You are on page 1of 4

Цели

Да се идентификуваат и опишат главните функции на:

– Еритроцитите (црвени крвни зрнца)

– Гранулоцитите (неутрофили, еозионофили и базофили)

– Агранулоцити (лимфоцити, моноцити)

– Тромбоцити

• Да се знае приближно колку проценти од сите овие клетки се застапени во нормалната


крвна слика.
Да се опишат разликите помеѓу елементите во плазмата и во серумот.
Крвта е посебен вид на сврзно ткиво
Се состои од:
Клетки
Плазма
Клетки во крвта
Црвени крвни зрнца (еритроцити)
Бели крвни зрнца (леукоцити)
Тромбоцити (крвни плочки)
Плазмата се состои од:
Вода: 92%
Протеини: 7%
Албумини: 58%
Имуноглобулини: 37%
фибриноген: 4%
Други протеини: 1%
Други маатерии: 1% (електролити, хранливи материи, респираторни гасови, отпадни
продукти)
Плазма vs. Серум
Плазмата коагулира, серумот не.....
Според тоа, Серум = плазма – фактори на коагулација (серумот е она што останува откако
ќе коагулира плазмата)
Еритроцити (црвени крвни зрнца или Red Blood Cells - RBC)
Просечен живот: 120 дена
Настануваат од прекурзорни клетки кои се создаваат во коскената срцевина
Нормален број на еритроцити во крв изнесува:
Мажи : 4.5-6 x 1012/L
Жени : 4-5 x 1012/L
Морфолошки карактеристики на црвените крвна зрнца
Преубаво дизајнирана биконкавна дискоидна форма (личи на крофна без дупка)
Грубо димензиите се 7 µm промер и 2 µm дебелина
Цитосклететот се состои од: spectrin, ankyrin, actin
НЕМА јадро
Цитоплазма: вода (65%); органели (1%); хемоглобин (34%)
Тромбоцити
Животен век: 8-10 дена
Настануваат од мегакариоцитите во коскената срцевина.
Нормален број во крв: 150-450 x 109/L
Диаметарот им е околу 2 µm
Грануломерни и хијаломерни региони
НЕМА јадро
Функција: овозможува коагулација на крвта
Тромбоцитите изгледаат безлично но имаат огромен број на гранули во внатрешноста и
огромен број на рецептори на површината
Тромбоцитите формираат коагулум

• Диференцијална крвна слика (“diff”)


