You are on page 1of 46

- Хемија на физиолошки макро и

микроелементи -

Проф. д-р Руменка Петковска


Проф. д-р Наталија Наков
Проф. д-р Лилјана Анастасова
Институт за применета хемија и фармацевтски анализи,
Фармацевтски факултет, УКИМ, Скопје
 Хемиски елементи што се присутни во многу мали
количини во човековиот организам (0,02% од вкупната
телесна маса) и имаат значајна улога

Застапени во човековото тело


во концентрации од
0,01% - 0,0000001%
 Биохемиски функции на микроелементите:
• Кофактори во метаболизмот
• Коензими во метаболизмот
• Антиоксиданти
• Стабилизација на биолошките мембрани
• Генетска контрола
➢ Микроелементите играат централна улога во
одвивањето на различни физиолошки и
метаболички процеси, како и во одржување на
нормалната функција на ткивата
 Микроелементите имаат фармаколошко дејство во
организмот
 Недостаток (дефицит) на микроелементи
доведува до нарушување на активноста на ензимите
 Недостатокот се манифестира преку комбинација од
различни симптоми
 Хроничен недостаток на микроелементите доведува
до:
• Нарушувања во метаболизмот на човекот
• Намалување на имунитетот
 Прекумерниот внес / присуство во вишок
делува штетно на човековото здравје и може да
предизвика различни заболувања

Дефинирани се
препорачан дневен внес и
максимално дозволен внес
 Базални (основни) потреби - се однесуваат на внес на
микроелементот што е потребен да се спречи појавата на
патолошки и клинички симптоми на нарушена функција како
резултат на недостаток од елементот. Се означува со ERbasal
 Нормативни потреби - се однесуваат на внес на
микроелементот што е потребен да обезбеди депоа на
елементот во ткивата. Се означува со ERnormative
• Нормативните потреби се повисоки во однос на базалните
 Физиолошки потреби – се однесуваат на количините на
микроелемент што треба да се апсорбира, за разлика од
претходните дефиниции што се однесуваат на присутната
количина на микроелемент во храната
➢ Дневните потреби на микроелементите зависат од:
• Возраста
• Полот
• Физиолошката состојба (пр. бременост, доење,
пубертет)
• Телесната маса
➢ Потребите од микроелементи при третман на
симптомите од недостаток на некој елемент се
повисоки од дневните потреби на микроелементот
1. Светска здраствена организација, WHO
• Есенцијални елементи: Zn, I, Se, Cu, Mo, Cr,
• Потенцијално есенцијални елементи: Mn, Si, Ni, B, Va
• Потенцијално токсични елементи: F, Pb, Cd, Hg, As, Al, Li, Sn

2. Frieden’s класификација на елементи


• Есенцијални елементи: Br, Co, Cu, I, Fe, Mn, Mo, Zn
• Потенцијално есенцијални елементи : Cr, F, Ni, Se, Va
• Елементи што влијаат на здравјето: Br, Li, Si, Ti, Sn
3. Frieden’s класификација на елементи по
категории – 29 елементи се распоредени во 5 групи
• Група I - основни компоненти на макромолекулите, пр. C, H, O, N
• Група II - макроелементи, пр. Na, K, Ca, Mg, Cl, P, S
• Група III - есенцијални микроелементи (елементи во
трагови), пр. Fe, Zn, Cu, Cr, Co, I, Mo, Se
• Група IV - дополнителни елементи во трагови, пр. Cd, Ni,
Si, Va, Al, Sn
• Група V - не се есенцијални, пр. Au, Hg, Pb
3. Frieden’s класификација на елементи по
категории - појаснувања
➢ Група III
• Елементи во трагови се елементи чии што дневни потреби
изнесуваат помалку од 100 mg/ден и чиј што недостаток
доведува до нарушувања на здравјето
• Есенцијален микроелемент е елемент чиј што недостаток
доведува до намалување на физиолошки значајна функција
или кога елементот е составен дел од органска структура
која што има витална функција во организмот
• Со надоместување на недостатокот на есенцијалниот
елемент се губат симптомите на недостатокот
3. Frieden’s класификација на елементи по
категории - појаснувања

