You are on page 1of 34

Крв и функции на крвта. Имун систем.

Лимфа и функции на лимфа


Проф. Александар Алексовски
Физиолошки функции на крвта

1. Транспортна функција
Преку крвта се пренесуваат: хранливи материи, гасови, продукти на метаболизмот,
витамини, хормони, медијатори, електролити и други материи.
- нутритивна функција (пренос на хранливи материи од дигестивен тракт до сите ткива
во организмот. Исто така, мобилизирање на хранливи материи од депоата за резерви
на истите, и транспорт до ткивата каде се потребни.
- екскреторна функција (транспорт на крајни продукти на метаболизмот: млечна
киселина, уреа и др., вишок на електролити и вода до бубрезите, цревата, потните
жлезди, белите дробови и др).
- респираторна функција (транспорт на кислород и јаглерод диоксид)

2. Хуморална регулација
Крвта со себе носи хормони и физиолошки активни супстанци, кои ги собира од жлездите
со внатрешно лачење (излачуваат хормони во крвта), а имаат регулаторна функција врз
многу ткива и органи (стимулативно или инхибиторно врз нивната активност).
3. Одбрамбена и заштитна функција
Крвта е носител на клеточниот и хуморалниот
имунитет. Леукоцитите со фагоцитозата и
создавањето на антителата со висока специфичност,
го штитат организмот од бактерии и други патогени
агенси.

4. Хомеостатска функција
Крвта е главен двигател на постојаноста на
внатрешната средина во организмот (хомеостаза).
- изојонија (одржување на јонска рамнотежа)
- изоосмија (одржување на постојан осмотски
притисок)
- изохидрија (одржување на постојана
концентрација на водородни јони pH)
- изотермија (одржување на постојана температура)
- изоволемија (одржување на постојана количина
вода во телото).
Количество на крв
Кај возрасен човек, од 70 kg, има 5-6 литри крв. Тоа се 8% или 1/13 од ТТ. Највеќе крв има
кај новороденчињата, околу 14%, и потоа како се старее тој се намалува. Жените имаат
помалку крв од мажите. Кај мажите на 1 kg ТМ / 76-80 ml крв, кај жените на 1 kg ТМ / 68-
70 ml крв.

Постои начин да се пресмета волуменот на крвта:

волумен
на = 43 x TT + 52 x BT - 6250
крвта (ml)

ТТ – телесна тежина
ВТ – висина на тело

Во нормални услови, не циркулира целата количина крв. Дел од неа се наоѓа како резерва
во лиенот, хепарот и кожата. При физичка активност оваа крв влегува во активниот
транспорт. Губење на ⅓ до ½ од крвта може да значи смрт.
Поделба на функционалната крв
Од вкупната количина на крвта во телото (просечно 5 – 5,5 L), 40 – 50% циркулира низ
крвните садови (циркулирачка крв), додека останатиот дел е складиран во депоата за
крв (депонирана крв) како што се: слезенка 16%, црн дроб 20% и поткожно ткиво 10%.

Хиперволемија – зголемено количество крв во циркулацијата. Се случува при разни


физиолошки состојби, како одговор на адреналинот, стрес, вдишување на јаглерод
моноксид, задушување. Депонираната крв е побогата со формативни клетки, па воедно
освен волуменот се зголемува и нивото на еритроцити и останата формативни елементи
во циркулацијата.

Нормоволемија – нормална количина на крв во циркулација.

Хиповолемија - намалено количество на крв во циркулацијата. Доколку се губи крв


полека, телото може да издржи поголема загуба. Дури и ¾ од еритроцитите да се
изгубат, телото ќе преживее. Но, акутно и брзо губење на крв (артериско крварење) ½
дури и изгубена ⅓ од циркулирачката крв ќе значи смрт.
Физичко – хемиски својства на крвта
Боја: артериската има светлоцрвена боја, поради оксихемоглобинот, додека венската крв
има потемна боја поради карбаминохемоглобинот.

Вкус: вкусот е солен поради присуството на натриум хлорид (NaCl).

Мирис: крвта има мирис кој е карактеристичен за секој вид животно.

