You are on page 1of 4

Секундарен меристем вторични ткива

Секундар ните меристемски ткива потекнуваат од кл етки на трајни т кива, кои имаат
способност за делење, односно секундарн о се реактивирале во активни меристеми.

Од производните клетки на овие ткива ќе се диференцираат секундарните


трајни ткива. Според местоположбата на растителното тело, секундарните
меристемски ткива секогаш се странични.
КАMБИУМ- Камбиумот и во коренот и во стеблото се наоѓа меѓу дрвесината
(ксилемот) и кората (флоемот) во облик на прстен, па затоа се нарекува
камбијален престен. Со активноста на камбиумот, се создаваат внатрешно,
ткивата на секундарното дрво, и надворешно , тк ивата на секундарната кора
ФEЛОГЕН- се наоѓа под кората создава секундарно кожно ткиво (перидерм)
-други секундарни меристеми – калусно ткиво- покрива рана- меристем на рани и
регенерационен меристем (од епидермис)
Трајни ткива
Се образуваат од меристемските клетки откако ќе претрпат морфо-
функционални промени. Овие клетки привремено или трајно ја имаат
изгубено способноста за делба.
Можат да бидат примарни - ако се создаваат од примарните меристеми, и
секундарни - ако се создаваат со активноста на секундарните меристемски
ткива.
Во трајни ткива спаѓаат:
Паренхимски ткива
Покривни ткива
Механички ткива
Ткива за лачење
Спроводни ткива
Паренхимските ткива завземаат најголем дел од растителното тело. Тие ја
исполнуваат внатрешноста на секој орган и меѓу нив се сместени другите
ткива. Тие се најстарите ткива во растенијата. Оспособувањето за одредена
функција на паренхимските клетки зависи од улогата што ја имаат во

организмот.
Според функционалната активност, паренхимските ткива се поделени на:
- основени(издолжени кл; основно градбено ткиво) – може да биде
паренхим на кора, паренхим на централен цилиндар, на срцевина и др. Ова
ткиво може да извршува повеќе функции , најчесто има резервна функција
-за складирање(шеќерен, протениски, водоносен- растенијата кои имаат
водоносен паренхим се викаат сукуленти-кактус, маслоносен)
-за фотосинтеза(цилиндрични кл. богати со хлоропласти- хлоренхим) или
уште се вика асимилационен паренхим (сунѓересто ткиво; палисадно ткиво)
-спроводен(поврзани кл; спроведување на хранливи материи)
-апсорпционен(вода и минерални соли)
-аеренхим(меѓуклеточни простори)
Покривните трајни ткива се еден вид кожа на растенијата, што ги заштитува
внатрешните ткива од механички повреди, прекумерно греење и
испарување, навлегување на микроорганизми и слично. Според потеклото и
местоположбата во растителното тело, разликуваме три вида на покривни
ткива: (Примарен епидермис, Секундарен перидермис, Терцијарен
епидермис )
Примарен епидермис(epi-ozgora derma-kожа)епидермисот е изгарден од
основни епидермални клетки,трихомски клетки-влакна и стомини клетки.
Епидермалните клетки се живи цврсто поврзани што овозможува лесно да се
одвојат од другите ткива како тенка кожичка . Влакната (трихомите ) можат да
бидат мртви и живи(жлездести). Живите се делат на прости и сложени.
Стоми(устенца-размена на гасови и транспирација )Стомините клетки заедно
со соседните образуваат стомин апарат.
-стомин апарат
Секундарен перидермис пери-во круг дерма-кожа (корково ткиво-
фелем,фелоген,фелодерм ) го сочинуваат перидермисот
-лентицели
Терцијарен епидермис (мртва кожа)
Механичките ткива на растенијата им даваат цврстина и еластичност,
бидејќи во растителното тело образуваат еден вид на скелет кој овозможува
растенијата да се спротивстават на механичките дејства на факторите во
животната средина. Има два вида механички ткива:
Коленхим -
Склеренхим
-влакна или клетки
Ткивата за лачење кај растенијата (секреторно-екскреторни ткива)
излачуваат или екскретираат најразлични секрети (хормони, ензими и
слично) или екскрети (непотребни материи).
Ткиво за надорешно лачење
-жлездни влакна
-водни жлезди
-осмофори
-нектарници - се секреторни структури што изла чуваат нектар
Ткиво за внатрешни излачување
-секреторни клетки
-секреторни жлезди
-млечни цевки
Спроводните ткива, служат за транспорт на органски и неоргански материи
низ растението. Има два типа на спроводни елементи: ксилем, кој ги
транспортира водата и неорганските материи до листот и другите делови, и
флоем, кој врши транспорт на асимилатите од фотосинтезата од листот до
целото растение.
Ксилем
-трахеиди
-трахеи
Флоем
-ситести клетки
-ситести цефки
-клетки придружнички
Вегетативни органи
Со преминување на растенијата од вода на копно, растенијата се приспособиле
да живеат во две сосема различни средини: почва и атмосфера. Со ваквото
приспособување на растителното тело се развиваат три вегетативни органи:
корен(со што се овозможува почвена минерална исхрана), лист (кој овозможува
размена на гасови) и стебло(кое овозможува поврзување на коренот со листот).

You might also like