You are on page 1of 4

ХЕМИСКИ СОСТАВ НА КЛЕТКАТА - ОРГАНСКИ МАТЕРИИ

(ПРОТЕИНИ)

Протеините се важни органски соединенија на клетката и организмот,


застапени се со најголем процент(10-20%) од вкупната тежина или 50%од
сувата маса.Протеините се високомолекулски соединенија(соединенија со
големи молекули).Протеинскиот молекул го градат главните биогени
елементи:јаглерод,водород,кислород и азот,а кај некои и сулфур или
фосфор.Протеинските молекули под дејство на ензими се разложуваат на
помали структурни единици-аминокиселини.

Разновидните биолошки функции што ги извршуваат протеините


произлегуваат од одредената структура на молекулот,што зависи од бројот и
редоследот на аминокиселините.Значи,протеинските молекули се
разликуваат по составот и комбинациите на аминокиселините.Утврдено е
дека во градењето на протеините учествуваат 20 различни
аминокиселини.Проучувањата покажале дека недостиг на некои
аминокиселини во храната можат да го поднесат човекот и животните,но
недостиг на други аминокиселини тешко го поднесуваат,бидејќи тоа
предизвикува нарушување во растењето и развитокот.Поради тоа
аминокиселините што учествуваат во градбата на природните протеини се
поделени во две групи:битни(незаменливи)и
небитни(заменливи).Автотрофните организми можат да ги синтетизираат и
двата типа аминокиселини,а хетеротрофните можат да ги синтетизираат
само небитните,а битните мораат да ги внесуваат со храната.Постојат и
други аминокиселини што не влегуваат во составот на протеините,туку се
наоѓаат слободно во цитоплазмата или врзани за други соединенија.Во
протеинскиот молекул аминокиселините имаат строго одреден
редослед.Секоја измена во бројот и редоследот на аминокиселините во
молекулот,води кон измена и во функција на протеинот.Тоа е докажано кај
човековиот хемоглобин каде одредени измени во аминокиселинскиот состав
предизвикубаат одредени нарушувања кај човекот(најчесто српеста
анемија).Аминокиселините во протеинскиот молекул меѓу себе се поврзани
со пептидна врска.

Повеќе аминокиселини поврзани преку пептидни врски градат полипептиди


или полипептидна низа.Во зависност од бројот на аминокиселините
разликуваме дипептид(со поврзување на две),трипрптид(со поврзување на
три аминокиселини)и др.Протеинските молекули често се изградени од
повеќе од една полипептидна низа.Во просторот долгата полипептидна низа
во зависност од аминокиселинскиот состав и редоследот на аминокиселини
може да има различни облици..Таа може да има облик на долга низа,облик
на спирала,или пак на неправилни клопче(набрана структура).Од ова може
да се заклучи дека во протеинскиот молекул се разликуваат неколку нивоа
на структурна организација:примарна,секундарна,терциерна и квартерна
структура.

Според хемискиот состав протеините(белковините) се поделени на прости и


сложени.

Простите протеини се составени само од аминокиселини.Тие врз основа на


нивната растворливост се делат на:глобуларни,кои се растворливи во вода и
други растворувачи(овде спаѓаат албумини,глобулини,глутелини,хистони и
др,)и склеропротеини,кои се нерастворливи ви вода(овде спаѓаат
фибриларни белковини,белковини од нокти,копита ,од природна свила и
др.)

Сложените протеини(наречени протеиди),освен протеински дел содржат и


непротеински дел,што се нарекува простетична група.Според хемиската
природа на простетичната група тие се делат
на:гликопротеини(протеини+јаглехидрати);липопротеини(протеини+липиди)
;фосфопротеини(протеини+фосфорна киселина);
хромопротеини(протеини+пигмент);нуклеопротеини(протеини+нуклеински
киселини).
Улогата на протеините во клетката

Значењето на белковините за животот е големо и многуобразно.За нивното


присуство се сврзани процесите што имаат животно значење,како:размена
на материјата и енергијата,размножување и растење,движење и
исхрана.Каталитичките функции во клетката ги вршат биокатализатори што
претставуваат протеини-фермрнти.Концентрацијата на протеините-ферменти
во клетките е мала,но ако не постојат реакциите би се одвивале мошне
бавно или пак животните процеси би се прекинале.Без
хемоглобинот(хромопротеин),кислородот што го вдишуваме не би можел да
стигне до клетките.

Некои од хормоните претставуваат протеини и како такви имаат регулаторно


дејство во организмот.

Протеините учествуваат и во градењето на мембраните и другите клеточни


структури,како и контрактилните влакна на мускулите.

Тие имаат и заштитна функција.Тие како антитела се сврзуваат со бактериите


и ги разградуваат нивните токсини и на тој начин го заштитуваат
организмот.Згрутчувањето(коагулацијата) на крвта е сврзано со функцијата
на одредена белковина.

Со еден збор протеините се материјални носители на животот.Без нив би


престанале сите животни процеси во клетката.

Нуклеински киселини

Нуклеинските киселини како протеините се полимери и имаат биолошка


важност во живите системи.Тие се носители на наследните информации што
се неопходни за одржување на генетскиот континуитет и за организација на
секоја клетка,па и целиот организам.Името нуклеински киселини потекнува
од латинскиот збор nucleus=јадро,бидејќи прв пат биле изолирани од
јадрото на клетките.

Кај вишите организми нуклеинските киселини,главно доаѓаат конјугирани со


протеините во облик на нуклеопротеини,а кај прокариотите и вирусите
нуклеинските киселини не се конјугирани со протеини т.е.се голи
молекули.Структурно и функционално разликуваме два типа нуклеински
киселини:дезоксирибонуклеинска киселина(DNA) и рибонуклеинска
киселина(RNA).

You might also like