You are on page 1of 23

ВОВЕД

Исхраната или внесувањето на храна претставува процес преку кој на клетките и


организмите им се обезбедуваат потребните материи за живот. Здравата исхрана значи
конзумирање на здрава, разновидна и помалку обарботена храна, односно, за да
човечкото тело биде здраво и може да ги извршува дневните активности, потребно му е
во телото да внесе 90 есенцијални хранливи материи кои се неопходни за правилен раст и
развој, а тоа се: 60 минерали, 16 витамини, 12 аминокиселини и 3 незаситени масти.
Исхраната на еден човечки организам всушност претставува што тој јаде, а тоа во
најголема мера е одредено од она колку храната за него е вкусна или се смета за вкусна.
Од друга страна, лошата исхрана може да предизвика нарушуавање на здравјето на
човекот и да предизвика одредени болести, кои во најлош случај, може да бидат
животнозагрозувачки за единката.
Науката за исхраната ги истражува метаболичките и психичките телесни одговори
на истата. Оваа наука е повеќе важна бидејќи со новиот начин на брз и стресен живот,
луѓето како да забораваат колку е важен самиот начин на внесување на храната во своето
тело, а потоа и што и колку од продуктите се внесуваат. Ова пак уште понагласено кога
станува збор за трудниците, бидејќи од нивниот начин на исхрана зависи и развивањето
на новиот живот кој го носат во себе. Дотолку ова е важно од причина што човечкото тело
се состои од елементи и соединенија кои се внесуваат, преработуваат, апсорбираат и
циркулираат низ крвотокот преку кој ги хранат клетките на своето тело.
Првите неколку недели од бременоста можат да бидат преубави, но и необични.
Првите месеци се посебни бидејќи детето тогаш забрзано расте, а тоа е време кога
трудницата дополнително треба да се грижи за својата исхрана со цел да го сочува своето
и здравјето на бребето. Бременоста се дели на три стадиума кои се викаат трисеместри:
првиот трање од зачнувањето до 13 –тата недела, вториот од 14 до 26 недела и третиот
од 27 до 40 недела.
Во сите трисеместри бремената жена мора да внимавама на својата исхрана,
особено во делот на внесување доволно количество на железо во исхраната, бидејќи
анемијата е честа појава во текот на бременоста. Важно е да знаеме дека постојат шест

1
одновни класи на хранливи материи, а тоа се: јаглеродни хидрати, масти, минерали,
белковини, витамини и вода. Сите овие хранливи материи неопходно е да бидат
правилно распоредени и венсени во организмот на трудницата, со што би се заштитило
нејзиното здравје и здравјето на бебето, особено пришто таа треба да внимава на нивото
на железо во крвта, кое основниот показател за анемија.
Како што може да се забележи, во оваа семинарска работа ќе стане збор за
анемијата кај трудници, при што ќе се обидеме на еден експлицитен начин да прикажеме
што претставува анемијата, поради што се јавува, како може да се спречи, на кој начин
трудниците може да не дозволат појава на анемија во текот на бременоста, за на крај да
дадеме еден статистички преглед на појавата, односно застапеноста на анемија кај
трудниците за периодот во 2020 и 2021 година, кој статистички преглед ќе ни овозможи
да направиме една мала компаративна анализа на овој здравствен проблем.

2
1. Хранливи материи – важност во исхраната на трудницата

Постојат шест основни класи на хранливи материи, а тоа се: јаглеродни хидрати,
масти, минерали, белковини, витамини и вода. Повеќето видови на храна содржат
мешавина од сите класи на хранливи материи заедно. Некои од хранливите материи
може да се складираат внатрешно, а другите повеќе или помалку на човечкиот организам
му се потребни цело време. Лошата или нарушена здравствена состојба може да биде
предизвикана поради недостаток на потребни хранливи материи. Во продолжени,
накратко ќе дадеме осврт на секоја од класите хранливи материи, со цел да ја увидиме
нивната важност за внесување во организмот на трудницата за време на нејзината
бременост.
1. Јаглеродни хидрати – тие може да се поделат како моносахариди, дисахариди
или полисахариди. Тие се голема група на храна, како што е оризот,
тестетнините, чебот и други производи од жито. Растителното влакно е
јаглероден хидрат или полисахарид, кој претставува сложено соединение, и
него луѓето го апсорбираат нецелосно. Целите зрна, овошјето и зеленчукот се
добар извор на растителни влакна.
2. Масти – тие може да се поделат на заситени и незаситени, во зависност од
детализираната структура на вклучените масни киселини. Во незаситени масни
спаѓаат омега – 3 или омега – 6 масни киселини, кои се многу важни за
здравјето на човекот. Рамнотежата помеѓу овие два вида на масни киселини е
многу важна за кардиоваскуларното здравје.
3. Белковини – тие се основата за многу животински телесни структури, како на
пример: мускулите, кожата и косата, а во исто време тие ги формираат
ензимите кои ги контролираат хемиските реакции низ телото. Со оглед на
фактот дека во телото не постои место за складирање на белковините и
аминокиселините, тие мора да бидат присутни во исхраната. Храната која
содржи соодветна количина на аминокислени е особено важа во раното
развивање и созревање и бременоста.