Вискозност: зависи од формативните клетки, особено од бројот на еритроцитите. Крвта е


4-5 пати повискозна од водата. Кај мажите (4,7) вискозноста е поголема од крвта на
жените (4,4). Тоа се објаснува со разликата во бројноста на еритроцитите.

Густина: зависи од бројот на еритроцити, хемоглобинот во нив и крвните протеини.

Суспензиони својства: зависи од крвните протеини, односно протеинските фракции.

Колоидни својства: протеините во крвта имаат својство да врзуваат вода, и на тој начин се
постигнува постојана течна состојба на крвта.
Електролитни својства: се должи на присуството на јони (анјони и катјони) во крвната
плазма. Од нив зависи осмотскиот притисок.

Осмотски и онкотски притисок на крвта: осмотскиот притисок е во зависност од


количеството на електролити и глукоза во крвта и тоа највеќе од неорганските материи,
додека онкотскиот притисок е вид на осмотски притисок кој зависи од протеините во
плазмата, особено од албумините.

- изотоничен раствор (осмотски притисок ист со крвта)


- хипертоничен раствор (повисок осмотски притисок од крвта)
- хипотоничен раствор (понизок осмотски притисок од крвта)

ФИЗИОЛОШКИ РАСТВОР – е изотоничен раствор, кој има ист осмотски притисок со крвта
(изотонија), ист јонски состав со крвта (изојонија), и да има иста електрохемиска реакција
(рН) со крвта (изохидрија).

- физиолошки раствор 0,9% р-р NaCl


- р-р на глукоза 5%
Доколку растворот го задоволува само основниот принцип на изотонија, се нарекува
прст физиолошки раствор. Доколку, освен изотонија ги исполнува и другите услови:
изохидрија и изојонија, станува збор за сложен раствор.
Примери: Рингеров, Локов, Тиродов и Кребсов р-р. (се разликуваат во јонскиот состав).

Во медицината, физиолошките раствори


се користат за брзо интервентно
рехидрирање на организмот, но и како
медиум за растворање на лекови и нивно
аплицирање. Често се користа за
промивање на рани.
Хемолиза, плазмолиза и деплазмолиза
изотоничен раствор хипертоничен раствор хипотоничен раствор
Клетките ја задржуваат нормалната Клетките се полнат со вода со осмоза се
Клетките губат вода по пат на осмоза и се
големина и форма (иста количина вода и додека не се преполнат, отечат и пукнат
смалуваат во хипотоничен раствор
соли надвор и внатре во клетките, па водата (лизираат) во хипотоничен раствор (содржи
(повисоки концентрации на соли од тие
влегува и излегува исто) пониска концентрација на соли отколку што
внатре во клетките, па водата излегува)
има внатре во клетките)
Хемолиза – процес каде што хемоглобинот од еритроцитите излегува во околниот
простор поради оштетување или прскање на еритроцитарната мембрана.

Физичка хемолиза: настанува поради физички агенси, како мешање на крвта со стаклено
стапче и кварцен песок, мрзнење или загревање над 65 ⁰ Ц. Осмотската хемолиза, исто
така, се смета за физичка.

Хемиска хемолиза: настанува поради хемиско дејство врз еритроцитите, на пример со


алкохол, етер, хлороформ. Тие делуваат на мемебраната на еритроцитите, го напаѓаат
липидниот или протеинскиот дел.

Биолошка хемолиза: настанува под дејство на природни материи, сапонини од


растенија, или отрови од животинско потекло (змии, пчели, пајаци и др). Исто така, за
биолошка хемолиза се смета дејството на плазмата од крв на еден вид животно, врз
еритроцитите од друг вид животно.
Електрохемиска реакција на крвта: рН на крвта, всушност претставува величина која
произлегува од концентрацијата на Н⁺ јони во крвта. Крвта има слабо базна реакција, и
се движи во границите 7,3 – 7,45. Артериската крв има реакција 7,45 додека венската
може да биде покисела, поради јаглерод диоксидот. Максималните граници до каде
организмот може да издржи се 7,00 – 7,70. Надвор од овие граници, смртта настапува
за неколку минути.

