You are on page 1of 2

Тема бр.

1 Основи на биологијата Хемиски состав на клетката - хемиски елементи

Неоргански материи

Јаглеродот,водородот,кислородот и азотот во живите организми,соединети во различни


комбинации,создаваат четири основни соединенија:јаглехидрати(шеќери),липиди(масни
материи),протеини(белковини) и нуклеински киселини.

-Елементи и соединенија важни за животот:

1.Неоргански соединенија:

-Вода

-Минерални соли

2.Органски соединенија:

-Јаглехидрати

-Липиди(масни материи)

-Протеини(белковини)

-Нуклеински киселини

За познавање на природата на клетката,нејзината градба и за разбирање н а процесите што се


случуваат во непхеопходно е да се познава хемиската организација на клетката.Процесите на
синтеза,асимилација,растење,размножување идр. што се одвиваат во клетката јасно зборуваат дека
таа не е едноставна-проста супстанција ,туку дека има доста сложена хемиска природа.

Живите клетки и организми се изградени од хемиски соединенија,што ги содржат истите хемиски


елементи што се наоѓаат во неживата природа.Соединенијата што се синтетизираат во организмите и
учествуваат во животните процеси се наречени биомолекули.

Од сите познати хемиски елементи само 28(од нив 18 се задолжителни,а 10 не се задолжителни) се


сретнуваат во во повеќето живи организми,односно претставуваат биогени елементи,бидејќи се
вградени во биомолекулите.

Со најголем процент(99%) од вкупното количество се застапени четирите биогени


елементи:кислород,јаглерод,водород и азот.Со помал процент се
застапени:сулфур,фосфор,калиум,натриум,,калциум,железо,магмезиум,хлор и др.

Неогански соединенија

Во клетката неорганските соединенија најчесто се во вид на раствори,а можат да бидат и составен дел
на органските соединенија.Тука спаѓаат водата и минералните соли.

Вода

Од неорганските соединенија за живите организми најмногу е застапена водата, без која воопшто не
можат да се одвиваат животните процеси.Таа се наоѓа во сите делови на клеткатаи најчесто нејзината
содржина е 75% и 85% и завис ид видот,градбата,староста и функцијата на клетката.Младите
ембрионални клетки и клетките на сочните плодови содржат и до 95% вода.Мал процент на вода до 5%
содржат клеткте на забите,коските,семенките и др.Кај возрасен човечки организам водата е застапена
со 60%.Бо клетката водата се наоѓа во два облици:структурна(или врзана 4 до 7% главно за
протеинските молекули) и слободна вода(застапена со 95% и ја претставува основната маса на водата
во клетките).Таа претставува растворувач и пренесувач на голем број материи и средина во која се
одвиваат низа биохемиски и метаболитички процеси во клетката.

Значење на водата:учествува во сите ензимски процеси во фотосинтезата и во други биохемиски


реакции,има многукратно значење за метаболитичките процеси во клетката,растворуваш на голем број
неоргански и органски соединенија што се наоѓаат во живата клетка,со исклучок на масните
материи.Растворените соли во водата дисоцираат на јони и така ја остваруваат својата биолошка
функција.Поради високата точка на испарување водата придонесува заодржување на топлинската
рамнотежа на организмите.Водата ја одржува и физичката состојба на клетката,големината и
еластичноста.

Минерални соли

Застапени се 1-1,5% од вкупната маса на организмот.Повеќето се во растворена состојба,дисоцирани


на јони(како катјони и анјони).Тие се неопходни за стабилност на одредени молекулски структури и за
изразување на биолошките активности на органските соединенија.Состојките што учествуваат во
градбата на организмот се наоѓаат во мерливи количества,а тие што служат како активатори се
застапени како траги.Пример содржината на Ca и Mg е поголема кај животните рбетници бидејќи во
коските се застапени како фосфати и карбонати.Во различни клетки на еден организам застапеноста
на елементите не е иста.Така, крвната плазма содржи помалку калиум во однос на натриум,а во
мускулните клетки тој однос е обратен-има 30 пати повеќе калиум отколку во крвта,а натриум 10 пати
помалку.

Минералните материи што содршат хлор и натриум учествуваат во регулирањето на осмотскиот


притисок и во одржувањето на кисело-базната рамнотежа во клетката.Голем број неоргански материи
претставуваат важен дел на важни молекули,на пример:железото во молекулот на
хемоглобинот,магнезиумот во молекулот на хлорофилот.Фосфор има во сите клетки во составот на
енергртските соединенија(ATP-ADP) во кои се преобразува и пренесува енергијата.

Во клетката при нормални услови со помош на низа механизми се одржува строго определена
рамнотеѓа во концентрација н аодделни јони о при нарушување на нормалните концентрации доаѓа до
негаривно влијание врз животната актиност на клетката.

You might also like