијата на зголемување на брачни парови кои што живеат во вонбрачна
заедница се јавува и потребата на воведување на одредени реформи и во нашето
семејно право. Имајќи ги предвид решенијата од споредбеното право сметаме дека
е потребно вонбрачната заедница исто така да се прифати како основa за
наследување со кој вонбрачниот партнер да се изедначи со брачниот партнер во
правото на наследување. Исто така е потребно во правните одредби со кои е
уредена вонбрачната заедница да се надополни со одредба која ќе предвиди
непостоење на брачни пречки помеѓѕ вонбрачните партнери. Во Република
Македонија во поглед на хомосексуалните заедници според сегашните прилики,
сметаме дека сеуште не постои клима за нивно признавање и уредување, меѓутоа во
догледно време потребно е и тие да се уредат.
Од суштествено значење за постоењето на бракот, семејството и остварувањето на
семејните односи е прашањето за правниот статус на семејниот дом. Во
современите законодавства семејниот дом е уреден со посебни правни правила со
кои се ограничува неговото располагање во интерес на децата, како за време на
траење на бракот така и по разводот. Македонското право не го познава и уредува
институтот семеен дом, па врз основа на значењето на овој институт сметаме дека е
неопходно законодавецот да донесе решение со кое попрецизно ќе го уреди ова
прашање.

5
1.БРАЧНИОТ ДОГОВОР ВО ЕВРОПСКИТЕ СЕМЕЈНО-ПРАВНИ СИСТЕМИ
1.1.ПОИМ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА БРАЧНИОТ ДОГОВОР
1.1.1 ПОИМОТ БРАЧЕН ДОГОВОР

Во теоријата не постои единствена и универзална дефиниција за поимот брачен


договор.
Како резултат на ова во теоријата и законодаствата постојат повеќе дефиниции за
поимот брачен договор.
Во главно, брачниот договор прдставува согласност на волјите меѓу маж и жена, која е
насочена кон уредување на имотните односи помеѓу нив а кои се поврзани со
склучувањето на бракот, имотните односи кои настануваат во текот на бракот и во
случај на престанок на бракот.
Ако погледнеме во законодаствата од споредбеното право ќе забележиме дека секаде
отсуствува законска дефиниција на поимот брачен договор.
Во Германското право присутна е форулацијата „ сопрузите можат да ги уредат
имотните односи со договор ( брачен договор Ehervetrag ), посебно да го уредат или
изменат брачниот имотен режим откако ќе стапат во брак “ ( 1408 BGB ).1
Во Швајцарското право брачниот договор може да биде склучен пред или после
склучувањето на бракот. Страните можат да прифатат одреден режим, да го отповикаат
или да го променат во границите предвидени со законот. Подетална е дефиницијата
која што је содржи Австрискиот граѓански законик. Според неа брачните договори
( Ehepakte ) се онаа согласност која што се склучува со оглед на брачната врска за
имотот на сопружниците и ги имаат за предвид имотот стекнат од нив во врска или за
време на бракот, вклучително и свадбените подароци, миразот, управувањето и
користењето на личниот имот, наследувањето меѓу сопрузите и трошоците по
престанокот на бракот, вклучително и трошоците на вдовец ( брачен другар ) и
можноста во негова корист да се добие доживотно право на користење на имотот на
починатиот сопруг ( брачен другар ).2

1
The German Cvile Code, Revised edition, ( as amended to 1 Januaru, 1992 ), Introductory act to the Civile
Code of August 15, 1896
( Including amendments to january 1 1992 ), Act on Liability for Defective Products of Devember 15, 1989,
Translated with an introdustion by Simon L. Goren, Littleton, Colorado 80127, 1994, стр.244.

2
Екатерина Матеева, Семејно право на Република Бугарија, ВСУ „ Черноризец Храбар “, Софија ,2010,
стр. 165-166.

6
Поновите законодаства го следат овој тренд на постарите и тие не го дефинираат
поимот брачен другар.Во рускиот Семеен кодекс, „ брачниот договор се определува
како договор помеѓу сопрузите со кој се определуваат имотните права и обврски на
сопрузите во бракот или во случај на развод на бракот ( чл. 40 СК ).“
Во хрватскиот Закон за семејство брачниот договор е определен како правно дело
помеѓу невестата и младоженецот или брачните другари за уредување на имотно-
правните односи на постоечкиот или идниот имот ( чл.255 ст.1 ЗС ). Во оваа насока е и
бугарското право односно одредбите на чл.32 ал.1 и 3 и чл.38 од Семејниот кодекс
може да се заклучи дека со брачниот договор „ се уредуваат имотните односи меѓу маж
и жена за времето, во кое тие биле поврзани со брачна врска како и во случај на развод
на бракот “. Српската теорија брачниот договор го дефинира како „ договор се
склучува во писмена форма, со кој договорните страни ( идните сопружници или
сопружниците ) ги уредуваат имотните односи во врска со постоечкиот или идниот
имот“.3
Со брачниот договор се уредуваат само имотните (материјалните) односи, но не и
нематеријалните. Надвор од предметот на овој договор остануваат сите лични
(нематеријални) последици од бракот. Дури некои законодаства со цел да спречат било
какви „ искушенија“ на странките за договор за нематеријалните последици од бракот,
со изрекни одредби се исклучуваат најзначајните нематеријални ( лични) односи од
опсегот на брачниот договор.4
Надвор од предметот на брачниот договор остануваат и такви имотни односи кои што
не се јавуваат врз основа на бракот, а произлегуваат од други неповрзани со него
правни акти. Во поглед на определувањето на поимот на брачниот договор мора да
напомнеме дека брачниот договор може да се склучи за време на брак и пред бракот со
тоа што се нарекува предбрачен договор.5

1.1.2.КАРАКТЕРИСТИКИ НА БРАЧНИОТ ДОГОВОР

Специфичниот предмет на брачниот договор ја одредува неговата сложеност и богата


правна содржина. Тоа може да вклучува различни типови по вид и карактер договорни
клаузули, кои се посветени на решавање на посебни групи на материјални (имотни)

3
Слободан панов, Породично право, Правен факултет Универзитета у Београду, Београд, 2010, стр.356.
4
Екатерина Матева, op.cit., стр.166.
5
Ibid, стр.167.

7
односи. Оваа карактеристка на брачниот договор треба да се забелжи кога се прави
обид да му се даде една општа правна карактеристика , бидејќи е можно некои
клаузули во брачниот договор да носат карактеристики кои се целосно туѓи на
остатокот на содржината.
Договорниот режим се утврдува со склучувањето на брачен договор помеѓу лицата кои
што стапуваат во брак или помеѓу брачни другари кои што веќе имаат склучено брак.6
Заедно со напуштање на имеративниот карактер на прописите кои што ги регулираат
имотно брачните односи, со воведувањето на брачниот договор се овозможува
брачните другари самите да ги регулираат своите имотни односи.7
Брачниот договор е договор кој го склучуваат брачните другари или идните брачни
другари со цел да ги регулираат имотните односи во бракот, за да произведува правно
дејство овој договор, мора да имаме склучување на брак. Како сите останати договори
така и овој договор има повеќе карактеристики.
Овој договор е двостран, поради тоа што го склучуваат две договорни страни односно
идните или брачни другари. Брачниот договор создава права и обврски на двете
договорни страни и тој претставува двостран обврзувачки договор.
Врската помеѓу реципрочните обврски на страните е функционална, што знаци дека
ако не се јавуваат права и обврски за едната страна не се јавуваат и за другата. Во
случај едната страна да не е во можност да го исполнува договорот тој престанува.
Двостраникот каракетер на договорот дозволува во случај на неисполнување на
обврските на едната страна другата да може да направи приговор за неисполнет
договор, и да се откаже да ја исполни обврската додека другата страна не ја исполни
својата ( чл.90 ал.1 ЗЗД ).
Со оглед на тоа што целта на овој договор е видлива овој договор е каузален. 8 Ова е
типично за сите двострано обврзувачки договори, односно да се здобијат со права и
двете договорни страни. Може дел од клаузулите на договорот да се склучени со
намера за дар (donandi causa), може да се договорат и стара обврска да престане и да се
замени со нова слична на таа (novandi causa).
Брачниот договор е формален договор, односно за да произведува правно дејствие
мора да биде склучен во предвидената писмена форма, со тоа што мораме да имаме
нотарска верификација на потписите на страните кои што го склучуваат договорот. Со
6
Ibid, стр.175.
7
Ibid,стр.176.
8
Ангел Ристов, „Брачен договор„ Зборник во чест на Љиљјана Спировиќ-Трпеноска, Правен
факултет„Јустинијан Први„-Скопје, (во печат), стр.6-7.

8
самото тоа што овој договор подлежи на нотарска заверка, се гарантира дека во
нотарските книги ќе биде заверен препис од првиот образец од договорот, со тоа што
се заштитуваат самите страни од евентуална промена на содржината на договорот.
Брачниот договор представува несамостоен (акцесорен) договор, односно не
произведува правно дејство ако не се склучи брак. Брачниот договор може да биде
склучен и пред склучувањето на бракот, но кога се склучува пред склучувањето на
бракот се нарекува предбрачен договор. Вака склучениот предбрачен договор не
произведува правно дејство се додека не биде склучен брак помеѓу идните брачни
другари. На тој начин се додека бракот не е склучен помеѓу брачните другари не
произведува правно дејство. Но кога ке се склучи бракот се поставува прашање дали
тој произведува правно дејство од моментот на неговото склучување. Во поглед на ова
имаме елементи за и против ретроактивноста на брачниот договор во случај да се
склучи брак. Против ретроактивноста говори самиот факт дека брачниот договор
произведува правно дејство само ако се склучи бракот. Додека пак во прилог на
ретроактивноста може да се каже дека брачниот договор е склучен под суспензивен
услов, бракот да биде склучен а тоа доведува до ретроактивност.
“Брачниот договор претставува договор intuitu personae кој се однесува строго на
договорните страни и не може да се пренесуваат права и обврски на трети лица.“9
Брачниот договор е договор со трајно односно подолго исполнување.Во поглед на ова
може да се каже дека новите права и обврски кои што произлегуваат од брачниот
договор не се извршуваат цело време додека постои брачниот однос, а некои од
правата и обврските постојат и по престанокот на бракот, од причина што ги
регулираат имотните последици кои што произлегуваат од бракот како што
се:издршката на децата, користењето на семејната куќа и др.10Фактот дека брачниот
договор е со долга и трајна имплементација, го прави особено актуелно прашањето за
неговата измена како и за неговата правна судбина во случај на промена на
околностите, поради тоа што првично договорот станува несоодветен на новата
ситуација и почнува да ги загрозува интересите на брачните другари или децата.
Позитивното право на Република Македонија не го познава брачниот договор а исто
така и тој не е определен од страна на законодавецот, односно во нашето право
брачниот договор претставува неименуван договор. Во останатите законодаства каде
што се применува брачниот договор тој представува именуван договор.

