You are on page 1of 16

СМУ на Град Скопје “Д-р Панче Караѓозов”

МАТИЧНИ КЛЕТКИ
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА

Изработил: Ментор:
Гоце Паскоски IV1 забни техничари Елена Јакимовска-Барџовска

Скопје, 2021
СОДРЖИНА

Апстракт............................................................................................................................1
Матичните клетки и нивната поделба.............................................................................3
Колектирање и складирање на матичните клетки од новороденче..............................7
Терапии со употреба на матични клетки.........................................................................9
Хипотеза на истражувањето.............................................................................................12
Образложување на хипотезата преку график..................................................................12
Заклучок..............................................................................................................................13
Користена литература........................................................................................................14
Апстракт
Во минатото луѓето умирале од најразлични болести кои денес се сметаат за
банални. Со текот на времето и развојот на технологијата и медицината, за многу болести
тогаш неизлечиви, се пронашол соодветен лек и третман.

Првиот валиден успех со ваков третман т.е употреба на хематопоетски (крвни)


клетки од папочна врвца, претставува третман на петгодишно дете кое боледувало од
ретка генетска болест позната во литературата како Фанкониева анемија и датира од 1988.
Детето било третирано со матични клетки од папочната врвца на неговата новородена
сестра. По 20-тина години не биле забележани никакви последици или несакани ефекти,
истотака било констатирано дека функционирањето на крвоносниот и имунолошкиот
систем било нормално.

Оваа тема ја сметам како доволно корисна за разработка и вредна за актуелизација


поради можностите кои ги нудат терапевтските третмани со матични клетки, како и
типовите на матични клетки, нивните извори, постапката за нивно чување и.т.н. Особено
значаен е бројот на болести кои се лекуваат со оглед на фактот дека за разлика од пред
триесетина години кога со матичните клетки од папочната крвта се третирала само една
болест, пред десетина години неколку болести, денес успешно се користат за третман на
повеќе од 70 заболувања од крвно потекло и повеќе од 15 заболувања од друга природа,
најчесто се третира рак на одделни типови крвни клетки (како леукемиите), други
заболувања на крвта (анемии), некои имунодефициенции, автоимуни и метаболни
заболувања. Во блиска иднина се очекува бројот на третмани за лекување на болести од
различна природа забрзано да расте.

1
Матичните клетки и нивната поделба

Матичните клетки претставуваат природни прекурсори на сите клетки кои


поседуваат способност да се самореплицираат. Секоја понатамошна делба резултира со
создавање на нова матична клетка и една спеціалнзирана т.е. зрела клетка.

Во човековиот организам има повеќе од 200 типови на зрели клетки со своја


специфично одредена функција, без разлика дали се работи за клетка на миокардот која
работи ритмички или еритроцит кој ги транспортира гасовите до секоја клетка во
организмот. Матичните клетки можат да се најдат
во различни стадиуми од феталниот развиток и се
присутни во најразлични ткива од возрасните
единки. Со тек на времето како последица на
губењето на способноста за размножување поради
диференцирањето на клетката, постепеното
стареење, оштетување и изумирање, бројот на
неспецијализирани клетки се намалува, поради
што бројот на матични клетки во организмот на
возрасен човек е далеку помал отколку кај
младиот организам. Сепак голема поволност има
во тоа што не исчезнуваат целосно кога ке дојде
до завршен раст и развој на организмот, туку останува дел како резерва којa игра голема
улога во обновувањето на оштетени или постари ткива иако нивната изолација е
oневозможена.

Во зависност од потеклото или патот на нивното настанување и на нивната


способност под дејство на специфични стимули да произведат различни типови на
специјализирани клетки, која се нарекува пластичност, разликуваме 3 основни типа :
тотипотентни, плурипотентни и мултипотентни матични клетки.

2
Тотипотентните матични клетки претставуваат примарни клетки и се
создаваат уште во стадиумот на морула. Со самото спојување на сперматозоидот со јајце
клетката се создава зигот кој претставува една тотипотентна матична клетка која уште во
првите часови се дели формирајки двоклеточен ембрион. Овие две клетки натаму
непрекинато се делат во идентични по морфологија
клетки, сите со потенцијал да се развијат во фетус
кога тие ке се сместат во матката. При нивното
диференцирање се создава шуплива топка од клетки
т.н. бластоциста изградена од надворешен слој
клетки од кој подоцна се образува плацентата и
внатрешна клеточна маса која ќе ги даде трите
примарни ткивни слоеви: ектодерм, мезодерм и
ендодерм, кои претставуваат ембрионален извор за
сите типови на клетки и ткива од организмот.
Ваквите клетки поседуваат т.н. тотален
потенцијал кој овозможува трансформација во
секој тип клетки, а со тоа и формирање на целосен
организам.