Ацидо – базна рамнотежа: како продукти на метаболизмот во крвта стигнуваат кисели


материи, јаглеродна киселина, млечна киселина, сулфурна киселина, фосфати, но и
материи со базни својства како амонијакот. Овие материи можат да ја изместат
рамнотежата.
Во одржувањето на ацидо - базната рамнотежа учествуваат регулациони механизми
како и многу органи во телото. Во прв ред тоа се белите дробови, бубрезите, хепарот и
потните жлезди.
Пуфери: мешавини од слаби киселини и соли на овие киселини со силни бази.
Регулационите механизми се делат во две групи: неоргански пуфери и органски пуфери.
Неоргански пуфери: најзначаен е бикарбонатниот пуферски систем во крвната плазма
(пример: NaHCO3 + HCl = H2CO3 + NaCl)
Фосфатен пуферски систем е послаб од бикарбонатниот, но е главен пуферски систем во
еритроцитите.
(пример: Na2HPO4 + HCl = NaH2PO4 + NaCl; NaH2PO4 + Na OH = Na2HPO4 + H2O)

Органски пуфери: се базираат на амфотерните својства (-СООН група и -NH2 група) на


аминкиселините во протеините во крвта. Овој пуферски систем има голем капацитет, а
особено значаен е хемоглобинскиот пуферски систем.

Алкална резерва: тоа е количина алкални материи во крвта кои имаат способност да
врзуваат кисели материи.

- ацидоза – намалување на рН во крвта кон кисела средина, со зголемување на Н⁺


јоните. (губење на свеста, смрт)
- алкалоза – зголемување на рН вредноста во крвта, со зголемување на ОН⁻ јоните.
(грчеви и смрт)
Состав на крвта
Крвна плазма
После центрифугирањето (вртење на специјалните
епрувети со голема фрекфренција), во епруветите ќе се
издвојат три фракции. На горниот дел ќе остане
жолтеникава бистра течност, а под неа еден потенок
белузникав слој и еден голем црвен дел од формативните
крвни клетки.
На крвната плазма во просек отпаѓа околу 55 % од крвта.

Вкупната количина на крвна плазма може да се пресмета


по следната формула:

волумен
на крвна = 20 х ТТ + 29 х ВТ - 3250
плазма

ТТ – телесна тежина
ВТ – висина на тело
Хематокрит – процентуален однос на крвната плазма и оформените елементи во крвта.
Овој однос се определува по хематокритски пат.

Вредности:
- нормоцитемија - крвна плазма 55% (52 – 58%), крвни елементи 45% (42 – 48%)
- олигоцитемија – низок процент на еритроцити
- полицитемија – висок процент на еритроцити

Нискиот хематокрит е знак за анемија после радијации, додека висок хематокрит е знак
за дехидратација (потење, изгореници, проливи). Кај мажите физиолошки хематокритот
е поголем од на жените.
Состав на крвната плазма

- вода 90-92 %
- 8-10% растворени материи, од нив:
1. неоргански материи 0,1%
- анјони (хлорни јони, бикарбонатни и фосфатни) – пуферски системи
- катјони (Na⁺ во форма на NaCl) одржување на ацидо- базна рамнотежа, К⁺ важен за
правилна функција на нервите и мускулите
- Са⁺⁺ - важен во мускулната контракција и пренос на импулс и коагулација на крвта.
- Mg ⁺⁺ - има улога во нервно – мускулната раздразливост (ја намалува).
- Олиголелементи (бакар, елезо, јод, манган, кобалт, цинк, бром, флуор, калај и др. Сите
овие се во концентрација помала од 1mg%. (1mg во 100 ml или 1dL)
2. органски материи, кои се делат на азотни и безазотни.
- протеини (албумини, глобулини и фибриноген). Продсечно во плазмата околу 7,3 g%.
Најбројни се албумините 4 g%, па глобулините 3 g% (α1, α2, β1, β2 и ɣ) и со најмалку е
плазмениот фибриноген со 0,3 g%.
Улогата на плазмените протеини е транспорт на материи, имаат улога во метаболизмот на
протеините, коагулација на крвта, одбрана на организмот и сл.
- непротеински азотни материи - ако се тргнат
протеинските молекули, остануваат нивните
деривати во крвта, како аминокиселини,
уреа, мочна киселина, амонијак, креатин и
др.
3. безазотни материи – спаѓаат глукозата,
мастите, и некои продукти на
метаболизмот.
- глукоза: 4,44 до 6,66 mmol/L (80 – 120 mg%).
- холестерол: 3,9 – 6,5 mmol/ L и останати
липиди врзани како фосфолипиди и
гликолипиди.
4. метаболички продукти – млечна киселина,
пирогроздова киселина и кетонски тела.
Нивната количина зависи од интензитетот
на метаболизмот во организмот.
5. биолошки активни материи – хормони,
витамини и ферменти (ензими).
Функции на плазмените протеини