3
4. Минерали – тие им се потребни во исхраната на сите живи организми, а секако
на човекот му се особено важни. Многу од минералите на организмот му се
потребни во значително голема колична, а особено препорачливи во дневна
доза од повеќе од 200 милиграми на ден се следните: калциум, хлор,
магнезиум, фосфор, калиум, натриум и сулфур. Некои од минералите се
потребни во мали колични, а тоа се: кобалт. Бакар, хром, јод, железо кое
потребно за хемоглобинот и за спречување на појава на анемија, манган,
молибден, никел, селен и цинк.
5. Витамини – некои од нив се сметаат за неопходни хранливи материи потребни
за добро здравје.
6. Вода – таа е најпрво неопходен природен ресур за живот воопшто, а воедно за
одржување на добро здравје на човекот и за правилна хидратација на телото
неопходни се од 6 до 8 чаши дневно вода. На бремените жени и доилките
потребни им се доволно течности за да останат хидрирани и го одржат добро
своето здравје.
7. Антиоксиданси – тие се всушност неутрализатори на слободните радикали кој
процес е неопходен за долготрајно нормално клеточно одржување, растење и
нивна поделба.
8. Фитохемикалии – тие претставуваат ефект на хемикалиите во форма на трага, а
исто така овие хранливи материи се наоѓаат во растенијата кои се јадат,
особено овошјето и зеленчукот, оние плодови кои имаат впечатливи бои, но ги
има и во други организми како што се морската храна, алгите и габите.
Здравата и врамнотежана исхрана значи превенција на здравјето на човекот од
многу заболувања, особено денес, кога се повеќе имаме луѓе кои се соочуваат со тешки
болести, како што е карциномот, кардиоваскуларните болести и дијабетесот, кои болести
се резултат на се поголемото консумирање на тешка храна од животинско потекло,
наместо храна од растително потекло. Ова е особено важно за трудниците, бидејќи тие со
самото зачнување, имаат извесни промени во организамот, некои аномалии природно се
јавуваат, а сетоа тоа се регулира и може да се регулра со правилен начин на исхрана и

4
редовна контрола кај гинеколог. Не случајно редовната контрола, покрај лабораториско
испитување на крвта, опфаќа и мерење на телесната тежина на идната родилка.
Дебелината може негативно да ја промени хормонската и метаболичната состојба како
резултат на отпорноста кон хормонот лептин, а со тоа може да дојде до отпорност на
инсилунот што доведува до влошување на здравствената состојба.
Накратко ќе дадеме некои историски податоци кои се однесуваат на важноста на
исхраната за здравјето на луѓето, а потоа ќе преминеме на она што е главната тема на
семинарската работа – „Анемија кај трудници“.
Првиот регистриран, ако може да се нарече експеримент, во врска со исхраната се
сретнува во Библиската книга за Даниел и неговите пријатели кои биле заробени од
страна на кралот на Вавилон за време на инвазијата на Израел. Тие биле избрани како
слуги на судот и требало да делат кралска храна и вино, но тие одбиле, бидејќи
претпочитале зеленчук и вода во согласност со нивните Еврејски начин на исхрана.
Главниот готвач на кралот се согласил на тој начин на исхрана за период од 10 дена и
после тоа кога ги споредиле со кралските луѓе, тие изгледале поздраво, па им дозволиле
и понатаму тала да се хранат. Хипократ исто, уште п.н. рекол: „Нека храната биде
вашиот лек, а лекот Вашата храна“.
Леонардо да Винчи кој бил научник и уметник, метаболизмот го споредил со
запалена свеќа. Антоан Лавозје – таткото на исхраната и хемијата, ги открил деталите на
метаболизмот со тоа што истакнал дека кислородот во храната е извор на топлина за
телото. Во почетокот на 19 – тиот век било докажано и признаено дека елементите
јаглерод, азот, водород и кислород се основни компоненти во храната, а се развиле и
методи за мерење на нивни ниски пропорции. Денес, во 21-0т век насекаде се достапни
информации и јавно се зборува за важноста на исхраната, начинот на внесување на храна,
за тоа дека храната е извор на здравје и дека таа го одржува балансот или дисбалансот на
организмот на човекот, како и дека е причина за појава на голем број болести.
Трудниците денес добиваат јасни и точни насоки за тоа како е пожелно да се
хранат, со цел да не дојде до нарушување и појава на одреднеи болести во текот на