Вториот тип матични клетки се плурипотентни кои како тотипотентните


поседуваат способност за содавање на сите типови клетки од трите ткивни слоја. Сепак не
се способни да формираат функционален оганизам поради тоа што не можат да создадат
целосен спектар на клетки и структури потребни за фетален развој.

Преставници на овој тип матични клетки се ембрионалните матични клетки кои


се употребуваат во лабораторија со цел генерално да се разбере развојот на клетките. Овие
клетки не се достапни за терапија поради етичките прашања кои ги покреваат, бидејќи за
нивното добивање треба претходно да се уништи ембрионот. Овие матични клетки се
добиваат од внатрешната клеточна маса на бластоцистата. Човечки ембриони се добиваат
од културите на клетки кои се специфичен дел од ембрионот кој нормално се развиваат во
семениците или јајниците.
3
Eмбрионалните герминативни и матични клетки од култура формираат густи,
повеќеслојни клетки производители, формирани од делумно диференцирани клетки со
висок потенцијал за раст. Клеточните линии добиени од култури на клетки од
ембриноидното тело овозможуваат трансформација во клетки од сите три ембрионални
слоја од што произлегува дека
ембрионалните герминативни клетки може да
се извор на плурипотентни матични клетки
како и ембрионални матични клетки иако се
разликуваат во поглед на ткивото од кое
потекнуваат.

Друг тип на плурипотентни клетки се


оние од папочната врвца т.е. неонатални
матични клетки кои се создадени во
најраните фази на развој, но се со голем
потенцијал да станат специјализирани
клетки. Овие клетки се најдобар и
најупотребуван извор за клеточна терапија
поради поседувањето на потентност за создавање на голем број различни специјализирани
ткива и докажаната безбедност за нивната употреба.

Третиот тип матични клетки претставуваат мултипотетните матични


клетки кои се органски или ткивно-специфични матични клетки. Овие клетки по
раѓањето се наоѓаат во специјализирани органи и ткива каде имаат регенеративна
функција во однос на ткивата и органите кои се изгубиле (по пат на тератогенеза или
болести ). Во овој тип матични клетки спаѓаат возрасните т.е. адултни матични клетки кои
можеме да ги најдеме кај возрасни, но и кај деца. Се нарекуваат уште и диференцирани
матични клетки поради поограничената ширина во однос на создавањето на
диференцирани клетки т.е. потенцијалот им е ограничен на една или на повеке линии
матични клетки. Овие клетки потешко се одгледуваат во култура. Нивната функција е во
однос на одржување на стабилна состојба на специјализираните ткива.

4
Матичните клетки со цел да ги заменат изгубените клетки произведуваат
меѓупродуктни клетки наречени прекурсорни или прогениторни клетки кои ја загубиле
способноста за саморепликација, но сепак продолжуваат со клеточна делба во текот на
созревањето при што создаваат целосно специјализирани клетки.

Адултните матични клетки се со ограничен потенцијал, но една посебна


мултипотентна матична клетка наречена мезенхимска клетка која може да се најде во
коскената срцевина и забната пулпа, има можност за создавање на сите видови клетки кои
се наоѓаат во коската, 'рскавицата, крвното и масното ткиво, како и мускулни клетки и
ендокрините клетки на панкреасот кои продуцираат инсулин.

Најпроучувана група возрасни матични клетки претставуваат хематопоетичните


матични клетки поради нивното уништување во нивната зрела фаза и секојдневната
хематопоеза која во најголем дел се одвива во коскената срцевина.

Коскената срж содржи матични клетки кои стареат како и самото тело со што
потенцијално ја губат нивната виталност и употребливост, а постои можност да бидат
нападнати од предизвикувачите на истите болести како и другите делови на телото (пр.
Дијабет тип 2).

Други мултипотентни клетки се невралните


матични клетки кои можат да ги создадат
нервните клетки кои се ново поле на истражување.
Долго време се мислело дека черепниот и 'рбетниот
мозок не можат да ги обноват своите нервни клетки,
но во 1990-тите години биле изолирани неврални
матични клетки од мозокот на возрасни. Адултни
матични клетки се пронајдени во коскената
срцевина, крвта, кожата, дигестивниот систем,
забната пулпа, мрежницата, скелетната
мускулатура, хепарот, панкреасното ткиво и во многу мал број во мозокот во
субвентрикуларната и вентрикуларната зона и хипокампусот кој е посебна структура од
cortex cerebrі поврзана со мемориската функција. Овие клетки можат во култури да се
поделат и дадат неврони и невроглии. Исто така пронајдени се и во феталното мозочно
5
ткиво. Пластичноста се однесува на тоа што овие клетки од едно ткиво можат да
произведат специјализирани клетки од друго ткиво што е поддржано и од серија
истражувања направени на ова поле.