➢ Група IV - нивната функција во човековиот организам се


уште не е јасно докажана. Оваа група е
еквивалентна на групата Потенцијално
есенцијални елементи (согласно WHO)

➢ Група V - нивната функција не е докажана, имаат токсични


ефекти. Оваа група е еквивалентна на групата
Потенцијално токсични елементи (согласно WHO)
 Железото (Fe) е преоден метал
 Се јавува во две форми: Fe2+ (феро) и Fe3+ (фери)
 Најзастапен метал во човековиот организам
 Содржината на Fe во организмот изнесува 3-5 g, што
соодветствува на 40-50 mg/kg телесна маса
 Врши витални функции во организмот – учествува во:
транспорт на кислород и јаглероден диоксид, клеточен
метаболизам, синтеза на DNA, раст и диференцијација на
клетките, составен дел од многу ензими
 Хем железо vs не-хем железо
Храната од
животинско потекло,
содржи железо во
хем форма (месо,
риба, живина)
Околу 10% од
дневниот внес на Fe
Клуч отпаѓа на хем, добро
Хем се ресорбира (25%).
Не-хем На не-хем Fe отпаѓа
90%, но се апсорбира
Не-хем железо има во многу послабо.
храна од растително
(легуминози – грав,
грашок, леќа,
боранија) и
животинско потекло,
млечни производи,
додатоци на железо
Хем Не-хем
железо Фактори што ја железо Фактори што ја
зголемуваат зголемуваат
апсорпција: апсорпција:
витамин C, витамин C, млечна
недостаток на Fe киселина во храна

Фактори што ја Фактори што ја


намалуваат намалуваат
апсорпција: апсорпција:
калциум во храна полифеноли
(млеко, сирење); (кафе, чај, какао,
подготовка на храна црвено вино);
(висока температура) Ca (млеко, сирење);
фитати (житарици,
овес, ориз, грашок)
 Се апсорбира во горниот дел на тенкото црево
 Апсорпцијата зависи од:
• Нутритивниот статус на поединецот (потребите на организмот)
• Формата на железото во храната (хем и не-хем)
➢ При дефицит на железо, се зголемува неговата апсорпцијата
(особено на не-хем железото)
➢ Железото се транспортира во форма на трансферин
➢ Железо во клетките се депонира во облик на феритин
(интрацелуларно депо) или хемосидерин
➢ Хомеостазата на железото се одржува преку регулирање на
апсорпцијата, но не и на излачувањето (екскреција)
 Три механизми за регулација на железото во
организмот
1. Повторно искористување на железото од
катаболизираните еритроцити
2. По потреба се искористува железото од протеинот
феритинот, што како депо на железо се чува во
клетките
3. Регулација на апсорпцијата на железо од тенкото
црево
Хем - супстанција во организмот што содржи
железо и црвен пигмент порфирин

 Хемот влегува во состав на:


