You are on page 1of 5

НЕУХРАНЕТОСТ

ТЕМА 3 ДОБИВАЊЕ ХРАНА


ЛОША ИСХРАНА-МАЛНУТРИЦИЈА-НЕУХРАНЕТОСТ-
ПОТХРАНЕТОСТ
 Кога во исхраната нема доволно хранливи материи, се појавува состојба која
се нарекува лоша исхрана (малнутриција-НЕУХРАНЕТОСТ).
 Недостигот на некои конкретни хранливи материи во исхраната може да
доведе до појава на болести на недостиг (дефицит), како што се на пример
 скорбут(малаксаност, крвавење на непцата, опаѓање на забите, предизвикан
од недостиг на витамин Ц )
 анемија (недостигот на железо во организмот. Железото е дел од
молекулата хемоглобин, која е дел од црвените крвни клетки. За железото се
поврзува кислородот и се пренесува до сите клетки кои ќе си создадат
енергија од него и хранливите материи. Кога нема доволно железо- нема
доволно кислород во клетките-нема доволно енергија човекот- ќе се
чувствува омалаксано).
 Витамините и минералите се битни бидејќи секој од нив учествува во некој
процес и неговото одсуство може да предизвика некои болести. Погледни во
табелата подолу.
витамини извори дејство недостиг

минерали

А Маслиново масло,овошје Правилно гледање Кокошкино или т.н ноќно


и зеленчук со слепило(дење гледа
портокалова боја нормално,ноќе не може
да гледа
Б Квасец,јаткасти семиња Нормална функција на Нервни и кожни
нервен систем,кожа пореметувања
Ц Цитрусно овошје Одбрамбена способност Скорбут-сува кожа и рани
Кисела зелка,пиперка- против инфекции по кожата,крварење на
лута непца
Д Млечни Правилно окоскување на Искривување на коските
производи,риба,јајце коските во форма на буквата О
или X рахитис
Е Житарици,јаткасти Развој на нервен систем, Неправилен развој на
семиња на полови органи плодот,појава на
неплодност
ЖЕЛЕЗО Леќа,жолчка од Во состав на Слабокрвност-анемија
јајца,спанаќ,боровинки,ка ххемоглобинот за
пини транспорт на гасови во
тело
КАЛЦИУМ Млечни проиводи,млеко Раст и развој на коските- Слаби,кршливи
цврсти коски и заби коски,заби
 Кога во организмот има општ недостиг на сите хранливи материи доаѓа до
 големо губење на тежината и низа компликации по однос на здравјето на човекот,
а може да заврши и со смрт.
Вакви состојби на екстремно губење на тежината се анорексија и булимија.
 Анорексија е неконтролирано губење на тежината. ​Луѓето што страдаат од
оваа болест јадат многу малку и имаат голем страв од дебелеење.
Кога ќе се препознае оваа состојба (анорексија) кај луѓето, може да им се помогне
со внимателно советување со цел да имаат најдобри шанси за целосно да закрепнат.
 Булимија е слична на анорексија со тоа што болниот при јадење зема
поголемо количество на храна , а потоа најчесто преку повраќање настојува
да ја исфрли од организмот.
Заболените од овие болести најчесто имаат впечаток за себе дека се многу дебели и
се
трудат неконтролирано брзо да ослабат.

You might also like