You are on page 1of 62

КРВ

Kristine Krafts, M.D.


The most beautiful thing we can experience is the mysterious.
It is the source of all true art and science.
-Albert Einstein
Цели
• Да се идентификуваат и опишат главните функции
на:
• Еритроцитите (црвени крвни зрнца)
• Гранулоцитите (неутрофили, еозионофили и
базофили)
• Агранулоцити (лимфоцити, моноцити)
• Тромбоцити
• Да се знае приближно колку проценти од сите овие
клетки се застапени во нормалната крвна слика.
• Да се опишат разликите помеѓу елементите во
плазмата и во серумот.
Лекции

• Вовед
• Еритроцити
• Тромбоцити
• Леукоцити
• Гранулоцити
• Агранулоцити
Лекции

• Вовед
Крвта е посебен вид на сврзно ткиво

Се состои од:
• Клетки
• Плазма
Клетки во крвта

• Црвени крвни зрнца (еритроцити)


• Бели крвни зрнца (леукоцити)
• Тромбоцити (крвни плочки)
Плазмата се состои од:

• Вода: 92%
• Протеини: 7%
• Албумини: 58%
• Имуноглобулини: 37%
• фибриноген: 4%
• Други протеини: 1%
• Други маатерии: 1% (електролити,
хранливи материи, респираторни гасови,
отпадни продукти)
Плазма vs. Серум

• Плазмата коагулира, серумот не.....


• Според тоа, Серум = плазма – фактори на коагулација
(серумот е она што останува откако ќе коагулира
плазмата)
Лекции

• Вовед
• Еритроцити
Еритроцити (црвени крвни зрнца или Red
Blood Cells - RBC)

• Просечен живот: 120 дена


• Настануваат од прекурзорни клетки кои се
создаваат во коскената срцевина
• Нормален број на еритроцити во крв
изнесува:
• Мажи : 4.5-6 x 1012/L
• Жени : 4-5 x 1012/L
Нормални еритроцити
Морфолошки карактеристики на црвените
крвна зрнца

• Преубаво дизајнирана биконкавна дискоидна форма


(личи на крофна без дупка)
• Грубо димензиите се 7 µm промер и 2 µm дебелина
• Цитосклететот се состои од: spectrin, ankyrin, actin
• НЕМА јадро
• Цитоплазма: вода (65%); органели (1%); хемоглобин
(34%)
Нормални еритроцити – крофна без дупка

Нормални еритроцити-димензии
Еластичната мембрана им овозможува лесно да се
провлекуваат низ тесни процепи
z

Нормални еритроцити-шематски приказ на


градбата на мембраната
4 глобински 4 молекули на хем
синџири

Молекула на Хем
Hemoglobin
(носач на O2)

Главна улога: транспорт на кислород преку хемоглобин


Лекции

• Вовед
• Еритроцити
• Тромбоцити
Тромбоцити
• Животен век: 8-10 дена
• Настануваат од мегакариоцитите во коскената
срцевина.
• Нормален број во крв: 150-450 x 109/L
• Диаметарот им е околу 2 µm
• Грануломерни и хијаломерни региони
• НЕМА јадро
• Функција: овозможува коагулација на крвта
Нормални тромбоцити
Нормални тромбоцити
Тромбоцитите изгледаат безлично но имаат
огромен број на гранули во внатрешноста и
огромен број на рецептори на површината
Тромбоцитите формираат коагулум
Лекции

• Вовед
• Еритроцити
• Тромбоцити
• Леукоцити
Типови на бели крвни зрнца – шематски приказ
Бели крвни зрнца – вистинска крвна размаска
Бели крвни зрнца – крвна размаска, друго видно
поле
Број на бели крвни зрнца (WBC)
Вкупниот број на сите бели крвни зрнца во
периферна размаска изнесува 4-11 x 109/L).
Диференцијална крвна слика (“diff”)
Претставува параметар кој покажува колкав број
од секој тип на белите крвни зрнца е присутен во
крвта (нормално неутрофилите се најзастапени,
а базофилите се најретки).
Леукоцити

• Гранулоцити
• Неутрофили
• Еозинофили
• Базофили
• Агранулоцити
• Лимфоцити
• Моноцити
ВНИМАНИЕ!!! Агранулоцитите имаат
гранули

• Да! И гранулоцитите и агранулоцитите имаат


цитоплазматски гранули наречени Both
granulocytes and agranulocytes have cytoplasmic
granules called aзурофилни гранули.

• НО!!! Гранулоцитите имаат специфични гранули


кои ги дефинираат нив како посебни клетки
(неутрофилни, еозинофилни и базофилни
гранули).
Гранулоцити vs. Агранулоцити
Лекции

• Вовед
• Еритроцити
• Тромбоцити
• Леукоцити
• Гранулоцити
Неутрофили (неутрофилни гранулоцити)

• 45-75% во диференцијалната крвна слика (меѓу 2-8 x 109/L)


• Дијаметарот им е околу 15 µm
• Имаат полилобирани јадра…
• …па оттука и нивното вообичаено име во патологијата –
полиморфонуклеарни леукоцити (“polymorphonuclear
leukocyte” - PMN)
• Содржат два типа на гранули:
• Азурофилни (примарни, пурпурно обоени) гранули (ретко)
• Неутрофилни гранули (секундарни, розово обоени), ги има
многу
Нормални неутрофили Незрели неутрофили
Неутрофил: азурофилни vs. Неутрофилни
гранули (тешко се распознаваат!)
Нормален неутрофил Неутрофил кај пациент со
(горе лево) бактериска инфекција

