You are on page 1of 17

II – 3

ХРОМОЗОМИ
Правила во наследувањето

Марко Спасовски
01 02 03
ХРОМОЗОМИ БРОЈ НА ХРОМОЗОМИТЕ МОРФОЛОГИЈА НА
ХРОМОЗОМИТЕ

04 05 06
СТРУКТУРНА
ПРИМАРНО СТЕСНУВАЊЕ ТЕЛОМЕРИ ОРГАНИЗАЦИЈА НА
ХРОМОЗОМИТЕ
01 ХРОМОЗОМИ
• Хромозомите се најкомплексни функционални компоненти на
јадрото, составени од ДНК и протеини. Носат генетска информација
која одредува карактеристики на организмот.

• Хромозомите се критични за целокупниот процес на


делбата, обезбедувајќи точна дистрибуција на
генетскиот материјал при митоза и мејоза.
• Гените, сегменти на ДНК на хромозомите, кодираат
инструкции за синтеза на протеини, што влијае на
различни биолошки функции. Полните хромозоми, X и
Y, одредуваат биолошки пол.
• Разбирањето на структурата и функцијата на
хромозомите е основа за раскинување на генетските
механизми и напредување во области како генетика,
медицина и биотехнологија.
46
• Луѓето обично имаат 23 пара
хромозоми (вкупно 46). Еден
член од секој пар доаѓа од секој
родител.
02
БРОЈ НА
ХРОМОЗОМИТЕ
- Бројот на хромозоми варира меѓу различните видови,
но е константен за секој конкретен вид.
- Кариотипот, кој го опфаќа вкупниот број на метафазни
хромозоми во јадрото на клетка, е специфичен за секој
организам. Организмите со полово размножување
имаат гамети со хаплоиден број на хромозоми (п),
додека соматичките клетки се диплоидни (2n).

- Хаплоидниот број на хромозоми, наречен геном, ги


претставува основните хромозоми. Хромозомите во
јадрото на зиготот и соматичките клетки се хомологни,
односно парни.
- Кариограмот ги систематизира хромозомите во
кариотипот, а идиограмот шематски ги претставува
морфолошките особености.
- Во човечкиот кариотип, 22 пара се автозомни хромозоми,
и еден пар се полови хромозоми, обично (XX) кај жени и
(XY) кај мажи.
03
МОРФОЛОГИЈА НА
ХРОМОЗОМИТЕ
• Во текот на клеточниот циклус хромозомите имаат различен
изглед.
• Во интерфазата хромозомите се долги и тенки конци во
деспирализирана состојба, кога не можат поединечно да се
разликуваат.
• Бидејќи биохемиско – физиолошки се доста активни, за нив
се вели дека се во функционален облик. За време на
делбата на јадрото (кариокинеза), хромозомите имаат
облик на стапчести структури, наречен преносен облик.
• Хромозомите во метафаза како конечно формирани
структури со одреден облик (начесто стапчест) се
одликуваат со одредени морфофункционални
диференцијации.
ПРИМАРНО 04
СТЕСНУВАЊЕ
ПРИМАРНО СТЕСНУВАЊЕ

На секој хромозом се наоѓа по едно примарно стеснување или


констрикција, со кое хромозомите се поделени на два крака. Во
примарното стеснување се наоѓа важна структура наречена
центромер. Со центромерот хромозомите при делбата на јадрото се
поврзуваат за влакната на делбеното вретено, со што се
овозможува движење на хромозомите кон половите и нивен
правилен распоред во двете новодобиени јадра.

Обично, на хромозомите се наоѓа по еден


центромер, сместен на одредено место, а таквите
хромозоми се моноцентрични.
Според положбата на примарното стеснување,
односно центромерот и односот на должината на
краците се разликуваат следниве типови хромозоми.
Субметацентрични Телоцентрични
Центромерот е Центарот е
оддалечен од средината терминално и
и хромозомот го дели нема два краја.
на два нееднакви дела.

Метацентрични Акроцентрични
Центромерот е во Кога центарот е
средината и хромозомот суперминален и едниот
го дели на два еднакви крак има нагласено
дела. помали димензии.
05
ТЕЛОМЕРИ
• Терминалните делови на хромозомските краци, иако не покажуваат
видливи морфолошки диференцијации, по своето однесување се
разликуваат од другиот дел на краците. Овие делови се наречени
теломери.
• Теломерите овозможуваат заштита на целосноста и индивидуалноста на
хромозомите во тек на делбениот циклус. Благодарение на теломерите
не доаѓа до хаотично и неконтролирано спојување на хромозомите. Ако
не би имале таква функција теломерите, за време на клеточниот циклус
би ce појавиле најразлични хромозомски формации.

• При анафазното движење двата теломерни


делови на секој хромозом се ориентираат и
движат кон едниот пол. За хромозомите би било
катастрофално, ако теломерите се биполарни.
06
СТРУКТУРНА
ОРГАНИЗАЦИЈА
НА
ХРОМОЗОМИТЕ
• Структурните и функционалните единици на хромозомите се
внатрешните елементарни хромозомски фибрили, наречени хромонеми.
Во интерфазата, хромозомите се изградени од две хроматиди, кои се
видливи во метафазата.
• Врската хроматида е изградена од спирално извиткана хромонема и
матрикс. Матриксот се завиткува околу хромонемата во профазата и
исчезнува во кариокинеза. Хромонемата може да се спирализира и
деспирализира, менувајќи ја должината на хромозомите.
• Нуклеозомите се структурните подединици на хромонемата, составени
од молекули DNA поврзани со хистонски протеини. Хромонемата има
изглед на бројници составени од нуклеозоми, способни да се
кондензираат во повеќе нивоа за да се формираат компактни
хромозомски тела.
Ви благодарам
за вниманието!
CREDITS: This presentation template was
created by Slidesgo, and includes icons by
Flaticon and infographics & images by Freepik

You might also like