You are on page 1of 10

СПРОВОДНИ

ТКИВА
Спроводните ткива, служат за
транспорт на органски и неоргански
материи низ растението. Има два
типа на спроводни елементи:

 ксилем, кој ги транспортира


водата и неорганските материи
до листот и другите делови, и

 флоем, кој врши транспорт на


асимилатите од фотосинтезата од
листот до целото растение.
Ксилемско спроводно ткиво (ксилем)

Потребата од посебно ткиво за побрзо


движење на неорганските материи од еден
дел на растението до друг, се јавила со
преминувањето на растенијата од водна
на копнена средина.
Според потеклото, ксилемот може да биде
примарен (се диференцира од примарен
меристем)
секундарен (секундарното ксилемско
ткиво се образува од секундарен
меристем)
Ова ткиво е изградено од два вида
спроводни елементи:
трахеиди и
трахеи (или ксилемски цевки).
Трахеидите филогенетски се постари и
попримитивни спроводни елементи. Тие
се најчесто издолжени цевчести
структури кои имаат заострени краеви.
Клеточните ѕидови можат да им бидат
задебелени, а кај повеќегодишните
растенија клетките можат да бидат и
мртви, па затоа освен спроводна,
извршуваат и механичка функција. Се
поврзуваат меѓусебно на заострените
краеви, а кај нив се среќаваат и т.н.
дворести пори кои помагаат во
транспортот на водата и минералните
материи.
Трахеите (ксилемските цевки) се
помлади и поусовршени спроводни
елементи и тие се многуклеточни
структури и затоа се нарекуваат
уште и ксилемски цевки.
Вертикално се поврзуваат и на тој
начин создаваат спроводен тек на
поголеми растојанија. Должината
може да достигне до 1,5 м.
Хоризонтално задебелените
клеточни ѕидови се перфорирани
(издупчени) и на тој начин го
овозможуваат транспортот.
Сл. Транспорт на вода и минерални материи низ ксилемот
Флоемско спроводно ткиво ( флоем)

Флоемот е спроводно ткиво низ кое се пренесуваат


асимилатите, односно продуктите на фотосинтезата кои
се создаваат во листовите до сите делови на растението
и до коренот каде се складираат.
Во зависност од потеклото може да биде
примарно (што се добива од примарен меристем)
и секундарно (од секундарен меристем).
Во осковите органи (стеблото и коренот) флоемските
елементи најчесто се наоѓаат надворешно поставени на
ксилемот.
Флоемското спроводно ткиво е изградено од
 ситести клетки,
 ситести цевки
 клетки придружнички.
Ситестите клетки претставуваат
долги и тесни клетки со заострени
или закосени краеви, кои, разлика од
трахеидите, се живи клетки. 

Ситестите цевки за разлика од


ситестите клетки се поусовршени
флоемски елементи. Тие се изградени
од повеќе вертикално поредени
клетки или членчиња на ситестата
цевка, кои по градба не се
разликуваат од ситестите клетки.
Елементите (членчињата) на
ситестите цевки имаа тенок и
нелигнифици- ран клеточен ѕид.
Клетките придружнички
претставуваат специјализирани
клетки кои ги придружуваат
елементите на ситестите цевки
кај скриеносемените растенија.
Тие се потесни клетки, богати со
цитоплазма и секогаш имаат
јадро.
Спроводни снопчиња
Елементите на спроводните ткива кај вишите растенија, главно, се
собрани (групирани) во спроводни снопчиња, кои треба да овозможат
нормално пренесување на водата и растворените хранливи материи.
Според распоредот на флоемските и ксилемските елементи
разликуваме 4 типа на спроводни снопчиња
1. Концентричен тип- ксилемот се наоѓа во внатрешноста, а
флоемот е од надворешната страна
2. Колатерален тип -ксилемот и флоемот се наоѓаат на ист радиус,
еден наспроти друг ксилемот се наоѓа во внатрешноста, а флоемот е
од надворешната страна
3. Биколатерален тип околу секој ксилем има два флоеми, односно
околу ксилемот од дветестрани има флоем
4. Радијален тип ксилемот и флоемот наизменично се менуваат и на
напречен пресекисгледаат како зраци

You might also like