You are on page 1of 1

Органски соединенија

1.Во природата постојат четири групи органски соединенија:

-јаглехидрати (шеќери)

-липиди (масти)

-протеини (белковини)

-нуклеински киселини

 Јаглехидрати-тие во организмот се застапени од 0,2% до 2% а се изградени од


јаглерод ( C ),водород ( H ) и кислород (O). Ј.х во организмот ги има како прости
таканаречени моносахариди и сложени. Во молекулот на моносахаридите
може да има 3,4,5,6 итн. Јаглеродни атоми и според тој број тие така и се
нарекуваат. Пр. Триози (со 3 C атоми) Тетрози (со 4 C атоми)Пентози со 5 ....
Иако сите ј.х. се важни за живите организми сепак од посебно значење се
пентозите рибоза и деоксирибоза кои влегуваат во градбата на нуклеинските
киселини.
Основен извор на енергија на живите организми е главно хексозата(глукоза-
гроздов шеќер). Сложени шеќери се оние што се составени од голем број
моносахариди. Пр. Скроб,гликоген,целулоза и др.

 Липиди- претставуваат органски соединенија застапени од 1% до 5% од целата


тежина и за нив посебно важно е што не се раствараат во вода туку само во
органски растварачи. Пр. Ацетон,бензин,етер,хлороформ.
Тие можат да бидат прости и сложени.
Простите липиди се составени само од глицерол и виши масни киселини
Сложените липиди покрај глицерол и масни киселини имаат и молекул на
нелипидно соединение. Пр. Шеќер,белковина,фосфор итн. Па спорд тоа така и
се означуваат: гликолипиди (шеќер),фосфолипиди(фосфор), итн.
Од посебно значење за живите организми се фосфолипидите бидејќи тие
влегуваат во градбата на клеточните мембрани.

You might also like