Азурофилните гранули стануваат


проминентни при бактериска инфекција
промиелоцит

Азурофилните гранули прво се јавуваат кај кај незрелите


неутрофили наречени промиелоцити. При делбата на
промиелоцитите, азурофилните гранули се распоредуваат
подеднакво што значи колку е неутрофилот позрел толку
има помалку азурофилни гранули.
Функција на неутрофилите

• Неутрофилите претставуваат прва одбранбена линија


против туѓи тела, бактериски инфекции и сл.
• Во циркулацијата се задржуваат многу малку,
неколку часа, потоа мигрираат кон местото на
инфекција каде поминуваат неколку дена
• Го убиваат натрапникот било преку процесот на
фагоцитоза, било преку ензимска деструкција
• Потоа се повлекуваат и им го оставаат нередот
другите да го исчистат (макрофаги).
Еозинофили (еозинофилни гранулоцити)

• 1-4% во диференцијалната крвна слика


(околу 0.5 x 109/L)
• Дијаметарот им е околу 15 µm
• Големи, крупни, портокалово-црвени
(еозинофилни) гранули во цитоплазмата
• Грчки: eos = зора, мугра
• Јадрата се билобирани (како бисаги)
Еозинофилен гранулоцит
Еозинофил во вистинска размаска
Функција на еозинофили

• Глаавна клетка инволвирана во сите алергиски


реакции (како астма на пример)
• Извонредно добри убијци на паразити (гранулите
содржат т.н Главен Базичен Протеин односно МВР
= major basic protein)
• Исто се инволвирани во реакциите со лекови
• Еозинофилите учествуваат во модулација на
имуниот одговор
Базофили

• Помалку од 1% во диференцијалната крвна слика


(помалку од 0.3 x 109/L)
• Најголемиот дијаметар изнесува околу 10 µm
• Содржат огромна маса на темно сини (базофилни)
гранули во цитоплазмата
• Имаат неправилно јадро кое тешко се распознава
под бројните гранули
• Функција: борба против инфекции и како
медијатор на алергиски реакции
Базофил
Базофил во вистинска размаска
Лекции

• Вовед
• Еритроцити
• Тромбоцити
• Леукоцити
• Гранулоцити
• Агранулоцити
Лимфоцити

• 20-50% во диференцијалната крвна слика (меѓу 1-4 x


109/L)
• Повеќето лимфоцити се мали (6-12 µm) но некои
знаат да бидат и многу големи (до 20 µm)
• Јадрото е темно сино, грубо и неправилно (стуткано)
• Постојат два типа на лимфоцити (на микроскоп
изгледаат исто):
• B-лимфоцити
• T-лимфоцити
Нормални лимфоцити
Лимфоцити во крвна размаска
Хроматин во лимфоцитите – груб и стуткан
Хроматин во
лимфоцити:
густ но
стуткан, нема
Хроматин во празен
неутрофили: простор
фини
згуснувања
(со остаточен
простор меѓу Хроматин кај
лобулите) моноцити:
растресен во
цело јадро
B-лимфоцити

• 15% од цикулирачки лимфоцити


• Се развива од bursa Fabricii (кај птици) и од
коскена срцевина кај луѓе (bone marrow)
• Матурацијата на лимфоцитите се одвива во
лимфатичното ткиво (лимфни јазли и спленка)
• На крај зрелите В-лимфоцити, се претвараат или
во плазма клетки (способни да создаваат
антитела) или во “мемориски“ клетки (ги помнат
претходните инфекции во телото).
T-лимфоцити

• Околу 85% од циркулирачките лимфоцити


• Се создаваат и матурираат во Тимусот
• Може да се најдат во коскената срцевина и во
лимфатичните ткива заедно со В-лимфоцитите
• На крај, може да се претворат било во
цитотоксични Т лимфоцити (кои ги убиваат
инфицирани клетки) или помошни Т лимфоцити
(кои им помагаат на другите клетки од имуниот
систем да ја завршат својата работа).
Моноцити

• 1-8% во диференцијалната крвна слика


(меѓу 0.1-0.8 x 109/L)
• 12-20 µm е најголемиот дијаметар
• Јадро: назабено, овално, бубрежесто или
потковичесто. Хроматинот е растресен
низ цело јадро.
• Цитоплазма: “dishwater” (сиво-плаво),
како нечиста вода, со мали вакуоли од
азурофилни гранули.
Monocyte: large cell with “dishwater” cytoplasm
and “raked” chromatin
Функција на моноцити
• Се диференцираат во макрофаги (хистиоцити) во
различни органи и тоа:
• Гигантски клетки од тип на “туѓо тело“
• Kupffer-ови клетки (хепар)
• Микроглија клетки (мозок)
• Алвеоларни макрофаги (бели дробови)
• Претставуваат втора линија на одбрана од штетни агенси
(чистачи).
• Им помагаат на лимфоцити во извршување на нивната
функција; фагоцитоза (било со директна ингестија, било
како клетка презентер на штетниот агенс на
лимфоцитите).
Blood Lecture Outline

• Introduction
• Erythrocytes
• Platelets
• Leukocytes
• Granulocytes
• Agranulocytes

You might also like