You are on page 1of 12

Хемиски сoстав на

клетката
Елементи и соединенија важни за
живот
Неоргански соединенија
Органски соединенија
Елементи и соединенија
важни за живот
Хемиските елементи што се
среќаваат во неживата природа
влегуваат во состав и на живите
клетки.
28 од нив се познати како биогени
елементи бидејќи се вградени во т.н.
биомолекули.
Биомелекули се соединенијата кои
се синтетизираат во организмите и
учествуваат во животните процеси.
Според застапеноста во клетките
елементите се поделени на:
• Макроелементи (јаглерод, кислород,
водород и азот)
• Микроелементи (фосфор, сулфур,
натриум, калциум, магнезиум, калиум и
хлор)
• Елементи во трагови (јод, флуор,
железо, цинк, манган и др.),
Биолошкото значење на овие хемиски
елементи е големо, независно од
нивната процентна застапеност.
 Недостигот на кој и да е елемент
предизвикува нарушување во
нормалното функционирање на
клетките и на организмот.
Во составот на клетките, хемиските
елементи се јавуваат во форма на
соединенија - органски и неоргански.
Неоргански соединенија
Вода
 Од неорганските соединенија
најзастапена е водата, која е неопходна
за животот.
Таа во просек, во клетките е застапена
со околу 80%, но некои клетки содржат
повеќе (ембрионални клетки до 95%), а
некои помалку (остеоцитите до 20%)
вода.
 Водата за клетката е значајна од
неколку причини:
• Учествува во голем број биохемиски
реакции;
• Таа е растворувач на сите соединенија
освен на мастите;
• Растворените соли во водата
дисоцираат на јони и како такви ја
остваруваат својата биолошка функција
• Учествува во транспортот на материите;
• Учествува во одржување на топлинската
рамнотежа.
 Водата во клетките се среќава во две
форми:
• слободна (околу 95%)
• структурна или врзана - најчесто за
протеински молекули (4-7%)
• За клетката позначајна е слободната
вода.
Минерални соли

 Минералните соли најчесто се


јавуваат растворени, дисоцирани на
јони, и тоа:
1.Катјони                            2.Анјони
Na+                    Cl-
K+                        SO2 ----
Ca ++                HCO ---
Mg++              PO3 ----
 Јоните имаат важни функции во
клетката и тоа:
• Учествуваат во одржувањето на
осмотската рамнотежа меѓу клетката и
нејзината околина;
• Одговорни се за кисело-базната
рамнотежа на клетката;
• Ја регулираат и активноста на некои
ензими.
• Голем дел од нив влегуваат во состав
на важни молекули (хемоглобин,
хлорофил и др.)

You might also like