You are on page 1of 11

СОСТАВ НА КРВТА

ОФОРМЕНИ ЕЛЕМЕНТИ НА КРВТА


(ЕЛЕКТРОНСКА МИКРОСКОПИЈА
ФУНКЦИИ НА ЕРИТРОЦИТИТЕ (Er)

 Транспорт на кислород (O2)


Hb(od Er) + O2 од пулмо до ткива

 Елиминација на јаглероден двооксид (CO2)

CO2 + H2O HCO3


(од ткива) (од плазма)
Карбоанхидраза
1000Х

 Hb(од Er) ја регулира ацидобазната рамнотежа

ОСОБИНИ НА ЕРИТРОЦИТИТЕ (Er)

Морфологија:

облик = биконкавен диск


d = 8 μ , h = 2 μ (1m) , V = 90 m3
Строма богата со хемоглобин
Вишок на мембрана
Јадро - нема

Број:

Мажи: 5,2 +- 0,3 x 1012


Жени: 4,7 +- 0,3 x 1012

Запомни: БРОЈОТ ЗАВИСИ ОД НАДМОРСКАТА ВИСОЧИНА


КОЛИЧЕСТВО НА Hb ВО Er

Во стромата на Er хемоглобинот има 32% - 34% од масата на Er што


претставува метаболна граница на клеточниот механизам за синтеза на
хемоглобин

 Доколку бројот на Er е нормален (околу 5 милиони), а


хемоглобинот во еритроцитот е концентриран 34% тогаш во 100ml крв
има кај:

 Мажи : 16 gr% Hb
 Жени: 14 gr% Hb

 Еден грам хемоглобин врзува 1,39 ml O2 , а 100ml крв кои


содржат 16 gr Hb, за себе ќе врзат околу 21ml O2

СОЗДАВАЊЕ НА Er

 Пренатално:
Прв триместар жолчно кесе (примитивни јадрени елементи )
Втор триместар хепар (лиен или лимфни јазли)
Трет триместат коскена срцевина

 Постнатално коскена срцевина

КАДЕ?

 До петтата година од животот во сите коски (долги и мембранозни)


 Потоа цревната коскена срцецина се заменува со непродуктивно масно
ткиво
 После дваесеттата година се создаваат во мембранозните коски: рбетни
пршлени, стернум, ребра, илијачни коски, скапула и во дијафизите на
тибија и хумерус.

Со возраста коскената срцевина станува се помалку продуктивна

СОЗДАВАЊЕ НА Er ВО ПОЕДИНИТЕ КОСКИ ВО ФУНКЦИЈА НА ВОЗРАСТ


Генеза на крвни клетки

Во коскената срцевина се наоѓаат плурипотентни хематопоезни матични


клетки PHSC од кои потекнуваат сите крвни клетки.

Со сукцесивна делба се создаваат различните периферни крвни клетки


-Идентични изворни PHSC (бројот со возраста се намалува)
- Најголемиот број од клетките се диференцираат во унипотентни
(определени) матични клетки кои произведуваат усмерени колонии на
соодветниот тип на матичните клетки

 Матична клетка од која се произведуваат еритроцитите (Еr) е :


CFU – E (colony – forming unit - erythrocyte)

 Матична клетка за леукоцитите (Le) е CFU – GM

 Матична клетка за тромбоцитите е CFU – M


 Многу рано од PHSC се издвојува LSC ( а од неа се создаваат T –
Ly и B – Ly )

Генеза на крвни клетки


ПОТЕКЛО, РАЗВОЈ И СТРУКТУРА НА КРВНИТЕ КЛЕТКИ
Диференцијацијата ја овозможуваат индусери на раст и индусери на
диференцијација
IL- 3 предизвикува раст и репродукција на сите матични клетки

Контролата на создавањето на индусерите за раст и


диференцијација на крвните клетки е од фактори надвор од
коскената срцевина.

 Еr низок парцијален p на О2 низ подолг период предизвиукува раст


диференцијација и зголемување на бројот на Еr
 Le – некои инфективни болести ( веројатно антигените) кои
предизвикуваат раст и диференцијација на оние клетки кои се потребни
за борба против соодветниот агенс

Стадиуми на диференцијациjа на Er

проеритробласт (структура со јадро)



базофилен еритробласт (малку Hb,
многу DNA и RNA)

полихроматофилен еритробласт (Hb↑,
јадро се кондензира)

ортохроматски еритробласт (многу Hb)

ретикулоцит (Hb до 34 %, остаток од
јадро се исфрла, ER, голџи и митохондрии
се деградираат и со
дијапедеза влегуваат во крвта каде
базофилните остатоци се отстрануваат
за 1 до 2 дена.

