You are on page 1of 3

I Класификација на хемиски реакции

Бројот на хемиски реакции е мошне голем и затоа е извршена класификација за


нивно полесно изучување. Едната класификација е според тоа што се случува во
текот на реакцијата и се поделени на:
 Реакции на соединување (синтеза)
 Реакции на разложување (анализа)
 Реакции на замена и двојна измена
 Реакции на кондензација
 Реакции на полимеризација и поликондензација
 Реакции на размена на протони
 Реакции на размена на електрони(редокс реакции)

Реакции на соединување
Процеси во кои две или повеќе супстанци се сврзуваат и образуваат една нова
супстанца(продукт) се викаат реакции на соединување (синтеза).

А + В → АВ
Примери:
Cu + S → CuS
Na + Cl2 → NaCl
HCl + NH3 → NH4Cl
H2 + O2 → H2O
P4 + O 2 → P4O6
CaO + CO2 → CaCO3
H2 + N2 → NH3

Реакции на разложување
Реакции на разложување се реакции кај кои една супстанца (сама од себе или под
дејство на надворешни влијаниа) дава две или повеќе други супстанци.
До разложување понекогаш доаѓа спонтано, само од себе кога супстанциите се
нестабилни. Почесто до разложување доаѓа под дејство на надворешни влијаниа

АВ → А+В
 Под дејство на загревање(висока Т) реакциите се викаат- пиролиза
Пример: T
CaCO3 → CaO + CO2
Al(OH)3 → Al2O3 + H2O
 Под дејство на електрична струја се викаат -електролиза
ел.струја

Пример: H2O → H2 + O2
ел.струја

NaCl → Na + Cl2
 Под дејство на сончева светлина - фотолиза
сончева св.

Пример: AgCl → Ag + Cl2


сончева св.

AgBr → Ag + Br2
H2O2 → H2O + O2
водород пероксид
(хидроген)

 Под дејство на јонизирачки зрачења се викаат -радиолиза

Реакции на замена

Процеси во кои атоми или атомски групи од една супстанца се заменува со атом
или атомска група од друга супстанца.

А + ВС → АС + В
 Замена на водород со метал

K + H2O → KOH + H2
Ca + H2O → Ca(OH)2 + H2
Zn + HCl → ZnCl2 + H2
 Замена на еден метал со друг метал
Al + Fe2O3 → Al2O3 + Fe
Mg + CuSO4 → MgSO4 + Cu
 Замена на еден халоген елемент со друг халоген елемент (F,Cl,Br,I)

HCl + F2 → HF + Cl2
KBr + Cl2 → KCl + Br2
 Реакции на двојна замена
АВ+ СD → АD + CВ
CuCl2 + KNO3 → Cu(NO3)2 + KCl
Mg3(PO4)2 + NaNO3 → Na3PO4 + Mg(NO3)2
Al(ClO4)3 + FeS → Fe(ClO4)2 + Al2S3

II Класификација на хемиски реакции


1. Неповратни реакции
Неповратни се оние реакции кои се одвиваат се додека барем еден од реактанти
те да исчезне од реакциониот систем односно целосно се потроши.Тогаш реакција
та повеќе не може да тече, таа ќе заврши.На крајот на неповратни реакции во
реакциониот систем отсуствува најмалку еден реактант.Во овие реакции се случу
ва еден елементарен акт на хемиска трансформација, тој е претварање само на
честички на реактанти во честички на продукти.Во хемиските равенки се означу
ваат со една стрелка “→ ” од лево кон десно.
2. Повратни реакции
Повратни се оние реакции кои се одвиваат во две насоки истовремено два
процеси: од реактантите кон продукти(директна реакција) и од продукти кон
реактанти(обратна реакција).На крајот на повратни реакции во реакциониот
систем се присутни мерливи количества од сите реактанти.Во овие реакции се
случува два елементарни акти на хемиска трансформација, тоа се: претварање на
честички на реактанти во честички на продукти и обратно.Во хемиските равенки се
означуваат со две стрелки од лево кон десно(директна реакција) и од десно кон
лево(обратна реакција).

You might also like