Забите, истотака се користат поради матичните клетки кои се содржат во пулпата.


Матичните клетки од пулпата на млечните заби може да се искористат при нивното
природно паѓање, а подоцна и на трајните заби, особено умниците. Вадењето на матични
клетки од млечните заби е една безболна процедура која дава неколку милиони клетки
после првото делење на клетките. Може да се обработат и зачуваат матични клетки од 12
млечни заби, затоа и постои препорака да се собираат матични клетки од пулпите на
секачите и канините, со што би се собрале огромни количини на матични клетки.

Но сепак денес, како најпогодни и најупотребувани матични клетки се


неонаталните кои се млади, посвежи, релативно незасегнати од болести, а со самото тоа и
пофлексибилни и се добиваат со безболно колектирање.

Колектирање и складирање на матични клетки од новороденче

Изолацијата на матичните клетки може да се изврши од крвта на папочната врвка


што е најбрз и наједноставен начин на колектирање по завршувањето на породувањето.
По пресекувањето на папочната врвца, со претходно подготвен сет за колекција се боцка
умбиликалната вена од папочникот која содржи околу 75-150 ml умбиликална крв која
изобилува со голема концентрација на матични плурипотентни клетки. Општо правило е
"колку е поголем волуменот на собрана крв, толку има повеќе матични клетки".
Матичните клетки земени од крвта од папочната врвка од новороденчето ќе останат
замрзнати во следните 20 години.

Изолирање може да се изврши и од ѕидот на папочната врвца (Wharton's jelly). Со


овој начин се собираат мезенхимални матични клетки кои се наоѓаат во сврзното
мукозно ткиво, однадвор и околу крвните садови на папочната врвца. Колектирањето
може да се изврши со вадење и испраќање на целата плацента, или со пресекување на дел
од папочната врвка со должина од 10-15 cm и во посебен стерилен сет да биде пренесена
во лабораториите на соодветното застапништво. Овие матични клетки ќе се искористат за
симултана апликација на хематопоетичен трансплант од "дарител" на нецелосно
6
имунокомпатибилен "примател" со што би се спречило отфрлање на трансплантантот, за
терапија на леукемија и други малигни заболувања. Со собирањето на матичните клетки
од крвта од папочната врвка и мезенхималните матични клетки од папочната врвка, како
една заедничка целина во актот на породување, уште повеќе го зголемува процентот на
имунокомпатибилноста помеѓу членовите на семејството, а со тоа го проширува бројот на
членови во едно семејство кои би можеле ги користат матичните клетки од
новороденчето.

Доколку пак изолирањето на матични клетки се врши со собирање на целата


плацента, веднаш по пристигнувањето на примерокот во акредитираната лабораторија таа
се тестира со помош на најнова
дијагностичка метода-PCR која
овозможува откривање на генетски
материјал на било кои
микроорганизми како Treponema
pallidum, HIV, Hepatitis virus B, C и.т.н.
Оваа метода претставува брз,
едноставен и економичен метод во
споредба со вообичаените тестови и
предноста е во тоа што мајката не е
подложена на испитувања на крвта во повеќе наврати кои носат и дополнителни трошоци.

При обработката на матичните клетки се одредува нивниот квантитет, а подоцна и


виталноста на матичните клетки. Повеќе од еден милион колектирани матични клетки
претставуваат одличен примерок и можат да бидат употребени за трансплантација кај
возрасна индивидуа дури и без експанзија, помеѓу 100.000 и 1.000.000 исто така се добри,
но без експанзија која вообичаено трае 10-21 ден, кај возрасно лице не може да бидат
употребени помалку од 100 000 матични клетки бидејќи нема да се доволни дури ни за
експанзија. Во овој случај самите "банки" нема да наплатат ни за обработката ниту за
чувањето на матичните клетки. Доколку овие резултати дадат поволни задоволувачки
резултати постапката се продолжува со сигурно зачувуване на примерокот. Потоа се
пристапува кон замрзнување на матичните клетки во специјални шишиња, (вијали) двојно
7
обложени со cryoflex одвнатре, во испарлива фаза на течен азот на -196о С. Оваа постапка
се нарекува криопрезервација. Матичните клетки понатаму се делат во два контејнери
(во две епрувети) и се чуваат на две физички одделни локации, за дополнителна
сигурност.