9
Ангел Ристов, op.cit.,стр.179.
10
Екатерина Матева.op.cit., стр.179

9
1.2.БРАЧНИОТ ДОГОВОР ВО ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ

Брачниот договор представува составен дел на повеќето современи семејни


законодаства. Со цел да ги утврдиме и споредиме решенијата со кои се уредува
брачниот договор во споредбеното право во понатамошниот текст ќе согледаме повеќе
законски регулативи.
А). Србија
Брачниот договор во Србија е уреден со ПЗС од 2005 година. Но за да го согледаме
подобро ваквото решение кое е содржано во ПЗС, ќе ги анализираме претходните
законски решенија.
Со основниот закон за бракот од 1946 година било предвидено (чл.12 ) дека брачните
другари можат меѓу себе да ги склучуваат сите договори кои што не се спротивни на
законот, и со нив засноваат права и обврски. Со оглед на тоа што брачниот имотен
режим бил пропишан со закон, договорите за имотниот режим не биле дозволени.11
Со законот за брак и семејните односи на србија од 1980 година е пропишано дека
брачните другари можат меѓусебно да ги склучуваат сите договори и со нив да
засноваат права и обврски, но меѓусебе можат да ги склучуваат само оние договори со
кој што не се менува имотниот режим утврден со законот, и не можат да се одречат од
права кој што им припаѓаат според прописите на овој закон ( чл.326). 12 Како што
можеме да видиме не постоела можност за договорен имотен режим, но сепак имаме
постоење на одредена слобода за договарање во поглед на имотниот режим, односно
брачните другари можеле да склучат спогодба за управување и располагање со
заедничкиот имот, а со самото тоа и ги исклучувале и законските одредби кој се
однесувале на управувањето и располагањето со заедничкиот имот.„Брачните другари
можат да се спогодат со имотот да управува и со него да располага еден од брачните
другари и тоа со целиот имот или еден дел од имотот (чл.325).“ Уште едно значајно
овластување кое што е предвидено со овој закон дека на брачните другари со законот
им е дадена можност со спогодба да се договорат за делба на заедничкиот имот. Еден
од начините на делба е одредување на удели во заедничкиот имот, така што брачните

11
Gordana kovacek-Stanic, Uporedno porodicno pravo,…стр.72
12
Гордана Ковачек-Станиќ, Породично право ,...стр.127

10
другари стануваат сосопственици на одредени делови од имотот.„ Оваа спогодба се
склучува во писмена форама (чл.327).“13
Во случај ако до поделба на заедничкиот имот не дојде,се применува законскиот
критериум за поделба на заедничкиот имот, а тоа зависи од тоа колкав е придонесот на
брачните другари во стекнувањето на имотот. Кога станува збор за поделба на имотот
од досега кажаното може да се заклучи дека брачните другари и не мораат да водат
сметка за тоа колкав е придонесот на секој од нив во стекнувањето на имотот, од
причина што тие самите можат спогодбено да го поделат имотот по сопствено наоѓање.
„Не може да се склучи договор за поделба на иден заеднички имот, од причина што тоа
би значело промена на законскиот имотен режим.“14Постојат одредени мислења според
кои иако имаме поделба на имотот на несразмерни делови, односно ако едниот брачен
другар има несразмерно поголем дел од имотот во одредени случаи се сметаат за
полноважни во зависност од намерата и побудите.
Со оглед на тоа што во денешно 15 време се повеќе заначење добива приватната
сопственост, како во деловните така и во приватно-правните односи, па со самото тоа е
извршена модификација на одредбите кои што се однесуваат на имотниот режим
односно дозволено е брачните другари самите да го изберат имотниот режим.
ПЗС ја воведува можноста, брачните другари да склучат брачен договор за регулирање
на имотниот режим. Со ова им се дозволува на брачните другари самите да ги
уредуваат брачните односи. Со брачниот договор, брачните другари го уредуваат
постоечкиот или идниот имот. Со брачниот договор на брачните другари им се
овозможува да прецизираат пто ќе представува нивни посебен имот, имот кој што го
стекнале пред бракот, за да се избегнат подоцнежните непотребни спорови, тие можат
да одредат и колкав ќе биде нивниот удел во имотот кој што ќе го стекнат во брак. 16
Во Србија во изработка е „Граѓанскиот законик на Република Србија“ кој исто така го
пропишува брачниот договор. Во членот 218 се зборува „Брачните другари односно
идните брачни другари можат своите имотни односи на постоечкиот или идниот имот
да ги утврдат со договор ( брачен договор). Брачниот договор може да го склучи и иден
брачен другар кој што е малолетен ако има добиено судска дозвола за склучување на
13
Ibid,стр.128.
14
Ibidem,стр.128
15

16
Семејниот закон од 2005 година во правото на Србија ја враќа можноста, брачните другари со изјава
на волја да ги уредат имотните односи во бракот, на начин кој што одговара на нивните потреби.
Нормите за имотните последици од бракот, се такви диспозитивни правила, кои што се применуваат ако
брачните другари не се договориле поинаку.Види:http://www.scindeks.ceon.rs/article.aspx?artid=0003-
25650902229T

11
брак пред полнолетството. Во име на брачниот другар на кој што му е одземена
деловната способност брачниот договор може да го склучи неговиот старател во
согласност со органот кој го одредува старателството“. Во членот 218 е додаден став и
кој вели :„ Брачен договор не можат да склучат до полнолетство, малолетен сопружник
или иден малолетен сопружник.“17
Во поглед на ова е пропишана и формата на брачниот договор и се вели дека мора да
биде склучен во писмена форма и мора да биде заверен од страна на судија. При
склучувањето на договорот пред да биде заверен од страна на судијата, тој е должен да
им го прочита договорот и да им укаже на последиците кои произлегуваат од него,
судијата води сметка и за содржината на договорот односно дали едната страна се
наоѓа во пополовна положба од другата. Се предвидува за брачните другари да се води
посебен регистар каде што ќе се врши упис или пак да се запишуваат во матичната
книга на венчаните, додека ако се опфатени во договорот недвижности да се запишат
во регистарот за правата на недвижностите.

Б). Хрватска
Брачниот договор (pacta nuptialia ) e правно дело помѓу невестата и маженецот,
односно помеѓу брачните другари за уредување на имотноправните односи на
постоечкиот и идниот имот. Во постапката на пријавувањето на намерата за
склучување на брак, матичарот е должен да ги запознае брачните другари со
можностите за уредување на имотните односи чл.12 ст.2 ОbZ. Подучувањето од страна
на матичарот има смилса само ако тој истовремено им ги објасни правата кои што
произлегуваат од бракот во поглед на имотот, па со самото ова брачните другари да
знаат дали им одговара законскиот режим за уредување на нивните имотни интереси
или не.
Временски брачниот договор може да се склучи пред склучувањето на бракот или по
склучувањето на бракот. Кога брачниот договор се склучува пред бракот тој се
нарекува предбрачен договор, иако Хрватскиот закон не го познава овој термин.
Брачниот договор кој што се склучува пред бракот има одложено дејство од причина
што услов за да произведува правно дејство е склучувањето на бракот. Хрватското
законодаство предвидува можност да се склучува договор со кој поранешните брачни
другари сакаат да ги уредат своите односи во врска со брачната маса, но според
семејните прописи тој не се смета за брачен договор, сето ова од причина што овој
17
Чл.218 од Граѓанскиот законик на Република Србија

12
договор го склучуваат лица кои што не се наоѓаат повеќе во брак. Тие би можеле да
склучат договор за распределба на брачната маса и слично, но ова се врши според
правилата на граѓанското право.
Скучувањето на брачниот договор има свој предности: разговорот за имотните односи
потикнуваат отвореност и доверба меѓу партенерите, а фактот дека имотните односи се
договорно одредени, може да ги намали спротивностите по престанокот на бракот. Со
спогодбеното уредување на имотните односи се смалуваат високите судски трошоци,
се избегнуваат долготрајни спорови, се штити вредноста на имотот, договорното
уредување на имотните односи им овозможува на брачните другари да го заштитат
својот имот и да го заштитат и имотот во однос на наследниците кои би му
конкурирале во оствинската постапка.
Во секој случај можеме да кажеме дека брачните другари самите одлучуваат дали им
одговара законскиот имотен режим или не. Брачните другари можат само делумно да
одстапат од законскиот режим договарајќи модалитети на сопственост кои се
поразлични од оние кои се пропишани во ( Zakonom o vlasnickim odnosima I ostalim
stvarnim pravima).18
„Брачниот договор брачните другари го склучуваат по сопствена волја, со
склучувањето на брак деловната сопственост се стекнува ex lege.( чл.120 ст.1 ObZ). А
со самото тоа и малолетниот брачен другар може да склучи брачен договор.“ 19
Малолетната невеста или малолетниот младоженец кои што би сакале да склучат
предбрачен договор сеуште немаат деловна способност, освен ако не ја стекнат со
судска одлука. Од ова можеме да кажеме дека за да може да се склучи овој договор
мора да ги застапува нивниот законски застапник. Освен ако имотот е стекнат со
работа при што се применуваат општите правила за застапување на малолетник во
имотните односи.
Брачниот другар кој нема деловна способност, може да склучи брачен договор кога му
е одреден старател, со претходоно одобрување од центарот за социјална работа (чл.256
ObZ). Одобрението од центарот за социјална работа е потребно секогаш кога
старателот во име на брачниот другар, сака да оттуѓи или оптовари одреден недвижен
имот кој има поголема вредност.20

18
Ibid, стр.516
19
Mira Alincic, Dubravka Hrabar, Dijana Jakovac-Lozic,Aleksandra Korac Graovac, op.cit., стр.516
20
Ibid, стр.515.

13
Во поглед на одобрението за склучување на брачен договор ценатарот за совијална
работа спрема околностите на случајот може да одреди и да ги намени евентуално
прибавените средства и да ја надгледува нивната понатамошна употреба.

В). Бугарија
Во бугарското право правната регулатива на договорниот имотен брачен режим е
содржана во одредбите на чл.18 ал.1 т 3 и чл.37-43 СК. Договорниот имотен брачен
режим се утврдува преку склучување на брачен договор на лицата кои стапуваат во
брак, односно брачен договор може да се склучи и по склучувањето на брак.Исто така
овде можеме да кажиме дека доаѓа до напуштање на императивниот карактер на
прописите кои што ги уредуваат имотните односи на брачните другари. Во бугарското
законодатство воведувањето на институтот брачен договор се определува како значајна
карактеристика на извршените реформи во областа на семејното право на новиот
Семеен кодекс. Во областа на брачните имотни односи.21
Врз основа на ова може да се каже дека бугарското законодаство предвидува два вида
на имотни односи помеѓу брачните другари, односно имаме законски имотен режим и
имаме договорем имотен брачен режим.
Кога говориме за законскиот имотен брачен режим може да кажеме дека тој се дели на
режим на посебен (одвоен) имот на брачните другари и заеднички имот на брачните
другари.
Но како и во повеќето законодаства во светот така и во бугарското е воведен
институтот брачен договор, но и како повеќето законодаства така и законодаството на
бугарија нема дефинирање на брачниот договор.
Во Бугарската правна теорија се смета дека брачниот договор представува согласност
меѓу маж и жена, поврзана со создавањето и постоењето на брачната заедница меѓу
нив и насочено кон регулирање на имотните односи помѓу нив во време на бракот и во
случај на негов престанок.

Г). Италија

21
Екатерина Матева, ор.cit., стр.164

14
Кога станува збор за Италјанското право, можеме да кажеме дека предбрачниот
договор не е дозволен. Предбрачниот договор во Италија не се дозволува од причина
што се смета дека овој договор е спротивен на јавниот поредок, односно во смисла на
фактот дека со овој договор може да се влијае на односите помеѓу брачните другари
кои се однесуваат на некои лични одлуки, како што е разводот на бракот. Но, сепак се
дозволени договори кои што можат да се склучат за време додека трае брачната
заедница и по престанокот на бракот, брачните другари во италјанското право можат
да изберат и режим на одвоен имот. Покрај ова, брачните другари можат да се
договорат за сопственоста, управувањето, располагањето со заедничкиот имот да биде
одвоено , односно правилата кои се однесуваат на заедничкиот имот да се применуваат
само на одредени предмети од имотот.22 Брачните другари не можат да ги менуваат
одредени правила како што се еднаквоста на уделите во заедничкиот имот и правила за
поделба на имотот, тие не можат со договорот да ги менуваат правилата кои се
поврзани со децата и правото на издршка помеѓу брачните другари.
Договорот за да биде правно валиден и за да произведува правно дејство мора да се
завери на нотар или надлежен јавен службеник.23

Д). Германија
Кога станува збор за германскиот граѓански кодекс се предвидуваат два вида на
законски облик на брачни договори. Едниот од договорите кои што ги предвидува
германското законодаство е едноставна одвоеност на имотот. Кај овој договор секој
сопружник го задржува имотот кој што го имал пред бракот и кој што го стекнал за
време на бракот (D.1414 BGB).24
Покрај овој постои и режим на заеднички имот кој што опфаќа поголем дел на имотот
кој што сопружникот го имал предбракот и кој што го стекнал во текот на бракот (1415
BGB ).25Кога станува збор за двата вида на спогодба помеѓу брачните другари, мораме
да кажеме дека за да бидат правно валидни и да произведуваат правно дејство морат да
бидат заверени од страна на јавен орган, како и оние договорни одстапувања од

