You are on page 1of 6

Вовед

Обновливите извори на енергија се користат со иста брзина како што се


обновуваат. Алтернативните извори на енергија се поекономични за разлика од
фосилните и цврстите горива но најголемото нивно значење е поврзано со заштитата
на животната средина. Во алтернативните извори спаѓаат: Енергија од ветар, сончева
енергија, хидроенергија, геотермална енергија и енергија добиена од биомаса.
Биодизелот е течно гориво, кое што се добива од обновлив извор на енергија –
биомаса а најмногуод растителни масла.
Предностите на биодизелот во однос на дизелот добиен од фосилни остатоци се:
- Суровините за добивање на биодизелот се обновливи
- Биодизелот е нетоксичен и биоразградлив
- Биодизелот енергетски е еднаков со фосилниот дизел но обезбедува подобро
палење и подобро подмачкување, а со тоа се продолжува работниот век на
моторите на возилата
- Побезбедно е неговото чување и ракување со него бидејќи практично е
незапалив (има висока температура на вриење околу 150℃ додека на
фосилниот дизел е околу 70℃)
- Биодизелот го намалува нивото на глобалното затоплување со редукција на
гасовите кои го предизвикуваат како што е сулфур диоксидот
- Биодизелските горива не содржат сулфур и тешки метали (олово) кои се главни
загадувачи на животната средина
- Се намалува отпадот кога како суровина се користи употребено масло од
ресторани за брза храна или индустриските капацитети кои во процесот на
производство користат растителни масла
- Биодизелот се разложува 98% за истото време за кое фосилниот дизел се
разложува за 50% (21 ден)
- Транспортот на биодизелот е безопасен за околината поради неговата
биоразградливост, доколку дојде до контаминација на почвата или водата
- При производство на биодизел се добиваат споредни производи кои понатаму
се користат. Такви се: високовреден протеински додаток во сточната храна,
глицерин кој се користи како суровина во козметичката и фармацевтската
индустрија, на крајот од технолошкиот процес се добива маслена муѓ која
претставува ѓубриво за градинарски култури при органско производство на
храна
Дизел горива
Rudolf Diesel (1858 –1913) ја развил идејата за дизел мотор и ја патентирал во
Германија во 1892. Целта му била да создаде мотор со поголема ефикасност отколку
бензинските (Nikolaus August Otto) Otto мотори кои биле воведени во 1876 година. И
двата типа се мотори со внатрешно согорување. Дизел бил фасциниран од вториот
принцип (закон) на термодинамиката и максималната ефикасност на Carnot-овиот
процес, и затоа се обидел, прво теоретски, да го подобри постоечкиот термален мотор.
Првиот прототип го направил 1893, а наредната година го патентирал. Во 1897 година
со третиот прототип теоријата ја спровел во практика. Diesel, експериментирал со
различни горива проследено со измена на дизајнот на моторот. Прототипот од 1895
година бил успешен и ваквиот мотор и гориво се користат и ден денес, а го носат
неговото презиме - Дизел. Во почетокот дизел моторите биле гломазни и се движеле
релативно споро; се користеле како мотори за бродови, возови и индустриски машини,
а подоцна за камиони и автобуси, додека за автомобили биле користени по Втората
Светска војна.
Дизел горивата денес ја „движат“ светската економија. Од разнесување на
основни намирници по целата Земјина топка, преку производство во земјоделието до
производство на електрична енергија. Главни примени на дизел горивата се: друмски
транспорт, земјоделие, железнички транспорт, поморски транспорт, градежни машини,
воен транспорт и генератори за електрична енергија.
Изразот „дизел гориво“ е генерички; тој се однесува на сите горива кои се
употребуваат во мотори кои се палат со компресија т.е. горива за дизел мотори.
Дефиниција според правилникот за квалитетот на течните горива на Република
С. Македонија e:
„Дизелско гориво е течен дериват добиен од сурова нафта кој, се користи во
моторите со внатрешно согорување кои работат по дизел постапка, (компресивно
палење), за погон на патнички и шински возила за превоз на патници и стоки“.
Теоретски основи на појавите опфатени во темата
Заштита на животната средина
Од аспект на заштита на животната средина користењето на биодизелот
значително влијае во намалувањето на загаденоста на животната средина, а со тоа и
значително го намалуваефектот на стаклена градина. При директен контакт тој е многу
пасивен, односно не е опасен и не предизвикува иритација врз кожата и очите кај
човекот. Ова произлегува од неговиот специфичен состав во кој недостасува присуство
на полицикличните ароматични јаглеводороди кои се причинители за појавата на
карцином кај живите организми како и намалена емисија на СО 2 во атмосферата. Исто
така е редуцирана емисијата на сулфурни оксиди, суспендирани честички и јаглерод
моноксид.

