You are on page 1of 2

ДЕЛБА НА КЛЕТКАТА – МИТОЗА

Секоја клетка било да е дел од многуклеточен организам или претставува самата


едноклеточен организам, потекнува само од претходна клетка. Настанувањето на новите
клетки се одвива со делба на клетката која опфаќа два процеси:
- Делба на јадрото – кариокинеза
- Делба на цитоплазмата – цитокинеза
Овие два процеси обично се синхронизирани ивременски тесно поврзани. По завршената
делба на јадрото, следува делба на цитоплазмата. На тој начин двете новоформирани
клетки добиваат по едно јадро.
Се разликуваат два основни типа на делба на јадрото: митоза или проста делба и мејоза
или редукциона делба.
Митозата претежно се одвива во телесните (соматските)клетки. Биолошката смисла на
митозата се состои во рамномерна распределба на наследниот материјал, што се содржи
во хромозомите на двете новодобиени јадра.
Митозата претставува динамичен и континуиран краткотраен процес. Заради полесно
објаснување на промените, поделена е на следниве фази: профаза, метафаза, анафаза,
телофаза.
Профазата започнува со зголемување на обемот на јадрото. Раната профаза се
карактеризира по тоа што хромозомите имаат форма на тенки и издолжени, слабо
спирализирани нишки, расфрлани низ целата внатрешност на јадрото. Во понатамошниот
тек на профаза тие постепено се спирализираат, што им овозможува полесно движење во
наредните фази. Крајот на профаза настанува со исчезнување на јадрената мембрана и
јадренцето, формирање на делбено вретено и појава на матрикс на хромозомите.
Делбеното вретено е изградено од два вида на влакна, едни кои се протегаат од едниот
до другиот пол – поларни, а другите се хромозомски – кои имаат важна улога бидејќи се
врзуваат за центромерот на хромозомите и обезбедуваат правилно движење на
хроматидите кон половите во анафаза.
Метафазата се препознава по тоа што хромозомите се максимално спирализирани и
најскусени, поради што добро морфолошки се разликуваат. Во оваа фаза освен
утврдување на бројот на хромозомите, може да се воочи дека секој хромозом е изграден
од две хроматиди. Најчесто се распоредени во средината на клетката на т.н.
екваторијална рамнина, поврзани за нишките на делбеното вретено со центромерот.
Кога хромозомите се поделат надолжно, при што двете хроматиди се одвојуваат,
започнува анафаза. Како секоја хроматида или новодобиените еднохроматидни
хромозоми се поврзани со нишките на делбеното вретено тие постепено се движат кон
двата спротивни пола. Во една клетка сите хромозоми во анафаза се движат
синхронизирано, со центромерот на напред. Анафазното движење на хромозомите е
проследено со трошење на енергија од АТР кое се содржи во микротубулите.
Телофазата е завршната фаза од митозата. Таа настанува кога хромозомите ги
достигнуваат двата спротивни пола на делбеното вретено. Нивниот број на дватапола е
еднаков, односно ист диплоиден како во јадрото на мајчината клетка. На крајот на
телофаза се регенерира јадрената мембрана и јадренцата на двата пола со што се
добиваат две нови јадра.
Делбата на јадрото по правило е проследена со делба на цитоплазмата, со која ќе се
добијат две нови клетки. Таа започнува во крајот на анафазаили во почетокот на
телофаза.

You might also like