ТЕРАПИИ

Денес во употреба се двете основни групи на терапевтски третмани со матични клетки:

-автологна терапија со матични клетки при која кај пациентот се користат неговите
сопствени матични клетки; и

-алогена терапија при која пациентот се третира со матични клетки од друго лице.

Веќе долги години матичните клетки во медицината се користат за третирање на


хематолошки заболувања како што е леукемијата за која со децении се користеле и се
користат алогени транспланти од коскена срцевина која содржи голем број хематопоетски
матични клетки, со цел замена на оштетената коскена срж со здрава. Од 1988 година
започнало користењето на алогени матични клетки од папочна врвца за третман на
леукемија, која се покажала исто ефикасна како и при употребувањето на матични клетки
од коскената срцевина. Сепак матичните клетки од крвта на папочната врвка имаат
многубројни терапевтски предности во однос на оние од коскената срцевина на возрасен
човек:

-апсолутно едноставна, безболна и безбедна процедура на собирање на крвта на


папочната врвка;

-помалку е веројатно дека ке содржат ДНК-абнормалности предизвикани од токсини


или грешки во ДНК-репликацијата во текот на животот;

-не постои ризик за отфрлање при нивна потенцијална примена поради це лосната
компатибилност со детето од кое се колектирани:

-висока веројатност за HLA-компатибилност со останатите членови на потесното


семејство:

8
-зачуваните матични клетки можат да бидат на располагање во секој момент;

-поголема е веројатноста за успешна трансплантација поради тоа што

папочната врвца е далеку поголем извор на матични клетки отколку

коскената срцевина;

-имаат способност за интензивна делба и заради нивната едноставност и

-се попогодни за користење од матичните клетки на возрасните.

На последниот состанок на ИТЕРА ( Интернационална асоцијација за

истражување и ткивно инженерство) бил објавен список на болести, кои

можат да се третираат со матични клетки од папочна врвца меѓу кои се:

-Онколошки заболувања како ретинобластом и неуробластом:

-Неоплазми (малигни тумори)

-Имунодефициенции;

-Повеќе типови леукемија;

-Хипоплазија на рскавица;

-Лимфоми;

-Српеста анемија

9
-Фанкониева анемија

-Сфероцитоза

-Елиптоцитоза

-Blackfan Diamond анемија

-SCID

-Хронична грануломатоза

-Хипогамаглобулинемија:

-Мускулна дистрофија;

-Цитопенија поврзана со моносомија;

-Таласемија;

-Тромбоцитопенија;

- Миелопролиферативна болест

-Јувенилен дерматомиозит;

-Паркинсонов синдром итн.

Автологните матични клетки истотака се употребуваат по хемотерапијата, во склоп


на протоколите за лекување на малигни заболувања со цел регенерација на коскената срж.

Употребата на алогени матични клетки за лекување на одредено заболување, во


голем процент може да доведе до реакција на отфрлање на трансплантираното ткиво т.н.
Graft versus Host заболување кое е опасно по живот. Поради тоа се прави т.н. HLA тест
(тест за компатибилност на ткивото) кај донорот и пациентот. Од шест параметри,
најмалку четири или пет треба да се совпаѓаат. Доколку имаме инкомпатибилност тогаш
единствен можен третман би бил оној со автологни матични клетки. Во некои случаи како
што е леукемијата клетките од некој роднина се оптимално решение и затоа преостанува
на медицинските експерти да одлучат меѓу алоген и aвтoлoген третман. Но сигурно е дека

10
докторот кој има пристап до матичните клетки од папочната врвца, секогаш има повеќе
опции за третман меѓу кои треба да се одлучи.

Огромен број на истражувања постојано се одвиваат со порастот на типови на


клетки кои поради нивните терапевтски можности можат да се користат во третманите на
многу болести. Тоа е така и поради новооткриената можност матичните клетки да се
употребуваат во областа на регенеративната медицина која е нов и оригинален пристап во
медицината, во чиј фокус на интерес стојат
регенерацијата и репарацијата на различни ткива и
органи засегнати од некоја болест, трауматски
повреди или пак од процесот на стареење.
Регенеративната медицина ги користи
сопствените потенцијали или резервите од туѓ
организам на матичните клетки. Клеточната
терапија претставува терапија, која користи човечки клетки и ткива, наместо веќе
користените вештачки материјали и лекови, оваа терапија истотака има голема употреба.
Ткивен инженеринг подразбира вештачко создавање на ткивата при кој матичните
клетки се засадуваат на синтетски супстрат, за да се создадат кожа, срцеви валвули, коска
и некои органи. Овој третман дава огромен замав на употребата на матичните клетки и во
хирургијата.

