You are on page 1of 4

Farmacevtska tehnologija - izboren predmet

Хумана крв и продукти на крвта


Oпшто

Хуманата крв, нејзината важност, особини и функција во организмот, претставуваат


предмет на изучување на медицинските предмети на студиите по фармација, во обем
кој оваа проблематика и го заслужува.

Крвта претставува една комплексна течност на човекот односно на топлокрвните


животни, со голем број многу важни функции во живиот оранизам, меѓу кои
транспортот на: гасовите, јоните, хранливите материи, хормоните, ензимите,
антителатa, лековитите супстанции, продуктите на метаболизмот, како и хидратација
на ткивата, одржување на температурата на телото и многу, многу други. Од хуманата
крв се издвојуваат плазма и крвни елементи кои понатаму се обработуваат,
формулираат во парентерални препарати, со цел да се добијат изолирани состојки кој
ќе може специјализирано, наменски да се употребуваат во т.н. компонентна терапија.
Добивање крв, која претставува незаменлива течност, денеска е можно единствено од
здрави донатори. Меѓутоа во разни научни лаборатории ширум светот, голем број
научници работат на можноста за производство на вештачка крв. Истражувањата
главно се насочени кон производство на:

- супстанции кои ќе го заменат хемоглобинот како носител на оксигенацијата

- производство на хемоглобин со генетски инженеринг

Во продолжение ќе се задржиме на некои препарати на крвта, на некои продукти на


крвта како и на нивната фармацевтско-технолошко формулирање.
Некои основни карактеристики на крвта и хематолошкиот статус

Вода 60% мажи

54% жени

Волумен на крвта 60-80% ml/kg телесна маса

Волумен на плазам 40-50% ml/kg телесна маса

Хематокрит 0,37-0,54

0,39 мажи

0,38 жени

Број на еритроцити 4,2-5,5 x 10 на дванаеста/l

Број на тромбоцити 140-340 x 10⁹/l

Број на леукоцити 4-9 x 10⁹/l

рН 7,35-7,45

Свежо добиенат и конзервираната крв, препаратите на крв, како и продуктите,


компонентите на крв, претставуваат единични препарти кои во означувањето ги
содржат сите генералии од донаторот, шифрирани.

dipl.farmacevt Gajdova Biljana


Farmacevtska tehnologija - izboren predmet

1. Полна крв

Претставува количина крв во соодветен , стаклен или пластичен, во кој е додадена


определена количина раствор против коагулацијата како стабилизатор.

Сите крвни продукти односно препаратите добиени од крвните клетки или од плазма,
според нивното делување, може да се поделат на препарати наменети за:

- супституционо лекување и

- супституционо + други лекувања.

Со центрифугирање на крвтa, сo употребува на центрифугите (вертикална изведба


15 000-18 000 обрти/мин. 2 500-3 000 обрти/мин.) или со спонтана седиментација
крвта се раздвојува на :

1. крвни клетки 40-45%


2. плазма 55-60%

* Крвни клетки

Крвните клетки го претставуваат оформените елементи на крвта, а тоа се:

-еритроцитите

-тромбоцитите

-леукпцитите

За специфичната или компонентната терапија се формулираат одреден број


препарати, кои содржат различни продукти на крвта.

Концентрат на еритроцити

Концентратот од еритроцити претставува препарaт кој се добива од хумана крв на која


претходно и бил додаден раствор против коагулација, со издвојување на плазмата,
најчесто со центрифугирање на крвта која се наоѓа во стаклена амбалажа или
пластична кеса. Овој препарат во суштина ги содржи сите крвни клетки од крвта.
Зафатнината треба да биде 280 ± 60 ml, хематокрит од 0,70. Се чува на температура од
1-6º С максимум 24 часа во стаклено шише (отворен систем) до 42 дена во пластични
кеси со адитиви (затворен систем)

Замрзнати еритроцити

Претставуваат препарти на еритроцитна суспензија која се добива од една единица


концентрирани еритроцити, која се подготвува во првите 5 дена по земањето на крвта.
На концентрираните еритроцити им се додава криопротектор, глицерол. Еритроцитите
се замрзнуваат на - 80º С во замрзнувач или на -150º С во азот (течен азот) што
претставува брз метод. Чувањето на овие темперaтури е најдобар начин да се сочуваат
еритроцитите како и нивната функционалност.

dipl.farmacevt Gajdova Biljana


Farmacevtska tehnologija - izboren predmet

Концентрат на промиени еритроцити

Концентратите на промиени еритроцити претставуваат препарати кои се подготвуваат


со одвојување на целата плазма од еритроцитите, односно крвните клетки, и со
промивање со физиолошки раствор. Освен што се отстранува заостанататa содржина
на плазма се отстрануваат и поголемиот дел од леукоцитите и тромбоцитите.
Зафатнината треба да изнесува 280 ± 60 ml со хематокрит од 0,65 до 0,75.
Концентратот мора да содржи помалку од 1,5 g/I се чува на температура од 1 до 6º С
максимум 24 часа.