▪ Хемоглобин во еритроцитите – транспорт на кислород
и јаглерод диоксид
▪ Миоглобин во мускулите – врзува кислород
▪ Цитохроми
▪ Составен дел од многу ензими (пр. цитохром F450,
цитохром C редуктаза, пероксидази, каталази и др.)
 Хемоблобинот се состои од 4 глобински ланци (α и β),
секој од нив содржи хем група
 Железото, во облик на Fe(II), се наоѓа во средината на
секоја од овие групи
 Железото има 6 координативни места
• 4 места се врзуваат за протопорфиринскиот дел на хемот
• 1 место за глобин
• 1 слободно место за поврзување со O2 и CO2
➢ Препорачанo дневнo внесување на железо
❖ Возрасни 19-50 год.: 14 mg /ден
❖ Возрасни над 51 год.: 8 mg /ден
❖ Максимален дозволено дневно внесување: 18 mg/ден
➢ Максимален дозволено дневно внесување кај
здрави деца
❖ Деца 0,5 – 10 год.: 10 mg /ден
❖ Деца 11 – 14 год.: 12 mg /ден
 Популација со ризик за недостаток на Fe:
• Доенчиња, мали деца, тинерџери, жени во репродуктивен
период, бремени жени, вегетарјанци, спортисти, возрасни
лица
➢ Причини за недостаток на Fe:
• Еднолична исхрана
• Зголемени физиолошки потреби
• Хронични крварења
• Заболувања (хронични инфекции, воспаленија, канцер)
• Нарушувања во апсорпцијата од различно потекло
 Недостаток од железо доведува до појава на хипохромна
микроцитична анемија
 Во прва фаза се зголемува продукцијата на еритроцити
 Подоцна се намалуваат нивоата на хемоглобин во крвта
 Намалено ниво на серумско железо и феритин, високи
концентрации на трансферин
 Еритроцитите се мали (микроцити) и бледи (хипохромни)

Нормални еритроцити Еритроцити при анемија


 Манифестација/Симптоми
• Слабост, замор, главоболка,
вртоглавица
• Опаѓање на коса, кршливи нокти
• Бледа кожа, бледи дланки, бледи
очни капаци
• Намален имунитет
• Намалена способност за работа
• Намалена способност за
регулирање на телесната
температура
 Анемијата се третира со препарати на железо, храна
богата со железо
 Зголемена концентрација на железо во крвта
како резултат на труење (најчесто кај деца)
• Симптоми: болки во стомакот, гадење, повраќање,
дијареа, црна столица, слаб и забрзан пулс,
отежнато дишење
➢ Хемохроматоза - генетско заболување
• Железото се депонира во органите и доведува
до нивно оштетување

➢Третман на труење
•Дефероскамин - формира комплекс со железото
и се елиминира од организмот
•Намален внес на храна богата со железо
•Зголемен внес на супстанции што ја намалуваат
апсорпцијата на железо
 Цинкот (Zn) е преоден метал
 Втор по застапеност метал во човековиот организам
 Единствен метал што е застапен во сите класи на
ензими
 Содржината на Zn во организмот изнесува 2-3 g
 Најголем дел (60%) од содржината на цинк се наоѓа
во скелетните мускули; 30% во коските; само 0,1% се
наоѓа во плазмата
 Високи концентрации на цинк се најдени во
простата, делови од око, мозок.
➢ Црвено месо и школки се богат извор на цинк. Извори на цинк
од растително потекло се легуминози, житарици со цело зрно,
ореви