5
бременоста. Тоа е особено нагласено во делот на доволно внесување храна богата со
железо, со цел да се спречи анемијата во текот на бременоста.

2. Поим за анемија и анемија во текот на бременост

Анемијата или слабокрвност е состојба кога организмот нема доволно здрави


црвени крвни зрнца наречени еритроцити кои треба да го пренесат кислородот до сите
ткива во организамот на човекот. Кај оваа состојба, покрај намалениот број на еритроцити
во крвта, намален е и хемоглобинот, како и што хематокритот е под нормалните
вредности.
Слика бр. Микроскопски преглед на крв со и без црвени крвни зрнца

Извор:http://pharmanews.mk/rizici-od-namaleno-nivo-na-zhelezo-vo-tek-na-bremenost/

Еритроцитите се создваат во коскената срцевина, а нивната главна улога во


организмот е да го пренесуваат кислородот до сите органи и ткива, при што хемоглобинот
е составен дел на еритроцитите. Имено, хемоглобинот е протеин кој има улога да го
поврзува и пренесува кислородот до оддалечените органи, од кои особено се важни
мозкот и срцето. Прифатена е дефиниција на Светската здравствена организација, која
анемијата ја одредува како вредност на хемоглобинот во еритроцитите, односно крвта
според следните вредности:
 За мажи (Hb) < 138 g/l и

6
 За жени (Hb) < 119 g/l.
Исто така, според Светската здравствена организација, односно според добиени
податоци од низа и редовни истражувања, повеќе од 30% од светската популација се
анемични како резултата на недостаток на железо во крвта, кое најмногу се внесува преку
исхраната. Недостатокот на железо е минерал кој е присутен во многу видови на храна,
вклучувајќи го месото, гравот, оревите, житариците и сувото овошје, а воедно,
недостатокот на железо на најчестата форма на анемија. Како резултат на недостатокот на
железо, телото не произведува доволно хемоглобин, а тоа може да доведе до замор и
недостаток на енергија, поединецот да остане без здив, да има болка во градите,
срцебиење и блед тен (ова се само некои од симптомите кои се јавуваат при анемија).
Националниот институт за здравство за лицата на возраст од 19 до 50 години како
препорачана доза за внес на железо ја смета 8 милиграми за мажи и 18 милиграми за
жени, додека 27 милиграми за жени за време на нивната бременост. Имено,
недостатокот на железо во крвта е причината за појава на анемија која може да се јави
било кога, но во текот на бременоста е многу честа појава и се сретнува кај речиси 50% од
жените. Причината поради ваквата зачестеност во текот на бременоста е поради
недостатокот на железо, односно недоволен внес на железо, со оглед на фактот дека во
текот на бременоста крвта треба да го разнесува кислородот не само низ телото на
мајката, туку и низ телото на бебето, а тоа доведува до зголемување на волуменот на
крвта за околу 50%. Тоа предизвикува разредување на крвта со што се зголемуваат
потребите од железо за изградба на нови еритроцити.
Според триместрите за време на бременоста, параметри за дефиниција на
анемијата се следни:
- Во првиот триместар Hb < 110 g/l,
- Во вториот триместар Hb < 105 g/l,
- Во третиот триместар Hb < 110 g/l.
Кај родилките вредноста на хемоглобинот < 100 g/l укажува на анемија. Околу 35%
од бремените жени се изложени на ризик од компликации во текот на бременоста кои се
јавуваат како резултат на недостаток на железо. Воглавно, жените во текот на бременоста