Зрел еритроцит

Регулација на продукција на еритроцити


Вкупната маса на Er во циркулаторниот систем се регулира во релативнотесни
граници така што секогаш се на располагање доволно Er кои обезбедуваат
доволна ткивна оксигенација, а концентрацијата на Er не е толкава за да го
компромитира движењето на крвта. Запомни: ОСНОВЕН РЕГУЛАТОР НА
ПРОДУКЦИЈАТА НА ЕРИТРОЦИТИ Е ОКСИГЕНЦИЈАТА НА ТКИВАТА
Регулација на продукција на еритроцити

Запомни : БРЗИНАТА НА ПРОДУКЦИЈА НА ЕРИТРОЦИТИТЕ НЕ ЗАВИСИ


ОД НИВНИОТ БРОЈ ТУКУ ОД НИВНАТА СПОСОБНОСТ ДА ПРЕНЕСАТ
ДОВОЛНО О2 ВО ТКИВАТА

ЕРИТРОПОЕТИН

Главен фактор за стимулација на продукција на Еr е еритропоетин –


циркулирачки хормон, гликопротеин, MT = 34 000.

Место на создавање:
 80 – 90 % во бубрег
Каде во бубрег?
 Мезангиалните клетки во бубрежните
гломерули
 Во епителните тубулски клетки
 Екстраленален сензор
 10 – 20 % во хепар.
Продукцијата е стимулирана од А и N – A
При отсуство на двата бубрега (ренална инсифициенција) секогаш има
анемија бидејќи во хепарот се создава само 1/3 до 1/2 од потребните Еr.
Запомни: БЕЗ ЕРИТРОПОЕТИН, ХИПОКСИЈАТА НЕМА ВЛИЈАНИЕ ВРЗ
ПРОДУКЦИЈАТА НА ЕR.

Ефекти на еритропоетинот врз еритропоезата

Во атмосфера со низок pp О2 ериторпоетинот почнува да се создава после


неколку минути со максимум до 24 часа.
Запомни: НОВИ Er ВО ЦИРКУЛАЦИЈАТА СЕ ПОЈАВУВААТ ЗА 5 ДО 7
ДЕНА.
Главен ефект на ERI е стимулација за продукција на про-еритобласти од
PHSC.
Брзата продукција е се до моментот на надминување на хипоксијата што се
постигнува со создавање на доволен број на Еr кои ќе транспортираат
адекватно количество на O2 во ткивата.
Малку ERI – малку Еr
Многу ERI – продукцијата на Еr се зголемува до 10 пати.

ВИТАМИНИ ПОТРЕБНИ ЗА СОЗДАВАЊЕ НА ЕРИТРОЦИТИ


(B12 и фолна киселина)

Учествуваат во синтеза на DNA. Недостатокот предизвикува: намалена


синтеза
и слабост во јадрената матурација (мегалобласти со краток век заради дефекти
во цитоскелетот и мембраната со што клетките стануваат фрагилни и со
краток век.
Недостаток на витамин B12 заради отежната ресорпција во желудникот
предизвикува пернициозна анемија. Причината за недостатокот е атрофијата на
желудечната слузница → изгубена способност за секреција на желудечен соккој
содржи “intrinsic“ фактор неопходен за врзување на B12 и негова апсорпција во
дуоденумот.

 B12 (јетра, месо. Млеко и јогурт) после апсорпцијата се складира во


хепар.
Нормално во организмот има резерви за 3 до 5 години (по потреба се
ослободува во крв и се транспортира во коскена срцевина и други ткива).
Дневни потреби 1-μgr
 Фолна киселина (лиснат зеленчук, некои овошни плодови, јетра и месо)
SPRUE – Нарушена апсорпоција и недостаток на фолна киселина.
 тешки метали Co, Cu, Mn и др ( овозможуваат редукција на Fe од фери во
феро облик и вградување во хемот)
 есенцијални аминокиселини
 сите витамини особено група B и vit. C

СИНТЕЗА НА ХЕМОГЛОБИН

ПРИКАЗ НА МОЛЕКУОТ НА ХЕМОГЛОБИН


ВИДОВИ НА ХЕМОГЛОБИН

Хемоглобин е изграден од 2 a ланци и 2 b / g / d


 Кај фетус и новородено главно од 2 a и 2 g (фетален хемоглобин
Hb-F)
 Кај возрасни 2 a (141 – АК ) и 2 b (147 – АК) (адултен
хемоглобин Hb – A )
Hb – F се смалува во рано детство, на четири години веќе Hb – F нема, а 95%
отпаѓа на Hb – A 3,5 % отпаѓа на Hb – A2 (2 a и 2 d ланци)
Постојат варијации во Hb ланци во однос на состав на АК и нивна секвенца.
Запомни: ОД ПРИРОДАТА НА Hb ЛАНЦИ ЗАВИСИ АФИНИТЕТОТ НА
Hb ЗА О2
Абнормалности во ланците, изменет состав и секвенца ги менува физичките
својства на Hb
Пр: Српаста анемија во b ланци valin е заменет со glutaminska kiselina па при
намален pp O2 во еритроцитите се создаваат кристали кои ги хемолизираат
еритроцитите.