Концентрат на тромбоцити

Концентрат на тромбоцити претставува препарат кој се добива со двојно


диференцијално центрифугирање, или со цитофореза, на една единица свежо
добиена крв. Просечната маса изнесува околу 35 g. Се чува на темперaтура од 20 до
24º С максимум 3 дена или во специјални кеси 5 дена.

Концентрат на промиени тромбоцити

Овој концентрат се подготвува од концентрат на тромбоцити со промивање со


физиолошки раствор. Загубата на тромбоцитите не смее да биде поголема од 20%.
Концентратот мпра да содржи помалку од 1,5 g/l протеини. Се чува на температура од
20 до 24º С максимум 6 часа.

* Плазма

Плазмата ја претставува течната содржина од полната крв. Таа се содржи од голем


број разновидни протеински структури.

Хумана плазма за фракционирање (Plasma humanum ad separationem)

Хуманата плазма за фракционо раздвојување се добива по раздвојувањето на крвните


клетки од крвта, собрана во сад кој содржи антикоагуланс, или се сепарира со
континуирана филтрација, или пак, со центрифугирање на крв која содржи
антикоагуланс. Хуманата плазма е наменета за производство на крвни плазма
продукти.

Смрзната плазма

Како што веќе рековме, една од можноститe за добивање на плазмата е со


центрифугирање на конзервирана крв во првите 8 часа до 5 дена од земањето. Вака
добиената плазма се смрзнува на температура од -18º С ( се замрзнува на -70º С се чува
на - 40º С). Масата на плазмата од една единица изнесува околу 240 ml.

Лиофилизирана плазма

Лиофилизираната плазма претставува блeдо жолтеникав прашок на хумана плазма. Се


добива на тој начин што течната плазма , 350 ml се сипа во шишињa 500 ml и се
замрзнува во лиофилизаторот. Со постапка на лиофилизација водата се отпарува.
Содржи максимум 1% влага. Ако се чува на температура пониска од + 20º С ќе има рок
на употреба 5 години.

dipl.farmacevt Gajdova Biljana


Farmacevtska tehnologija - izboren predmet

Од течната плазма се издвојуваат уште

- фактори на коагулација VII, VIII, IХ

- хуман фибриноген

- нормалниот имуноглобулин, G- глобулинот (IgG)

- специфичните имуноглобулини кои всушност претставуваат хумани


антитела. Овие имуноглобулини може да претставуват лиофилизати (бел
прашок) или стерилни раствори

3. Хуман албумин

Човечкатa плазма содржи околу 7-9% вкупни протеини, а од тоа скоро половина 3,3-
4,4 % претставуваат албумините. Албумините во крвта врзуваат голема количина вода
и тоа: 1 g албумин врзува 18 g вода. На овој начин се одржува колоидно онконскиот
притисок. Албумните претставуваа исто така важен фактор во одржувањето на
ацидобазната рамнотежа. Се подготвува како концентриран раствор.

Albuminum humanum solution

- oд 120 g/l до 250 g/l вкупни протеини или како

- изотоничен раствор 35 g/l до 50 g/l

Растворот се загрева околу 10 часа на температура од 60º С. Претставува слабо


вискозна течност.

Хумани имуноглобулини

Препартот на нормалниот Ig се добива од крвна плазма од што поголем број донатори


(1 000) за да се постигне присуство на што повеќе антитела. Потребни се минимум две
антитела ( антибактериско и антивирусно). Постојат и специфични IgG само со едно
антитело (анти Rh IgG, антирубеола, антихепатит, антитетанус) се добива со
фракционирање на плазма во две фракции по Cohn (етанол метод) или со
хроматографска постапка. Се подготвуваат во форма на стабилни раствори
(протеинска концентрција околу 160 g/l) или во лиофилизирана форма. Се чува на
температура + 2 до + 8º С од 2 до 5 години.

dipl.farmacevt Gajdova Biljana

You might also like