7
имаат природно зголемена потреба од железо бидејќи е потребно да произведат
дополнителни крвни клетки за фетусот и растот на плацентата. Понатаму, железото кое е
важно да се внесува во текот на бреноста за да не се појави анемија, е важно и за
нормалното функционирање на протениот тироидна пероксидаза, протеин кој е важен за
производство на хормоноте на тироидна жлезда. Трудницата овие хормони на
тироидната жлезда е неопходно да ги произведува со цел да може целосно да се развие
мозокот на бебето, што е посебно важно во првиот триместар од бременоста, кога и кај
фетусот се развива тироидната жлезда.
Бременоста е посебен период за жената, не само поради тоа што телото трпи
многу промени, туку и заради уникатната состојба во која се наоѓа и чувствува жената.
Овие зголемени промени доаѓаат до особен израз во вториот триместар, а ова е и
перидоот кога кај трудницата најчесто доаѓа до појава на анемија поради недостаток на
железо, и тоа е т.н. железо – дефицитна анемија. Затоа, во овој период од бременоста
жената е нужно да прави редовни контроли кај својот матичен лекар, особено во делот на
редовна анализа на крвната слика и урината. Со помош на тие анализи ќе се добијат
податоци за бројот на еротроцити во крвта, нивото на хемоглобин, процент на хематокрит
и ниво на серумско железо. Анемијата се потврдува кога од резултатите од крвната
анализа ќе се види дека бројот на еритроцити е под 3,5 на 10 g/l, хемоглобинот е под 110
g/l, хематокритот под 32%, и серумското железо под 10 g/l.
Железо – дефицитната анемија кај трудниците е од типот на стекнати анемии, но
има и наследни анемии (српеста анемија, таласемија, хемоглобинопатија и наследна
хемолитична анемија), односно во тој случај, бременоста не е причина за стекната
анемија во текот на бременоста, но сепак може да предизвика влошување на состојбата
на трудницата. Како и да е, матичниот гинеколог е тој кој треба да ги препознае ризичните
фактори за појава на железо – дефицитната анемија кај трудницата. Притоа, под ризик се
оние трудници кои уште пред да забременат имале намалени резерви на железо, оние
кои носат повеќе од еден плод, оние кои од предходното породување не поминало цела
година, трудниците кои имале анемија и во предходната бременост, како и трудници кои
забремениле многу млади, до 20 годишна возраст.

8
Честите контроли кај матичниот гинеколог кои трудницата е неопходно да ги прави
имаат за цел навремено откривање и лекување на појавата на железо – дефицитната
анемија. Исто така, сегашните и идните трудници мора да бидат информирани дека
анемијата во текот на бременоста може да преставува ризик за нив и нивното бебе,
бидејќи оние трудници кои се анемични, тешко го поднесуваат и постпородилниот
период и имаат потешкотии со продукција на мајчиното млеко. Од таа причина,
трудниците треба да се советуваат да консумираат храна која е богата со железо, а во
продолжение ќе прикажеме табела на храна која е богата со железо.
Табела бр. Препорачана исхрана - храна богата со железо

9
Извор Количина Содржина на железо
(во мг.)
Телешко месо 85 г 3.0
Телешки црн дроб 85 г 7.5
Пилешки гради 85 г 1.1
Пилешки бут 100 г 1.3
Пилешки црн дроб 100 г 12.8
Школки ¾ чаша 3
Свинско месо 85 г 1.2
Туна во вода 85 г 0.8
Мисирка 100 г 2.3
Бадеми 10-12 0.7
Суви кајсии 10 1.7
Црн грав 1 чаша 3.6
Интегрален леб 2 парчиња 1.8
Брокула зготвена ½ чаша 0.6
Урми 10 1.6
Леќа варена 1 чаша 6.6
Кромид 1/2 1.5
Грашок ½ чаша 1.3
Суво грозје ½ чаша 1.5
Смоква 1 2
Интегрален ориз, варен 1чаша 1
Варена киноа 1 чаша, 185 г 2.8
Паста 150 г 0.8
Соја, варена 1 чаша 8.8
Спанаќ, варен ½ чаша 3.2
Какао 1 лажица 0.5
Кари 1 лажица 0.6
Јајца 1 1
10
Извор:https://www.hipp.mk/bremenost/prirachnik/vazhni-nutrienti/zhelezo/