АБНОРМАЛНИ ОБЛИЦИ НА Er:

ЗАПОМНИ:
НАЈВАЖНО СВОЈСТВО НА ХЕМОГЛОБИНОТ Е
СПОСОБНОСТА ЗА ЛАБАВО И РЕВЕРЗИБИЛНО ВРЗУВАЊЕ
НА КИСЛОРОДОТ. КИСЛОРОДОТ ВО МОЛЕКУЛАТА НА
ХЕМОГЛОБИНОТ СЕ ВРЗУВА ЗА АТОМОТ НА ЖЕЛЕЗОТО И
ТОА ЗА ЕДНА ОД ШЕСТТЕ КООРДИНАТИВНИ ВРСКИ ВО ВИД
НА МОЛЕКУЛАРЕН КИСЛОРОД (О2), А НЕ ВО ОБЛИК НА ЈОН
Метаболизам на железо
Во организмот има просечно 4 gr железо.
 Хемоглобин 65%
 Миоглобин 4 %
 Некои ензими 0,1%
 Резервно складирано железо 15 – 30%
Железото кое го примаме преку храната се апсорбира во тенкото црево а во
крвната плазма се врзува за протеински носач апотрансферин →
трансферин, Од овој облик може лесно да биде предадено во било кој дел од
организмот каде што има потреба од железо.

Апотрансферин + железо = трансферин плазма


Апоферитин + железо = феритин клетка

Вишокот на железо од крвта се одлага во сите клетки на организмот


особено во ретикулоендотелните клетки (RES) и во хепатоцитите врзувајќи
се за клеточниот протеин апоферитин. Во облик на феритин може да се
врзе најразлично количество на железо (резервно железо), а кога на
организмот му недостасува железо може многу лесно да го повлече и да го
искористи.
Мало количество на железо се складира во клетките во нерастворлив облик
хемосидерин од кој железото се ослободува многу тешко.
Дневно се губи 1 мг кај мажи а 2 мг кај жени. Дневниот внес во организмот
преку исхраната треба да биде во адекватен на загубата

ЗАПОМНИ : МОЛЕКУЛАТА НА ТРАНСФЕРИН ИМА ЕДИНСТВЕНА И


ЕКСКЛУЗИВНА СПОСОБНОСТ СИЛНО ДА СЕ ВРЗУВА
ЗА РЕЦЕПТОРИТЕ НА КЛЕТОЧНАТА МЕМБРАНА НА
ЕРИТОРОБЛАСТИТЕ ВО КОСКЕНАТА СРЦЕВИНА.
Потоа со ендоцитоза трансферинот влегува во еритробластот и го предава
Fe++ директно на митохондриите (таму кадешто се врши синтеза на хем).
Недостаток на трансферин предизвикува тешка хипохромна анемија.
АПСОРПЦИЈА НА ЖЕЛЕЗО ОД GIT

Железо се апсорбира во сите делови на тенкото црево.


Апсорпцијата е регулирана преку следните механизми на повратна спрега:
 Кога целиот апоферитин ќе се засити со Fe, тогаш трансферинот тешко
го предава Fe на ткивата. Поради тоа целиот трансферин се заситува со
Fe, а обично е заситено само 1/3 и ради тоа неможе да прифати ново Fe+
+ од цревната мукоза.
 Кога има преголеми залихи на Fe тогаш се намалува синтезата на
апотрансферин во јетрата и Fe неможе без него да ја мине
гастроинтестиналната бариера и се исфрла.

РАЗГРАДБА НА ЕРИТРОЦИТИТЕ

Зрелите еритроцити во циркулацијата живеат околу 120 дена. Немаат јадро,


но цитоплазматските структури содржат ензими кои ја одржуваат:
 Еластичноста на мембраната
 Транспортот на јони низ мембраната
 Го одржуваат Fe во феро облик
 Ја спречуваат оксидацијата на протеините во еритроцитите
Со време овие процеси губат во својот интензитет, мембраната станува
фрагилна и при провлекување на еритроцитите низ стеснети простори
(особено низ интертрабекуларните простори – 3 μ во слезенката) доаѓа до
интензивна хемолиза на еритроцитите.

You might also like