Освен што овозможуваат одржување на оптимална вискозност на крвта, тие се важни


за одржување на онкотскиот притисок на плазмата.

Други функции:
1. резерва за синтеза на други ткивни протеини
2. транспорт на биолошки активни материи (хормони, витамини, пигменти,
метаболити, микроелементи)
3. регулација на рН
4. учествуваат во состав на липопротеините и транспортот на липидите
5. коагулација на крвта (фибриноген)
6. специфичен и неспецифичен имунитет (ɣ глобулини)
7. одржување суспензирани својства на еритроцитите (негативен полнеж и одбивање
едни од други)
8. синтеза на серумски протеини
Оформени елементи на крвта

Хематопоеза: тоа е процес на


создавање, диференцијација и
созревање на крвните клетки во
коскената срцевина.
Целиот процес се одвива во насока да од
една полипотентна недиференцирана
клетка се добијат клетки од
еритроидниот, моногранулоцитниот,
тромбоцитниот и лимфниот ред.
Понатаму, овие клетки ќе се
диференцираат во зрели еритроцити,
гранулоцити, тромбоцити и лимфоцити.
Овој процес е генетски контролиран и на
крај се добиваат клетки кои се
специјализирани за некоја функција и не
се способни за митоза.
Еритроцити Бројот на еритроцити е променлив, а варијациите
во бројноста можат да бидат дневни или сезонски.
Исто така, бројноста зависи од мускулната работа,
емоции, дехидратација, престој на големи
надморски височини.
- еритроцитоза – зголемен број
- еритропенија – намален број
• Erytro = црвена
• Состав:
cyto (kytos) = клетка
62-65% вода
• биконкавен диск, без јадро 30-34% хемоглобин
• исполнет е со хемоглобин (Hb), протеин 3-7% други материи
кој служи како транспортер на гасови
• мембраната содржи протеини кои му мембрана
пропустлива за: вода, уреа, бикарбонати, хлориди и
овозможуваат да ја менува формата и му
др. Глукоза и аминокиселини исто така.
даваат флексибилност
• бројност кај мажи: 5х10¹²/L (5.000.000 непропустлива за: калциум, пептиди и протеини.
/1mm крв
• бројност кај жени: 4,5х10¹²/L (5.000.000 Калиум има многу повеќе внатре во еритроцитите
отколку во плазмата.
/1mm³ крв
ЕРИТРОЦИТ

МОЛЕКУЛА НА ХЕМОГЛОБИН

АТОМ ЖЕЛЕЗО

ГЛОБИН

ХЕМ
Еритропоеза
Преднатално, еритроцитите се создаваат во жолчното ќесе, потоа во хепарот и лиенот, за
на крај таа функција да ја преземе коскената срцевина. Главни создавачи се коскените
срцевини на ‘рбетните пршлени, градната коска и ребрата.
До 20 тата година од животот, еритропоезата се одвива во срцевината на долгите коски.
Потоа, најголем дел од неа се претвара во масно ткиво (жолта коскена срцевина), додека
еритропоетичната функција се одржува во текот на целиот живот во градната коска,
ребрата и делови од долгите коски.