Досегашните истражувања и клинички студии покажуваат позитивни резултати во


однос на можноста матичните клетки да го обноват срцевиот мускул по настанат срцев
удар. Охрабрувачки резултати имаме и кај пациенти со хронична срцева
слабост(cardiomyopatia). Се испитуваат и можностите во случаите на автоимуните
заболувања како лупус и јувенилен артритис. Листата на заболувања, кои би можеле да
бидат лекувани со помош на терапија, заснована на употребата на матични клетки е уште
подолга. Примерите вклучуваат: бубрежна слабост(insuficientio renalis), воспаление на
дебелото црево(colits), цироза на црниот дроб, болести на очите како ретинитис
пигментоза (retinitis pigmentosa) и еден сосем нов пристап во терапијата на малигните
заболувања.
11
Хипотеза на истражувањето

Постојат и други забоувања, при кои терапијата со матични клетки покажала


подобрувања, но таа сеуште не е прифатена како дел од стандардните третмани во
лекувањето на болестите, па по повод на овој факт решив хипотезата за ова истражување
да биде следнава: “Дали е возможно во иднината матичните клетки да се
употребуваат во третирањето на автоимуната болест аутизам?”

Образложение на хипотезата преку график

Подобрување кај испитаниците


по изведената терапија со
метични клетки
100,00% 90,60%
78%
80,00% 66% 71%
56%
60,00%
40,00%
20,00%
0,00%
Соција лни Емоциона л Комуника ц
Однос Когниција
врски ен одговор ија
Series 1 90,60% 56% 78% 66% 71%

Според овој график може да се увиди дека при употребата на матичните клетки во
терапијата на автоимуната болест аутизам има големи подобрувања кај овие пациенти во
однос на: социјалните врски, нивниот емоционален одговор, комуникацијата, нивниот
начин на однесување и когницијата.

12
Заклучок

Како што покажа и пандемијата која денес владее во светот, а и други вонредни
ситуации предизвикани од различни причини многу работи за кои сме верувале дека не се
можни се оствариле, а таков е и случајот со третирањето на аутизмот со употреба на
матични клетки од папочна врвца. Оваа теза била испитана на Duke Универзитетот во
Дурам, Северна Каролина со 25 деца кои боледувале од аутизам во 2017 година. Целта на
оваа студија била утврдувањето на можноста за третирање на овој синдром со трансфузија
на сопствената крв од папочната врвца која во себе содржи матични клетки.

Резултатите биле следниве: кај 2/3 од децата било забележано подобрување во нивната
состојба. На пример деца кои речиси не биле во можност да говорат веќе биле способни да
употребуваат пообемен фонт на зборови и имале подобар функционален говор.

Со ова истражување се потврдува дека можноста за третирање на автоимуното


заболување аутизам е сосема реална, а освен овој факт ова истражување истотака ми
покажа дека матичните клетки, посебно неонаталните, поради нивната способност да се
самореплицираат и големиот спектар на специјализирани клетки кои можат да ги
произведат, дури и во блиската иднина ќе се во состојба да спасат многубројни животи од
болести кои сме ги сметале во овој даден момент како неизлечиви, иако нивниот целосен
потенцијал треба допрва да се открие.

13
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
"Во време на современа медицина секоја клетка треба да биде зачувана"-

БИОСТЕM-K. Kouzi, G. Koliakos- 2009год

"Матични клетки од папочната врвца: Инвестирајте во иднината на

вашето дете" Cryo-Save, 2009 год.

"National institutes of health"-May, 2000

"Where science meets society"-Alan Leshner-11 February 2005

"Blood" - Pasquini, MC, Logan, BR, Verter, F, Horowitz, MM, & Nietfeld-2005

"Circulation"- Tomita S.- 1999

"Lancet"- Menasche P.- 2001

"Circulation"- Perin Е.С., 2003.

"Invest"- Ianus А., J. Clin.- 2003

"Lupus"- Jayne D.- 2004

"British Medical Journal". 2000

www.parentsguidecordblood.com

www.cryo-save.com

www.biohellenika.gr

www.clinicaltrials.gov

14

You might also like