22
Gordana Kovacek-Stanic, Uporedno porodicno pravo,Univerzitet u Novom Sadu Pravni fakultet,Novi
Sad,2002. Стр.67.
23
Gordana Kovacek-Stanic, Porodicno pravo :partnersko, decje I staratelsko pravo. Univerzitet u Novom Sadu
Pravni fakultet centar za izdavacku delanost, Novi Sad, 2007 стр.132.
24
The German Civil Code,Revised edition,(as amended to 1 January,1992), Introductory act to the Civil Code of
August 15,1896 (Including amendments to January 1 1992), Act on Liability for Defective Products of
devember 15,1989,Translated with an introduction by Simon L.Goren,Littleton,Colorado 80127,1994,стр.245.
25
Ibid,стр.245

15
законскиот режим. Како што е прифаќање на странски систем на регулирање на
брачните имотни односи.26
Одвоениот имот на брачните другари е прилично чест, додека заедничкиот имот,
односно режимот на заеднички брачен имот е многу редок во пракса.
Така по системот на одвоен имот имотот и обврските остануваат одвоени, освен кога
сопружниците стекнуваат имот заедно во текот на бракот.
Овде не постојат ограничувања во однос на оттуѓување, оптоварување или друго
располагање со предметите на домаќинството или имотот во целина.
По режимот на заеднички имот, сопружниците се заеднички сопственици и
должници.Спогодбата за заедничкиот имот, може да предвиде дека во случај на смрт
на едниот од сопружниците, заедницата да се прошири по смртта. Одредбите кои што
го регулираат овој режим се многу комплицирани па поради тоа што со режимот на
заеднички имот ретко се среќаваме во пракса. Врз основа на ова постојат пет различни
групи добра на коишто се применува овој режим , на пример заеднички добра на
сопружниците, заеднички добра на секој од нив и специфични добра. Секој од
сопружниците е скоро неограничено одговорен за долговите на другиот, вклучувајќи
ги и оние кои што настанале пред склучувањето на бракот. Поделбата на имотот по
престанокот на бракот е многу комплицирана поради тоа што е потребно одреден имот
да се оттуѓи за да се намират заедничките долгови, а во пракса е тешко да се постигне
спогодба за тоа кој имот да се продаде и како преостанатиот имот ќе се подели помеѓу
сопружниците.
Дополнителна компликација е во тоа што секој сопружник има право да бара да му се
додели имот кој што го имал пред бракот или кој што го неследил или кој што му е
поклонет.
Брачниот имотен режим на заедничкиот имот по правило престанува со смртта, но под
одредени услови има можност да поведе судска постапка во која се бара режимот да
престане, на пример ако однесувањето на едниот од сопружниците може да предизвика
значајна имотна штета на другиот брачен другар.
Во германското законодаство е предвидено во поглед на брачниот имотен режим,
сопружниците со договорот да ги исклучат и другите барања во случај на развод на
бракот, а тоа се барање за издршка и барање поврзано со пензиските права.
Ѓ). Русија
26
26.Ibid,стр.245

16
Во Русија брачниот договор е предвиден како алтернатива за режимот на заеднички
имот на брачните другари (заеднички брачен имот), ова решение е за прв пат
предвидено во Граѓанскиот законик (кодекс) на Руската Федерација, Под влијание на
руското право, и во другите источионоевропски и средноевропски земји, членки на
поранешниот СССР воведени се можности на договарање на имотниот режим помеѓу
брачните другари.
Во членот 256 е пропишано „Имотот стекнат за време на траење на бракот е заеднички
имот, ако со договор помеѓу нив ( брачните другари ) не е воспоставен поинаков
режим на уредување на имотните односи“. Брачните договори во Русија се склучуваат
според членот 256 од 1 Јануари 1995 година. Подоцна во 1996 година брачникот
договор е конкретизиран во Семејниот законик. Предбрачните и брачните договори се
регулирани во глава 8 од законикот.27
Според руското законодаство, брачниот договор се смета за спогодба помеѓу лицата
кои што сакаат да склучат брак, односно со овој договор тие можат да ги определуваат
правата и обврските во бракот како и во случај на развод на бракот. Овој договор може
да се склучи пред бракот да биде регистриран од страна на надлежен државен орган,
но може и во текот на траењето на бракот. Во поглед на склучениот брачен договор
пред регистрацијата на бракот од страна на надлежен државен орган, брачниот договор
стапува во сила во моментот кога бракот ќе се регистрира од страна на надлежен
државен орган. Брачниот договор се склучува во писмена форма и при тоа мора да се
завери од страна на нотар. Кога станува збор за измена на брачниот договор можеме да
кажеме дека тој може да се измени со законски предвидениот законски режим на
заедничкиот имот, односно може да се одреди режим на заеднички имот или режим на
посебен имот кој што може да се применува на целиот имот, не дел од имотот или пак
на имотот на еден од брачните другари. Руското право предвидува дека со брачниот
договор може да се регулира како, постоечкиот имот така и идниот имот на брачните
другари кои што тие го стекнуваат во текот на бракот.
Брачните другари во брачниот договор можат да одредат права и обврски во поглед на
меѓусебната издршка и начинот на учество во доходот на едниот брачен другар од
страна на другиот брачен другар, потоа права и обврски во однос на, подмирување на
семејните трошоци, одредување на имот кој ќе им биде доделен на секој од брачните
другари во случај на развод на бракот, а исто така да се вклучат во брачниот договор
други одредби кои се однесуваат на имотните односи на брачните другари.“ Правата и
27
Gordana Kovacek-Stanic, Uporedno porodicno pravo,…стр 68.

17
обврските кои што се предвидени во брачниот договор можат да се ограничат со
рокови или да се зависни од настанување или ненастанување на одредени услови.
Со брачниот договор не се дозволува да се ограничува или одзема деловната
способност на брачниот другар, како и нивното право да бараат судска заштита на
своите права. Со брачниот договор не може да се регулираат лични неимотни односи
помеѓу брачните другари, како и правата и обврските на брачните другари во односите
со децата. Не може да се договараат одредби кои го ограничуваат правото на издршка
на брачниот другар кој што е неспособен за работа и е без средства за живот. Брачниот
договор не смее да содржи одредби кои го ставаат едниот од брачните другари во
крајно неповолна положба или кои се во спротивност со основните начела на семејното
право, а таквите договори по правило се ништовни.28
Брачниот договор може да се измени или раскине во секое време со спогодба на
брачните другари, а спогодбата за негова измена или раскинување се склучува во
истата форма како и самиот договор.
Кај брачниот договор едностанао раскинување не е дозволено, но предвидена е
можност едниот брачен другар да побара измена или раскин на договорот од страна на
суд, но сепак во рамките на одредбите кои што ги содржи законикот. Брачниот договор
престанува кога престанува бракот.

1.3.БРАЧНИОТ РЕЖИМ НА ИМОТОТ НА БРАЧНИТЕ ПАРТНЕРИ ВО


РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
A.DE LEGE LATA
1.3.1.ЗАКОНСКИ РЕЖИМ НА ИМОТОТ НА БРАЧНИТЕ ПАРТНЕРИ

Во правниот систем на Република Македонија брачните односи помеѓу брачните


партнери се регулираат со законот за семејството на Република Македонија.
Кога станува збор за имотот на брачните другари кој што е стекнат, мора законски
точно да е определен имотниот статус на брачните другари, односно каков е третманот
на тој имот, во поглед на основот по кој што е стекнат, врз основа на ова можеме да
кажеме дека во нашето законодаство има два модела на уредување на имотните односи
во бракот и тоа: режим на заеднички имот на брачните другари и режим на посебен
имот на брачните другари (чл.203 ЗС).29

28
Gordana Kovacevic-Stanic, op.cit., стр.132
29
Закон за Семејството, „Службен весник на Република Македонија“ бр.20/08, стр.36.

18
1.Првиот модел застапен во чиста форма е производ на патријахалниот систем, бидејќи
ја предстатува примарната улога на мажот во управувањето на заедничкиот имот.30
2.Вториот модел имотот на мажот и жената е одвоен брачните другари се титулари
секој на својот имот.31
Покрај овие два модела кои што ги предвидува нашето законодаство, во
законодаството на другите земји имаме и појава на мешовит модел на регулирање на
имотните односи во бракот.
Во нашиот закон е направено јасно разграничување на тоа што ќе представува посебен
имот а што заеднички имот (чл.203 ЗС ).
Според одредбите содржани во законот за семејство, можеме да кажеме дека брачните
другари заеднички и спогодбено управуваат и располагаат со својот заеднички имот.
Ова од причина што делот на брачните другари е неопределен, па така тие не можат
самостојно да располагаат со него ниту да го товарат со правно дело меѓу живите.
Кога брачниот другар работите што ги превзема ги надминуваат рамките на редовното
управување со него, брачниот другар не може да ги превзема самостојно без притоа да
ја има согласноста на другиот брачен другар, која треба да биде изразена во форма која
се бара согласно за соодветното правно дело.
Исто така во законот за семејството е оставена можност и брачните другари да се
договорат во поглед на располагањето и управувањето на заедничкиот имот тоа да го
прави едниот од брачните другари, а тоа може да се однесува за дел или за
целокупниот имот. Во законот се предвидени неколку можности: Брачните другари во
договорот можат да определат тоа да се однесува на сите работи во рамките на
управувањето и располагањето со имотот, или потесно само на точно определени
работи.
Законот ги предвидува и регулира сите прашања што може да се јават во поглед на
заедничкиот имот на брачните другари сепак имаме ситуации во кои брачните другари
не можат да се спогодат за одделна работа во поглед на управувањето со заедничкиот
имот, а исто така и не сакаат да го поделат имотот, во овој случај во вонпроцесна
постапка судот ќе донесе одлука со која ќе определи посебни мерки за управување со
имотот.
Во законот за семејството е регулирана и делбата на заедничкиот имот, односно во
законот им е оставена можност на брачните другари имотот кој што го имаат да го

30
Љиљана Спиривиќ-Трпеноска, op.cit.,стр.239.
31
Ibid, стр.239

19
поделат за време додека трае бракот или по престанокот на бракот, имотот може да го
поделат спогодбено и ако така не можат да се договорат, може да побараат судот да го
стори тоа. Судот при делбата на имотот, односно при утврдување на деловите на
имотот го дели на еднакви делови помеѓу брачните другари. Од ова правило има
исклучок, во самата судска постапка на еден од брачните другари судот може да му
определи поголем дел од имотот ако докаже дека неговиот придонес во зголемувањето
на имотот е поголем, од придонесот на другиот брачен другар.
На оној брачен другар на кој што и децата ќе му бидат доверни на чување, му се
определуваат од страна на судот оние предмети кои им се потребни на децата а во
одредени случаи и имот кој што ќе им биде потребен.

1.3.2.ДОГОВОРЕН РЕЖИМ НА ИМОТОТ НА БРАЧНИТЕ ДРУГАРИ

Кога се говори за договорниот режим, може да се каже дека во се поголем број на


држави правно го уредуваат во своите законодаства. Нашето законодаство не го
предвидува брачниот договор, односно правно не го уредува.
Имотните односи меѓу брачните другари се регулирани во законот за сопственост и
други стварни права(чл.66 ) од овој закон се вели: „Имотот на брачните другари може
да биде заеднички и посебен.“32Во законот за сопственост и други ствари права не
содржи одредби со кои се уредува брачниот договор.
Исто така законот за семејството на Република Македонија не содржи одредби кои се
однесуваат на брачниот договор, предвиден е само законскиот имотен брачен режим.
Од сето ова можеме да кажеме дека нашето законодаство го познава и уредува само
законскиот брачен имотен режим, а договорниот имотен режим не е предвиден и не е
законски уреден сеуште во Република Македонија.

Б.DE LEGE FERENDA

Имотните односи во нашето право помеѓу брачните другари можат да се уредуваат


само врз основа на законските одредби од законот за сопственост и други стварни
права и законот за семејството.Од ова можеме да забележиме дека во нашиот превен
систем се применува само законскиот брачен имотен режим, односно деко во законот
за сопственост на Република Македонија не е уреден брачниот договор.
32
Закон за сопственост и други стварни права, стр.14-15.