Цинкот присутен во храна од


растително потекло потешко се
апсорбира (искористува)
 Зависи од потребите на организмот
 Во плазмата се наоѓа врзан за албуминот и трансферинот
• Fe и Zn имаат ист транспортен протени - вишокот
на железо ја намалува апсорпцијата на цинк
➢ Металотионени – протеини што го врзуваат цинкот и
други метали; претставуваат депоа на цинк во организмот
и го регулираат нивото на слободен Zn
• Вишок на бакар ја намалува апсорпцијата на Zn бидејќи
металотионените ги апсорбираат двата метала
➢ Присуството на калциум ја намалува апсорпцијата на
цинк
➢ Цинкот има бројни функции во организмот, можат да се
поделат во 3 глави групи:
1. Каталитичка улога
• Потребен е за активноста на повеќе од 200 ензими што
учествуваат во синтезата и разградбата на јаглехидрати
(пр. инсулин), масти, протеини и нуклеински киселини
2. Регулаторна улога
• Има клучна улога во регулација на експресијата на гените
3. Структурна улога
• Ја стабилизира структурата на клеточните мембрани со што
го одржува интегритетот на клетките и органите
➢ Цинкот има клучна улога во имуниот систем и отпорност
на организмот кон инфекции
➢ Го подржува правилниот раст и развој за време на
бременоста, детството и адолесценцијата
➢ Има антиоксидативна улога
➢ Има улога во нормалното функционирање на мозокот и
процесот на памтење
➢ Важен е за осетот за вкус и мирис
➢ Важен за сперматогенезата
➢ Јоните на цинк дури и во ниски концентрации се
ефективни антимикробни агенси
 Препорачан дневен внес
◦ Деца: 5-10 mg/ден
◦ Деца во пубертен: 15 mg/ден
◦ Возрасни: 10 mg/ден
◦ Максимално дозволен внес кај возрасни: 15 mg/ден
➢ Популација со ризик од недостаток на цинк:
доенчиња, деца и адолесценти, бремени жени
➢ Намалена концентрација на цинк се јавува при:
употреба на контрацептиви, губење на течности и
крв, инфекции, карцином, кај вегетарјанци,
алкохоличари
 Недостатокот на цинк се манифестира со:
• Забавен раст
• Забавено сексуално созревање
• Нарушен имунитет
• Отежнато зараснување на рани
• Карактеристични осипи по кожата
• Губење на коса
• Оток и заматување на рожницата на окото
• Хронична и тешка дијареа
• Нарушен осет за вкус
• Намален апетит
 Зголемена концентрација на цинк во
организмот најчесто се јавува како резултат
на прекумерен внес, труење или користење
на храна и пијалоци од галванизирани
садови

➢ Симптоми на акутна интоксикација:


абдоминална болка, грчеви, гадење, дијареа,
повраќање
➢ Симптоми на хронична интоксикација:
губење на апетит, нарушен имунитет, ниски
нивоа на HDL, недостаток на железо и бакар
 Бакар (Cu) е преоден метал
 Трет метал по застапеност во човековиот организам
 Се јавува во Cu+1 (купро) и Cu+2 (купри) форма, во
телото преовладува Cu+2 формата
 Изразени оксидоредукциски својства - лесно прима и
отпушта електрони, важен за отстранувањето на
слободните радикали
 Содржината на Cu во организмот изнесува 100-150 mg
 Присутен е во сите ткива; во најголем дел се складира
во црниот дроб, мал дел во мозокот, срцето и бубрезите
 Бакарот во големи количини е присутен во црвеното месо
(пр. црн дроб и бубрег), риба, школки, печурки,
апетисани, семиња (пченица, јачмен, сончоглед и др.)
 Црно чоколадо и какао - богат извор на бакар
1. Дневен внес од 2mg
2. 25% не се апсорбира и се
елиминира преку фецес
3. 50% е во форма на комплекс
со протениот
металотионин
4. 25% Cu се траспортира во
црниот дроб и се врзува за
протеин наречен
церулоплазмин
5. Поголемиот дел се
излачува во жолчката
6. <5% Cu циркулира во
серумот врзан за
церуроплазмин
7. <5% се излачува преку урина
 Се апсорбира во тенкото црево и со помош на
албуминот се транспортира до црниот дроб
 90% Cu во крвотокот е во врзана форма со
церулоплазмин
 Церулоплазминот го носи бакарот во ткивата каде
што е потребен
 Металотионин е транспортен протеин што ја
олеснува апсорбцијата на бакар, но и на цинк
 Присуството на поголеми количини на цинк ја
намалува апсорпцијата на бакар
❖ Значајна функционална компонента на многу ензими
 Ензими значајни за:
• метаболизмот на железото
• функционирањето на нервниот и имуниот систем
• одржување на интегритетот на сврзните ткива во
мозокот и крвните садови; улога во формирање на коските
1. Ензимот цитохром C оксидаза – содржи Cu и Fe, значаен за
создавање на енергија при процесот на аеробна респирација
2. Неоходен во синтезата на хемоглобинот, вградување на Fe во
хемоглобинот, апсорпција на Fe и негов трансфер од ткивата
до плазмата
3. Ензим лизил оксидаза – синтеза на колаген и еластин, два
значајни структурни протеини за коските и сврзното ткиво. Го
обезбедуваат структурниот интегритет на крвните садови,
коските, врзивните ткива, срцето, кожата, косата
4. Продукција на миелин – бакарот учествува во синтеза на
фосфолипиди што ја сочинуваат миелинската обвивка на
периферните нерви
5. Продукција на пигмент меланин – ја заштитува кожата од
дејството на UV зраци
6. Потребен за создавање на хормонот тироксин во тиоидната
жлезда
7. Cu/Zn супероксид дисмутаза – ензим што учествува во
детоксификација на супероксиди, бакарот е силен
антиоксидант
Како делуваат антиоксидансите