Еритропоетинот е хормон кој се лачи од бубрезите(90-95%) и хепарот (5-10%), а е


директен стимулант за создавање нови еритроцити. Лачењето ериторопоетин е под
влијание на хипоксија (намален парцијален притисок на кислород во крвта). (негативна
повратна спрега)

Еритроцитите живеат околу 120 дена, потоа умираат и биваат разорени од РЕС
(ретикулоендотелијалниот систем), во хепарот, лиенот и коскената срцевина.
Макрофагите го фагоцитираат хемоглобинот, потоа монофагите го ослободуваат железото
кое како феритин се складира во хепарот и се користи за нови хем молекули.

За нормална продукција на еритроцити потребни се Вит. В12 и фолна киселина. В12 е


потребен во мали количини 0,001 mg/ дневно, а фолна киселина 0,05 mg/ дневно. При
недостаток се јавува пернициозна анемија (еритроцитите се мегалоцити).
Функции на еритроцитите
- дишна функција, транспорт на гасови преку хемоглобинот
- транспортна функција, транспортирање на апсорбираните аминокиселини од
дигестивниот систем до другите ткива и органи во организмот
- регулација на електрохемиската реакција на крвта, преку хемоглобинскиот пуферски
систем кој е 70-75% од пуферскиот капацитет на крвта

Седиментација на еритроцитите
Крвта помешана со некое антикоагулационо средство и оставена во епрувета, се
исталожува, а таложењето се нарекува седиментација. Брзината и нивото на
седиментација (исталожени еритроцити) е важен дијагностички фактор.

Метод на Вестергрен – посебен тип на градуирана епрувета, која се полни со крв и


антикоагулатно средство и се остава на посебен сталак да се седиментира. Се
забележуваат две вредности, после 1 час и после 2 часа. Нормални вредности се 3-8 mm
кај мажите, 7-12 mm кај жените.
Покачена седиментација е знак за разни воспаленија и туберкулоза.
Кај бремени жени има зголемена седиментација.
Хемоглобин
Хромопротеид составен од две компоненти: ХЕМ и глобин.

ХЕМ от е простетична група во чиј состав влегува железото за кој се вржува кислородот
при оксигенација. Железото секогаш е двовалентно.
Глобинот е протеин изграден од 4 синџири на аминокиселини. На секоја од
полипептидните синџири има врзано по еден хем. Кај возрасните, глобинот има 2 алфа и
2 бета синџири.

Врзувањето на кислород за хемот се нарекува оксигенација (се разликува од


оксидација), бидејќи врската е прилично лабилна и може да се раскине.
Ослободувањето на кислородот се нарекува редукција.

Видови хемоглобин
HbF – фетален хемоглобин, го има после раѓање и прва година од животот.
HbA1 – адултен хемоглобин, го има во поголема количина.
HbA2 – адултен хемоглобин, го има во помали количини.
Хемоглобин – количини
34% од еритроцитот отпаѓа на хемоглобинот.
Нормални вредности на хемоглобин во крвта 8,69-9,93 mmol/L (14-16 g во 100 ml крв).

1 грам хемоглобин врзува 1,34 ml кислород, односно 100 ml крв кај мажите транспортира
20 ml кислород (кај жени 18 ml).

Маж од 70 kg има 900 g хемоглобин. Секој час се разложуваат и се синтетизираат 0,3 gr


хемоглобин.

Деривати на хемоглобинот
- оксихемоглобин (HbO2)
- редуциран хемоглобин (Hb)
- карбаминохемоглобин (HbCO2)
- карбоксихемоглобин (HbCO)
- метхемоглобин – тровалентно железо, патолошки хемоглобин при труење со лекови
- миоглобин – во мускули и срце, со побрзо врзување и отпуштање на кислородот. 14%
од кислородот се врзува со миоглобинот (оксимиоглобин).
Патолошки состојби
Анемија – намалување на бројот на
еритроцити, и количината на хемоглобинот.
Причини: крварење, хиперфункција на
слезенка и пребрзо распаѓање на
еритроцитите, маларија, стрептококна
инфекција и токсини, труење со тешки
метали, бензен и лекови кои ја оштетуваат
коскената срцевина.

Српеста анемија – генетско наследување,


се пренесува со рецесивен ген.

Полицитемија – патолошко зголемување на


бројот на еритроцитите. Причини:
температура, дехидратација, планинарска
болест и др.

You might also like