Претставува параметар кој покажува колкав број од секој тип на белите крвни зрнца е
присутен во крвта (нормално неутрофилите се најзастапени, а базофилите се најретки).
Леукоцити
Гранулоцити
Неутрофили
Еозинофили
Базофили
Агранулоцити
Лимфоцити
Моноцити
ВНИМАНИЕ!!! Агранулоцитите имаат гранули
Да! И гранулоцитите и агранулоцитите имаат цитоплазматски гранули наречени Both
granulocytes and agranulocytes have cytoplasmic granules called aзурофилни гранули.
НО!!! Гранулоцитите имаат специфични гранули кои ги дефинираат нив како посебни
клетки (неутрофилни, еозинофилни и базофилни гранули).
Неутрофили (неутрофилни гранулоцити)
45-75% во диференцијалната крвна слика (меѓу 2-8 x 109/L)
Дијаметарот им е околу 15 µm
Имаат полилобирани јадра…
…па оттука и нивното вообичаено име во патологијата – полиморфонуклеарни леукоцити
(“polymorphonuclear leukocyte” - PMN)
Содржат два типа на гранули:
Азурофилни (примарни, пурпурно обоени) гранули (ретко)
Неутрофилни гранули (секундарни, розово обоени), ги има многу
--Азурофилните гранули прво се јавуваат кај незрелите неутрофили наречени
промиелоцити. При делбата на промиелоцитите, азурофилните гранули се распоредуваат
подеднакво што значи колку е неутрофилот позрел толку има помалку азурофилни
гранули.
-Азурофилните гранули стануваат проминентни при бактериска инфекција .
Функција на неутрофилите
Неутрофилите претставуваат прва одбранбена линија против туѓи тела, бактериски
инфекции и сл.
Во циркулацијата се задржуваат многу малку, неколку часа, потоа мигрираат кон местото
на инфекција каде поминуваат неколку дена
Го убиваат натрапникот било преку процесот на фагоцитоза, било преку ензимска
деструкција
Потоа се повлекуваат и им го оставаат нередот другите да го исчистат (макрофаги).
Еозинофили (еозинофилни гранулоцити)
1-4% во диференцијалната крвна слика (околу 0.5 x 109/L)
Дијаметарот им е околу 15 µm
Големи, крупни, портокалово-црвени (еозинофилни) гранули во цитоплазмата
Грчки: eos = зора, мугра
Јадрата се билобирани (како бисаги)
Функција на еозинофили
Глаавна клетка инволвирана во сите алергиски реакции (како астма на пример)
Извонредно добри убијци на паразити (гранулите содржат т.н Главен Базичен Протеин
односно МВР = major basic protein)
Исто се инволвирани во реакциите со лекови
Еозинофилите учествуваат во модулација на имуниот одговор
Базофили
Помалку од 1% во диференцијалната крвна слика (помалку од 0.3 x 109/L)
Најголемиот дијаметар изнесува околу 10 µm
Содржат огромна маса на темно сини (базофилни) гранули во цитоплазмата
Имаат неправилно јадро кое тешко се распознава под бројните гранули
Функција: борба против инфекции и како медијатор на алергиски реакции
Лимфоцити
20-50% во диференцијалната крвна слика (меѓу 1-4 x 109/L)
Повеќето лимфоцити се мали (6-12 µm) но некои знаат да бидат и многу големи (до 20 µm)
Јадрото е темно сино, грубо и неправилно (стуткано)
--Постојат два типа на лимфоцити (на микроскоп изгледаат исто):
B-лимфоцити
T-лимфоцити
B-лимфоцити
15% од цикулирачки лимфоцити
Се развива од bursa Fabricii (кај птици) и од коскена срцевина кај луѓе (bone marrow)
Матурацијата на лимфоцитите се одвива во лимфатичното ткиво (лимфни јазли и спленка)
На крај зрелите В-лимфоцити, се претвараат или во плазма клетки (способни да создаваат
антитела) или во “мемориски“ клетки (ги помнат претходните инфекции во телото).
T-лимфоцити
Околу 85% од циркулирачките лимфоцити
Се создаваат и матурираат во Тимусот
Може да се најдат во коскената срцевина и во лимфатичните ткива заедно со В-
лимфоцитите
На крај, може да се претворат било во цитотоксични Т лимфоцити (кои ги убиваат
инфицирани клетки) или помошни Т лимфоцити (кои им помагаат на другите клетки од
имуниот систем да ја завршат својата работа).
Моноцити
1-8% во диференцијалната крвна слика (меѓу 0.1-0.8 x 109/L)
12-20 µm е најголемиот дијаметар
Јадро: назабено, овално, бубрежесто или потковичесто. Хроматинот е растресен низ цело
јадро.
Цитоплазма: “dishwater” (сиво-плаво), како нечиста вода, со мали вакуоли од азурофилни
гранули.
Функција на моноцити
Се диференцираат во макрофаги (хистиоцити) во различни органи и тоа:
Гигантски клетки од тип на “туѓо тело“
Kupffer-ови клетки (хепар)
Микроглија клетки (мозок)
Алвеоларни макрофаги (бели дробови)
Претставуваат втора линија на одбрана од штетни агенси (чистачи).
Им помагаат на лимфоцити во извршување на нивната функција; фагоцитоза (било со
директна ингестија, било како клетка презентер на штетниот агенс на лимфоцитите).

You might also like