You are on page 1of 13

Покривни или заштитни ткива

Покривните ткива се создале при


преминувањето на растенијата од покривни ткива
воден кон сувоземен начин на
живеење.
примарно
Тие се вид кожа на растенијата, што
ги заштитува внатрешните ткива од
механички повреди, прекумерно секундарно
греење и испарување, навлегување
на микроорганизми и др.
Според потеклото и местоположбата терциерно
разликуваме три вида покривни
ткива
1. Примарно покривно (кожно) ткиво или епидермис 

Епидермисот (од грчките зборови epi=озгора и derma=кожа)


претставува примарно покривно ткиво, бидејќи се создава од врвното
меристемско ткиво, со диференцирање на клетките од површинскиот
слој (туниката или дерматогенот).
Во зоната на кореновите влакна ова ткиво се вика ризодермис.
Епидермисот е сложено
организирано ткиво што е
изградено од
основни епидермални
клетки, трихомски клетки
и
стомини клетки.
Основните епидермални
клетки ја даваат масата, т.е.
најголемиот дел на
епидермисот и се најслабо
специјализирани.
Епидермалните клетки обично
меѓу себе се многу поцврсто
сврзани отколку со клетките што
се под нив. Тоа, пак, овозможува
епидермисот лесно да се одвои
од другите ткива како тенка
кожичка.
епидермални клетки се живи,
централно место имаат
вакуолите, сиромашни со
цитоплазма.
Врз надворешните клеточни
ѕидови на епидермалните клетки
со наслојување на кутин се
образува посебен слој кутикула
Заштитната функција на епидермисот се зголемува и со постоењето
влакна (трихоми).

Под епидермисот на некои растенија,


како кај капината, шипот и др.,
се образуваат и посложени творби
од влакната, наречени емергенции
Во составот на епидермисот,
особено на листовите, се
создаваат стоми (устенца).

Преку стомите се остварува


регулирањето на размената на
гасовите и транспирацијата.

Стомините клетки заедно со


соседните (или
околустомините) клетки
образуваат стомин апарат или
епидермален комплекс
2. Секундарно покривно (кожно)
ткиво или перидермис

Перидермисот (од грчките зборови,


peri=во круг, derma=кожа)
претставува секундарно покривно
(кожно) ткиво што ги заштитува
стеблата и корењето кај растенiјата,
кои секундарно растат во дебелина.

Кај овие растенија епидермисот


порано или подоцна отпаѓа, а
заштитната улога ја презема
перидермисот.
Ова ткиво се создава со активноста на
секундарното меристемско ткиво
фелоген или корков камбиум.
Клетките што се издвојуваат надвор
од фелогенот брзо оплутуваат
(вкоруваат) и изумираат, создавајќи на
тој начин корково ткиво или фелем
слој од мртви клетки).
Внатрешните клетки обично
остануваат живи и го образуваат
слојот наречен фелодерм или коркова
кожичка.
Корковото ткиво (фелемот),
фелогенот и фелодермот, како три
слоја на различни ткива, кои заедно
имаат заштитна функција, го
образуваат комплексното секундарно
кожно ткиво - перидермис
Бидејќи коркот клетките од
перидермот не пропуштаат вода и
воздух за да се овозможи размена на
гасови и транспирација, во
перидермисот се создаваат
лентицели (или леќички) Тие
претставуваат специфични
структури, чии отвори личат на мали
кратери
Терциерно покривно (кожно) ткиво
(мртва кора)

Мртвата кора се создава кај повеќето


многугодишните дрвенести растенија, кај
кои фелогенот се создава повеќе пати.
Поради прекинот на доставувањето на
хранливите материи од корковото ткиво,
сите ткива што се надвор од него
изумираат.
Со натрупувањето на ваквите ткива, по
трет, четврт или (n)-ти фелоген, се
создава дебела обвивка од мртви ткива,
т.е. мртва кора или терциерно покривно
ткиво, кое всушност, претставува слој од
мртви ткива
Колку последниот фелоген се
создава подлабоко во кората, толку
е подебела мртвата кора.
Мртвата кора поради притисокот од
внатрешните ткива, често има
пукнатини низ кои се врши
проветрување на органите.
Кај некои растенија слоевите во
мртвата кора се цврсто меѓусебно
сврзани и таа кора е дебела или
неотпадна и може да биде мазна
(кај буката) и напукната или рапава
кај дабот
Ако кората е составена од слоеви
кои не се толку цврсто сврзани, така
што можат лесно еден од друг да се
одделат, зборуваме за отпадна кора.

Овде разликуваме кружна или


прстенеста (кај вишната и црешата)
и лушповидна (кај борот)
Мртвата кора им дава голема
заштита на растенијата од сушење,
загревање п други надворешни
влијанија, вклучувајќи ги и
животинските.

You might also like