Како што може да се види од табеларниот приказ, железото го има и кај храна која
е од животинско потекло и ова е многу важно да го знае трудницата, бидејќи храната од
неживотинско потекло многу потешко го апсорбира железото. Тоа овозможува нивото на
хемоглобин во крвата (протеин кој се наоѓа во еритроцитите) да не падне под 12%,
бидејќи тоа се смета за критична состојба и постоење на анемија кај трудницата.
Витаминот Ц трудницата е потребно да го внесува преку исхраната или преку други
суплементи бидејќи тој ја подобрува апсорпцијата на железото, а се препорачува
трудницата да не консумирана храна која ја намалува апсорпцијата на железото (кафе, чај
и продукти кои содржат калциум, како млеко и млечни производи).
Главната причина поради која железото е толку важно за трудницата е фактот дека
тоа ги снабдува мајката и детето со витален кислород, односно го врши транспортот на
кислородот од белите дробови до крвата и сите други органи, се до мозокот, а во првите 4
месеци од бременоста, мајката го снабдува бебето со резерви од железо, кои само на тој
начин подоцна бебето ќе може тоа самостојно да го прави. Всушност, доволниот внес на
железо е особено важен за крајот на бременоста бидејќи тогаш бебето нагло расте и тоа
ќе му овозможи одличен почеток на живот.

2.1 Симптоми на анемија во текот на бременоста


Симптомите на анемија се различни и со различен интензитет, така што на
почетокот може да биде незабележлива, но подоцна може значително да го наруши
квалитетот на живот и на трудницата, но и на бебето. Трудницата која има анемија го
оптоварува своето срце, бидејќи тоа мора посилно да пумба за да го надополни
недостатокот од кислород во крвта, па затоа се присутни тешкотии во вид на забрзано или
неправилно работење на рцевите мускули. Оттаму, како главни симптоми за анемија кај
трудниците се наведуваат следните:
- Замор,
- Омалаксаност или слабост,
- Бледа или жолтеникава кожа,
- Неправилно отчукување на срцето,
11
- Вртоглавица,
- Главоболка,
- Опаѓање на косата,
- Болка во градите,
- Ладни раце и нозе,
- Распукани усни,
- Кршливи нокти,
- Недостаток на концентрација итн.
Трите најчести причини поради кои може да се јави анемијата кај трудниците се:
1. Анемија предизвикана поради губиток на еритроцити односно хемоглобин,
која може да биде хронична, поради засилено крварење или губење на крв
преку дигестивниот тракт, и акутна, најчесто после губење на крв од повреда,
операција и сл.;
2. Анемија како последица од недоволна синтеза на еритроцити и хемоглобин
која се јавува како резултат на недоволно произведени црвени крвни зрнца или
хемоглобоин заради недостаток на жечезо и витамин Б12 или фолна киселина;
3. Анемија како последица на хемолиза, односно разорување на еритроцитите
заради имунолошки или други причини.
Поаѓајќи од причините за појава на анемија, се издвојуваат следните најчести
видови:
 Сидеропенична анемија – кај овој вид на анемија имаме пореметување во
метаболизмот како резултат на недостаток на железо во крвта. Речиси 30% од
популацијата на светско ниво има недостаток од железо, а овој вид на анемија
најчесто е присутна кај мали деца и тоа кај 40% деца од предучилишна возрат,
млади жени, односно кај 30% кои се во репродуктивен период и кај 30%
трудници;
 Анемијата како хронична болест – тука имаме функционален недостаток на
железо кое се јавува поради неадекватно стигнување на железото во коскената
срж и покрај достапните резерви, а е присутно кај болни лица од некоја

12
хронична или воспалителна болест, како што се на пример: автоимуни болести,
Кронова болест, болест на бубрезите, карцином, срцево ослабнување итн.;
 Мегалобластна анемија – најчесто настанува како последица од недостаток на
витамин Б12 и/или фолна киселина. Може да се јави при намалено внесување
на фолната киселина или витаминот Б 12, а кога имаме зголемена
потрошувачка на истите, како што е на пример кај трудниците. Недостатокот од
витамин Б12 може да предизвика невролошки проблеми, како што е промена
на менталниот статус (периферна неуропатија, губење на помнењето). Во
раната фаза се јавува хиперсегментирање на гранулоцитите, а подоцна и
неутропенија, додека во потешките облици може да предизвика
тромбоцитопенија, а тромбоцитите имаат чуден облик и големина;
 Сидеробластна анемија – се јавува како последица на недоволно искористено
железо, дури и ако го има во доволна количина. Овој вид на анемија е
пропратена со намалување на вредноста на ретиколуцитите, а е зголемено
нивото на железо, феритининот и сатурацијата на трансферин во крвта.
Анемијата кај трудниците може да доведе до предизвика предвремено
породување на бебето поради што тоа би имало мала телесне атежина. Кога станува збор
за тоа како би можело да се спречи анемијата во бременоста, препораките се дека е
добро уште пред забременувањето да се има резерви на железо во организмот.
Истовремено, е препорачливо да се зема храна која е богата со витамин Ц, бидејќи тој ја
зголемува способноста за апсорпција на железото.
Слика бр. 2 Состојба на вртоглавица при анемија кај трудница