20
Брачниот договор како правен институт е предвиден и застапен во сите современи
законодаства, со самото тоа и нашето законодаство во најскус период треба да го
предвиди и уреди со што ќе го приближиме нашето законодаство до опшественото
друштво.
Брачниот договор во нашето законодаство е присутен во практиката врз основа на
начелото на слободно уредување на облигационите односи, кое е пропишано во (чл.3)
од Законот за облигациони односи.33
Од ова може да се забележи дека во нашето законодаство постои правна празнина што
во најкус рок истата треба да биде пополнета, а тоа значи дека македонскиот
законодавец во наредната реформа на семејното законодаство да го предвиди овој
договор во нашиот правен систем. Имајќи ги предвид решенијата во споредбеното
право, како и поставеноста и улогата на нотаријатот во нашиот правен систем, сметаме
дека е најцелисходно нотарите да бидат надлежни за заверка на брачните договори.
Исто така тие би можеле да составуваат брачни договори во форма на нотарски
акт.Брачниот договор во нашиот систем би можел да се склучува како пред
стапувањето во брак, така и по склучувањето на бракот. Со брачниот договор ќе може
да се измени законскиот режим на заедничкиот имот, тој може да се однесува на
постојниот и на идниот имот кој ќе го стекнат брачните другари. Според примерот на
руското право, брачните другари во договорот би можеле да ги одредат правата и
обврските во меѓусебното издржување, користењето на приходите на едниот брачен
другар од страна на другиот, намирувањето на трошоците за семејниот живот, како и
определувањето на имотот што ќе му припадне на секој од брачните другари во случај
на развод на брак. Со брачниот договор не можат да се изменат императивните
законски норми кои се однесуваат на правото на издршка, обврската за намирување на
трошоците на семејниот живот, обврските на родителите во однос на децата и сл.34
Со овој договор не само што се скратува и постапката за развод со тоа што брачните
другари треба само да се разведат додека прашањето за имотот е претходно
регулирано, туку со него се избегнува и малтретирањето на децата од судските
постапки и од тензијата која што се јавува кај брачните другари.
Во прилог на брачниот договор е и самиот факт дека во последните децении се менува
и самата суштина, природа и значење на бракот, при тоа што во преден план доаѓаат
индивидуалните интереси и потреби на брачните другари, а не стабилноста на

33
Кирил Чавдар, закон за Облигационите односи, „Академик“-Скопје, Скопје,2011, стр.18
34
Види Гордана Ковачек Станиќ, op., cit., стр 68

21
брачната врска. Освен тоа во сите земји имаме зголемување на бројот на развод на
бракови, на вонбрачни како и на монородителските семејства и рекомпонирани
семејства.
Од сето ова можеме да видиме и заклучиме дека и во нашето законодаство имаме
потреба од воведување на брачниот договор, со тоа не само што ќе се приближиме до
современите европски законодаства туку и со самата можност да се склучи брачен
договор доаѓаат и до израз индивидуалната волја и потребите на брачните другари.

2. ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА НА БРАКОТ
2.1 ПОИМ ЗА РАЗВОД НА БРАК

Во законодавната и во научната мисла не постои општо прифатена дефиниција за


поимот развод на брак. Според одредени автори, разводот претставува можност за
раскинување на бракот кој е полноважно склучен за време на животот на брачните
другари, по нивно барање.35
Милан Почува забележува дека „ за разлика од смртта како природен начин на
престанок на бракот, разводот на бракот претставува правен начин на престанок на
бракот од причина што бракот престанува врз основа на одлука на надлежен орган
(суд) по спроведената постапка пропишана со закон.“36
За Методи Марков, правото на развод е субјективно право, кое е лично и ненаследливо
и важи за секој од брачните партнери во случај на присуство на длабоко и
непоправливо нарушување на бракот. Бракот се разведува само по судски пат, со тужба
од едниот или со молба од двата брачни партнери.37
Разводот „ како начин на престанок на бракот по судски пат“ , според Екатерина
Матеева укажува на две категории на законски норми кои се различни по своите
карактеристики: материјалноправни и процесноправни. Така, со материјалноправните
норми се дефинира разводот на брак како еден начин на престанок на бракот, како и
причините и последиците од разводот. Со процесноправните норми се определува дека
бракот не може да престане вонсудски, туку само во определена постапка и форма.38

35
Повеќе види кај Mira Alincic, Dubravka Hrabar, Dijana Jakovac-Lozic, Aleksandra Korac-Graovac,
Objitelsko pravo,III izmijenjeno I dupunjeno ,Narodne novine, Zagreb,2007,стр 78.
36
За ова повеќе кај Milan Pocuca, Porodicno pravo, Pravni fakultet za privredu I pravosudze, Novi sad, 2010,
стр.109.
37
Види повеќе кај Медоди Марков, семејно и наследствено право , 2009. Стр.68
38
Види повеќе кај Екатеерина Матева Семејно право на Р.Бугарија,Софија,2010, стр.212

22
За да се дојде до комплетна дефиниција за разводот, професорот Дејан Мицковиќ
укажува на уште еден значаен елемент што го карактеризира законското регулирање на
престанокот на бракот, а тоа е регулирањето на последиците од разводот на бракот.
Според тоа, разводот на бракот може да се определи како „ престанок на полноважен
брак за време на животот на брачните другари, со одлука на надлежен државен орган,
при што причините, постапката и последиците од разводот се законски регулирани.“39
Во нашето семејно право: разводот на бракот претставува начин на престанок на
полноважен брак за време на живот на брачните партнери со одлука на судот, доколку
се исполнети причините утврдени со закон.40 Тоа е најчест начин за престанок на
бракот поради нарушување на брачните односи, чие постоење претставува основа на
бракот како дијалектичко единство на мажот и жената.

2.2 РАЗВОД НА БРАКОТ ВО ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ

Сите европски законодаства го познаваат разводот на бракот како начин на престанок


на полноважен брак. Иако за членките на Европската унија постои обврска за
хармонизација и создавање заедничко право и во областа на семејното право,
разликите во правното регулирање во однос на разводот на бракот е и понатаму
присутна. Заедничко за сите законодаства е тоа што го напуштаат принципот на вина
како единствена причина за развод на бракот и неместо него се воведува мешовит
систем и систем на развод на бракот како правен лек.

А). ФРАНЦИЈА
Во 1975 година во Франција биле донесени нови правила со бракоразводен режим. Во
француското семејно право бил прифатен мешовит систем на развод на брак. Со
новите правила се извршила либерализација на правото на развод, пристапот до развод
станал полесен и сопружниците имале право на слободен избор меѓу помеѓу еден од
повеќето видови развод.
Современото фанцуско законодаство познава четири видови на развод, и тоа: развод
врз основа на согласност, врз основа на спогодба, развод поради нарушени брачни
односи и развод врз основа на вина.

39
Дејан Мицковиќ, Причини за развод на брак во земјите на Европската унија, магистерски труд,
( необјавен) , Скопје, 1997 година, стр.5
40
За ова види повеќе кај Горднана Ковачек Станич, Упоредно породично право, Нови Сад, 2002,стр.95.

23
Разводот со заедничка согласност може да се разведе кога двајцата сопружници заедно
ќе поднесат барање до судот, во кое ја изразуваат слободната волја и договор со кој се
регулираат последиците од разводот на бракот. Законот забранува вакво барање за
развод во првите шест месеци од склучувањето на бракот со цел да се спречи
донесувањето на избрзана одлука за развод.41 Друга форма на развод на брак со
заедничка согласност е разводот по барање на едниот брачен другар , што го прифаќа
другиот.Услов за развод на брак според овој основ е согласноста на брачните партнери.
Со пресудата, судот ги уредува последиците од разводот на бракот. 42Овој вид на развод
е прифатен само во француското право.
Разводот поради престанување на заедничкиот живот има објективен карактер и
овозможува да престане бракот кој ја изгубил функцијата. Брачните партнери може да
се разведат поради фактичкото престанување на бракот, ако постои de facto сепарација
помеѓу нив повеќе од 6 години. Тешка душевна болест на едниот сопружник може да
биде основа за развод на бракот, која траела 6 години.
Во француското семејно право се задржува вината како причина за развод на бракот.За
да може да се бара развод на брак поради вина потребно е да бидат исполнети три
општи услови: потребно е едниот сопружник да ги прекршил обврските што
произлегуваат од бракот,ваквата последица да е тешка или да се повторува повеќе
пати, како последица на тоа заедничкиот живот да станал неподнослив43.
Со прифаќањето на плуралистичкиот систем на развод на брак во Франција, на
брачните партнери им се олеснува разводот на бракот.

Б). ГЕРМАНИЈА
Германското законодаство познава само една причина за развод на бракот, а тоа е
неуспех на бракот. Бракот се сметал за неуспешен доколку заедничкиот живот не
брачните партнери престанал повеќе од една година и доколку не може да се очекува
тие повторно да живеат заедно.
Во германското семејно право се предвидува можноста за развод на бракот со
заедничка согласност, но под услов брачните партнери да имаат постигнато спогодба
во поглед на чувањето и издршката на малолетните деца, издршката на поранешниот

41
Повеќе кај Дејан Мицковиќ, разводот во Франција, стр.255
42
Ibid, стр.258
43
Повеќе кај Дејан Мицковиќ, разводот во Франција, стр.261

24
брачен партнер, поделбата на брачниот имот и пензија, одржувањето на контакт со
децата.44
Со законската форма од 1976 година, Германија го напушта мешовитиот систем и го
прифаќа монокаузалниот систем на развод на брак како неопходно да се стави крај на
нарушените брачни односи и даде можност партнерите слободно и непречено да
уредуваат легални односи со друг партнер и продолжуват да живеат во семејна
заедница.
В). ИТАЛИЈА
Во современото италјанско право , како единствена причина за развод на бракот е
неуспехот на бракот. Така, бракот може да се разведе доколку помеѓу брачните
партнери веќе не постои духовна и материјална заедница и доколку таа не може
повторно да биде воспоставена.45Ќе се смета таков услов дека е исполнет во случаевите
кога брачните партнери живеат одвоен живот повеќе од три години, ако едниот брачен
другар е осуден за тешко кривично дело, ако постои странска судска одлука за
поништување или развод на бракот. Според наведеното, италјанскиот бракоразводен
режим припаѓа на системот за развод на брак како правен лек.

Г). БУГАРИЈА
Во бугарскиот Семеен Кодекс се утврдени две основи за развод на бракот, и тоа:
развод поради неповратно нарушување на бракот и развод со заемна согласност на
брачните партнери. Имено, секој од брачните партнери има право да поднеси барање за
развод поради сериозно и трајно нарушување на брачните односи. 46 Судот не одлучува
по прашањето за вината кога сопружниците тоа ќе го побараат и достават до судот
нивна согласност за чувањето на децата, нивната издршка и одржувањето на
контактите , како и поделбата на имотот, користењето на брачниот дом и користењето
на семејното име.
Кога постои сериозна согласност меѓу брачните партнери во врска со одлуката за
развод на бракот, судот ќе го дозволи разводот без да навлегува во мотивите за
разводот на бракот.47При спогодбен развод на бракот, кога спогодбата не е постигната
или не е во согласност со интересите на децата, судот поставува рок во кој овие

44
Слободан И.Панов,op.cit.стр.126
45
Повеќе кај Marija Draskic,op. cit. стр.140
46
Види чл.99 Семеен Кодекс, в сила от 01.10.2009 г.
47
Методи Марков,op.cit. стр.76

25
недостатоци треба да се исправат. Ако недостатоците не се исправат во дадениот рок,
се смета дека предлогот за спогодбен развод е повлечен.

Д). ШВАЈЦАРИЈА
Швајцарскиот граѓански закон се темели на солидарноста по разводот на бракот,
раздвојување на родителските и брачните улоги, заштитата на најдобриот интерес на
децата и правото на детето да биде сослушано пред судот. Овие промени се во насока
на полесно и похумано раздвојување на брачните партнери со грижа за интересите на
децата и нивниот правилен развој.