Постои слободен
радикал со Кога радикалот има
неспарен Ова е антиоксидант.
два електрони
електронски пар Тој дава електрон на (електронски пар),
(слободен слободните радикали,
електрон) повеќе не е активен.
со што ги спречува да
Додека се обидува ги уништуваат Слободните радикали
да најде втор клетките. се формираат како
електрон, тој ги резултат на стрес,
уништува мастите и БАКАРОТ ЛЕСНО ГИ лоша исхрана,
некои протеини, и НАОЃА СЛОБОДНИТЕ загадување,
РАДИКАЛИ И ДОНИРА
го забрзува недоволен сон,
стареењето преку ЕЛЕКТРОН! алкохол, цигари.
процесот на
оксидација.
➢ Препорачано дневно внесување на бакар
• Деца 4-10год: 1000 g/ден (1 mg/ден) Додатоци на исхрана што содржат
бакар не треба да се даваат на
• Деца 11-14 год: 1500 g/ден деца, внесот треба да се должи на
• Возрасни: 1000 g/ден исхраната
• Максимално дозволено внесување: 3 mg/ден

➢Минералите во организмот делуваат


како тим
➢Бакарот, железото и цинкот
делуваат како трио
➢Вишокот или недостатокот на еден од
нив, ја намалува апсорпцијата и
функцијата на другите.
➢Вишок на Zn ја намалува апсорпцијата на Cu.
• Доведува до остеопороза, нарушување на
имунитетот,проблеми со срцето и циркулацијата.
• За нормално функционирање на ензимите поважен е
соодносот на концентрацијата на Cu/Zn, отколку
нивната апсолутна концентрација
➢ Cu е потребен за Fe: без бакарот, железото не може да
се претвори во Fe III (фери) форма. Cu е важен на
транспорт на железото кон и од ткивата.
➢Недостатокот на бакар е ретка појава
➢Најчесто се должи на генетско нарушување (Menkes болест)
➢Поретко како резултат на неизбалансирана исхрана
➢ Симптоми: Menkes-ова болест е ретко
• Нарушен метаболизам на генетско заболување што се јавува
железо и анемија кај машките деца. Карактеристичен
раст на коса, ментална ретардација,
• Тешка остеопороза
завршува летално во раното детство
• Млитавост на мускулатурата
• Кардиоваскуларни заболувања
• Нарушен имунитет
• Губење на пигментот на кожата
• Пореметувања на тироидната
жлезда
➢Акутни труења со бакар се ретки – случајно земање на
храна и пијалоци што долго стоеле во бакарни садови
▪ Симптоми: абдоминална болка, повраќање, дијареа

➢Хронична токсичност – се јавува многу ретко,


најчесто при оштетувања на црниот дроб

➢ Wilson-ова болест – ретка генетска болест што се


карактеризира со акумулација на Cu во црниот дроб,
мозокот, бубрезите и рожницата на окото

Kayser-Fleischer-ов
прстен

You might also like