13
Извор:https://tvoebebe.com/BREMENOST/anemija.php

Кога би запрашале зошто е важно железото во текот на бременоста, одговорот е


едноставен. Тој е следен: „Телото на трудницата (но и сите останати) железото го користи
за создавање на хемоглобин кој го има во црвените крвни клетки, а кој е одговорен за
транспорт на кислородот низ целото тело. За време на бременоста мајката треба да
обезбеди доволно кислород и за бебето, што би значело дека ќе има потреба од многу
повеќе хемоглобин, а тоа е уште понеопходно поради фактот дека се формира уште еден
крвоток, а тоа е на самото бебе“.
Доколку кај трудницата се појави анемија, потребно е таа да зема додаток на
железо и/или додаток на фолна киселина, како и да го промени начинот на исхрана при
што ќе внесува храна која е богата со железо и фолна киселина. Биферилот е природен
додаток на исхраната кој е богат со големо количество на железо и содржи органски
железен глуконат.

3. Истражувачки дел на семинарската работа - дискусија и


резултати

За потребите од изработка на оваа семинарска работа, со цел да се надополни


теоретскиот дел на истата, направивме едно мало истражување во однос на темата:
14
„Анемија кај трудници“. Како извор на податоци ја искористив архивата на
Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје. За истражувачки
примерок без земени трудници во 2018 година и трудници во 2020 година. Ги земавме
овие две години со цел да направиме еден вид компаративна анализа, при што и како
еден вид хипотетичко поставување го земавме периодот пред и после пандемијата од
вирусот КОВИД – 19.
Истражувачкиот примерок го сочинуваа по 39 трудници во двете години, кај кои во
2018 година од вкупно 39 трудници кај 28 била дијагностицирана анемија, а во 2020
година од вкупно исто 39 трудници, била дијагностицирана анемија кај 19 од нив. Како
заклучок од овој првичен податок може да се изнесе следното:
- Во 2018 година сите од трудниците оделе на работа и имале помалку време
околи грижа за себе во однос на исхраната, па често се случувало да се хранат
со брза храна или храна недоволно богата со железо.
- Во 2020 година, согласно донесените Протоколи и мерки за заштита на
населението, донесени од Владата на РСМ, а по препорака на Министерството
за здравство и Комисијата за заразни болести, трудниците беа ослободени од
работните ангажмани влегувајќи во категоријата на ризични целни групи за
зараза со вирусот КОВИД – 19, што може да претставува индикатор дека
трудниците можеле повеќе внимание да посветат на грижата за себе во делот
со правилна исхрана и внесување на храна богата со железо.
Во продолжение ќе дадеме табеларен и графички приказ на истражувачкиот
примерок, при што за двете компаративни години, ќе дадеме приказ и на застапеноста на
анемијата кај трудниците по трисеместри, како што всушност е поделена самата
бременост кај жените.

Број на трудници во 2018 година Број на трудници со дијагностицирана анемија


39 28
Вкупно: 28
Табела бр. 2 Примерок од број на трудници во 2018 година кај кои е дијагностицирана анемија

15
Трудници во 2018 година - истражувачки примерок

Број на трудници
42% Број на трудници со
дијагностицирана
анемија
58%

Графикон бр. 1 Процент на дијагностицирана анемија кај трудници (истражувачки примерок за 2018
година)

Како што може да се види од табеларниот и графичкиот приказ, од вкупно земени


39 бремени жени како истражувачки примерок за 2018 година, кај 28 или кај 42% од нив
била дијагностицирана анемија. Според трисеместрите, во првиот имало 3 трудници со
анемија, во вториот 9, во третиот 14 и во четвртиот трисеместар имало 2 трудници со
анемија. Овој податок е загрижувачки, а воедно и кореспондира со оној во светски рамки,
каде Светската здравствена организација истакнува дека кај 50% од трудниците во текот
на бременоста доаѓа до појава на анемија. Исто така, најкртичен е третиот трисеместар,
што исто така се совпаѓа со остражувачките податоци во светски рамки, дека во овој
период од бременоста е најмногу зачестена појавата на анемија кај трудниците.
Поделба на бременоста по трисеместри Број на трудници со анемија по трисеместри
Прв трисеместар 3
Втор трисеместар 10
Трет трисеместар 15
Вкупно: 28
Табела бр, 3 Број на трудници со анемија – поделба според трисеместри на бременост