Ѓ). ХРВАТСКА
Со промените во републичкото семејно законодаство , во 1978 година бил донесен
Закон за бракот и семејните односи, во кој бил напуштен принципот на вина на
брачниот другар.
Со овие реформи било озаконето правото на развод со заедничка согласност на
брачните партнери, а се предвидувало и спроведување на посебна постапка за мирење
односно посредување пред постапката за равод на бракот.48
Позитивните прописи во Хрватска што се во сила ја имаат прифатено плуралистичката
концепција за развод на бракот.
Во законот се предвидени три основи за развод: 1.тешко и трајно нарушување на
брачните односи;2. Одвоен живот во траење од една година;3. Заедничка согласност на
брачните партнери за развод на бракот.49
Според хрватскиот Закон за семејство, посебно влијание се посветува на потребата од
медијација пред разводот на бракот. Доколку брачните партнери имаат заеднички деца,
медијацијата е задолжителна, со цел да се заштитат интересите во целост и да се
одбегнат евентуалните трауми и други последици.50

Е). СРБИЈА

Српското семејно право институтот развод на брак го познава уште пред Втората
светска војна.Разводот на брак во тој период бил уреден со Српскиот Граѓански

48
Ibid,стр.81-82
49
Чл.42 Obiteljski zakon br. 116/03,17/04, 136/04,107/07,57/11, 61/11.
50
Љиљана Спировиќ-Трпеновска, Дејан Мицковиќ, Ангел Ристов, Семејно право .., стр.156

26
законик, правилата на Српската православна црква, како и унгарското законодавство
кое важело на територијата на Војводина.
Позитивното семејно право во Србија предвидува три причини за развод на бракот, и
тоа: 1.нарушување на брачните односи; 2.навозможност на остварување на целта на
бракот поради други причини и 3. Развод на бракот со заедничка согласност на
брачните партнери.51
Во Законот за семејството на Република Србиа внесени се повеќе новини со цел да се
доближи законодаството на Србија со законодавствата на Европските земји. Така,
разводот на бракот со заемна согласност на брачните другари е либерализиран,
особено кога брачните партнери немаат малолетни деца. Во случај кога имаат
малолетни деца потребно е да се постигне согласност за чувањето и издржувањето на
децата, одржувањето на контактите со нив по самиот развод на брак. Новина во
српското законодаство е тоа што кон предлогот за спогодбен развод на бракот
брачните партенри поднесуваат и спогодба за делбата на заедничкиот имот.како
алтернативен механизам за мирно решавање на бракоразводните спорови.
Српскиот Закон за семејство нуди можност за диспозитивно уредување на имотните
односи на брачните партнери преку склучување на брачен договор. Овој договор се
склучува во писмена форма и се заверува во суд.52
Од наведените реформи може да се забележи дека се регулирани последиците од
разводот на бракот со воведувањето на брачен договор, прашањето за заедничкиот и
посебниот имот, а во спогодбениот предлог за развод на бракот брачните партнери се
спогодуваат за вршењето на родителското право и делбата на заедничкиот имот.

2.3 РАЗВОД НА БРАКОТ ВО МАКЕДОНСКОТО ЗАКОНОДАВСТВО

Историјата на македонското право покажува неколку етапи во развојот на брачното


право. Во 1946 година бил донесен Основниот закон за брак во рамките на Авнојска
Југославија, кој воведува мешовит бракоразводен режим чија карактеристика е
еднаквоста на половите и недискриминацијата. Со уставните промени и донесувањето
на Законот за брак во СРМ во 1973 година , бракот може да се разведе со заемна
согласност на брачните другари.53

51
Љиљана Спировиќ-Трпеновска, Дејан Мицковиќ, Ангел Ристов, Семејно право .., стр.156
52
Кирил Чавдар, Цветанка Сиљаноска-Костадиновска,op.cit...стр.135
53
Љиљана Спировиќ-Трпеновска, Семејно право .., стр.132

27
По осамостојувањето на Република Македонија, брачното право се темели на Уставот
на Република Македонија од 1991 година, каде во член 40 е предвидено дека
Републиката му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството, а правните
односи во бракот, семејството се уредуваат со закон. Семејните и брачните односи се
уредени со Законот за семејство донесен во 1992 година. Законот за семејтвото ги
предвидува како причини за развод: заедничката согласност на партнерите, ако
согласноста ја донеле слободно, сериозно и непоколебливо; ако брачните односи се до
таа мера нарушени што заедничкиот живот станал неподнослив и ако брачната
заедница фактички престанала подолго од една година.54
Разводот на бракот со заемна согласност на брачните партнери ја изразуваат со
поднесување на предлог за развод на бракот со заемна согласност до надлежниот суд.
Во предлогот не се изнесуваат причините поради кои се предлага развод на бракот.
Судот не е овластен да се впушта во утврдувањето на причините. Доколку брачните
партнери имаат малолетни деца судот е должен да прибави мислење од Центарот за
социјални работи кое е задолжително.
И покрај тоа што предлогот за спогодбен развод на брак претставува договор на
сопружниците за развод на бракот, начинот на вршењето на родителските права и
обврски и издржувањето и воспитувањето на децата, законот не предвидува во
спогодбата да бидат уредени и имотно-правните односи на брачните партнери. Притоа,
тие ќе се разведат спогодбено но останува нерешено прашањето околу имотно-
правните односи и со кое се останува на водењето на парничната постапка која може
да трае со години, што означува дополнителни трошоци, конфликти, и негативно
влијае врз развојот на нивните деца.
Во таа смисла по примерот на решенијата на споредбеното право, сметаме дека е
потребно при развод на бракот со заемна согласност да се предвиди како услов
постигнувањето на согласност за делба на заедничкиот имот, исто така пожелно би
било со цел да се растовари судот од неспорни предмети, да се предвиди и можноста
брачните партнери кои немаат заеднички деца со заемна согласност да се разведат пред
нотар.
Имајќи го во предвид и самиот факт што две децении Законот за семејство нема
претрпено позначајни измени, меѓу другото и во разводот на бракот, потребно е
законодавецот во идните измени на Законот за семејство да се направат измени во тој
правец.
54
Види чл. 39-41 од Законот за семејство

28
Втора причина за развод на бракот, предвидена во чл.40 од Законот за семејтво, е по
барање на еден од брачните другари ако брачните односи се до таа мера нарушени што
заедничкиот живот станал неподнослив. Причините можат да бидат најразлични, од
емоционален, социо-економски, финансиски или психолошки карактер. Со оглед на
тоа дека причините може да бидат бројни и нивното набројување да биде непотполно,
па затоа законодавецот не пристапил кон нивно поединечно набројување. Во нашето
законодаство доволно е да се докаже дека брачните односи се сериозно нарушени и
дека објективно не може да се оствари заеднички живот. Во тој случај на барање на
еден од сопружниците бракот може да се разведе, без оглед на тоа што другиот
сопружник се противи на разводот.55
Од наведените причини, во домашното законодаство е уредено дека судот само ги цени
околностите поажајќи од општо прифатените стандарди во меѓучовечките односи во
средината во која живееле.56 Судот слободно по свое убедување цени дали се
исполнети условите за развод на бракот по овај основ.Секој од брачните другари има
право да поднесе тужба за развод на бракот, без оглед дали токму тој е виновен за
нарушувањето на брачните односи.
Со ваквото регулирање на оваа причина за развод на бракот, се потврдува современата
дефиниција на бракот, кој опстојува се додека брачните другари во заедницата ги
остваруваат своите интереси, семејството, како и пошироките интереси на опшеството.
Трета причина за равод на бракот е фактичкото престанување на брачната заедница во
траење подолго од една година. Секој од брачните другари може да поднесе тужба за
развод по овој основ. Во законот не се определува причината и вината за
прекинувањето на брачната заедница поради напуштање на граѓанскоправната вина
како елемент за развод на бракот, па судот само ги утврдува фактите дали брачната
заедница била прекината и дали тој прекин траел подолго од една година. 57Како прекин
на брачната заедница нема да се смета лекување или стручно усовршување во
странство, односно ако одвоеноста на брачните другари е по вина на заедничка
согласност.58
Прекинување на брачната заедница има кога партнерите се просторно разделени и по
правило не комуницираат помеѓу себе, но брачната заедница може да биде прекината и

55
Кирил Чавдар,Цветанка Сиљаноска-Костадиновска, op.cit. стр.138
56
Љиљана Спировиќ-Трпеновска, Дејан Мицковиќ, Ангел Ристов, Семејно право .., стр.141
57
Љиљана Спировиќ-Трпеновска, Семејно право .., стр.133
58
Ibid, стр.134

29
кога продолжуваат брачните партнери да живеат во заеднички простор, но немаат
телесни контакти, ниту финансиска и животна заедница.59

3.ВОНБРАЧНА И ИСТОПОЛНА ЗАЕДНИЦА


3.1.1.ПРАВНО УРЕДУВАЊЕ НА ВОНБРАЧНАТА ЗАЕДНИЦА ВО
ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ

А).ШВЕДСКА
Во споредбеното право се присутни два вида на вонбрачни заедници на маж и жена -
регистрирани и нерегистрирани. Прво законодавство, на просторите на Европа по
Шведска, кое ја предвиде вонбрачната заедница (конкубинатот) како основа за
законско наследување беше Законот за наследување на поранешната САП Косово од
1974 година. Притоа, за да може преживеаниот вонбрачен другар да се јави како
наследник, требаше да бидат исполнети четири услови: 1) вонбрачната заедница на
маж и жена да ги имала сите видливи особини на брачната заедница; 2) вонбрачната
заедница да постоела до моментот на смртта на едно од лицата кои живееле во неа; 3)
да траела најмалку 15 години, а ако имало деца тогаш најмалку 5 години и 4) во
моментот на смртта на оставителот, ниту тој, ниту другото лице не се наоѓале во брак
со трето лице, односно оставителот кој се наоѓал во брак со трето лице поднел тужба за
развод на брак или поништување на бракот, а после неговата смрт се утврди дека
тужбата е основана.60 На тој начин на вонбрачното семејство му се дава исто значење
како и на брачното семејство.
Б). СЛОВЕНИЈА

Ваквиот исклучителен пример, за тогашни услови, мошне брзо го прифати и Законот за


наследување на СР Словенија од 1976 година (Ur. List SRS 15-645/1976), кој и денес е
сеуште во важност. Имено, во овој закон, во одредбата од членот 10 став 2,
вонбрачната заедница е предвидена како основ за законско наследување. Така, за да
може две лица-маж и жена, кои живееат во вонбрачна заедница меѓусебно да се
наследуваат е потребно нивната заедница да траела долго време и да не постојат

59
Ibidem
60
Види повеќе кај: Borislav T. Blagojević, NASLEDNO PRAVO u Jugoslaviji prava republika i pokraina,
"Savremena administracija", Beograd, str.93; Dr Slavko Marković, NASLEDNO PRAVO U JUGOSLAVIJI,
Savremena administracija, Beograd, 1978, str. 118-119; Nikola Gavella, Nasljedno pravo, Informator, Zagreb,
1986, стр. 121-122.

30
причини поради кои брачната врска помеѓу нив би била ништовна. Тоа значи дека
лицата кои живеаат во вонбрачна заедница заемно се наследуваат, по основ на
нејзиното постоење и времетраење. Притоа, законодавецот не го употребува терминот
„вонбрачна“, туку „животна заедница“ на маж и жена во која живееле подолго време.
Овие лица добиваат иста положба со брачните другари во првиот и вториот наследен
ред. Во таа насока се и поновите одредби од семејното право (Zakon o zvezi in
družinskih razmerjih, 1998) според кои вонбрачната заедница на мажот и жената има
„...еднакви правни последици како да склучиле брак, ако немало причини поради кои
бракот помеѓу нив не би бил полноважен.“

В). ФРАНЦИЈА
Во француското право подолго време само се дефинирале конститутивните елементи
на конкубинатот, без тој да се дефинира. Ова определување се менува со донесувањето
на Законот за Пактот за граѓанска солидарност (Pacte civil de solidarité - PACS) со кој се
признава и конкубинатот помеѓу хомосексуалци. Во теоријата се истакнува дека
конкубинатот претпоставува: 1) постоење на сексуални односи; 2) заедница на живот;
3) стабилност и трајност во односите и 4) отсуство на различност на половите. Притоа,
француското право го познава и конкубинатот без кохабитација. Имено, како може да
постои брак без кохабитација, така постои и конкубинат без кохабитација.

Г). ХРВАТСКА
Новото хрватско наследно право, со донесувањето на Законот за наследување од 2003
година (NN 48/03) ја признава вобрачната заедница како основ за законско
наследување.61 Со тоа хрватското наследно право вобрачниот другар го изедначува во
целост со брачниот другар, за односите inter vivos и mortis causa. Согласно Законот за
наследувањето, за вонбрачна заедница се смета заедницата на живот на неомажена
жена и неоженет маж која траела долго време, а престанала со смртта на оставителот,
под услов да биле исполнети претпоставките за полноважност на бракот (чл. 8 ст. 2).
Тоа значи дека доколку постојат брачни пречки или пак заедницата не постоела во
моментот на смртта на оставителот вонбрачниот партнер нема да има право на
наследување.