Емисија на СО2 во атмосферата

Со употреба на биодизелот ќе се намали емисијата на штетни гасови и тоа:


- Јаглерод диоксид, СО2: Кога се користи фосилниот дизел во атмосферата се
испуштаат големи количества на СО2, додека пак при употреба на биодизелот
емисијата на СО2 се смета дека е еднаква на нула.
- Сулфурни оксиди, ЅОх: Биодизел горивото содржи помалкуод 0,01% сулфур
додека пак при согорување на дизелот се ослоодува сулфур во облик на ЅО 2 кој
е причина за кисели дождови.
- Азотни оксиди, NOx: Емисијата на азотни оксиди на биодизелот се зголемува за
6% во однос на фосилниот дизел
- Јаглерод моноксид, СО: Биодизелот содржи оксигенати кои го подобруваат
процесот на согорување и ја намалува емисијата на СО за најмалку 20%.
- Цврсти честички: вдишувањето на овие честички претставува сериозен проблем
и голема опасност по здравјето на човекот. Кај биодизелот емисијата на овие
честички е за 40% намалена во однос на фосилниот дизел.
- Емисијата на алдехиди: Емисијата на алдехидите како што се формалдехидит и
ацеталдехидот кои негативно влијаат врз човековото здравје е намалена за 30%
во однос на фосилниот дизел.
- Емисијата на аромати кои се предизвикувачи на карцином е драстично намалена
кај биодизелот 75-90%. Биодизелот не содржи ароматски компоненти во својот
хемиски состав.
- Емисијата на јаглеводороди кои се фактор за формирање на смоги озон е
намалена за 95%.
- Мутагените ефекти при изложеност на биодизел биодизелска емисија
значително се намалени во однос на фосилниот дизел.
Од сето ова може да заклучиме дека емисијата на штетни гасови со употреба на
биодизелот при согорување во моторот е значајно намалена во споредба со истата кај
фосилниот дизел.

Биодизел
Биодизел е комерционално име на метил естерот на некоја масна киселина. Во
него нема присуство на деривати од минерално потекло.
Тоа е хемиско соединение кое се добива со реакција на естерификација.
Естерификација е општо име за хемиска реакција помеѓу киселини (виши, заситени
или незаситени) и алкохол и како краен реакционен продукт се добива естер. Општ вид
на реакција на естерификација се претставува на следниов начин:

R – COOH + R’ – OH → RCOOHR’ + H2O


Карбоксилна кк-на алкохол естер вода

Општа формула на естер

Естерите се соединенија кои имаат пријатен мирис најчесто на некое овошје


(јаболко, круша, портокал, ананас). Ги има во составот на маслата и мастите.
Мастите и маслата се остри на трихидроксилнит алкохол глицерол и вишите
масни киселини. Општата реакција за добивање на маст или масло може да се
претстави на следниов начин:
CH2 – OH CH2 – O – CO – R1
| |
CH – OH + 3R – COOH CH – O – CO – R2 + 3H2O
| |
CH2 – OH CH2 – O – CO – R3
Глицерол виша масна к-на маст (масло) вода

Мастите и маслата претставваат смеса од различни триацилглицеролот и 2% од


други супстанции кои им даваат вкус и боја. Триацилглицеролот може да се претстави
со општата формула:

Триацилглицерол

Помеѓу мастите и маслата има три основни разлики и тоа:


- Агрегатната состојба: на собна температура мастите се во цврста а маслата во
течна агрегатна состојба.
- Потеклото: мастите се од животинско потекло (свинска маст, овчи или говетски
лој), а маслата се од растително потекло (сончогледово, маслиново, палмино
и.т.н.)
- Во составот на мастите сите виши масни киселини мора да се заститени, а во
составот на маслата мора да има барем една незаситена виша масна киселина.

Под дејство на ферментот липаза мастите и маслата хидролитички се разложуваат до


глицерол и виши масни киселини. Овој процес може да се претстави со равенката:
CH2 – O – CO - R CH2OH
| |
CH – O – CO - R + 3HOH CHOH + 3R - COOH
| |
CH2 – O – CO - R CH2OH
Маст(масло) вода глицерол виша масна к-на

You might also like