You are on page 1of 2

СПЕЦИФИЧНИ КЛЕТОЧНИ ОГАНЕЛИ

Клеточните органели кои учествуваат во функции што се карактеристични само за


определен тип на клетки се наречениспецифични органели.
Трепките (cilii) и камшичињата (flagelumi) се специфичнибидејки сесреќаваат кај одделни
видови растителни и животински клетки. Тие се фини израстоци на клетката, способни да
се движат со активно свивање. Трепките и камшичињата имаат слична градба со
центриолите. Тие имаат движечка функција, со нив седвижат многу едноклеточни
организми и половите клетки(сперматозоидите).Трепки имаат и други типови клетки како
што се покривните клетки на дишните патишта кај рбетниците и човекот. Со нив се
придвижуваат секретите од дишните патишта, а заедно со нив и тврдите честички од
прав, бактерии и др.
Центриолите се карактеристични само за животинските клетки. Се забележуваат за време
на делба на клетката во близина на јадрото. Тие се цилиндрични структури, чиј ѕид е
изграден од 9 групи по 3 микротубули.Играат важна улога при делба на јадрото, бидејки
учествуваат во формирање на делбеното вретено.
Сферозоми се органели карактеристични за растителните клетки. Изградени се од
липопротеинска мембрана и внатрешна содржина – строма,која содржи прекурсори за
масни материи и учествуваат во синтеза на масни материи.
Вакуолите се исто така карактеристични за растителната клетка.Тие преставуваат
празнини во клетката ограничени со мембрана наречена тонопласт, исполнети со
вакуоларен сок (клеточен сок) од органски и неоргански материи кој е различен не само
во клетките од различни видови туку и во разните органи на исто растение.Вакуолите
овозможуваат одржување на тургорот во клетката.
Пластидите се карактеристични за еукариотските растителни клетки. Во зависност од
видот на пигменти кои ги содржат се делат на хлоропласти – содржат хлорофилни
пигменти, хромопласти – содржат каротеноидни пигменти и ксантофил и леукопласти не
содржат пигмент.
Хлоропластите се ограничени со двојна липопротеинска мембрана и внатрешност
наречена строма. Внатрешната мембрна навлегува во стромата и гради сплескани
торбички наречени тилакоиди.Кај вишите растенија се разликуваат долги и куси
тилакоиди и на одредени места кусите тилакоиди се поредени една над друга и
формираат творба наречена грана, а граните меѓу себе се поврзани со долгите
тилакоиди наречени тилакоиди на строма. Во тилакоидите на грана има хлорофил и
голем број на ензими. Основна улога на хлоропластите е фотосинтеза.
Хромопластите се фотосинтетски неактивни и содржат пигмент каротин и ксантофил. Тие
ги обијуваат цветовите и плодовите и на тој начин ги привлекуваат инсектите со што се
врши опрашување и расејување.
Леукопластите се безбојни не содржат пигменти и имаат функција да вршат секундарна
синтеза на органски соединенија и депонирање на скроб.
Клеточен ѕид е една од основните карактеристики во градбата на растителната клетка.
Без клеточен ѕид се: животинските клетки, слузавите габи, половите клетки. Тој го штити
протопластот му дава облик и механичка заштита. Прозрачноста дава можност
светлината да минува низ него и да достигне до протопластот каде се одвива
фотосинтезата.Клеточниот ѕид се формира за време на цитокинезата со учество на
везикулите на Голџи системот и ендоплазматичниот ретикулум. Изграден е од основна
материја – матрикс низ кој поминуваат нишковидни молекули на целулоза групирани во
фини влакнести структури.Тој не ја прекинува врската меѓу соседните клетки.

You might also like