You are on page 1of 7

ПРОТЕИНИ

Тема 3 Добивање храна


Протеини
 Протеините се хранливи материи со сложена грдба.
 Нивни основни градбени единици се аминокиселините.
 Различните протеини се состојат од различни комбинации на
аминокиселини
Функции на протеините
 Протеините според функцијата спаѓаат во градбени хранливи материи
 Тие ги имааат следниве функции:
 градбена-ги изградуваат клеточните структури,ткивата,органите со што
овозможуваат раст на телото
 Транспортна –протеинот хемоглобин во црвените крвни клетки пренесува
јаглероден диоксиди кислород
 Заштитна-антителата кои се создаваат за да ги уништат навлезените
микроорганизми
 Ензимите кои учествуваат во дигестија на храната се составени од
протеини
 Овозможуваат контракција на мускулите затоа што мускулните клетки се
изградени од посебна белковина миозин
 Некои хормони се изградени од протеини...
Храна која содржи протеини
Последици од недостаток на протеини

 При недостаток на протеини, телото секогаш ќе ни покаже кога нешто не е


во ред. Знаци дека не се внесуваат доволно протеини со храната се:
 Постојаната желба за јадење, потребата да се касне нешто помеѓу
оброците и гладот ​кон нездрава храна (со висока содржина на масти и
шеќер) се еден од скриените знаци дека менито е сиромашно на протеини.
 Мускулната слабост, болките и чувството дека се нема сила исто така е
знак дека не се консумираат доволно протеини
 Забавено обновување на клетки, кожно ткиво, дури и имунитет за време на
настинки се знак на недоволно внесување на храна богата со протеини.
 косата се истенчува, почнува да паѓа, ноктите стануваат кршливи, кожата
безживотна.
 отоци околу глуждовите, отекување на лицето,(едеми), се чувствувате
целосно потечени и подуени
 недостаток на концентрација, лесна вртоглавица во некои моменти, исто
така, може да укажуваат дека менито е сиромашно на протеини.
Докажување на протеини во намирници

 Дали некоја храна содржи протеини може да се докаже т.е храната се


тестира со т.н Биуретен раствор(Биуретен тест)
 Биуретниот раствор е мешавина од раствор од натриум хидроксид (2 ml)
и бакар два сулфат
 Доколку храната содржи протеини се добива виолетово обојување и се
вели тестот е позитивен

 https://www.youtube.com/watch?v=ufec89A47uM
Докажување на скроб,јаглехидрати,масти
 Скробот во храната се докажува со јоден раствор (луголов раствор)при
што се добива темно виолетово до црно обојување
 Јаглехидратите-глукозата се докажува со бенедиктов раствор(има плава
боја) со кој ,доколку храната содржи мало количество глукоза се
појавува зелено обојување,доколку содржи големо количество глукоза
се јавува црвено кафеаво обојување,но доkолку не содржи глукоза се
јавува плаво обојување
 Мастите во храната може да се докажат со додавање на 2ml етанол i 2ml
дестилирана вода (се промешува)при што се добива млечно бела
емулзија ,што е доказ дека храната содржи масти

 https://www.youtube.com/watch?v=sLP8dcnWnJg

You might also like