61
Поопширно види кај: Petar Klarić, Martin Vedriš, GRAĐANSKO PRAVO, Opći dio, stvarno pravo, obvezno
i nasljedno pravo, X izdanje, Narodne Novine, Zagreb, 2006, str. 721-723.

31
Законот за наследување не го определува времето на траење на вонбрачната заедница.
Сепак судската пракса се користи аналогно со одредбите од Семејниот законик чл. 3 во
кој е предвидено: „Одредбите од овој законик за последиците на вонбрачната заедница
се применува на животна заедница на немажена и неоженет маж кои не живеат во
друга вонбрачна заедница, која трае најмалку три години или пократко ако во неа е
родено заедничко дете.“

Д). ЦРНА ГОРА


Новиот Закон за наследување на Црна Гора ("Sluzbeni list CG", 74/08), исто така ја
предвидува вонбрачната врска како основ за законско наследување. Притоа, статусот
на вобрачниот другар го изедначува со брачниот, доколку животната заедница на жена
и маж траела долго време и во која немало пречки за склучување полноважен брак, а
која престанала со смртта на оставителот (чл. 9, ст. 2 и 3).
Во српското право,и покрај тоа што со новиот Устав вонбрачната заедница е
установена како уставна категорија и е изеднацена со бракот, а со Семејниот закон
вонбрачните партнери во потполност се изедначени со сопружниците, ,,во наследно-
правната сфера таа се уште преставува факт кој нема никакви влијанија на законско
наследување.

Ѓ). КОСОВО
Новиот косовски Закон за наследување од 2004 година, слично како и претходниот
закон, со мали измени, го уредува наследно-правниот статус на вонбрачните партнери.
Притоа, законодавецот предвидува дека, согласно законот, оставителот го наследува и
вонбрачниот партнер, кој се изеднацува со брачниот партнер.
Вонбрачната заедница се определува како животна заедница на неомажена жена и
неоженет маж која траела долго време и престанала со смрт на оставителот, под услов
да се исполнети претпоставките за полноважност на бракот.

3.1.2. ВОНБРАЧНА ЗАЕДНИЦА НА ЛИЦА ОД ИСТ ПОЛ

Заедниците на лица од ист пол, како појава во општествениот живот, исто така го
пратат човештвото од неговото настанување па до денес. Според историските
податоци, во грчките полиси на Античка Грција здружувањето на двајца возрасни

32
мажи се сметало за нормален начин на живеење помеѓу слободните граѓани. 62 Подоцна,
оваа појава била позната и практикувана и во Римската империја. Меѓутоа,
позитивниот став кон хомосексуалноста се менува со појавата на христијанството, кое
ваквата појава ја сметало за грев. Тоа е особено изразено во периодот на
средновековието, кога во одредени периоди се воведува и смртна казна за
хомосексуалците. Но, и ваквите мерки не придонесуваат за нејзиното искоренување,
посебно во времето на ренесансата општествениот однос кон заедниците на лица од
ист пол станува полиберален. Во буржоаскиот период и периодот кој следи се
засилуваат конзервативните влијанија во поглед на семејството, сексот, како и
хомосексуалните заедници. Негативните сфаќања кон оваа појава кулминираат во
Германија, во времето пред Втората светска војна, кога голем број хомосексуалци биле
убивани, прогонувани и сместувани во логори од страна на нацистичкиот режим.
Ставот кон хомосексулноста, значајно не се применува ниту во периодот кој следи
после Втората светска војна.
Сепак, како резултат на се почестите барања и залагања на лицата кои припаѓаат на
истополните заедници, почнувајќи од 90-те години на минатиот век, нивната положба
значително се менува и подобрува. Под изговор за остварување на едно од основните
човекови права и слободи, на еднаквост и недискриминација, во поголем број на
држави во Европа и пошироко во светот започнува признавањето на првата на
хомосексуалните заедници, меѓу другото и на наследните права. Во оваа насока
предничат скандинавските држави, познати по своите либерални ставови по однос
бракот, семејството и вонбрачните заедници од ист пол. Сепак и во однос на самите
држави кои ги уредуваат правата на хомосексуалните заедници постојат разлики.
Данска е прва држава која во 1989 година (З. бр. 372, 6/89) ги озакони и призна
заедниците на лица од ист пол т.н. „регистрирани партнерства“ (registered partnership)
на геј и лезбејските парови со што им се признаа одредени имотни права - правото на
издршка, заеднички имот и правот на заемно помагање, но и правото на законско
наследување. Со што овие заедници во голема мера се доближија до хетеросексуалните
брачни заедници. Набргу потоа, овој современ тренд во општествата го следат и други
држави. Така, Норвешка донесува закон за регистрираните партнерства во 1993 година
(З. бр. 40, 4/93), а после неа ваква законска регулатива донесуваат Шведска во 1995
година (З. бр.1117, 23.6/95), Исланд во 1996 година (З. бр. 87/96), Холандија во 1997
година (З. 5.6.1997) и Белгија во 1998 година (З. бр. 23/98).
62

33
Во Германија во 2001 година со Законот за регистрираното животно партнерство е
уредена заедницата на лицата од ист пол. Како основни услови за правно признавање
на регистрираното животно партнерство се: 1) постоење на заедница на лица од ист
пол; 2) заемна и лична изјава пред надлежен орган (матичар, нотар и др.) - без услови и
ограничувања 3) уредување на имотниот режим. Германскиот законодавец и во однос
на овие заедници предвидува одредени законски пречки. Во таа смисла, регистрацијата
на животното партнерство не е дозволено помеѓу: малолетници, крвни сродници во
права линија, браќа и сестри, како и на лица кои се во брак или пак се во друга форма
на животна заедница. На партнерите им е признато да изберат заедничко презиме,
живеалиште, договарање на режимот на заедничкиот имот, правото на меѓусебно
издржување, одговорност за обврските од заедничкиот живот, но и правото на
родителска одговорност. Од аспект на наследното право, значајно е да се истакне дека
партнерите се предвидени и за законски наследници во рамките на првиот и вториот
наследен ред. Имено, после смртта на партнерот, надживеаниот партнер наследува 1/4
од оставината во конкуренција со крвните роднидни во прв степен на сродство, додека
1/2 наследува во конкуренција со роднини во втор степен на сродство во директна и
странична линија. Регистрираното животно партнерство може да престане со одлука на
суд спогодбено или со еднострана изјава на еден од партнерите.
Во 2005 година, и покрај силното противење на Католичката црква што
резултираше и со масовни демонстрации, Шпанија донесе регулатива со која лицата од
ист пол можат да склучат брак помеѓу себе. Со тоа шпанското законодавство потполно
ги изедначи хетеросексуалните и хомосексуалните бракови. Во таа смисла се
подразбираат и наследните права како и правото на посвојување.
Норвешка е четвртата држава која во 2008 година дозволи склучување на брак помеѓу
лица од ист пол. Покрај ова, новата законска регулатива предвидува дека на брачните
парови од ист пол им е дозволено право на посвојување на деца, како и правото на
вештачката инсеменација на лезбејките.
Петтата европска држава која во 2009 година го прифати склучувањето на брак помеѓу
хомосексуалци е Шведска. Португалија е шестата држава во Европа која во 2010
година го дозволи склучувањето на брак на лица од ист пол. Овие брачни парови ги
уживаат сите права како и хетеросексуалните брачни парови, со таа разлика што на нив
не им е дозволено правото да посвојуваат деца.
Белгија е втората држава која во 2003 година го дозволи склучувањето на бракови
помеѓу партнерите од ист пол изедначувајќи го нивниот правен статус со брачните

34
партнери од хетеросексуалните бракови, се разбира вклучувајќи ги и наследните права.
Претходно, во 1998 година за заедниците од ист пол беше уредено регистрираното
партнерство. И покрај тоа што во почетокот на браковите од ист пол (гејови и лезбејки)
не им беше признато правото на посвојување на деца, не помина многу долго време
кога во 2006 година белгискиот Парламент го предвиде и ова право.

3.2. ПРАВНО УРЕДУВАЊЕ НА ВОНБРАЧНАТА И ИСТОПОЛНА ЗАЕДНОЦА


ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Вонбрачната заедница на маж и жена во македонското законодавство за прв пат е


уредена со Законот за семејството63 од 1992 година. Иако малку задоцнето, според
домашната правна наука, правното уредување на статусот на вонбрачната заедница
претставува една од позначајните новини воведени во тогаш новото македонско
семејно право. Впрочем, нејзиното легализирање претставува една од придобивките на
современите општествени тенденции, која следи како логичка последица после
озаконувањето и изедначувањето на статусот на вонбрачните деца со брачните.
Во претходниот период, вонбрачната заедница била исклучена од законското
регулирање. Меѓутоа во судската практика биле присутни ретки случаи кога на
вонбрачните другари им се признавале и одредени имотни права. 64 Што се однесува
пак до ставот на општеството кон оваа појава, тој се менувал во зависност од развојот
на општествените односи, но воглавно бил негативен.
Што се однесува до бројот на вонбрачни заедници во македонското општество, сеуште
нема званични податоци. Меѓутоа, во однос на скандинавските држави и другите
држави во Европа, бројот на вонбрачни заедници во Македонија е значително мал, што
се должи на патријархалните традиции во нашето општество. Ова стојалиште го
потврдува малиот број на деца родени вон брак.
Во Законот за сопственост и други стварни права во делот со кој се уредува
стекнувањето имот во вонбрачна заедница, е предвидено дека имотот кој вонбрачните
другари ќе го стекнат во вонбрачна заедница се смета за нивен заеднички имот (чл. 81
ст. 1). Од друга страна, во поглед на управувањето, располагањето, утврдувањето на

63
„Службен весник на Република Македонија“ бр. 80/92.
64
За ставовите во судската пракса подробно види кај: Кочо Хаџи Лега, „Вонбрачна заедница:
настанување, престанок, имотни односи и издржување на вонбрачните другари“, Семејното
законодавство на Република Македонија..., стр. 215 и сл.

35
деловите на имотот стекнат во вонбрачна заедница и делбата на имотот во вонбрачна
заедница соодветно се применуваат одредбите за заедничкиот имот на брачните
другари (чл. 81 ст. 2). Имајќи ги предвид наведените одредби, во целост е оправдано
становиштето на науката според кое вонбрачната заедница е изедначена со брачната
заедница, во поглед на правото на дел од заеднички стекнатиот имот и правото на
издржување. Но, за нејзиното признавање треба да се земе предвид не само времето на
траење, туку и севкупноста на односите на партнерите, нивниот квалитет и
вистинската намера за заедничко живеење. Сепак, во однос на определувањето и
условите за полноважност на вонбрачната заедница, може да се забележи дека
законодавецот направил голем пропуст на кој, подолго време, со право укажува
науката. Имено, при определувањето на условите законодавецот пропуштил да наведе
дека за да биде изедначена вонбрачната заедница во поглед на правото на меѓусебно
издржување и имот стекнат за време на траењето на таа заедница со брачната, не
треба да постојат брачни пречки помеѓу вонбрачните другари. Ваквиот пропуст
создаде правни нелогичности, во смисла вонбрачната заедница да произведува правни
дејства и покрај тоа што партнерот или партнерката е оженет или омажена, односно
едниот или двајцата се во брак или пак се во блиско сродство помеѓу себе на пр. први
братучеди. Со тоа во судската пракса се создаваат големи проблеми при докажувањето
на делот во заедничкиот имот на вонбрачните другари, кога кај еден од нив бракот
правно не престанал. Законот за наследување предвидува дека вонбрачното сродство
се изедначува со брачното (чл. 4 ст. 1). Во позитивното наследно право, вонбрачната
заедница изрично не е предвидена како основ за законско наследување, поради што
вобрачниот другар не се јавува како законски наследник. Меѓутоа, не постојат никакви
пречки како и секое трето лице, вонбрачниот другар да се јави како тестаментален
наследник.
Во поглед на ова прашање нашата наука, веќе подолго време, се залага ваквата правна
празнина, во однос на наследните права на преживеаниот вонбрачен другар, да биде
пополнета и конечно да се определи наследно-правниот статус на вонбрачниот другар.
Ваквото становиште според нас е сосема оправдано, со оглед дека вонбрачните
заедници стануваат сé повеќе застапени во нашето општество. Уште повеќе што
вонбрачните деца родени во ваквите вонбрачни заедници во своите права се
изедначени со брачните. Имајќи го предвид фактот, дека законодавецот предвидува
можност и лицата кои живееле во трајна заедница непрекинато пет години до смртта
на оставителот, да се јават како наследници, под определени услови утврдени со закон,

36
дотолку повеќе би требало да се предвиди решение според кое и вонбрачниот другар
би можел да се јави како наследник. Меѓутоа, под услов вонбрачната заедница да
траела определено време утврдено со закон и да не постојат брачни пречки помеѓу
вонбрачните другари. Во таа насока, би требало да се предвиди решение според кое
доколку вонбрачната заедница траела најмалку пет години до моментот на смртта на
оставителот, вонбрачниот другар би се стекнал со право на наследство, аналогно на
одредбите за брачниот другар во рамките на законското наследување. 65Во случај пак
во вонбрачната заедница да имало и заеднички деца, тогаш рокот би требало да биде
помал, односно вонбрачната заедница да траела најмалку три години до моментот на
смртта на оставителот.
Во Република Македонија во поглед на истополните заедници според сегашните
прилики, сметаме дека сеуште не постои клима за нивно признавање и нивно
уредување, меѓутоа во догледно време потребно е и тие да се уредат имајќи го предвид
правото на слободен избор и недискриминација, начелото на правна сигурност и
аспирациите на РМ да стане полноправна членка во ЕУ.