16
Графикон бр. 2 Анемија кај трудници по трисеместри – истражувачки примерок за 2018 година

За 2020 година, исто како истражувачки примерок беа земени 39 трудници. Од 39,
кај 19 или 33% била дијагностицирана анемија, а по трисеместри, бројот е следен: во
првиот трисеместер имало 2 трудници со анемија, во вториот 5, и во третиот кај 12 била
дијагностицирана анемија. Табеларниот и графичкиот приказ е даден во продолжение.
Број на трудници во 2020 година Број на трудници со дијагностицирана анемија
39 19
Вкупно: 19
Табела бр. 4 Трудници со појава на анемија – истражувачки примерок за 2020 година

Трудници со анемија во 2020 година -


истражувачки примерок од 39 трудници
Број на трудници во 2020 година
Број на трудници со дијагностицирана анемија

33%
67%

Графикон бр. 3 Процент на застапеност на трудници со анемија во 2020 година

Во однос на 2018 година, процентот на трудници кај кои била дијагностицирана


анемија е помал, односно ако во 2018 година изнесуваше 42%, во 2020 година тој е 33%.
Сепак, и овој податок не е за занемарување, што ни укажува на потребата од можеби
поголема едукација на трудниците за важноста од правилната исхрана и грижа за време
на бременоста, што воедно имплицира можеби и потреба од подигнување на јавната
свест и медиумска кампања.

17
Поделба на бременоста по трисеместри Број на трудници со анемија по трисеместри
Прв трисеместар 2
Втор трисеместар 5
Трет трисеместар 12
Вкупно: 19
Табела бр. 5 Анемија кај трудници по период на бременост за 2020 година

Графикон бр. 4 Трдуници со анемија по трисеместри

Од графиконот бр. 4 може да се забележи дека кај најголем број или 12 од 19


трудници им била дијагностицирана анемија во третиот трисеместар, што како период од
бременоста е можеби најризичен, а иста таква беше сликата и за трудниците кои како
истражувачки примерок беа земени за 2018 година, односно 15 од 28 трдуници имале
анемија во третиот трисеместар.
Во продолжение ќе дадеме приказ на број на трудници кај кои била
дијагностицирана анемија според нивната возраст за двете години.
Возраст на трудници со анемија (2018 г.) Број на трудници со анемија според возраст
До 20 години 6
Од 20 до 30 години 7
Од 30 до 40 години 7
Над 40 години 8
Вкупно: 28
Табела бр. 6 Број на трудници со анемија според возраст за 2018 година

18
Број на трудници со анемија по возраст
8
7 7
6

До 20 години Од 20 до 30 Од 30 до 40 Над 40 години


години години

Графикон бр. 5 Возрасна структура на трудници со анемија за 2018 година

Според податоците кои ги добивме од досиеата на трудниците породени и


следени на ГАК, јасно може да се види дека не постои значителна разлика во однос на
возрасната структура, освен што мало отстапување има возрасната категорија над 40
години, каде бројот на трудници е 8 кај кои е дијагностицирана анемија.
Во 2020 година, најголем број на трудници со анемија се оние со возраст над 40
години и на возраст од 20 до 30 години. Распределеноста прегледно е прикажана во
табелата број 6 и графиконот број 6 во продолжение.

Возраст на трудници со анемија (2020 г.) Број на трудници со анемија според возраст
До 20 години 3
Од 20 до 30 години 5
Од 30 до 40 години 4
Над 40 години 7
Вкупно: 19
Табела бр.7 Возрасна структура на трудници со анемија за истражувачки примерок од 2020 година

19
Број на трудници со анемија според возраст
До 20 години Од 20 до 30 години
Од 30 до 40 години Над 40 години

16%
37%

26%
21%

Графикон бр. 6 Возрасна структура на трудници со анемија за истражувачки примерок од 2020


