You are on page 1of 7

Универзитет “Св.

Кирил и Методиј”- Медицински факултет- Скопје


Тригодишни стручни студии за дипложмирана медицинска сестра

Семинарска по физиологија на тема


Крвни елементи – Еритроцити

Ментор :Сунчица Петровска


Изработено од :
Рамадан Адеми 1865

Африм Куртиши 1827


Скопје,2023 година

Крвни елементи- Еритроцити


Името на еритроцитите произлегува од грчките зборови eritros , што значи црвен и
citos, што значи клетка.
Црвената боја на еритроцитите произлегува од присуството на крвниот пигмент
хемоглобин во стромата на еритроцитот.

Карактеристики на еритроцитите
Нормалните еритроцити имаат облик на биконкравен диск од околу 8 микрони.
Еритроцитите при провлекувањето низ ситните капилари лесно го менуваат својот
облик, но не хемолизираат бидејќи еритроцитот има вишок на мембрана во однос на
клеточната содржина.
Бројот на еритроцитите зависи од полот (кај мажите има повеќе) , возраста и
надморската височина.
Во составот на еритроцитите влегува : вода со 62-64% , хемоглобинот 31-33%, а 3-7%
отпаѓа на други материи (витамини, ензими, електролити, гликоза, калиум, калциум,
магнезиум идр.) Во составот на мембраната и клеточните структури на еритроцитот
има белковини и масти.

Функции на еритроцитите
Eритроцитите имаат повеќе функции. Тие се:

1. Транспортираат ксилородот од белите дробови до ткивата преку врзување за


хемоглобинот ;
2. Учествуваат во елиминацијата на јаглеродниот двооксид од ткивата преку
негово врзување со водата од плазмата и создавање на бикарбонати ;
3. Преку хемоглобинот , еритроцитите ја регулираат ацидобазната рамнотежа во
крвта.
Сосдавање на еритроцитите
До 5-та година од животот, еритроцитите се создаваат во коскената срцевина на сите
коски, но потоа коскената срцевина во долгите коски постепено се заменува со масно
ткиво, така што по 20-та година од животот исклчиво се создаваат во мембранозните
коски ( рбетни пршлени, карлични коски, градна коска, коски на череп идр.).
Со староста, коскената срцевина станува се помалку продуктивна. Коскената срцевина
содржи голем број плурипотенти хематопетски праклетки од кои може да се развие
која било крвна клетка.

Регулација на продукцијата и улогатана на еритроцитот


Основен регулатор на продукцијата на еритроцити е оксигенацијата на ткивата.
Секоја состоојба која го смалува количеството на кислородот транспортиран до ткивата
предизвикува забрана продукција на еритроцити. Такви состојби се анемии ( намален
број на еритроцити или намалено количество на хемоглобин)

Предизвикани од губење на поголемо количество на крв или изложување на


организмот на поголема надморска височина
На планина концентрацијата на кислород во воздухот е помала постои понизок
парцијален притисок на кислород што предизвикува ткивна хипоксија.
Ова ја стимулира коскената срцевина да создава повеќе еритроцити за отстранување
на слабата оксигенација брзината на продукцијата на еритроцитите не зависи од
ниниот број туку од нивната способност за добра оксигенација на ткивата.

Главен фактор преку кој хипоксијата (намалена оксигенација) предизвикува


стимулација на коскената срцевина за продукција на еритроцити е хормонот
еритропоетин .
Во процесот на создавање на еритроцитите, особено значење имаат витамините В 12
(присутна во црнот дроб, месото и лиснатиот зелен зеленчук). Нивниот недостаток
предизвикува слабост во созревањето на еритроцитите.
Недостатокот на овие витамини најчесто се јавува заради отежната апсорпција во
желудникот, а е предизвикана од атрофија на желудечната слузница. Состојбата е
проследена со намален бројна еритроцити во периферната циркулација и се означува
како пернициозна анемија.
Синтеза на хемоглобин
Хемоглобинот е крвен пигмент кај луѓето кој по хемиска природа е хромопротеин.
Синтезата на хемоглобинот започнува во проеритробластот, а завршува ретикулоцитот.
Се состои од два дела: хем и глобин. Хемот е неоргански дел, кој се создава во
митохондриите, а глобинот е органски дел, кој се сосдава во рибозомите.
Разградба на еритроцитите
Зрелите еритроцити во циркулацијата живеат околу 120 дена. Иако немаат јадро, сепак
цитоплазматските структурен содржат ензими кои ги одржуваат животините процеси
на еритроцитот.
Хемолизата особено интензивно се случува во слезенката, при минувањето на
еритроцитите низ црвената пулпа, каде што интертрабекуларните простори со
димензии од 3 микрони се многу помали од дијаметарот на
еритроцитите.Ослободениот хемоглобин од хемолизираните еритроцити го
фагоцитираат макрофагите насекаде во организмот, ослободувајќи го железото кое се
искористи за вградување во хемоглобинот на нови млади еритроцити во коскената
срцевина. Значи, железото од старите еритроцити не се исфрла, туку се рециклира.

You might also like