4. СТАТУСОТ НА СЕМЕЈНИОТ ДОМ


4.1. ПОИМ И АРГУМЕНТИ ЗА ПОСЕБНА ЗАШТИТА НА СЕМЕЈНИОТ ДОМ
4.1.1 ПОИМ

Не постои усогласеност во однос на дефинирањето на термионот поим на семејниот


дом.Во одредени законодаства се користи терминот marital home, matrimonal home, de
la famile, logement familial (Франција, Швајцарија, Квебек).
Семејен дом најчесто се дефинира како земјиште во сопственост или под закуп на
неодредено време ако на него постои зграда наменета за заеднички дом на
сопружниците, а имотот се користи за таа цел, земјиште кое еден или двајцата
сопружници имаат право да го користат во врска со зградата на земјиштето во
сопственост на едниот или двајцата сопружници, ако зградата е неменета за зеднички
дом на сопружниците и имотот се користи за таа цел.
Семејниот дом е живеалиштето во кое живеат двајцата брачни партнери и нивните
мамолетни деца.

65
Дејан Мицковиќ, Правното регулирање на вонбрачната заедница..., стр. 8.

37
4.1.2. АРГУМЕНТИ ЗА ПОСЕБНА ЗАШТИТА НА СЕМЕЈНИОТ ДОМ

Во теоријата се присутни повеќе причини и аргументи за предвидување на посебна


правна заштита на семејниот дом.66
Според првиот аргумент, семејниот дом представува место , засолниште кое заслужува
да ужива посебна правна заштита. Во таа смисла, во Извештајот на Комисијата за
реформи во правото на Онтарио се истакнува дека „ брачниот дом мора да биде
предмет на посебно регулирање кое кореспондира со неговото специјално значење
како поголем дел од имотот, односно засолниште на семејството, и како фокусна точка
на семејните активности.“
Еден од ненадминливите и трјани проблеми кои го одбележаа 20-тиот век, е недостиг
на соодветно живеалиште кој се појавува како резултат на економските фактори. 67
Присуството на овој феномен во модерното опшество влијае семејниот дом да стане
дел од актуелните реформи во современите законодаства.
Вториот аргумент, во однос на регулирањето на брачниот дом како посебно право на
заштитен институт, произлегува од значењето на бракот во опшеството.68
Односот на законодавецот кон семејниот дом се рефлектира и на значењето кое што го
има бракот во опшеството. Затоа со право одредени автори истакнуваат дека „брачниот
дом е носечки столб на бракот “ 69,но и на семејството. Ваквиот однос на законодавците
кон значењето на брачниот дом го застапува и судската практика. Судот во Онтарио во
една пресуда има истакнато дека „ не постои друг позначаен имот што е толку поврзан
со односите помеѓу мажот и жената и кој во себе вклучува долготрајно финансиско
менаџирање, заедничко пожртвување и психолошки напори кон остварување на
заедничките цели, како што е тоа семејниот дом.
Третиот аргумент во корист на предвидувањето на посебна правна заштита на
семејниот дом, за разлика од другите делови на семејниот дом, е неговата имотна
вредност. За поголемиот број на брачни парови семејниот дом претставува нивниот
највреден имот. Според едно истражување направено во 90- тите години, е утврдено
дека семејниот дом учествува со приближно 85% од вкупната вредност на имотот на
66
Подетално за ова види кај Tom Altobelli,„ the Family Home in Australian Law“,
67
Tom Altobelli, op.cit. стр.5
68
Повеќе за бракот и семејството види кај Дејан Мицковиќ, Семејството во Европа XVI-XXI,
Блесок,Скопје,2008, стр.142-157
69
Watson, „Matremonial Property Research Paper“ Housing after divorce Australian law Reform Commision,
1985, стр.1

38
брачните партнери.70 Имајќи го во предвид ова, законодавците се исправени пред
дилемата како да се воспостави баланс помеѓу интересите на брачните партнери и
децата и интересите на доверителите во однос на семејниот дом.71
Четвртиот аргумент во корист на воведувањето на посебна правна заштита на
семејниот дом се децата. Во најголем број случаи на разведени бракови , кога ецата се
доверени на чување и воспитување на мајката, се принудени да се преселат од
семејниот дом. Менувањето на домот и средината во која децата живееле, стресно
влијае на нивниот развој, а преселбата тие најчесто ја доживѕваат многу емоционално.
Според статистички податоци од 1996 година во Австралија речиси 19% од семејствата
биле монородителски, составени од еден родител и дете/ца. Семејниот дом во 40% бил
продаден од случаите, во 35% бил доделен на жената, а во речиси 20% бил доделен на
мажот. Поради ова, статусот на семејниот дом се повеќе станува предмет на интерес на
судовите и теоријата кои го застапуваат становиштето според кои при одлучувањето за
неговата судбина треба посебно да се води сметка за интересот на децата. Овој интерес
во практиката се остварува со останувањето на детето да живее во семејниот дом,
блиску до своите пријатели и училиштето. 72 Ваквите промени за децата имаат големо
влијание на стандардот на живеење, нивното образование, круг на пријатели и другари
и други лица од блиското опкружување. Досегашното искуство покажува дека
нарушувањата кои настанале како резултат на овие причинители, мошне тешко се
отстрануваат кај децата, како од страна на родителите и блиските пријатели, така и од
страна на наставниците.
Покрај горенаведените аргументи, во теоријата се наведуваат и други аргументи. Како
аргумент за заштита на семејниот дом се наведува и трендот на неплаќање на
алиментација од страна на брачнниот партнер. Во ваков случај се смета оправдано
решението на одредени законодаства за доделување на семејниот дом на брачниот
партнер кому децата му се доверени на чување и воспитување како компензација за
издршката која другиот брачен партнер треба да ја дава. 73 Како аргумент се истакнува
и фактот дека посебниот режим на семејниот дом им овозможува поголема
флексибилност на судиите при одлучувањето за неговата судбина. Ова го потврдува и

70
Bordow and Harrison, „Outcomes of matrimonial Property Litigation: An Analysis of Family Court
Cases“Australian Jurnal od Family Law, 1994, стр. 264, 269.
71
Tom Altobelli, op.cit. стр.12
72
Martha F.Davis, „The marital home:equal or equitqble distribution?“University of Chicago law Review,
Vol.50, No 3, стр.1089-1090.
73
Martha F Davis, op. cit.стр. 1089-1090.

39
судската практика во државите каде е оставено дискреционото право на судовите при
одлучувањето.

4.2. СТАТУСОТ НА СЕМЕЈНИОТ ДОМ ВО МЕКЕДОНСКОТО ПРАВО

Македонското право не го познава и уредува институтот семеен дом.Законодавецот


овој поим не го ни дефинира, поради што често во практиката се поистоветува со
поимот заедничко домаќинство. Во Законот за семејството, законодавецот семејниот
(брачниот ) дом го спомнува само во една одредба, според која:„ Брачните партнери
спогодбено одлучуваат за местото на заедничкото живеење и за водење на заедничкото
живеалиште“ ( чл.32 ст.2 ).
Судбината на семејниот дом како за времетраење на бракот, така и по престанокот на
бракот, зависи од тоа дали тој представува посебен или заеднички имот на брачните
партнери.74 Како резултат на тоа, најчесто по разводот на бракот, брачниот партнер
кому децата му се доверени на чување и воспитување е принуден да го напушти
семејниот дом кој бил во исклучива сопственост на другиот брачен партнер и да бара
друго сместување. Истата последица настанува и кога семејниот дом бил во заедничка
сопственост. Ваквите правни решенија предизвикуваат последици кои се во
спротивност со начелото„ во најдобар интерес на детето“ од Меѓународната
конвенција за правата на детето.
И покрај ова, нашето законодаство и судската практика не ги земаат предвид
интересите на децата кои преселбата од семејниот дом во нова средина трагично и
емоциолно ја доживуваат. Брачните партнери спогодбено одлучуваат за управувањето
и располагањето со заедничкиот имот. Доколку брачните партнери не можат да се
договорат околу управувањето и располагањето со заедничкиот имот тогаш, тогаж
одлучува судот. Во македонското законодаство не постои ограничување во поглед на
управувањето и располагането на посебниот имот на брачните партнери, како за време
на бракот така и по неговиот престанок. Тое е и причината поради кој брачниот
партнер несопственик на семејниот дом и покрај тоа што децата му се доверени на
чување и воспитување е принуден да го напушти семејниот дом. Другите делови од
имотот како што се предметите за лична употреба, предметите кои служат за
обавување на професионалана дејност и предметите кои им служат на децата или се
наменети за нивна непосредна употреба уживаат посебна правна заштита. Семејниот
74
Чл.66 од Законот за споственост и други стварни права.

40
дом може да добие поинаков правен третман само доколку тоа било предвидено во
брачниот договор. Меѓутоа , со оглед на тоа што нашето право не го познава и уредува
овој договор посебната правна заштита на брачниот дом е реткост во нашата практика.
Тргнувајќи од анализата на постојаното законодаство и од посебниот третман на
семејниот дом, особено во интерес на децата е да останат таму каде што се наоѓаат –во
заедничкото живеалиште и да им припаднат на брачниот партнер кому децата му се
доверени на чување и воспитување. Поради тоа сметаме дека е неопходно
законодавецот да донесе решение со кое попрецизно ќе го уреди ова прашање по
примерот на законодаствата на европските земји.

4.3. СТАТУСОТ НА СЕМЕЈНИОТ ДОМ ВО ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ

А).СТАТУСОТ НА СЕМЕЈНИОТ ДОМ ВО ШВЕДСКОТО ПРАВО

Во шведското право располагањето со семејниот дом за време на бракот е ограничено


со давање согласност од другиот брачен партнер и покрај тоа што тој претставува
посебен имот. Согласноста на другиот брачен партнер се бара за отуѓување,
заложување, издавање под закуп или давање во употреба на заедничкото живеалиште и
заедничките предмети на домаќинството. Исклучок од ова правило постои само во
случај кога посебниот имот настанал врз основа на волјата на трето лице ( подарок,
тестамент). Во случај на развод на брак шведското право предвидува право брачниот
другар кој има поголема потреба од брачниот дом или предмети на домаќинството да
го добие овој имот со соодветно намалување на својот дел од имотот. Но, доколку
ваквиот имот е од мала вредност тој може да го оствари и без редукција на својот дел.

Б).СТАТУСОТ НА СЕМЕЈНИОТ ДОМ ВО ФРАНЦУСКОТ ПРАВО

Слични решенија како шведското право се предвидени и во француското право.


Семејниот дом без разлика дали претставува посебен или заеднички имот, едниот од
брачните партнери не може да располага со него без согласност на другиот брачен
партнер. По разводот на бракот семејниот дом му припаѓа на брачниот партнер во чија
сопственост бил. Но, судот може со своја одлука да воспостави право на закуп во
корист на драчниот партнер кому му се доверени децата на чување и воспитување,
доколку тоа е во интерест на децата (чл.285-1 Code civil). Ова права престанува со

41
стапување во брак или вонбрачна заедница на поранешниот брачен партнер. Договорот
за закуп може да биде раскинат и во случај на променети околности. Во случај кога
семејниот дом е во заедничка сопственост, тогаш судот може да донесе одлука и да ја
пренеси сопственоста на семејниот дом на еден од брачните партнери со обврска
другиот да му исплати одредена сума пари на другиот брачен партнер.