година

Заклучок

Начинот на исхрана и грижата за здравјето е особено значаен сегмент од животот


на секој човек. Од таа причина, исхраната уште одамна се сметала за многу значајна во
образовниот процес. На пример, во Англија и Велс, постои наставен предмет во кој
20
наставните содржини обработуваат теми за поврзаноста помеѓу здравјето и
балансираната исхрана. Многу истражувања покажаче дека постоењето на свест за избор
на хранливи оброци и воспоставувањето на позитивни навики за здрава исхрана, имаат
позитивен ефект и врз когнитивни развој на поединецот, како и зголемен капацитет за
помнење и преработка на информации и поими.
Бременоста на жената е мошне убав, но и чувствителен период по здравјето, не
само на неа, туку и бебето. Клучна улога има начинот на живот на идната мајка и
нејзиниот начин на исхрана. Ова е важно бидејќи во текот на бременоста честа е појавата
на анемија кај трудницата. Кога трудницата има анемија, тоа значи дека таа нема доволно
здрави црвени крвни клетки за да носи кислород во ткивата и на нејзиното бебе. Ако
трудницата не внесува доволно железо или некои други хранливи материи, тогаш
нејзиното тело нема да може да произведува доволно количини на еритроцити кои ја
произведуваат таа дополнителна крв потребна за бебето.
Секоја бремена жена и жена која планира бременост неопходно е да провери
нивото на железо во крвта, бидејќи резултатите се показател дали има или нема анемија.
Можеби железо – дефицитната анемија кај трудниците е честа појава и не се смета за
загрижувачка, сепак потешкиот облик на анемија во текот на бременоста го зголемува
ризикот од предвремено породување. Уште повеќе е важно да се прават редовни
контроли и крвни анализи, бидејќи при породувањето трудницата губи крв, и тоа во
просек половина литар при природно породување, и еден литар при породување со
царски рез. Затоа, главната препорака на лекарите – гинеколози препорачуваат месечни
контроли на крвта и ги советуваат трудниците да се хранат здраво и често да внесуваат
храна богата со железо.

Користена литература:

1. Janz TG, Johnson RL, Rubenstein SD (November 2013). "Anemia in the emergency
department: evaluation and treatment". Emergency Medicine Practice. 15 (11): 1–15, quiz 15–
16. PMID 24716235.

21
2. "Anemia: Practice Essentials, Pathophysiology, Etiology". November 9, 2021.
Retrieved February 8, 2022.
3. "Anemia - Symptoms and causes". Mayo Clinic. Retrieved April 1, 2022.
4. Peyrin-Biroulet, Laurent; Williet, Nicolas; Cacoub, Patrice (December 1, 2015). "Guidelines on
the diagnosis and treatment of iron deficiency across indications: a systematic review". The
American Journal of Clinical Nutrition. 102 (6):
15851594. doi:10.3945/ajcn.114.103366. PMID 26561626.
5. "WHO Global Anaemia estimates, 2021 Edition". Wolrd Health Organization.
Retrieved February 27, 2022.
6. "Are You Anemic? Signs & Symptoms". EverydayHealth.com. Retrieved October 20, 2021.
7. Despotovic, J; Mahoney, D; Armsby, C (2021). "Overview of hemolytic anemias in
children". The Lecturio Medical Concept Library. UpToDate. Retrieved June 28, 2021.
8. Brooker S, Hotez PJ, Bundy DA (September 2008). "Hookworm-related anaemia among
pregnant women: a systematic review". PLOS Neglected Tropical Diseases. 2 (9): e291.
9. Gyorkos TW, Gilbert NL, Larocque R, Casapía M (April 2011). "Trichuris and hookworm
infections associated with anaemia during pregnancy". Tropical Medicine & International
Health. 16 (4): 531–537. doi:10.1111/j.1365-
3156.2011.02727.x. PMID 21281406. S2CID 205391965.
10. James, Stephen P. (April 2005). "National Institutes of Health Consensus Development
Conference statement on Celiac Disease, June 28–30, 2004". Gastroenterology. 128 (4): S1–
S9. doi:10.1053/j.gastro.2005.02.007. PMID 15825115.
11. Polin RA, Abman SH, Rowitch D, Benitz WE (2016). Fetal and Neonatal Physiology (5 ed.).
Elsevier Health Sciences. p. 1085. ISBN 978-0-323-35232-1. Archived from the original on
October 31, 2016
12. https://www.hipp.mk/bremenost/prirachnik/vazhni-nutrienti/zhelezo/
13. http://pharmanews.mk/rizici-od-namaleno-nivo-na-zhelezo-vo-tek-na-bremenost/
14. https://zdravjeizivot.mk/anemija-pri-bremenost-prichini-reshenija/
15. https://www.fakulteti.mk/news/10082021/shto-treba-da-znaete-za-anemijata-kaj-
trudnicite-objasnuva-d-r-ivana-galachev

22
16. https://tvoebebe.com/BREMENOST/anemija.php
17. https://www.beo-lab.rs/anemija-simptomi-uzroci-i-dijagnostika/
18. https://www.esensa.rs/sta-je-anemija-i-kako-nastaje/
19. https://fitlife.com.mk/zelezo-i-anemija-vo-bremenosta/

23

You might also like