В).СТАТУСОТ НА СЕМЕЈНИОТ ДОМ ВО ИТАЛИЈАНСКОТО ПРАВО

При одлучувањето за судбината на семејниот дом во италијанското право кога


брачниот партнер немал деца, судот мора да води сметка за економската состојба на
брачните партнери, давајќи приоритет на економски послабиот брачен партнер. 75Но
доколку постоеле деца, без оглед на сопственоста на семејниот дом, тој се доделува на
брачниот партнер кому децата му се доделени на чување и воспитување.

Г).СТАТУСОТ НА СЕМЕЈНИОТ ДОМ ВО ШВАЈЦАРСКОТО ПРАВО

Во швајцарското право при одлучувањето кому да му припадне семејниот дом судот не


е обврзан со сопственоста на домот. Судот при одлучување за судбината на
заедничкото живеалиште поаѓа од состојбата ва семејството, а особено од интересите
на децата. Посебниот статус на семејниот дом во швајцарското право е уреден во
одредбите на Швајцарскиот граѓанскиот законик(чл.121 ССЅ). 76 Во случај кога
семејниот дом не е во сопственост, ниту на едниот ниту на другиот брачен партнер,
судот може кога има заеднички деца или други оправдани причини да го пренесе
правото на закуп на брачниот партнер кому децата му се доверени на чување и
воспитување. Другиот брачен партнер кој повеќе не се јавува како закупец солидарно
одговара за закупнината се до истекот на договорот, но во секој случај тој не може да
биде пократок од 2 години ( чл.121.ст.2 ). Доколку брачниот партнер е задолжен да ја
плаќа закупнината за семејниот дом, тогаш тој има право оваа вредност да ја пребие од
вредноста наменета за издршка на децата. Кога семејниот дом му припаѓа на едниот
брачен партнер, тогаш под истите услови, судот може да го додели семејниот дом на
другиот брачен партнер кому му се доделени децата (чл.121.ст.3). Во ваков случај

75
Gordana Kovacek Stanic, op.cit.стр.75-76
76
Code civil Suisse, du 10 decembre 1907,стр.210

42
другиот брачен партнер има право на правичен надомест. Правото на домување, како
лична службеност може да трае до одреден период, но најмногу до навршување на
полнолетство на децата.

Д).СТАТУСОТ НА СЕМЕЈНИОТ ДОМ ВО ГЕРМАНСКОТО ПРАВО

Во германското право по разводот на бракот поранешните брачни партнери можат


заеднички спогодбено да одлучат кому да му припадне семејниот дом. Во случај кога
тие не ќе можат да се спогодат, по нивно барање одлучува судот кој е надлежен за
семејните односи, согласно со правилата уредени во законот Hauratsveordnung кој не е
инкорпориран во Германскиот граѓански законик. При донесувањето на одлуката кому
да му припадне семејниот дом, судот не секогаш се води од сопственичките односи,
туку според принципот на правичност. Во случај кога предметите на домаќинството
биле заеднички на брачните партнери, тогаш тие ќе бидат поделени правично. Овие
предмети и покрај тоа што биле во сопственост на едниот брачен партнер, можат да
бидат доделени на другиот доколку има таква потреба и ако таквата распределба со
оглед на околностите е правична.77 Во поголем број случаи судот заснова право на
закуп, а по исклучок ја пренесува сопственост. Во однос на семејниот дом, судот во
согласност со околностите на случајот може да воспостави закупнички однос.78

77
Ibid,стр.65
78
Ibidem.

43
ЗАКЛУЧОК

Во Македонското законодаство правно не е уреден брачниот договор, за разлика од


нашето законодаство, другите современи законодаства правно го уредуваат брачниот
договор. Од ова можеме да заклучиме дека во нашето право се појавува правна
празнина, и затоа сметаме дека имаме потреба од воведување на брачниот договор.Со
воведување на брачниот договор на брачните другари им се овозможува, своите
имотни односи самите да ги уредуваат , имаат можност имотните односи да ги
решаваат надвор од судот, а со самото тоа се избегнуваат долгите судски постапки со
што се намалува и негативното влијание како врз самите брачни другари така и врз
децата. Со правното уредување на брачниот договор во законодаството на Република
Македонија, нашето право ќе се усогласи со останатите законодаства.
Разводот на бракот во македонското законодаство, наспроти законодаствата од
споредбеното право, можеме да заклучиме дека, освен во поглед на причините, тоа во
одредени решенија заостанува од современите семејни права. Тоа може да се забележи
и од фактот дека две децении Законот за семејство нема претрпено позначајни измени,
меѓу другото, и во однос на разводот на бракот. Во таа смисла, по примерот на
решенијата од споредбеното право , сметаме дека е потребно при развод на бракот со
заемна согласност да се предвиди како услов постигнувањето на согласност за делба на

44
заедничкиот имот. Со тоа брачните другари би добиле чист развод без дополнителни
судски трошоци и во најдобар интерес за децата и нивниот правилен развој. Исто така
со цел да се растовари судот од неспорни предмети потребно е да се предвиди
можноста брачните партнери кои немаат заеднички деца со заемна согласност да се
разведат пред нотар.
Од направеното истражување во однос на хетеросексуалните заедници може да се
заклучи дека современите законодавства различно го регулираат нивниот статус. Сé
поголем е бројот на држави во Европа кои правно ги уредуваат односите во
хомосексуалните заедници во одредени правни системи тие се дискриминирани и
непризнати, дотолку повеќе во одреден број на држави во Европа тие се уредени со
регистрани партнерства или цивилни унии кои претставуваат услов за повикување на
законско наследување. Таков е случајот со Холандија, Словенија, Германија
Швајцарија и др. Помал број на држави одат дури и чекор понатаму овозможувајќи им
на лицата од ист пол да склучат брак, други пак да посвојуваат деца и биомедицински
да се оплодуваат. Врз основа на тоа може да се заклучи дека во современите општества
границите, на разграничување помеѓу хетеросексуалните заедници и хомосексуалните
заедници станува се потенка, па дури и во одредени правни системи се губи.
Во македонското законодавство правно македонскиот законодавец не ја предвидува
вонбрачната заедница како основ за законско наследување Имајќи ги предвид
проблемите кои се присутни во судската пракса, со цел истите да се надминат,
потребно е да се овозможи по избор на партнерите својата вонбрачната заедница да ја
регистрираат кај нотар. Со тоа би се олеснило разрешувањето на имотните спорови
како и остварувањето на евентуалните наследни права. Во спротивно, партнерите
однапред би се согласиле на долги спорови поврзани со докажувањето на траењето на
вонбрачните заедници.
Во поглед на статусот хомосексуалните заедници во Република Македонија, според
сегашните прилики, сеуште не постои клима за нивно признавање и уредување.
Меѓутоа, во некое догледно време потребно е и тие да се уредат.
Од суштествено значење за постоењето на бракот, семејството и остварувањето на
семејните односи е прашањето за правниот статус на семејниот дом. Македонското
право не го познава и уредува институтот семеен дом, па врз основа на значењето на
овој институт сметаме дека е неопходно законодавецот да донесе решение во идните
измени и дополнувања со кое попрецизно ќе го уреди ова прашање кој пред се е во
интерес на децата и брачниот партнер кому му се доверени на чување и воспитување.

45
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Закон за Семејство (Службен весник на Република Македонија бр.80/1992)


2. Закон за сопственост и други стварни права “Службен весник на Република
Македонија”, бр. 18/2001 92/2008, 139/2009, 35/2010
3. Семеен Кодекс на Бугарија, бр.47/2009, бр74/2009, бр.82/2009, бр.98/2010, бр.100
2010, бр.82/2012г.
4. Obiteljski Zakon бр116/03, 17/04. 107/07, 57/11, 61/11
5. Кочовска Катерина, предлози за подобрување на родителското право по развод на
бракот во Република Македонија, Правник, Здружение на правници бр.243-244, Скопје,
2012
6. Мицковиќ Дејан, причини за развод на брак во земјите на Европската унија,
Магистерски труд, необјавен, Скопје, 1997
7. Мицковиќ Дејан, Ристов Ангел, Граѓанско применето право-наследно право,
Културна установа Блесок, Скопје, 2011
8. Мицковиќ Дејан, Ристов Ангел, Промените во семејството и реформите во
семејното право, Зборник во чест на проф.д-р Наум Гризо, Правен факултет Јустинијан
Први, Скопје,2012

46
9. Ристов Ангел, правниот статус на семејниот дом во македонското и споредбеното
семејно право, Правник, Здружение на правници, бр.251, 2013
10. Ристов Ангел, вонбрачната заедница на македонското и бугарското право, Ius est
ars boniet aegui, Научна конференција по повод 20-ет годишнината од основањето на
Правниот факултет во Велико Трново, Република Бугарија, 14-116 април, 2011
11. Спировиќ-Трпеновска Љиљана, аналогија на вонбрачната заедница со брачната
заедница, Зборник за трудови на Правниот факултет Јустинијан Први во чест на
проф.д-р Борислав Благоев, Скопје, 2007
12. Спировиќ-Трпеновска Љиљана, Мицковиќ Дејан, Ристов Ангел, семејно право,
Скопје, 2013
13. Спировиќ-Трпеновска Љиљана, семејно право, НИП Студентски збор, Скопје, 2004
14. Хаџи Лега Кочо, Вонбрачна заедница: настанување, престанок, имотни односи и
издржување на вонбрачните другари, Семејното законодавство на Република
Македонија, Реферати за Републичко советување, Врховен суд на Република
Македонија, во редакција и рецензија на д-р Кирил Чавдар, Скопје, 1994
15. Цанкова Цанка, Марков Методи, Станева Ана, Тодорова Велина, Коментар на
новиᴙ Семеен Кодекс, ИК Труд и право, София, 2009
16. Чавдар Кирил, Сиљаноска-Костадиновска Цветанка, Закон за семејство, коментари-
судска практика, предметен регистар, примери за практична примена, придружни
прописи и литература, Академик, Скопје, 2013
17. Mladenović Marko, porodićno pravo, Knjiga, Porodica, brak, Privredna Stampa, Beograd,
1981
18. Панов И. Слободан, Породично право, Дуго измењено и допуњено издање, Правни
факултет Универзитат у Београду, Београд, 2010
19. Parkinson Patrick, Family Law and Indissolubility of Parenthood, Family Law Quarterly,
Vol.40, No.2, University of Sydney, 2006
20. Patti Salvatore, Rosii Carleo Liliana, Bellisario Elena, Grounds for divorce and
maintenance between former spouses in Italy, University of Rome, La Sapienza, October,
2002
21. Počuča Milan, Porodično pravo, Pravni fakultet za privredu I pravosuħe-Novi Sad, Novi
Sad, 2010
22. Панов Слободан, Породично право, Правни факултет, Универзитета у Београду,
Београд, 2010
23. S. Stupar Mihailo, Gragjanskih zakonika, “Grafički zavod” – Titograd, Titograd, 1960

47
24. Пухан Иво, Поленак-Акимовска Мирјана, Римско право, Правен факултет
Јустинијан Први-Скопје, Скопје, 2001
25. Hausheer Heinz, Wolf Stephan, Grounds for divorce and maintenance between formal
spouces in Switzerland, University of Bern, Bern, 2002
26. Councul of Europe Achievments in the Field of Law: Family Law and the Protection of
Children DIR/JUR (2002)
27. David Bradly, Family Law for Europe, Sovereignity, Political Economy and
Legitimation, Global Jurist Frontiers, Vol.4, Issue1, 2004
28. David Bradly, A note on Comparative Family Law, Problems, Perspectives, Issues and
Politics, Oxford University Comparative Low Forum, 2005
29. Hamilton, C., Stanly, K,: Family Law in Europe
30. Waaldijk K., Others May follow: The Introduction of Marriage, Quasi-Marriage, and
Semi-Marriage for Same-Sex Couples in European Countries, New English Law Review,
Vol.38, No.3, 2004
31. Maria V. Antokolskaia, Development of Family Law in Western and Eastern Europe:
Origins, Common Driveng Forces, Common Tendencies, Journal of Family historu, January
2003

48

You might also like